дома блог страница 5323

Сончево и потопло време, температури до 23 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.

sonce-toplo

Температурата ќе се движи од 16 до 23 степени.

Во Скопје ќе биде  сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.

Температурата ќе достигне до 23 степени.

Во понеделник времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Во вторник попладне ќе има локални врнежи од дожд со ретки грмежи и ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец.

Температурата до среда ќе биде во благо опаѓање, а потоа во наредните денови се очекува стабилизирање и повторно затоплување на времето.

Голот за кој и не се зборува премногу: Убавецот на сите европски првенства

Европското првенство во 1996 година дефинитивно го одбележа репрезентацијата на Чешка. Стигнале до завршницата  како апсолутни анонимуси, а завршиле во финалето.

712849_w2

Во четвртфиналето ја елиминирале фаворизираната Португалија, а магично до четирите најдобри ги однел Карел Поборски.

Ова е можеби најубавиот погодок на сите европски првенства.

Гол кој тешко некој повторно ќе го повтори….

Подоцна паднала и Франција при изведување на пенали, а во финалето ги запрела Германија.

А.Г.

Потресно писмо на германски војник од источниот фронт: “Не татко, Бог не постои, овде во Сталинград го нема”…

 “Русите не’ потсетуваат на човечки битија. Тие се направени од железо, не знаат за умор и не знаат за страв. Физички и психички, еден руски војник е посилен од цела наша единица”.

fdg4trfdsdfs

“Не татко, Бог не постои, можеби го има во твоите псалми и молитви, во мислите на свештенците и црковните ѕвона, но во Сталинград го нема. До пред малку седев во подрумот, палев нечиј намештај со само 26 години, извикувајќи “Хајл Хитлер”, а сега или ќе умрам или ќе завршам во Сибир”.

“Сталинград е одлична лекција за германскиот народ. Штета е што оние кои ќе ја научат лекцијата нема да можат да го искористат тоа знаење во својот иден живот”.

“Руските снајперисти и војници со противтенковско оружје се сигурно апостолите божји. Тие лежат и чекаат на нас и по ноќ и по ден и никогаш не промашуваат. За 58 дена спроведовме само една рација, итоа залудно. Никој од нас нема да се врати во Германија, освен ако се случи некое чудо, а јас веќе не верувам во чуда. Времето е на руска страна.“

“Разговарав со главниот наредник. Тој рече дека бобата во Франција е многу полоша од овде, но почиста.

Французите се предале кога сфатиле дека понатамошниот отпор е безкорисен. Русите продолжуваат да се борат без оглед на се’. Во Франција и Полска одамна би се предале, рече наредникот, но Русите и понатаму се борат”.

“Сакана моја Цила. Искрено речено, ова е чудно писмо и никогаш не сакав да ти го испратам по пошта. Затоа одлучив да го испратам преку мојот ранет пријател Fric Cauber. Секој ден ни носи големи жртви. Ги губиме нашите браќа и сеуште не можеме да го видеме крајот на оваа војна. Веројатно нема ни да го дочекам. Не знам што ќе биде со мене утре, веќе ја изгубив целата надеж дека ќе се вратам жив и здрав. Мислам дека сите германски војници ќе ја дочекаат судбината овде. Овие снежни бури и огромни полиња прекриени со снег, внесуваат во мене смртоносен страв. Невозможно е да се победи Русија”.

“Верував дека војната ќе заврши до крајот на годината, но како што можеш да видиш, не сме пресметале добро кога е во прашање Русија “.

“Се наоѓаме на 90км од Москва, а тоа не чинеше голем број жртви. Русите сеуште даваат голем отпор пред Москва… Додека не дојдеме до Москва, уште многу ќе загинат. Во оваа кампања многумина зажалија што Русија не е Полска или Франција и што Русите се најмоќни непријатели на кои сме наишле. Ако мораме да останеме овде уште 6 месеци, црно ни се пишува “.

“Русите жестоко се борат за секоја педа нивна земја. Никогаш не сме учевствувале во толку жестока борба и веројатно многу од нас веќе нема да го видат своите најблиски”.

“Во Русија сум повеќе од 3 месеци и веќе имам видено многу. Да, драги брате, душата се симнува во петите кога се наоѓаш на околу 100 метри од овие проклети Руси”.

Oд дневникот на командантот на 25-та армија под генералот Ginter Blumetrito.

“Многу од нашите лидери во голема мера го потценија новиот непријател. Тоа се случи затоа што не го познаваа ниту рускиот народ, ниту руските војници. Некои од нашите генерали за време на Првата светска војна се бореле само на запад, а со истокот немале допир, така да немале поима за географските предели на Русија. Дури и кога се целосно под опсада, Русите не се повлекуваат од своите позиции “.

A.Г.

РК Прилеп на прагот за Европа, во “Ричко” падна Макс Струмица

mkd-197451

РК Прилеп ја совлада екипата на Макс Струмица на домашен терен со резултат 30:26 (полувреме 15:11) и стигна до 4-та победа во плеј оф разигрувањето на машката ракометна Супер лига.

Седмото коло за РК Прилеп донесе нови 2 бода и ги донесе прилепчани на чекор од излез во Европа.

РК Прилеп докажа дека е сериозна екипа на која сериозно треба да се гледа, особено кога се гостува во спортската сала во СОУ “Ристе Ристески”-Ричко.

MAРКУКУЛЕ АНКЕТА: КОЈ ТРЕБА ДА ЈА ПЛАТИ ШТЕТАТА ЗА УНИШТЕНАТА ЗГРАДА НА ОПШТИНА ПРИЛЕП?

Во изминатиот период инспирирани од насилните дејствија и насилни протести, кои сеуште се случуваат низ Република Македонија, а не е изоставен и Прилеп, ги запрашавме граѓаните: Дали ги поддржуваат таквите вандалски протести или општокорисните проекти?

Резултатите на спроведената анкета се следните:

  • 73% проценти од граѓаните кои одговориле на анкетата се за општокорисни проекти и напредок на државата;
  • 27% проценти од граѓаните поддржуваат насилни и вандалски протести.

Наредната анкета на порталот маркукуле.мк е како последица на претходно споменатите насилни протести и штетата која ја нанесоа во градот под Марковите Кули. Истата гласи: Кој треба да ја плати штетата за уништената зграда на општина Прилеп?

[democracy id=”12″]

ФОТО – ПОСТАВЕН КРСТОТ ВО ЛЕШОЧКИОТ МАНАСТИР: Руската амбасада донираше величенствен крст во чест на руските монаси!

Руската Амбасада во Македонија постави мермерен крст во Лешочкиот манастир во чест и спомен на руските монаси кои на почетокот на дваесеттиот век емигрирале од Русија во Македонија и живееле во манастирот.

1

Руските монаси тука ја остварувале својата служба, пренесувајќи ги обичите и верата од Македонија во Русија и обратно, при што дале голем влог и придонес во обновувањето на монаштвото во Македонија.

2

Крстот, по налог на амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Олег Шчербак е изработен од високо-квалитетен мермер, а изработката е уникатна, односно истиот е изрезбан од еден мермерен блок, наместо да се прави на делови па потоа да се склопува. Ваквиот начин на изработка е многу редок и ексклузивен, но долготраен и впечатлив.

4

3

Годишен концерт на музичкото училиште “Ордан Михајлоски” – Оцка од Прилеп

2

На 26.05.2016 год, со почеток од  18.30 часот, во просториите на центарот за култура “Марко Цепенков”, ќе се одржи годишниот концерт, на кој учевство ќе земат дел од наградените ученици од државниот и мегународните натпревари, а ќе настапат и хорот и оркестарот на училиштето.

Годишниот концерт  следува после огромниот успех на државниот натпревар за млади музичари во Скопје, кој се одржа од 12 до 15-ти мај, каде музичкото училиште “Ордан Михајлоски” – Oцка  учевствуваше со 49 ученици, од сите инструменти и класи.

Притоа учениците се закитија со доста награди и тоа: 2 специјални награди, 15 први, 16 втори, 14 трети и 2 пофалници.

За огромните успеси и големиот грст на награди и одликувања, заслужни се и менторите:

  • Пијано: наст: Христина Никоска, Денис Најдоски,Игор Николоски, Јулијана Златеска, Славица К.Темелкоска, Александра Андревска, Киро Гаралоски
  • Виолинa: наст: Весна Станкоска, Даниел Јованов
  • Хармоника: наст: Мартин Колевски, Кети Петреска
  • Флејта: наст: Мартина Пашоска
  • Кларинет: наст: Александа Ивановска
  • Саксофон: наст: Борис Миленкоски
  • Гитара : наст: Илија Чакароски
  • Труба: наст: Ристо Мечески
  • Солфеж: наст: Kиро Гаралоски
  • Соло пење: наст: Леонарда Г. Богданоска

Од училиштето известуваат уште дека, од 23.05.2016 до 24.06.2016 музичкото училиште ќе врши  упис на нови и талентитани ученици и тоа за:

– 9 годишно образование
– пијано
– виолина
Учениците кои се запишуваат на 6 и 7 годишна возраст ( Iво и IIро одд, во основно училиште во учебната 2016/17 год.)

6 годишно образование
– хармоника
– флејта
– кларинет
– саксофон
– народни инструменти
– труба

Учениците кои се запишуваат на 9 и 10 годишна возраст ( IV и Vто одд во основно училиште во учебната 2016/17 год.)

3 годишно образование

– соло пеење

Учениците кои се запишуваат на 11 и 12 годишна возраст ( VI и VII одд во основно училиште во учебната 2016/17 год.)

Уписот трае од 23.05.2016 – 24.06.2016 година.

Потребни документи:
Извод од матична книга (фотокопија)
Пополнета пријава во печатена форма

Серија земјотреси го стресија Прилеп

zemjotres

Два последователни потреси ги испрашија прилепчани во 18:33 и 18:41 часот. Според http://www.emsc-csem.org/Earthquake/, се работи за два земјотреси чиј епицентар е  на 82 км северо-западно од Скопје, односно 13км јужно од Вранешница.

Вакви силни потреси за прилепчани се непознати веќе подолг период.

Саботно врнежливо кафе во Прилеп – 21.05.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”250″ gal_title=”Саботнокафе21052016″]

ВИДЕО – Најголемата пица на светот: Вака изгледа оброк од 2 км и 2 тона сирење

Светскиот рекорд е турнат. Направена е најголемата пица, долга 1,8 км.

000_aw2oq-806x517

Потребни биле 250 пица мајстори да ја направат оваа пица со 2 тона брашно, 2 тона моцарела, 200 литри зејтин и 1,6 тони сос од домати.

Ја печеле околу 6 часа, а оваа пица од Неапол, го презеде тронот на минатогодишната пица направена во Милано.

А.Г.