дома блог страница 5348

Ноќен Живот во Прилеп – Тhe Gallery House Pub & Club Calypso – 29.04.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”227″ gal_title=”NokenzivotPrilep_29042016″]

За Велигденската трпеза: Jагнешко со рузмарин!

jagneshko-1

Велигденската трпеза неможе да помине без вкусно јагнешко месо. Ви предлагаме фантастичен начин како да го спремите традиционалното јагнешко.

Состојки:

  • Јагнешки бут
  • Една дланка морска сол
  • Лук
  • Пет чешниња лук
  • Рузмарин
  • Бибер
  • 200 грама маслиново масло
  • два килограми млади компири

Подготовка:

Прво добро измијте го јагнешкото месо, а потоа втријте ја морската сол и бибер, ставете од рузмаринот и замотајте го месото во фолија, а потоа оставете го да отстои во фрижидер неколку часа.

Кога ќе го извадите од фрижидер, прелијте го со маслиново масло и ставете го во тава и во ладна рерна, која потоа треба да ја уклучите на 180 степени. На тој начин јагнешкото ќе се пече побавно и поради тоа ќе биде посочно.

Печете го околу 60 минути, а потоа додадете малку вода и со маша свртете го да се испече рамномерно од сите страни. По 30 минути одново треба да го свртите и да го прелиете со сосот од печењето.

Младите компири кратко обарете ги и ставете ги во тава за печење. Зависи од големината на компирите, но нив ќе треба да ги печете од 25 до 35 минути.

Пред крај на печењето, додајте само ситно сецкан лук. По печењето на месото, ќе бидат потребни околу 15 минути јагнешкото да се опушти за да биде помеко и посочно. Потоа може да се сече. Добар апетит!

Прекрасна македонска песна со молитва за Велигден

Овие денови радио станиците ја пуштаат песната „На Велигден сум се заљубил“ која е голем хит.

molitva-za-veligden

Но, постои уште една песна за овој голем христијански празник.

Песната се вика „Молитва за Велигден“ и ја пее Елена Георгиева.

Стара е неколку години, но е прекрасна.

Обичаи и верувања поврзани за Велика Сабота

velika-sabota

Некои саботата пред празникот Велигден, наречена Велика Сабота, за празник ја сметаат само додека се во црквата, а потоа може да се работи. На овој ден се прават последните подготовки за празникот, се чисти куќата и се готви храна.

Во Мариово жените ги переле појасите верувајќи дека не ќе ги боли половината во текот на годината кога ќе копаат и жнијат. Вечерта околу полноќ се оди во црквата каде што секој носи црвено јајце.

Во Радовиш носеле и свеќа и зелено гранче или цвеќе, а свеќата запалена од свештеникот ја носеле дома и со неа го запалувале огнот. На полноќ сите присутни со тропарот „Христос воскресе“ три пати ја обиколуваат црквата.

Во црквата се останува за големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршкаат со црвените јајца и се омрсуваат.

На малите деца во саботата навечер под перницата им ставаат црвено јајце што им го даваат утрото во неделата кога ги водат во црквата.

Господин господин Стефан: Христовото воскресение е најголемиот и најрадосен настан во историјата

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан до сите верници од православна вероисповед упати велигденска порака по повод претстојниот празник Воскресение Христово – Велигден.

gospodin-gospodin-stefan

Христовото воскресение е најголемиот и најрадосен настан во историјата. Тоа е Чудо над сите чуда, Дар над сите дарови и Благослов над сите благослови. Затоа да се верува во Христа, значи да се верува во воскресението.

А силата на оние коишто веруваат, се надеваат и Го љубат Воскреснатиот Христос е во смирението, во целомудрието, во трпението, во послушанието, во страданието – во доблестите што го преобразуваат човека.

Возљубени празникољупци,

Во ова 2016-то лето Господово, нашата радост е поголема: одбележуваме 1100 години од блаженото упокојување на првоерархот на нашата древна Охридска столица, патронот на македонскиот народ и црква – свети Климент Охридски.

На овој најголем празник, на Велигден, да се помолиме, заедно со свети Климент и со сите македонски светии, и да испросиме од Господа сплотување и братска љубов меѓу нас. – Нема поблагословен ден од Велигден, па, од името на нашата света Македонската православна црква, повикуваме на единство и мир меѓу нашиот народ.

Само со искрена вера и меѓусебна љубов, ќе можеме да одговориме на сите предизвици. Па да се молиме, Бог да ги запре недоразбирањата, немирите и војните кај нас и во целиот свет, да ги врати раселените во своите домови, да ги закрили оние коишто страдаат, и насекаде и во секого да воскреснат и завладеат правдата и вистината…

Возљубени чеда во воскреснатиот Господ, во Македонија и насекаде по светот, молитвено посакуваме срцата на сите да ни се исполнат со искрено покајание и возвишена и постојана љубов, за вистински, како што доликува, да ја почувствуваме и празнуваме и годинашнава велигденска радост и сите денови во животот. Христос воскресе!, вели поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан во пораката по повод Велигден.

ФОТО – Сообраќајна незгода во центарот на Прилеп – Целосно уништено форд возило

13140568_10207799388197076_1934454350_n

Вечерва по полноќ се случи страшна сообраќајна незгода во центарот на Прилеп на Реклами. Судрени се БМВ и ФОРД возила, при што фордот е целосно уништен.

Според неофицијални сознанија нема повредени. Полицијата на лице место работи на расчистување на настанот.

13084245_10207799387997071_344105609_n

13115678_10207799387677063_1760931709_n

 

 

ГАЛЕРИЈА – Предвелигденски ноќни забави во Крушево

[Best_Wordpress_Gallery id=”226″ gal_title=”КрушевоНоќен_28042016″]

ПОБЕДИ ИЏЕ: На „Хунгароринг“ ечеше македонската химна

Во чест на победата на македонскиот автомобилист Игор Стефановски Иџе денеска на прославената Ф-1 патека „Хунгароринг “ беше интонирана македонската химна.

 

idze-pobedi

Имено, Стефановски реши да учествува на првата трка на „ЦЕЗ’’ на кружни патеки со цел да се привикне на метежот кој му создаваше проблеми на првите две трки во „ETЦЦ’’ Шампионатот. Иако, практично дебитираше на оваа патека, популарниот Иџе на крајот заврши како прв и се искачи на највисокото место на пиедесталот.

– Супер се чувствувам, работевме на автомобилот, а исто така разгледувавме и многу други детали и тактики на возење. Добро е чувството да се биде на подиум, поточно на првата позиција, иако немаше некоја голема конкуренција, а прв пат на оваа патека беше пуштена македонската химна, што за мене претставува огромно задоволство. Овде дојдовме да направиме тренинг пред третата рунда од Европскиот туринг куп на патеката Хирбургринг, а тренинг на трка како овој викенд е најдобар начин за постигнување на нашите цели. Утре се вози втората трка, следат уште повеќе извозени тркачки кругови. Ги поздравувам сите мои фанови, ми значи вашата поддршка, изјави Стефановски.

Ова е добра најава дека Иџе се подобро се снаоѓа во новиот предизвик односно „ETЦЦ’’ Шампионатот во кој се префрли оваа година, по двете последователни европски титули на трките на ридски патеки.

ВИДЕО – ЗАСТРАШУВАЧКИ МОЛЊИ УДРИЈА ВО АВИОН НАД ЛОНДОН

12121

Лондон е познат по карактеристичното врнежливо време и бурите. Но, во средата молњите над Лондон беа пресилни. Во еден ден биле погодени дури 3 авиони. Ова видео покажува една од тие случки.

Сепак авионот е спуштен безбедно. Модерната авио технологија овозмужува ваквите удари да се одбиваат, а патниците само ги чувствуваат силната бука и светлина.

Сепак секој оној кој го доживеал тоа, знае дека ваквите електрични удари изгледаат доста страшно!

А.Г.

Ноќниот живот во Сирија на 3 км од огнот: „Село гори а младите пијат до зори“ (ФОТО)

Во стариот дел од сирискиот главен град, Дамаск, на само 2-3 километри од линијата на фронтот, младите Сиријци се однесуваат како таму да нема војна во која животот го изгубија повеќе од 250.000 лица.

 

damask5

Тие танцуваат, пушат наргиле и цигари, пијат пиво и жестоки пијалаци. Младите Сиријци се обидуваат да уживаат во животот и да разговараат за што било, само не за војната.

damask-2

Имено, заживувањето на историскиот центар во Дамаск е всушност иницијатива да се настојува луѓето барем да се обидат да создадат чувство на нормализација, иако војната и понатаму трае речиси во целата земја.

damask9

Младите Сиријци ја прифатиле иницијативата и несвесно му покажаа на светот зошто Сирија е култура чие богатство не се мери само со историските споменици, туку и со луѓето кои живеат во неа и кои не ја напуштиле ниту во најтешките времиња.

damask8

damask1

damask4

damask6

damask7