дома блог страница 5349

ХАОС ВО ЕУ: После Велика Британија, сега и Шведска бара референдум за излегување од ЕУ

ukraine-protests-2

Дали Европската Унија ќе преживее доколку Велика Британија ја напушти? Велика Британија е една од најмалку ентузијастички расположени членки на ЕУ, но има уште неколку држави кои се уморни и полека му вртат грб на Брисел.

Реформаторите во Шведска се загрижени дека Велика Британија би можела да излезе од ЕУ. Бидејќи се повеќе Британци веруваат дека подобро би им било без Европската Унија, Швеѓаните започнаја исто така да размислуваат во тој правец.

 Според неодамнешната анкета на TNS Sifo, најголемата анкетна компанија во Шведска, дури 36% од Швеѓаните би гласале за напуштање на ЕУ доколку Британците се одлучат за тоа, додека 32% би гласале за останување во ЕУ. Не смееме да заборавиме дека таа иста држава се сврти против политичките класи во 2003. год. и се спротивстави на воведувањето на еврото.

Исто така, на Шведска ни малку не и се допаѓа тоа што ЕУ не успеа да се договори за неодамнешните демографски предизвици, заради што сега во Шведска има повеќе азиланти, отколку што има во било која друга држава во светот. Па, аргументите за напуштање на ЕУ се многу.

Што ако државите кои сакаат да ја напуштат ЕУ сакаат да се оформи нов глобални сојуз на држави? Дали Велика Британија ќе се најде на чело на таквиот нов меѓународен сојуз, доколку изгласа излегување од ЕУ?

Видео кое ви овозможува во живо следење на планетата Земја од Меѓународната вселенска станица

1212

НАСА ви овозможува во живо следење на планетата Земја од Меѓународната вселенска станица. На видеото на јутјуб имате можност да вратите и два часа наназат, а со притискање на копчето Live ја следите земјата во живо. Изгледа возбудливо и интересно.

Погледнете:

А.Г.

Taнцовиот клуб “Зодијак” прослави 17 години постоење

IMG_8782

Во големата сала од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп,  сношти се оддржа годишниот концерт на танц-студиото „Зодијак“.  Концертот беше по повод 17 години постоење на „Зодијак“ и одбележувањето на Интернационалниот ден на танцот – 29 април.

IMG_8765

IMG_8748

IMG_8752

IMG_8756

IMG_8758

IMG_8762

Стотина танчери на најразлична возраст се претставија со кореографии од класичниот балет, модерниот балет и современиот танц, а беше прочитана и интернационалната порака за оваа година, која ја напиша кореографот Леми Понифасио. Присутните уживаа и во промовирањето и видеоспотот за „Зодијак“ од авторот Љупчо Атанасоски.

IMG_8774

IMG_8769

IMG_8771

IMG_8772

На манифестацијата  со признанија и благодарници се закитија и Снежана Ристеска, Советник за култура и градоначалникот Марјан Ристески од општина Прилеп, кои несебично го подржуваат овој танцов клуб.

IMG_8867

IMG_8793

IMG_8796

IMG_8832

IMG_8841

IMG_8862

„Седумнаесет години и не е така мал период за креативно творење на нашето тло. Прилеп отскокнува од останатите градови по создавањето таленти и креативци кои можат на најразличен начин да ја претстават својата имагинација. Пред сѐ, со танцот како универзално средство за разбирање меѓу различните култури“ посочија организаторите.

ФОТО: Велигденски воз на Македонски Железници Транспорт АД

veligdenski-voz3

Македонски Железници Транспорт АД на Железничката станица во Скопје го промовирашпе тематскиот Велигденски воз.

veligdenski-voz2

Возот сообраќа во празничните денови со тематски содржини соодветни на празничните денови.

veligdenski-voz

Зошто треба да го извадиме прстенот кога ги миеме рацете?

Миењето на рацете е вообичаена хигиенска навика по вршење на нужда, пред и по јадење, како и во многу други ситуации. Се поставува прашањето, што е подобро: да се мијат рацете со накит или да се извади пред да почнете да се миете.

race

Површината на рацете може да биде преполна со бактерии, па е важно редовно да се мијат во текот на целиот ден. Хигиената на рацете, покрај тоа, многу зависи од накитот кој можеби го носите на рацете.

„Кога ги миеме рацете со прстени дозволуваме водата и сапунот да се собере меѓу прстените и кожата на рацете, што е плодно тло за развој на бактерии. Во болница поминуваме многу време за да ги истренираме луѓето правилно да ги мијат рацете. На вработените не им е дозволено да носат ракавици, прстени и часовници, бидејќи тоа се предмети кои пренесуваат бактерии‟ – вели Ангела Васало, директорка на центарот за инфективни болести во Сент Џонс Хелт Центар во Санта Моника.

Токму поради тоа медицинскиот експерт се залага за симнување на накитот пред миење на рацете, со цел бактериите кои можеби не се видливи со голо око да не се собираат во и околу прстените. Се прашувате зошто не би сте ги измиле нечистотиите во прстенот заедно со рацете? „Кога ги миеме рацете со прстени дозволуваме водата и сапунот да се собере меѓу прстените и кожата на рацете, што е плодно тло за развој на бактерии‟ – вели Ангела Васало. Покрај тоа, на овој начин го штитите и накитот од уништување. Експертите препорачуваат еднаш неделно прстените да ги исчистите со сува и мека крпа, со тоа да посветите големо внимание на нерамнините на накитот. Потоа, накитот ставете го во UV стерилизатор за отстранување на бактерии, а можете да користите и домашни рецепти за чистење.

Прес-конференција на Градскиот стадион за натпреварот во сабота Победа – Љубанци

1212

Попладнево на Градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп се одржа прес-конференција за натпреварот во сабота помеѓу Победа и Љубанци.

Свои изјави дадоја Претседателот на ФК Победа Гоце Ингилизов, градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, како и директорот на ЈКП Комуналец Златко Ристески, за подготовките на стадионот и теренот за саботниот решавачки натпревар, кој Победа треба да ја однесе во Првата Македонска фудбалска лига.

https://m.youtube.com/watch?v=cu61-P_yGBI

Монструозно: 70-годишен прилепчанец полово нападнал дете

Постапувајќи по кривична пријава поднесена од МВР ПС Прилеп, Основното јавно обвинителство – Прилеп поведе постапка против едно лице, на возраст од 70 години за сторено кривично дело Полов напад врз дете.

 

dete-640x353

Имено, на точно неутврдени датуми во повеќе наврати, од почетокот на 2016 година па до почетокот на месец април 2016 година, заради задоволување на полови страсти, а искористувајќи блиски семејни прилики, извршил полови дејствија врз дете кое не наполнило 14 години, информираат од ОЈО.
Против осомничениот, надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување на мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп.

ЕВЕ КАКО Е ВО САД: Жена која фарбала споменици се соочува со 10 години затвор!

Boja_zatvor

Педесет и осум годишната Џиа Тиан е уапсена во Вашингтон и се соочува со 10-годишна казна затвор поради вандализирање на споменикот на Абрахам Линколн, фрескопис во две катедрали, како и поради вандализирање на меморијалниот центар Линколн во Вашингтон

Џиа Тин била фатена во близина на Националната Катедрала во Вашингтон со лименка полна со зелена боја, а според полицијата нејзината намера била да ја вандализира и оваа катедрала фрлајќи зелена боја во внатрешноста но и на фасадата.

Жената е изведена пред Врховниот суд во Вашингтон, каде што судијата одредил притвор и нејзино сослушување за подоцна оваа недела. Според судот, таа се соочува со 10-годишна казна затвор за уништување на спомници и приватен имот.

Властите веруваат дека вандализмот со зелената боја е дел од цела серија на слични акти. Со зелена боја бил вандализиран и Меморијалот на Линколн, а подоцна биле пронајдени и симболи исфарбани со зелена боја на фасадата на седиштето на „Смитсониан“.

Прилепските џудисти oд ЏК Пролетер со четири медаљи од Белград

13077279_10209631587016119_138650626_n

Џудисти на ЏК Пролетер Прилеп, изминатиот викенд имаа прилика да земат учество на два Меѓународни Турнири кои се оддржаа во Белрад.

Во саботата 23.4.2016, се оддржа масовниот турнир “Трофеј на Београд” за 2016 година, со 450 натпреварувачи во кадетска и јуниорска конкуренција, а во неделата на 24.4.2016, се оддржа Меѓународниот џудо турнир “Срѓан Јанковиќ”, со пoвеќе од 700 натпреварувачи во пионерска конкуренцја. Ова беше вистинска прилика нашите такмичари да ја проверат својата форма и знаење. На двата турнири учество зедоја екипи од Романија, Црна Гора, БиХ, Косово, Буарија и домаќинот Србија. Пролетер на двата турнири настапи со вкупно 13 натпреварувачи и освои две сребрени и две бронзени медаљи.

И покрај силната конкуренција и 4 репасажни борби за бронзен медал, на пиедесталот успеаа да застанат Димеска Теодора, Самарџиоска Марија- сребрени медали, Спиркоски Давид, Георгиоски Јорданчо – бронзени медали.

13115758_10209631610256700_46140636_n

13081785_10209631611136722_2030868499_n

13081789_10209631594176298_1831507715_n

13081893_10209631593696286_2038693665_n

13082051_10209631611296726_458663538_n

13082072_10209631610976718_1439688347_n

13101167_10209631610496706_1315612377_n

13115299_10209631610656710_1347393588_n

Седум медали во еден ден за гимназијалците од “Мирче Ацев”- Прилеп

natprevaruvaci-po-hemija

На 23.04.2016г. во просториите на СУГС „Јосип Броз Тито“ се одржа педесет и вториот државен натпревар на „Млади истражувачи“ организиран од Народна техника на Македонија.

Учениците од СОУ “Мирче Ацев” – Прилеп, секоја година учествуваат на натпреварите и секогаш освојуваат повеќе награди.

И оваа година продолжи ваквата традиција.

pobednicite

Гимназијалците натпреварувачи во различни области од науката и техниката, во конкуренција на ученици од средните училишта од цела Македонија, од натпреварот се вратија со седум медали и тоа:

I место – Маја Атанасоска (во областа Веб дизајн). Ментор: проф.Анета Стојческа

I место – Елена Спиркоска (во областа Примена на софтвер). Ментор: проф.Анета Стојческа

I место – Филип Србиноски (во областа Еколошка хемија). Ментор: проф.Блаже Димески

II место – Теодора Тасеска (во областа Органска хемија). Ментор: проф.Блаже Димески

II место – Ивана Дукоска (во областа Аналитичка хемија). Ментор: проф. Христина Манческа

II место – Искра Белческа (во областа Неорганска хемија). Ментор: проф. Христина Манческа

II место – Симона Димоска (во областа Енергетска ефикасност). Ментор: проф. Кирил Јосифоски

site-mladi-istrazuvaci-i-mentori