дома блог страница 5346

Варди прогласен за најдобар играч во Премиер лига

Фудбалерот на Лестер, Џејми Варди е програсен за најдобар играч на сезоната во Премиер лигата според изборот на новинарите.

 

dzejmi-vardi

Ова признание тој го освои со 36 отсто од гласовите, пред соиграчот Ријад Махрез и Н’голоа Канте. Во конкуренцијата се најдоа уште четворица фудбалери на „Лисиците“, Дени Симпсон, Вес Морган, Дени Дринквотер, Каспер Шмајхел.

Варди е првиот играч на Лестер кој ја освојува оваа награда доделувана од 1948 година.

-Голема чест е да се добие ваква престижна награда и моето име да се најде покрај некои неверојатни играчи. Им благодарам на сите кои гласаа за мне. Им благодарам и на моите соиграчи кои се причина за она што го постигнав. Ова е неверојатна сезона за сите нас во Лестер, се базиравме на тимска работа, а не на поединци. Им се заблагодарувам на менаџерот и на стручниот штаб, како и на навивачите за поддршката. Целосно се фокусирани што подобро да ја завршиме сезоната која никогаш нема да ја заборавиме, истакна Варди.

Претходно неговиот соиграч Ријах Махрез е прогласен за најдобар од страна на играчите од англискиот шампионат.

Страшна сообраќајка на мостот Табана во Прилеп

 

IMG_20160502_121406

Страшна сообраќајна незгода се случи денеска околу 12 часот на мостот Табана во Прилеп. Судрени се возило Ауди А3 и Голф 5. Според неофицијални информации од очевидци има повредени.

Присутна била екипа на брзата помош која однела едно лице со крв на главата, а пристигнало и возило на противпожарна единица поради појава на чад кај едно од возилата.

Полицијата е на лице место и работи на расчистување на настанот.

IMG_20160502_121342

IMG_20160502_121441

 

Денес очекувајте пообилни врнежи

Најмногу дожд ноќеска и вчера наврнале во Пожаране 40 литри на метар квадратен, во Крушево 34, во Скопје на Зајчев рид 22, во Тетово 20, а во Охрид и Претор по 15 литри на метар квадратен.

dozd-2

Најстудено било во Пожар, Крушево и Маврово каде се измерени шест степени, потоа во Ѓуриште, Берово, Тополчани, Претор и Куманово каде било осум степени, а најтопло во Гевгелија, Штип, Дојран – 13 степени.

Дожд со помал интензитет и релативно топло време, како што соопшти Упрвата за хидрометеоролошки работи имало и во други градови и населени места во земјата, а врнежи ќе има и денеска.

Денеска претпладне врмето ќе биде променливо облачно, со повремен локален дожд, особено во западните делови. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен југоисточен ветер.

Доцна попладне и во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни проследени со ретки грмежи и локално се очекува да наврнат над 40 литри на метар квадратен.

Температурата ќе се движи од 15 до 19 степени.

ЖИКИНА ДИНАСТИЈА – епизода ЛУДНИЦА

kosta (1)

Паника во СДСМ Прилеп! Новата гарнитура се посигурно гази кон целта! Веќе очигледна е поддршката на партиските војници кон крилото на еден бивш функционер кој веќе направи структура за респект! Млад бизнисмен и “активисти со сомнително минато” се повеќе ставаат шпончиња во бравата од ОО СДСМ Пп!! Таа е веќе заклучена за целата актуелна постава на “општинската”. Актуелните функционери веќе не фигурираат и на интерните анкети. Се повеќе станува вистина – шпекулацијата дека Зоки во Прилеп форсира нови лица кои треба да ја заменат оваа постава. Но,проблемот е во тоа што мнозинството активни членови мисли дека со “новиве”, следуваат уште потешки порази! Во членството огромен револт, неопределените се чудат-каде оди возот сицијалдемократски?? Веќе нема ни пруга под локомотивата… Моето искуство зборува дека првиот испит ќе биде најтежок-следи период кога треба да се предложат нови кандидати за пратеници!! Се ближи денот кога од зад кваките “новите дечки” ќе извикуваат ГОКИ ЧАО! ХАРИ ЧАО!!! ДОКТОРОТ-ЌЕ ПОБЕДИ!!! Валентино Роси 46!

Трагедија на Велигден: Изгоре македонска православна црква во Австралија

Црквата Христово Воскресение во Сиднеј изгоре, голема трагедија за Велигден во Австралија, дознава КУРИР.

crkva-tragedija

Пламени јазли го проголтаа светиот храм на овој најголем христијански празник.

crkva-izgore

Двајца пожарникари се повредени за време на гасење на пожарот. Црквата се наоѓа во близина на старски дом, кој итно бил евакуиран. Улицата на која се наоѓа црквата била затворена, а на лице место се наоѓаат 100 пожарникари.

crkva-izgore2

Празнични обичаи и занимливости за Велигден (Воскресение)

jajca1

Велигден или Воскресение е најголем христијански празник, со кој се одбележува денот кога Исус Христос воскреснал од мртвите. Велигден се празнува три дена и претставува т.н. подвижен празник, што значи дека неговиот датум се менува секоја година, но секогаш мора да биде во недела.

Велигден се слави првата недела по полна Месечина по пролетната рамнодневница. Исто така, православниот Велигден не може да се празнува ист ден или пред Пасха (еврејски подвижен празник). Кај православните христијани, кои го користат стариот Јулијански календар (Српската, Руската, Ерусаилмската црква…), како и кај православните христијани кои го користат Миланковиќевиот реформиран Јулијански календар (Грција, Бугарија, Романија, Цариградската, Кипарската и Александриската црква), Велигден е секогаш меѓу 4 април и 8 мај. Кај останатите христијани кои го користат новиот Грегоријански календар, Велигден е секогаш меѓу 22 март и 25 април.

Програмата за пресметување на датумот за Велигден

На оваа страница можете да најдете програма за одредување на датумот за Велигден и во годините кои следат. Внесете ја годината за која ве интересира датумот на Велигден и кликнете на копчето Датум на Велигден.

Петокот пред Велигден се смета за најтажен ден во христијанството, бидејќи тој ден Исус Христос бил осуден и распнат на Голгота во Ерусалим. Осуден дека проповеда учење за кое се тврдело дека е во спротивност со верските принципи и законите на јудаизмот, гладејќи што прават војниците и народот со него, рекол: Татко, прости им, бидејќи не знаат што прават.

На вечерната богослужба во нашите храмови, се изнесува плаштеница (платно на кое е прикажано полагањето на телото на Исус во гроб), кое верниците го бакнуваат се до Велигден. Плаштеницата се постила на посебно украсена маса која го симболизира каменот на кој телото на Исус било подготвено за полагање во гробот, заедно со Евангелието (религиска книга која го опишува животот и учењето на Исус Христос).

На Велики петок сите постат, па дури и тие кои инаку не постат цел велигденски пост. Тие кои постеле цел пост или макар една недела, на Велики петок постат строг пост. На тој ден не се служи литургија во црква, освен ако се Благовести. На Велики петок не се пее, не се весели, тоа е ден на тага и општа тишина, ни детски плач не смее да го наруши. Дури ни мртви не се закопувале на овој ден, да не се нарушува земјата во која лежи Исус.

Велигденско јајце

Јајцето претставува симбол на живот, т.е. го симболизира воскреснувањето на Исус Христос. Јајцата се вапцаат на Велики четврток или Велики петок, најчесто во црвена боја, која ја симболизира крвта на Исус. Првото обоено јајце се смета за чувар на куќата и на него се припишува посебна важност. Како што вели името, првото јајце се смета за заштитник на домот и се чува до идниот Велигден.

Природно боени јајца

Јајцата можат да се бојат на многу начини. Ако сакате велигденските јајца да ги боите со природни бои, можеби ќе ви помогне да знаете кои намирници произведуваат бои. Бидејќи природните бои за боење на јајца не се толку интензивни како вештачките бои кои можат да се купат во продавници и на пазар, треба да се користат повеќе. Од природните материјали, најчесто се користи луковина, која на јајцето дава црвено кафена нијанса. Еве уште некои примери:

Црвена – лушпа од црвен кромид, сок од калинка, цвекло, сок од малини, црно вино…

Зелена – спанаќ, блитва, зелје…

Сина – црвена зелка, сок од боровинки…

Жолта – кора од портокал, зелен чај…

Ова се само некои од намирниците кои даваат одредена боја на јајцето, посветла или потемна, во зависност од тоа колку ќе ставите од намирниците, или од природната боја на јајцето. На вас е да испробувате со некои нови намирници.

Шарањето на велигденските јајца

Покрај боењето на велигденските јајца, за нивна разновидност придонесува и украсувањето. Јајцата можат да се украсуваат на разни начини. Покрај вообичаените налепници кои можат да се купат во продавници и на пазар, постојат многу интересни начини да се украсат велигденските јајца. Ако сакате да украсувате јајца, погледнете некои од наведените начини. Можеби во тоа експериментирање ќе најдете задоволство и ќе добиете единствени и интересни велигденски јајца.

Ако овие начини за украсување на јајцата не ви одат од рака, секогаш може да го искористите добро проверениот начин, јајцето завиткајте го во најлон чорапа и во неа ставете разни лисја и хартивчиња, па вапцајте ги јајцата во луковина. Не е важно да користите комплицирана техника за украсување. Некогаш поедноставен начин е многу подобро, ако уживате во тоа што го правите.

Кршење со јајца

Еден од најрадосните и најубавите обичаи за Велигден е кршењето со јајца. Тогаш настанува веселба и натрпевар чие јајце е најсилно, што претставува радост за децата. На Велигден прво се јадат јајца, па потоа другото јадење. Гостите кои ќе дојдат во домот на Велигденсе даруваат со јајца. Исто така јајца се даруваат и кога се оди на гости. Во Србија секоја година се организира светски натрпевар во кршење на кокошкини јајца во Мокрина.

Христос Воскресе! Ваистина Воскресе!

Кога ќе осамне денот на Христовото Воскресение, од сите цркви долго ѕвонат сите ѕвона, јавувајќи го доаѓањето на најголемиот христијански празник. Народот меѓусебно се поздравува со зборовите Христос Воскресе! Ваистина Воскресе! Тој поздрав трае се до Спасовден, т.е. до Христовото Вознесение, кој паѓа на 40 ден по Велигден. Домаќинот со своите деца оди во црква на света велигденска служба. Тие кои постеле цел велигденски пост или барем една недела, се причестуваат на крајот на литургијата.

Вкусни велигденски специјалитети од варени јајца

За велигденските празници секако имате варени јајца во домот, а еве неколку идеи што можете да подготвите со нив и да ги изненадите вашите најмили.

 

salata-so-jajca

САЛАТА СО ВАРЕНА ШУНКА И ЈАЈЦА

Потребни се 3 варени јајца, 250 гр. варена шунка, 1 рендан морков, 100 гр варени макарони, прелив од мајонез, павлака, сенф, сол и пипер.

Белката исечкајте ја на коцки, жолчката изгмечете ја и измешајте ја со парчињата варена шунка. Додадете и варени макарони, па додадете го преливот од мајонез, павлака и сенф кои сте ги измешале по желба. Зачинете исто така по желба со сол и пипер па посипете ги со рендан морков, украсете со босилек, магдоносот и кругови варени јајца.

ПАЛАЧИНКИ СО ФИЛ ОД ЈАЈЦА

Потребно е:

За палачинки:

350 гр. варен компир, 150 гр брашно, масло, сол.

За Фил

4 тврдо варени каква, 150 гр. варени компири, 160 гр мајонез, 300 гр. мешан варен зеленчук, 70 гр. кромид, 30 мл оцет, кисела павлака, чили сос, сол и пипер.

Подготовка:

Прво направете палачинки од компири. Компирите сварете ги со лушпа , изгмечете ги и измешајте ги со брашно и сол и направете тесто. Тестото поделете го на неколку делови и секој од нив развлечете го на подлога посипена со брашно. Во тава испечете го од двете страни. За подготовка на филот тврдо сварените јајца и компирите исечкајте ги на помали делови и измешајте ги со ситно сечканиот кромид и сварениот зеленчук. Посолете и повторно измешајте. Наполнете ги палачинките и ставете ги на чинија и прелијте ги со чили сос и павлака.

ТОРТА ОД ПИПЕРКИ

Потребно е 1 пакување леб за тост, 10 испечени пиперки, 400 гр. мајонез, 2 павлаки, 4 кисели краставички, 4 варени јајца, 250 гр. шунка, 100 гр. фета сирење, малку кечап и 150 гр. кашкавал.

Подготовка:

Измешајте ги мајонезот и павлаката, па поделете ги на три дела. Во првиот дел додадете ја исечканата краставица и исечканите варени јајца. Во другиот дел додадете ја ситно исечканата шунка, изгмеченото фета сирење и кечап по вкус.

Во третиот дел измешајте изрендан кашкавал и уште една павлака. Печената пиперка исечкајте ја на ленти. Наредете шест парчиња леб за тост на кој сте ја извадиле кората, па нанесете го првиот фил. Преку него распоредете дел од печената пиперка па наредете повторно леб за тост. Нанесете го и вториот фил па уште еден ред печени пиперки, па повторно леб за тост. Целата торта премачкајте ја со третиот фил и украсете со печена пиперка по желба.

Ноќен живот во Прилеп – Club Calypso & The Gallery House Pub – 30.04.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”232″ gal_title=”NokenzivotPrilep_30042016″]

Симболиката на велигденското јајце

Сознанието дека живите суштества настануваат од јајце, од јајцето направи симбол за живот. Митот за настанокот на светот од јајцето е познат кај многу старите народи: Феничаните, Грците, Вавилонците, Египќаните, Индусите, Кинезите… Персијанците верувале дека во Исконското јајце кое се распаднало во Ормузда и Ахримана. Во спомен на тоа јајце, на пролет имале обичаи за меѓусебно дарување на јајце. Кај Индусите било раширено верувањето дека од јајце настанал Брама: од горната половина на лушпата настанало небото, а од долната земјата.

jajca

Грците верувале дека Ерос е најстар од сите богови од кој подоцна настанало се. Легендата објавена во Речникот на грчката и римската митологија, вели дека Ерос е старо божество на природата, кое со помош на љубовен копнеж обезбедува непрекинато создавање и постојана обнова на светот. Во темница, во страшна празнина, ноќта оплодена од ветерот, снесла сребрено јајце од кој изглегол богот со златни крила Ерос. Огромното јајце се сркшило на пола. Небото или Уран и Земјата или Геја. Ерос го поттикнал Уран и Геја да се соединат. Така почнало создавањето на светот.

 Одбрана од уроци и град

Јајцето како симбол на живот добивало уште поголема сила ако се спојувало со црвената боја. Со боја која значи живот. Црвената боја е боја на радоста, а бидејќи Велигден е нај радосен празник бидејќи означува победа на животот над смртта, јајцата се вапцаат со црвена боја. Сите други бои не се во духот на православната традиција.

Од сексуалниот однос кој Зевс на измама го извршил со Немеза, богиња на девиците, настанало синото јајце. Сината боја била со необични преливи и нијанси па така и денес постои израз Немезино сино.

Денес вапцаното јајце се поврзува исклучиво за празникот на Воскресението или Велигден. Првите помени за боени јајца во христијанството се од 12 век, а точни податоци датираат од 16 век, кога и во нашите краеви се наоѓаат првите записи, кои наведуваат шарени јајца за Велигден, како што е законот за организација на работата на саските рудари, каде се вели: Кога ќе биде раѓањето Исусово и време на шарени јајца, т.е. Божик и Велигден, нека даруваат кон рудата…

Кај Србите постојат безброј верувања и обичаи во кои јајцето има важна улога. Тоа се става во одбрана на уроци и град: Во Стиг обичај е жената, кога прв пат ќе види мало дете, да го дарува со паричка за среќа, а со јајце за живот.

Општо познат обичај е за Велигден да се подготвуваат вапцани јајца, со кои ќе се омрсат тие кои постеле. Сите легенди за настанувањето на црвени и шарени јајца кај Србите, а тие се многу во народот, се поврзуваат за воскресението на Исус.

Во Левќа велат дека некаде во далечна земја жените виделе како војници го прогонуваат Исус, па да им попречат брзо обоиле јајца. Ги ставиле јајцата во скут и ги нуделе на војниците.

Тие застанувале вџашени од убавиот изглед на јајцата, што Исус го искористил и побегнал од потерницата. Од тогаш Господ го благословува вапцањето на јајцата. Приказната од бољевачкиот крај гласи: Кога Исус го симнале од кртот и го погребале, неговата мајка Марија му дошла на гробот и тука оставила неколку сварени јајца. Кога Исус во неделата воскреснал, јајцата на гробот поцрвенеле.

Од тогаш Господ наредил за секој Велигден да се бојат јајцата со црвена боја.

Зошто се фарбаат јајца

Интересно е кажувањето кое може да се слушне во Црна Гора. – Додека стражарите го чувале гробот на Исус од христијаните, им донеле за вечера печена кокошка. Еден од стражарите, по природа плашлив, постојано се плашел дека Исус ќе излезе од гробот. На неговите другари тоа им пречело, па еден му рекол дека тоа ќе се случи кога печената кокошка која треба да ја изедат ќе полета и ќе снесе црвено јајце.

Само што го рекол тоа, печената кокошка полетала и снесла црвено јајце. Стражарите скокнале на нозе и успеале само да го здогледаат Исус со ангели кои го креваат на небото.

Боењето и шарањето на јајцата се два различни процеси и обично не се прават заедно. Шарањето на јајцата најчесто се прави во среда или четврток во Средопосна недела. На Средопосна среда во Призрен се шара едно јајце, кое се вика страшник или крсташ и толку јајца колку што има во домот, т.е. за секого по едно.

Останатите јајца се шараат на Велики четврток или едноставно само се вапцаат. Шарањето на јајцата, според народното верување, е женска работа и се смета за светост. На шарањето се пристапува со побожност, љубов и чистина, бидејќи освен тоа што јајцата се подготвуваат за Велигден, се работи и со восок кој е незаменлив во религиските обреди. Тоа не може да го прави секоја жена, туку само таа на која Господ и дал дарба за сликање.

Шарањето на јајцата е женска работа

Постојат три основни видови на украсување на јајцата, кај кои се применува различна техника. Првиот вид претставува шарање на јајца на кои на било кој начин се прават цртежи и овие јајца пред се делуваат со цртежи и ликови, а потоа со бојата. Друг вид се шарени јајца кај кои ефектот се постигнува со различно сложување на боите, т.е. со механичко нанесување на лушпата на јајцето. Трет вид се јајца кои се украсуваат со лепење на листови од растенија или во поново време, со лепење на сликички.

За да се изведат орнаменти на јајцето, најчесто се применува техника позната во науката под името батик, под кое се подразбира цртање со восок, кој се нанесува со специјална алатка, па по боењето восокот се отстранува. Алатката е од бакарен лим. Во неа се топи восокот кој излегува низ цевче и така се излива во течен восок. Денес јајцата се фарбаат современо, со купување на боја или варзило, додека порано исклучиво се правело со растителни бои, од кои јајцето најдобро се боело во црвено ако се бои во броч. Боењето или вапцањето на јајцата се прави само во тек на Велика или Страсна денела. Секој ден од таа недела, според народната традиција е добар за боење но во различни краишта тоа се прави во различни денови. Некаде се бојат само на Велики петок и ништо друго не се работи тој ден, додека други сметаат дека Велики петок е празник и дека не смеат дури ни јајца да се бојат. Затоа тоа се прави и во среда, четврток или сабота.

Прво се вапца т.н. страшник

Страшникот е првото јајце кое се става во црвена боја да се свари и обои, а потоа се ставаат и другите јајца. Страшникот се чува во куќата до пред Ѓурѓовден, кога со разни билки се става во вода да преноќи. Наутро сите во домот се мијат со таа вода да бидат здрави и румени како јајцето. Потоа тоа јајце обично се нози на лозје, бидејќи се верува дека заштитува од град. Во околината на Чачак тоа јајце, кое уште се нарекува и чувар или чуваркуќа, се чува се додека не се вапца ново јајце следната година, бидејќи за него се верува дека ја чува куќата од надворешни несреќи.

Кога тоа ќе се обои новото јајце чувар, старото се фрла во реката Морава, да ги однесе сите зла и несреќи кои паднале на него, наместо на куќата која ја чувало. Црвената боја, т.е. црвеното велигденско јајце е во духот на православието. Црвената боја е боја на радоста, а бидејќи Велигден е најрадосен празник, бидејќи означува победа на животот над смртта, затоа и јајцата се бојат со црвена боја. Сите други бои не се во духот на христијанската традиција.

Неодолива глетка во Охридско: Се родија 7 мали лебедчиња

Охрид е преполн за велигденските празници.

lebedcinja-640x359

Убавиот македонски Ерусалим со своите цркви е најубавото место каде може да се прослави Велигден.

Пар лебеди добија подмладок од 7 мали лебедчиња.