Велигденски панаѓур по 5-ти пат во ООУ “Климент Охридски” – Прилеп

13094102_1160835257269020_7004859104993566843_n

Денес, 28.04.2016 г. на Велики четврток традиционално по петти пат во ООУ “Климент Охридски” – Прилеп, се одржа панаѓур. И оваа година претходно беа организирани заеднички работилници од страна на наставниците со родителите, на коишто вредните раце на учениците, родителите и наставниците изработија голем број изработки кои  и оваа година  ќе ги красат домовите за Велигден.

Годинава панаѓурот се одржа на отворено, затоа што холот е претесен за сите изработки. Се собраа средства кои ќе се употребат за набавка на нов ЛЦД проектор за потребите на наставниците и учениците, за користење на ИКТ во наставата. Им благодариме на сите учесници за нивното несебично помагање и соработка со училиштето!

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.