дома блог страница 5347

Илјадници верници ја дочекаа радосната вест за Христовото Воскресение во Прилеп

13090343_10207805378666834_668111463_n

Дворовите на црковните храмови беа претесни да ги соберат сите верници во Прилеп на едно место. Илјадници прилепчани ја дочекаа радосната вест за Христовото Воскресение. Со радосната порака Христос Воскресна – Навистина Воскресна, си посакаа радост, среќа, благосостојба и мир.

13141106_10207805378706835_786156423_n

ФОТО: Груевски и семејството на вечерна литургија во скопско Радишани

gr-veligden-1-640x480

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и неговото семејство вечерва присуствуваа на вечерна литургија  во црквата „Свети Наум Охридски“ во скопско Радишани, каде заедно со  бројните верници го дочекаа Велигден.

gr-veligden-7-640x360

gr-veligden-2-640x480

gr-veligden-3

gr-veligden-4-640x552

gr-veligden-5-640x360

gr-veligden-6-640x360

“Зголемување на можностите за младинско вработување” – Проект на Младински Сојуз – Крушево

13083173_10208412193136712_8175912751431084547_n

На 22ри април, во локалот „Скар“ – Крушево, се одржа првиот семинар од проектот “ENTER Social Enpretpreneurship”, организиран од Младински Сојуз – Крушево и поддржан од Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Скопје, во партнерство со Yunus& Youth и во соработка со локалните партнери СФЕРА – Битола и АГИТС – Прилеп.

Целта на проектот “ENTER Social Enpretpreneurship” е зголемување на можностите за младинско вработување преку иновативниот концепт на социјалното претприемништво, а на тој начин и промоција на економскиот и бизнис развојот на Пелагонискиот регион.

На семинарот беше формирана неформална мрежа од разни засегнати чинители кои потекнуваат од важните системи за поддршка на младинското социјално претприемништво (институции, образование, граѓански сектор, бизнис сектор, фондови).

На семинарот учествуваа над 30 претставници од различни институции во Крушево, Прилеп, Битола и регионот.

Во пресрет на следната фаза од овој проект, односно тридневниот тренинг курс кој ќе се одржи во Крушево од 13-15 мај, каде ќе учествуваат 30 млади лица (потенцијални социјални претприемачи), да ги проследиме изјавите на некои од учесниците на првиот семинар:

1.Билјана Стојческа, Младински Сојуз Крушево, програмски координатор:

Денес македонското општество се соочува со два многу големи проблеми: повеќе од 54% од младите во земјава се невработени, а 70% од младите својата иднина ја гледаат надвор од нашата земја. Нашето долгогодишно искуство во работа со младите луѓе на локално, регионално и национално ниво не води до заклучокот дека невработеноста кај младите е особено евидентна надвор од главниот град Скопје и тоа доведува до миграција на младите и внатре и надвор од земјата. Со имплементирање на проектот “ENTER Social Entrepreneurship” ние се стремиме кон остварување на амбициозната  цел “Зголемување на можностите за вработување на младите преку развој на иновативниот концепт на социјалното претприемништво и со ова економски  и бизнис развој на Пелагонискиот регион. Искрено се надевам на вистински импакт и успех затоа што ни значат МЛАДИТЕ ЛУЃЕ ВО НАШИОТ РЕГИОН!

2.Марија Мидовска Петкоска, Асистент на Економски Факултет – Прилеп:

Особено ми е драго што присуствував на настан во кој учествуваа голем број на млади и енергични луѓе кои веруваат во подобра иднина и се подготвени да вложат труд за подобро утре на сите нас. Многу е добро кога на едно место ќе се видат млади ентузијсти кои со многу емоции зборуваат за проблематиката на социјалното претприемништво. Топло го поздравувам и целосно го поддржувам овој проект пред се бидејќи е поврзан за нов модел на бизнис со социјална цел кој сеуште не е доволно третиран во македонската економија, но се практикува низ целиот свет. Преку истиот гледајќи од економски аспект се постигнуваат економски резултати, а профитот се користи за развој. Исто така она што е особено важно е тоа што овој концепт придонесува за намалување на невработеноста помеѓу младите луѓе. Морам да ги поздравам носителите на проектот за одличната организација и одбраните говорниците кои ги презентираа сите важни елементи на овој концепт и дадоа доста примери за социјални претпријатија во Македонија и светот. Она што особено беше интересно е делот на отворената дебата помеѓу учесниците кои присуствуваа на семинарот и дадоа конструктивни мислења и идеи за понатамошно развивање на овој концепт. За крај сакам да ги охрабрам младите луѓе да започнат со свој социјален бизнис и да дадат свој допринос во овој свет.

3.Милчо Дули, Претседател на СФЕРА – Битола:

По повод Семинарот на ден 22.04.2016 година во Крушево во Локал Скар се случи почетокот на еден проект кој е од големо значење за Пелагонискиот регион но и општо во РМ. Проект каде што се поттикнува социјалното претприемништво како иновативен бизнис кој младите можат да го развиваат со помош на многу организации, здруженија, агенции како  кај нас така и во светот. Јас како претставник од СФЕРА Македонија, организација од Битола и партнер во истиот проект во организација на Младински Сојуз Крушево сум многу задоволен од отпочнување на проектот каде што ќе се поттикнат младите на развивање на вакво тип на бизниси, исто така се надевам дека проектот ќе има резултат и ќе видиме пример на социјален бизнис во Пелагонискиот регион кој нашите организации ќе му даваат поддршка за негово развивање.

13124903_10208412193016709_3271785419147180364_n

Саботно кафе во Прилеп – 30.04.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”231″ gal_title=”Саботнокафе30042016″]

Kрушевчани умеат да се забавуваат – Ноќен живот 29.04.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”230″ gal_title=”КрушевоНоќен29042016″]

Галерија – Прволигашкиот фудбал го доби великанот назад – ПОБЕДА СЕ ВРАТИ ВО ЕЛИТАТА ! ! !

13141123_10207803427618059_1691898619_n

Денес слави Прилеп, слави фудбалски Прилеп, Победа се враќа во елитата, во Прва лига, таму каде што припаѓа!

Денешниот натпревар против Љубанци во Прилеп беше печат за пласманот и за крунисување на долгата победничка низа на победашите.

На две кола пред крајот на шампионатот, Победа е сигурен патник во Прва лига, на врвот на табелата.

Фудбалерите на Победа го контролираа целиот натпревар од почетокот до последната 90-та минута.

Рано во 11-тата минута, Победа дојде во водство од 1:0 со голот на Денис Дунимаглоски, резултат кој остана до крајот на натпреварот. Љубанци се закани на неколку наврати, но беа тоа само благи обиди да се загрози голот на Победа. За одбележување е и еден поништен гол за Победа, поради офсајд.

[Best_Wordpress_Gallery id=”229″ gal_title=”ПобедавоПрваЛига”]

На градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп натпреварот го проследија без малку 10 000 гледачи, што е доказ дека Прилеп е желен и гладен за фудбал и дека го заслужува приматот нај фудбалски град во Македонија.

13115752_10207803431898166_1307803072_n

13081728_10207803431658160_400246331_n

13089940_10207803420537882_2092155036_n

Најгласни и бројни како во старите времиња беа МАЈМУНИТЕ, кои со жестока поддршка од почетокот до крајот ја бодреја својата Победа. Со многу жар и енергија навиваја за своите омилени црвено-бели бои.

На крајот од натпреварот не ги напуштаја трибините и сеуште грмеја во цел глас.

А.Г.

ВО ЖИВО ОД ПРИЛЕП – Хуманитарна забава – Да и помогнеме на Сара Шошеска

13090168_10207802241068396_687776451_n

14 годишната Сара Шошеска веќе четири години се лекува од meduloblastom или тумор на мозок. Трите оперативни зафати до сега во Скопје не го отстранија целосно туморот, па постои ризик за големи оштетувања во иднина. Спасот за нејзиниот млад живот е во Аџибадем Истамбул или Белград, каде треба да биде подложена на операција со гама нож. Операциониот зафат чини 8. 000 евра, средства кои семејството не може само да ги обезбеди.

За таа цел сплотени и со многу љубов, вчера и денес во центарот на Прилеп се организира хуманитарна забава, на која настапуваат голем број на музичари.

За сите останати ова се телефонските броеви и жиро сметка каде може да се донира:

humanitarna-1

13115415_10207802241308402_1107520119_n

13090351_10207802240908392_1586446107_n

13101020_10207802241268401_1521020077_n

Отворена изложбата „Откривање на нови светови“

IMG_8731

Во галеријата од ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп беше отворена изложбата „Откривање на нови светови“ или „Андромеда галаксија“ од уметникот Стојан Дурланов. На првата самостојна изложба Стојан Дурланов презентираше 23 дела – објекти, скулптури, слики и графики, дела што ги создал во последните години и дозволи како што самиот потенцира публиката да се соживее со нив односно да се втопи во нив.
[Best_Wordpress_Gallery id=”228″ gal_title=”ИзложбаСтојанДурланов”]

Во Прилеп се оддржа Саем на виртуелни училишни компании

IMG_8326

По 8-ми традиционален пат и оваа година во организација на Средното економско училиште „Кузман Јосифоски – Питу“ од Прилеп беше одржан Саемот на виртуелни училишни компании. Целта на настанот беше учениците да стекнат подобри вештини и знаење и да го искажат својот претприемачки дух.

IMG_8288

IMG_8283

IMG_8285

Градоначалникот Марјан Ристески го поддржa настанот и посочи дека: „Со поддршка на локалната самоуправа и СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“, се организира овој саем на виртуелни компании. Мислам дека ова искуство на учениците многу ќе им користи пред се во нивната идна професија и практичната настава“, посочи  градоначалникот Ристески.

IMG_8313

IMG_8290

IMG_8291

IMG_8301

IMG_8305

IMG_8308

Учениците самостојно се подготвуваа за саемот, покажувајќи ја својата креативност преку подготовка на штандот и преку изработка на документи и рекламни материјали, постери, флаери, каталози, визит карти итн.

IMG_8354

IMG_8316

IMG_8328