дома блог страница 5331

Саботно кафе во Прилеп – 14.05.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”242″ gal_title=”Саботнокафе_14052016″]

ВИДЕО: Како да направите правосмукалка со пластично шише?

pravosmukalka-od-sise

Многу нешта од куќата за кои сметаме дека се непотребни, веднаш ги фрламе во ѓубре.

 

Всушност, од тие нешта може да направиме многу работи и да заштедиме пари.

Така со пластично шише од 2 литра може да направиме правосмукалка.

Освен тоа, ви треба цевка од машина за перење алишта, од дезодоранс и мал електричен мотор.

Погледнете на видеото одоздола како со помош на сето ова може да направите правосмукалка и како таа функционира.

ГАЛЕРИЈА – Победа стави печат на пласманот во Првата лига – Прилеп одново живее во црвено-белите бои

DSC_0050Markukule

Еуфорично и со силни емоции, огромната присутна публика на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, ја испрати својата миленичка во повисок ранг.

Прилеп одново живее во црвено – белите бои, ранетиот лав се исправа и се враќа на старите патеки на борба и слава.

Победа е повторно прволигаш и одново ќе биде страв и трепет за сите.
На денешниот натпревар против Велазерими, победашите го запечатија првото место на табелата и со 2:0 го совладаа гостинот.

Благоја Гешоски беше два пати прецизен за Победа и на огромна радост, особено на многубројните од навивачката група Мајмуни, беше најзаслужен за трите бода.

[Best_Wordpress_Gallery id=”241″ gal_title=”ПОБЕДАШАМПИОН”]

 

 

Питомците од генерацијата 2015/16 до Спасовски: Исклучете нè од политички игри и потпишете ни ги решенијата кои ни припаѓаат

Уште дента кога ги поднесовме нашите апликации за да бидеме дел од Министерството за внатрешни работи нашата цел беше една и единствена: да ги докажеме нашите квалитети и да застанеме рамо до рамо со нашите херои кои секојдневно го одржуваат мирот и стабилноста во нашата држава, му порачаа денес пред МВР питомците од генерацијата 2015/2016 на техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, кои се уште чекаат негов потпис на нивните решенија за влез во Министерството.

 

pitomci-mvr-640x396

Питомците истакнуваат дека се благодарни на шансата која им била укажана и секојдневно напорно работеле во текот на процесот на обуката која ја имаа во Центарот за обука во Идризово.

-Сериозноста на професијата што ја одбравме немаше простор за потфрлање, па така секој еден од нас созреваше да биде достоен на задачата која треба да му се пружи по вработувањето во Министерството каде ќе бидеме и директно вклучени во работат заедно со нашите колеги. Секој од питомците, без исклучок сонува да стане дел од тимот и верува во своите квалитети кои беа надоградени преку процесот на обука. Деновите кои ги поминавме во Центарот на обука на МВР за нас значат темел на обврската з зачувување на мирот, стабилноста и безбедноста во Македонија. Денес кога гледаме дека на нашите колеги им е неопходна помош, кога ги трошат своите капацитети и енергија на неколку полиња и се повеќе го чувствуваат недостатокот на енергија, ние сме подготвени да им помогнеме и одмениме и рамо до рамо со нив да ја вршиме обврската и задачата на Министерството за внатрешни работи. Не бараме ништо повеќе, само да ни бидат потпишани договорите. Еден потпис кој не дели од ангажман во МВР за да може достојно да ја работиме работата за која поминавме цел процес на обука и за која сонуваме, истакна Милорад Трајковски, претставник на питомците од генерацијата 2015/2016.

Трајковски истакна дека потребна им е можност да се докажат и да го применат сето она што го научиле, но и можност за стабилна егзистенција.

-Всушност, да се реализира она што нам ни припаѓа, а се кочи од политички причини. Разберете ја нашата порака и мака и исклучете нè од политичките игри, за да не страдаме во време кога сме им потребни на нашите колеги, истакна Трајковски.

Имено, Министерството за финансии има дадено согласност за вработување на 400 полициски службеници на 4 април годинава. Следниот ден согласноста е примена во Министерството за внатрешни работи и на 6-ти април Договорите за вработување му биле доставени на Спасовски на потпис, но истите се уште непотпишани седат кај него.

Oгромни спортски успеси на гимназијалците од СОУ “Мирче Ацев” – Прилеп

Гимназиските спортисти со голем подвиг ја завршија десеттата Гимназијадата која оваа година од 5-ти до 7-ми мај се одржа во Куманово. Училишните спортски екипи освоија две втори места, а второ место освои и ученикот Леонид Вандевски.

Леонид до среброто дојде натпреварувајќи се во атлетика, трчање на 1000 метри.

leonid-vandeski

Ракометарите имаа тежок пат до финалето, но под раководство на проф. по спорт Даниел Василески извојуваа победи над екипите на средни училишта од Скопје, Струга и Делчево и го освоија среброто.

  • Сребрен медал и второ место во конкуренција на сите средни училишта во државава е задоволство за сите – истакнуваат од екипата.

gimnazijada-kumanovo-003

Ова се учениците кои се вистински херои.

1.    Јане Јанески
2.    Давор Илиоски
3.    Јане Нешкоски
4.    Антониј Мисаилески
5.    Христијан Милошески
6.    Горан Кочоски
7.    Дино Стојаноски
8.    Филип Ристески
9.    Бојан Стојаноски
10.    Стефан Ангелевски
11.    Евгениј Темелкоски
12.    Стефан Тошески
13.    Александар Рикалоски
14.    Ѓорги Боцески

Мора да ги споменеме и учениците кои се дел од екипата, но од оправдани причини не беа во можност  да бидат дел од гимназијадата.

15.    Давор Шокоски
16.    Методи Илиески
17.    Алек Чупетрески

gimnazijada-kumanovo-004

И женската гимназиска фудбалска екипа, под водство на проф. по спорт Бранко Дисоски, успешно го зврши својот настап на гимназијадата освојуваќи го второто место. Фудбалската женска екипа ја сочинуваат:

1.    Ѓорѓиоска Јована
2.    Митаноска Христина
3.    Белистојаноска Марија
4.    Иваноска Димитринка
5.    Велеска Даниела
6.    Богеска Сара
7.    Аџиоска Светле
8.    Трајкоска Ангела
9.    Тренеска Јулијана
10.    Даскалоска Елеонора

gimnazijada-kumanovo-002

gimnazijada-kumanovo-001

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Девојка под влијание на смртоносна дрога, застрашувачки!

Оваа шокантна снимка покажува девојка под влијание на дрога.

 

devojka-droga-640x432

Во многу американски градови нормално е во среде ден да се видат зависници од дрога.
Оваа жена беше снимена под влијание на тешки дроги на улица.

Таа беше целосно надвор од себе. Погледнете го видеото и кажете НЕ на дрогата!

ВИДЕО: Ужасна смрт во затвор во Пула: Жив гори во самица, а стражарите се смеат

bojan-besic-1463173595-905695-520x351

Видео снимка на која се гледаат последните моменти од животот на 25-годишниот Бојан Бешиќ, кој изгоре во самица во затворот во Пула во ноември минатата година осамна на Интернет.

Бојан поминал по затвори вкупно пет години. Последната казна од 8 месеци ја служел поради закани кон поранешната девојка и незаконска употреба на лични податоци. Настрадал два месеци пред да излезе на слобода. Бојан се запалил во гумена соба, односно во самица. Пламенот се проширил, а стражарите не реагирале. Се задушил, а потоа неговото тело изгорело.

На снимката јасно се гледа дека извлекол запалка од десниот џеб, иако полицијата тврдеше дека ја криел во уста. Сакал да привлече внимание и да го извлечат од самицата. Повеќе пати се врти и гледа во камерата со чудење што никој не реагира, вели Ведран Бешиќ, брат на покојниот Бојан.

За овој случај многу се зборуваше во Пула, но јавноста многу малку знае.

Еден притвореник изјавил дека бил сведок на настанот. Додека горела ќелијата, чадот се чувстувал низ целиот затвор, се слушале пискотници, а тој ги чул стражарите како зборуваат дека ќе го остават малку да се потпече за да му дојде паметот. Во меѓувреме, вратата се раширила од топлината и било невозможно да го извлечат, па жив изгорел.

Општина Прилеп рекордер – легализирани 8.500 дивоградби

Вчера во просториите на општина Прилеп на 60-тина семејства им беа доделени нови решенија за легализација на дивоградби со што бројот на легализирани објекти во општината се зголеми на 8.500.

legalizacija-marjan-640x421

Решенијата ги врачи градоначалникот Марјан Ристески:

-Денешниот ден на нови 60-тина семејства ќе им остане во трајно сеќавање. Денес, тие се стекнуваат со документ со кој стануваат реални сопственици на својот дивоизграден објект. Од денес, тие правно и легално располагаат со него, посочи градоначалникот Ристески.

marjan-risteski-legalizacij

Официјалните информации говорат дека Прилеп и понатаму останува на првото место на ниво на Држава по легализирани објекти.

Ноќен живот во Прилеп – Corner Pub & Jazz Club Таke Five – 13.05.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”240″ gal_title=”Nokenzivot_13052016″]