дома блог страница 5350

Oпштина Прилеп ги отвори вратите за граѓаните

IMG_8617

Учениците од основните училишта: „Гоце Делчев“, „ Добре Јованоски“ и „Кочо Рацин“ денеска беа гости на отворениот ден кој општина Прилеп го организира по 20 пат. Започнувајќи од холот на општина Прилеп, Едношалтерски систем, Инспекторат, Секторот за Урбанизам, Архива, Сектор за Општоправни работи, Финансии, Раководителите на одделенијата, Секторот за Просторно и урбанистичко планирање, Секретарот, шефот на кабинет и кабинетот на Градоначалникот, децата  ја имаа можноста да се запознаат со начинот на функционирање и со организацијата на работата во Општината.

[Best_Wordpress_Gallery id=”225″ gal_title=”ОтворенденОпштина”]

На присутните им беше презентиран филм во кој се опфатени сите досегашни реализирани проекти на општината како и проекти во реализација кои ќе му дадат нов лик на градот. Општина Прилеп и понатаму продолжува со реализирање на овој проект.

Со музика до хуманост-да и помогнеме на Сара Шошеска

13096254_981381708578488_4670323008259615022_n

“СПЛОТЕНИ ВО ХУМАНОСТ”, гласи мотото на музичкиот хепенинг кој ќе се оджи утре(петок) 29.04.2016 и сабота, 30.04.2016, во центарот на Прилеп, со цел да се помогне на малечката Сара Шошеска, која веќе четири години се лекува од meduloblastom или тумор на мозок.

Музичката програма започнува од 11 часот во петок и 11:30 во сабота.

На хуманитарната забава учевство ќе земат голем број на музичари од Прилеп и од државата.

ПЕТОК 29.04.2016
11:00 Goce B. Coki & Duo swing
11:30 David Kay and Igor Trips
13:00 Елена Смилева и Ангела Мунеска
13:30 Доротеа Дамјаноска и Андреј Јовановиќ
14:00 Виктор Апостолоски
15:00 High Start

САБОТА 30.04.2016
11:30 Михаил Темелкоски-Дворчанец
12:00 Yoan Schumacher
12:30 Кристиан Нанчески
13:00 Banda Band
13:30 The Hounds & Lea

 

А.Г.

 

ХИЛАРИ КЛИНТОН ПУКНА! ТРАМП убедливо победува ширум Америка!

heres-why-donald-trump-56467

Точно според прогнозите: третиот американски супер вторник му припадна на водечкиот меѓу Републиканците – милијардерот Доналд Трамп.

Како што пренесуваат CNN, Fox News и CNBC, Tрамп победил во сите пет држави во кои се одржаа предизбори: во Конектикат, Мериленд и Пенсилванија, Делавер и Род Ајленд. Според прелиминарните податоци, добил повеќе од 50 % од сите гласови во сите пет држави!

 Во Конектикат и Род Ајленд за него гласале околу 64 % од бирачите на Републиканците. Во Конектикат неговиот главен ривал Тед Круз добил само 11 %, а гувернерот на Охајо, Џон Кејсик,     23 %.

Во овие пет претходно споменати држави, борбата се водела за вкупно 172 делегатски гласови на конгресот на Републиканската партија, кои во јули ќе одлучуваат за кандидатот за претседател на САД.

Како што јавуваат агенцијата Associated Press и CNN, Хилари Клинтон го победила Берни Сандерс во Мериленд и Пенсилванија, а води и во Конетикат со 53:45 %. Меѓутоа, Сандерс е во водство во Род Ајленд со 55:43 %.

А.Г.

ШОК ЗА БРИСЕЛ: Унгарија побарала исклучување од ЕУ и придружување кон Русија

putin_orban2-t5

Нападите на Орбан врз Брисел не можат да се окарактеризираат како чист опортунизам, во нив постои силен идеолошки елемент.

Во нередните неколку недели европските лидери ќе бидат фокусирани на Велика Британија, чии граѓани наскоро ќе одлучат дали сакаат нивната земја и понатаму да остане членка на Европската Унија. Но тоа не е единствената закана за ЕУ која е на повидок.

Заканата доаѓа од Будимпешта. Унгарскиот премиер Виктор Орбан неодамна се позиционира како евроскептик. Откако го презеде кабинетот во 2010, година стана јасно дека не цвета љубов помеѓу него и Брисел. Ја користи речиси секоја прилика да ги прекори европските лидери, а и тие му возвраќаат со иста мера.

Меѓутоа, во последно време Орбан работите ги подигна на едно повисоко ниво, што ја наведе опозиционата партија да предупреди дека Орбан крои завера да Унгарија во потполност се исклучи од ЕУ. Иако неговата позиција по ова прашање и понатаму е нејасна, многу знаци говорат за тоа дека премиерот навистина го преиспитува статусот на Унгарија за останување во ЕУ.

Орбан беше енергично проевропски настроен порано. Всушност, тој ја водеше земјата за време на преговорите за приклучување, за време на траењето на неговиот мандат од 1988. до 2002.

 

А.Г.

Велигденски панаѓур по 5-ти пат во ООУ “Климент Охридски” – Прилеп

13094102_1160835257269020_7004859104993566843_n

Денес, 28.04.2016 г. на Велики четврток традиционално по петти пат во ООУ “Климент Охридски” – Прилеп, се одржа панаѓур. И оваа година претходно беа организирани заеднички работилници од страна на наставниците со родителите, на коишто вредните раце на учениците, родителите и наставниците изработија голем број изработки кои  и оваа година  ќе ги красат домовите за Велигден.

[Best_Wordpress_Gallery id=”224″ gal_title=”ВелигденскиПанаѓур”]

Годинава панаѓурот се одржа на отворено, затоа што холот е претесен за сите изработки. Се собраа средства кои ќе се употребат за набавка на нов ЛЦД проектор за потребите на наставниците и учениците, за користење на ИКТ во наставата. Им благодариме на сите учесници за нивното несебично помагање и соработка со училиштето!

 

ПРИСТИГНА НОВИОТ МОСТ КОЈ ЌЕ СЕ ГРАДИ ВО ПРИЛЕПСКАТА НАСЕЛБА ЃОГДЕРЕ

IMG_8191

Новиот пешачки мост беше поставен денеска во урбанава зедница „Ѓордере“, во близина на ОУ „Кире Гаврилоски – Јане“. Мостот ќе биде со челична конструкција во должина од 22 метри. Освен овој, Прилеп ќе добие уште два нови моста и тоа кај ООУМ „Ордан Михајлоски – Оцка“ и кај Дабнички канал. Целата оваа инвестиција чини 1.600.000 денари средства обезбедени од Буџетот на локалната самоуправа.

IMG_8176

IMG_8178

IMG_8181

IMG_8182

IMG_8190

IMG_8200

IMG_8204

Хуманитарна акција – Велигден 2016 од црквата Св. Благовештение – Прилеп

13100722_491124581081613_6770262998597894762_n

Како и секоја година, така и оваа, хуманитарците при нашата црковна општина, посетија 80 семејства низ градот и поделија исто толку пакети со храна, средства за хигиена и парична помош за болни.

Целата акција вредеше околу 160.000 денари. Благодарност до сите верници,кои со своите скромни прилози придонесоа оваа акција да се реализира, а социјално ранливите категории достојно да го пречекаат големиот христијански ден – Велигден.

Исто така, благодарност и до повеќето прилепски фирми, кои донираа дел од своите производи, за нашата помош да биде достоинствена.

ЧЕСТИТИ ПРАЗНИЦИ!

[Best_Wordpress_Gallery id=”223″ gal_title=”ХуманитарнаВелигден”]

Прилепчанец со сопствен филм ќе учевствува на фестивал во Сан Диего

121

Прилепчанецот Филип Петрески со својот краток филм снимен со мобилен телефон ќе учевствува на интернационалниот фестивал за мобилни телефони во Сан Диего, Kaлифорнија (САД), од 30-ти април до 1-ви мај.

Филмот е насовен како “Разбуден Сон” и веќе се прикажа на фестивалот Скопје Mobile fest.

Повеќе информации за интернационалниот фестивал во Сан Диего можете да најдете на следниот линк: http://www.internationalmobilefilmfestival.com/

А.Г.

Во сабота 10.000 публика на стадион и цел Прилеп ќе слави ПРВА ЛИГА

13101237_10207787496219784_2032127948_n

На три кола до крајот на натпреварувањето во Втората фудбалска лига, победашите се на врвот со четири бода предност пред второпласираната Македонија Ѓорче Петров. Заслуга за тоа има импресивната серија од 6 победи со ред, и новото раководство на клубот. После долга пауза Победа се враќа дома во Прилеп.

Во сабота, 30.04.2016 година, со почеток од 16:00 часот, на Градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, Победа ќе го пречека Љубанци, кој е шанса да се запечати пласманот во Првата фудбалска лига.

Интересот за средбата е огромен и се очекува полн стадион и голема поддршка. Да бидеме сите дел од овој натпревар и да ја “испратиме” нашата миленичка ранг погоре, таму каде што припаѓа.

Како да препознаете кои бои за јајца се отровни?

boi-za-jajca-470x396

Боите за јајца за Велигден би требало да се купуваат само на места кои се проверени, бидејќи многу често состојките и хемикалиите кои ги имаат може да бидат дури и отровни, па неопходно е да знаеме каква фарба купуваме за најголемиот празник, бидејќи од тоа зависи нашето здравје и здравјето на нашите најблиски.

За купувачот да биде сигурен дека купил прехрамбена, а не техничка боја која се користи за фарбање ѕидови, на декларацијата мора да биде отпечатена декларација од 100 до 180.

Прехрамбените бои се пречистени и затоа и чинат поскапо. Иако имаат ист состав со техничките, сепак постои една разлика. Техничките бои имаат микрокомпоненти со тешки метали затоа што не се преработени, а тие пак се штетни за здравјето.

Ознаката Е од 100 до 180 значи дека бојата е исправна и здрава. Тоа значи дека продавачот гарантира за квалитетот на бојата.