дома блог страница 5332

Трет мобилен оператор влегува во Македонија

lajk (1)

Македонија ќе стане дел од меѓународната мрежа на британскиот виртуелен мобилен оператор „Лајкамобил“, објави компанијата на својата интернет страница.

Главна цел на новиот телекомуникациски оператор е преку ниски цени да им овозможи на македонските граѓани евтини меѓународни повици, односно поврзување со земјите ширум светот во кои „Лајкамобил“ веќе работи.

„Лајкамобил“ има повеќе од 15 милиони корисници во 20 земји каде што оперира.

По спојувањето на Вип и ОНЕ во една компанија, која сега се именува само Вип, тие има и обврска да овозможат влез на пазарот на трет виртуелен мобилен оператор.

„Лајкамобил“ е компанија која е основана во 2006 година. Мрежата на „Лајкамобил“ е присутна во Австралија, Австрија, Белгија, Данска, Франција, Германија, Ирска, Италија, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Хонгконг, САД, Тунис и Велика Британија.

РЕНОВИРАНО ДЕТСКО ОДДЕЛЕНИЕ ПО ЕУ СТАНДАРДИ

1

Се наѕира новиот лик на болничките одделенија во Општата болница „Борка Талески“ – Прилеп. Во завршна фаза детското одделение кое до крајот на иднава недела ќе биде ставено во употреба. Пациентите и вработените ќе имаат најдобри услови во комплетно реновираното одделение.

2

3

4

5

6

 

Ослободете се од проширените вени на природен начин

Проширените вени се појавуваат поради различни причини. Некои од најзначајните се генетика, бременост, долго и напорно стоење, одење или прекумерната телесна тежина. Исто така, може да се јават и како спореден ефект на некои лекови, хормонски пилули или контрацепција.

ispukani-veni

Лекувањето на проширените вени воопшто не е едноставно и обично е потребно многу време за да се постигнат добри резултати. За среќа, природата нуди голем број билки што ја подобруваат циркулацијата, ги лекуваат и ги спречуваат проширените вени.

Проширените вени се појавуваат поради различни причини. Некои од најзначајните се генетика, бременост, долго и напорно стоење, одење или прекумерната телесна тежина. Исто така, може да се јават и како спореден ефект на некои лекови, хормонски пилули или контрацепција.

Проширените вени најчесто се јавуваат кај лицата на возраст помеѓу 20 и 40 години. Еве некои од природните лекови за проширени вени.

Див костен

Дивиот костен е одличен лек за лекување проширени вени. Ова растение влијае на намалување на симптомите како што се: проширени вени, болка, замор, оток на нозете.

Состојката на дивиот костен – есцинот- благопријатно дејствува на стабилизацијата на ѕидовите на крвните садови и со самото тоа на намалување на отокот и болката. Дивиот костен ги намалува воспалителните процеси, ја зголемува цврстината на крвните садови, го зголемува отпорот на венските капилари и ја намалува попустливоста за течност, па на тој начин се намалува оптоварувањето на венските крвни садови и на отокот. Дивиот костен ќе ве ослободи од чувството на тежина во нозете, ги намалува болкуте и грчевите.

Мелем од див костен

Наберете десет поголеми плодови од див костен. Измелете ги колку можете поситно и ставете ги во помала тегла. Прелејте со 2 дл алкохол (или со ракија препеченица). Теглата со оваа смеса оставете ја на сонце 7 недели.

По тој период добиената смеса процедете ја и ставете ја во помало шишенце, па секојдневно благо измасирајте ги болните места со оваа течност.

Маст од невен

Наберете невен (цветови, листови и стебленца) па ситно исечкајте ги. Ставете 500 грама квалитетна свинска маст во сад со средна големина и загрејте на најсилна температура. Кога маста е врела додадетет го исечканиот невен и оставете на оган да проврие, па промешајте и тргнете го од оган. Ставете капак на садот и оставете да преноќи на собна температура. Другиот ден само благо загрејте ја смесата, колку да може да се процеди.

Добиената маст ставете ја во соодветен сад и секојдневно благо втријте на заболените места, повеќе пати дневно.

Напомена: Најдобар ефект ќе постигнете ако ги комбинирате маста од невен и мелемот од див костен.

Заболените места прво намачкајте ги со маст од невен, а по неколку минути (откако кожата ќе ја впие маста) нанесете и мелем од див костен.

ГОТОВО – Јуве ги победи Интер и Манчестер Јунајтед, доведе врвен напаѓач

gabrieljesus489649020160513123954

Италијанскиот шампион ја засили конкуренцијата во нападот.

Како што пренесуваат бројни италијански медиуми, Јувентус ја засили конкуренцијата во нападот со договарањето на транферот на младиот Габриел Жезус од Палмеирас.

Овој 19-годишен напаѓач во домашното првенство веќе го доби надимакот “Феномено” по неговиот идол Роналдо.

Спортскиот директор на Јуве, Бепе Марота испратил понуда помеѓу 15-20 милиони евра, која ќе биде поделена помеѓу клубот и агенцијата која ги поседува правата за овој фудбалер.

Инаку за него беа заинтересирани уште и Интер и Манчестер Јунајтед, Јувентус беше побрз и ги осигура услугите на Бразилецот.

Доаѓањето на Жезус би можело да значи заминување на некој од напаѓачите на Јуве, пред се на Симоне Ѕаѕа, за кого веќе се заинтересирани неколку премиерлигашки клубови.

Запознајте го новиот напаѓач на Јуве:

А.Г.

ВИДЕО – Несторовски со хет-трик против Осијек за убедливо прв голгетер во Хрватска

61181231-ilija-nestorovski-inter-zapresic

Прилепчанецот Илија Несторовски е нерешлива дилема за хрватските голмани. Во натпреварот кој се одигра синоќа против Осијек, Несторовски дури три пати ја тресеше мрежата на противничкиот голман и со тоа стигна до својот 25-ти погодок во хрватското фудбалско првенство.

Несторовски е убедливо прв стрелец во Хрватска, а зад него се наоѓа уште еден Македонец, Музафер Ејупи со 15 постигнати голови.

Својата серија Несторовски ја започна во 40-та минута, потоа зголеми на 2-0 со гол во 51-та митута. Осијек сепак изедначи на 2-2, но енигмата да се запре нашиот голгетер остана до крај, па во 85-та минута Несторовски му донесе победа на Интер Запрешиќ, и го комплетира својот хет-трик.

ДВА ПРОТЕСТИ ВО КРУШЕВО – СДСМ СО АЛБАНСКИ ЗНАМИЊА СЕ БОРИ ЗА “ДЕМОКРАТИЈА”

IMG_1305

Два протести се одржаа изминатиот ден во Крушево. Со мотото “За Македонија се работи, резервна татковина немаме”, голем број крушевчани му се приклучија на Граѓанското движење за одбрана на Македонија, со барање за одржување на закажаните избори на 5-ти јуни и враќање на државата на старите патеки.

[Best_Wordpress_Gallery id=”239″ gal_title=”KrusevozaMakedonija”]

Од друга страна протест со антимакедонски пароли и скријаните пораки за федерализација на државата, одржаа и припадниците на СДСМ, каде што забележливи беа албански знамиња. Ова не е прв пат на протестите од СДСМ да се видливи обележја на други држави, а паметиме и дека СДСМ не ги осудуваше паролите со картата на голема Албанија на минатите протести во Скопје.

 

13115836_10208715929042931_1188305609_n (1)

13180830_601449656693460_828596693_n (1)

 

13219878_10208715929082932_2066274010_n 13236287_10208715928042906_833245109_n (1)

 

76-те социјални семејства од Прилеп повторно ќе побараат одговор од министерката Ременски

samohrani-majki1-640x371

И покрај добиените решенија за доделување на стан, 76 социјални семејства од Прилеп сеуште чекаат да добијат потпис од министерката Фросина Ременски и да се населат во становите кои им припаѓаат по сите прописи.

Тие во средата веќе еднаш го изразија своето незадоволство и со солзи во очите го осудија ваквото самоволие на министерката.

За понеделник од 12 часот е најавен нов протест на легалните станари, кои повторно ќе побараат одговор од Ременски за времето и датумот кога ќе им бидат предадени клучевите од становите.

Да потсетиме дека во тие луѓе има самохрани мајки со по две деца кои едвај крпат крај со крај и на кои дополнително им го загрозува животот и опстанокот ваквото срамно чекање.

Oтворен ден за учениците од основните училишта во СОУ „Ѓорче Петров“- Прилеп

1

СОУ „Ѓорче Петров“- Прилеп, организираше отворен ден за учениците од основните училишта. Во убав амбиент, можеше да се види целокупниот просторен и материјален капацитет со кое располага училиштето. Од страна на училиштето беа презентирани техники при изведувањето на практичната настава, кои на љубопитните „основци“ им беа мошне интересни.

Вработените и учениците од сите години во СОУ „Ѓорче Петров“-Прилеп добро се подготвиле за овој настан, па со видео презентаци, предавања и показни вежби, прикажаа дел од секојдневната работа на еден стручњак, кој ќе се определи за некоја од струките која би ја завршил во ова школо. Како повод беше искористен денот 12. Мај, познат како светски ден на медицинските сестри, профил на занимање кој се изучува во ова училиште.

2

3

4

5

6

7

8

Прилепскиот катастар го изготви првиот бесплатен елаборат

Прилепскиот катастар денеска го додели првиот бесплатен елаборат кој одделението го изготви според новите законски измени.

katastar-prilep

Како што објаснува раководителот на одделението Жаклина Кондоска, тоа се поволности за граѓаните и правните лица.

– Со измените во Законот за катастар на недвижности, кон крајот на март годинава,  катастарот може без надомест, да врши премер на недвижности на згради, делови од згради и други објекти и да изготвува геодетски елаборати без надомест, во интерес на граѓаните. Да појасниме, правото може да го остварат граѓаните и правните лица кои имаат правно-техничка документација, издадена до стапување на сила на Катастарот на недвижности за општината, во Прилеп тоа е до 1999 година, објаснува Кондоска.

Семејството на Саша  Лепиткова е првото во Прилеп кому, врз основа на правно-техничката документација, катастарот бесплатно му изготви елаборат.

– За овој проект на Агенцијата за катастар дознав од медиумите, се информирав и поднесовме барање за изготвување елаборат врз основа на правно-техничката документација што ја имавме. За два дена ни го изготвија бесплатно елаборатот и задоволни сме што заштедивме трошоци. Станува збор за семејна куќа, изградена 1971 година, вели Лепиткова.

Од одделението за катастар во Прилеп информираат дека за издавање бесплатни елаборати досега има поднесено пет барања и очекуваат граѓаните поинтензивно да ги поднесуваат. На сите што ги исполнуваат условите, ќе им биде бесплатно изготвен елаборат.

ПУТИН ПРЕДУПУРЕДУВА: Западот спрема нова војна во Македонија, Србија и Српска!

2742089 11/20/2015 November 20, 2015. Russian President Vladimir Putin holds a video conference with Russian military personnel engaged in the Syria operation. Michael Klimentyev/Sputnik

За утре во Република Српска се закажани големи протести на власта и на опозицијата кои треба да резултираат со соборување на претседателот Милорад Додик, додека, пак, во Македонија со одложувањето на изборите уште повеќе ќе се влоши состојбата.

2742089 11/20/2015 November 20, 2015. Russian President Vladimir Putin holds a video conference with Russian military personnel engaged in the Syria operation. Michael Klimentyev/Sputnik

Рускиот претседател Владимир Путин ги откри мрачните планови на Западот да предизвикаат војна на Балканот и негова трајна дестабилизација. Тој тврди дека војна најпрво ќе се предизвика во Република Српска, потоа во Македонија и на крајот во Србија.

Ова го тврди српскиот весник „Информер.рс“ во своето печатено издание. во текст со наслов „Западот спрема голема балканска војна“.

2

Во Србија, пак, по убедливата победа на Александар Вучиќ подготвува терен за масовни демонстрации и за непризнавање на претседателските избори кои треба да се случат во март до година.