ВИДЕО – Несторовски со хет-трик против Осијек за убедливо прв голгетер во Хрватска

61181231-ilija-nestorovski-inter-zapresic

Прилепчанецот Илија Несторовски е нерешлива дилема за хрватските голмани. Во натпреварот кој се одигра синоќа против Осијек, Несторовски дури три пати ја тресеше мрежата на противничкиот голман и со тоа стигна до својот 25-ти погодок во хрватското фудбалско првенство.

Несторовски е убедливо прв стрелец во Хрватска, а зад него се наоѓа уште еден Македонец, Музафер Ејупи со 15 постигнати голови.

Својата серија Несторовски ја започна во 40-та минута, потоа зголеми на 2-0 со гол во 51-та митута. Осијек сепак изедначи на 2-2, но енигмата да се запре нашиот голгетер остана до крај, па во 85-та минута Несторовски му донесе победа на Интер Запрешиќ, и го комплетира својот хет-трик.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.