дома блог страница 5322

Доделени првите грантови за самовработување за лицата со инвалидност

На 30 лица со инвалидност денеска им беа доделени грантови од 5000 денари за отпочнување на свој сопствен бизнис. Според проектот на Владата се очекува до средината на месец јуни и останатите 70 лица кои имаат влезено во процесот на квалификации и имаа добри бизнис планови да ги добијат неповратните средства.

 

dime-spasov-5-640x360

Договорите денеска за првите грантови за самовработување за лицата со инвалидност им ги додели министерот за труд и социјална политика Диме Спасов.

-Секој човек има свои способности, свои знаења и свои умеења и лицата со инвалидност имаат свои способности свои вештини. Со овој грант за самовработување ние ја поттикнуваме нивната креативност им помагаме да го реализираат својот сон, да се самовработат  да формираат свој сопствен бизнис и да имаат редовни средства за своја лична егзистенција, рече Спасов.

По отворањето на сопствен бизнис лицата со инвалидност ќе можат да вработуваат и нови лица, а со неповратните средства од 5000 евра ќе можат да набават опрема и репроматеријали.

-Грант од 5000 евра ќе добие секое лице со инвалидност кој што го има поминато процесот на неколку месечна обука и изработка на бизнис план. Сите оние кои што имаат потреба од дополнително вработување  ќе добијат плус 92 илјади денари за секое ново отворени работно место, до 2 новоотворени работни места. Грантот може да се движи во вкупен износ од 480.000 денари што е една солидна сума за да се започне со реализација на било која бизнис идеја, за формирање  на мала компанија или мал бизнис, рече Спасов.

За реализација на овој проект Владата на Р. Македонија обезбеди 50 милиони денари за финансирање на 100 нови компании за 100 лица со инвалидност и за финансирање на околу 200 нови работни места. За 2016 година со овој проект се очекува  да бидат отворени нови 300 работни места во Р. Македонија.

Директорот на АВРМ Влатко Поповски истакна дека во наредните две години идните бизнисмени ќе имаат помош од АВРМ, тие на располагање ќе имаат техничка помош од страна на експерти за водење на бизнис.

Тој посочи дека преку посебниот фонд на АВРМ доколку лицата имаат потреба тие ќе може да добиваат и дополнителни 100.000 денари за адаптација на работното место, а откако ќе започнат да работат по 9 месеци им следува дополнителен грант во висина од 20 просечни плати за сите инвалиди. Дополнителен грант од 40 просечни плати ќе добијат лицата кои се во количка и лицата со над 90% со оштетен вид.

 

Полицаец татко на три дечиња утринава се обесил во семејната куќа

ivica-spasic-ubio-se-samoubistvo-policajac-vranje-1463947526-912129ytjn56u56

Семејството на Ивица, неговата сопруга и најблиските роднини и пријатели не можат да веруваат што се случило.

– Беше на боледување поради повреда со која се здоби на раката додека беше на служба. Не беше нервозен, немаше проблеми, во саботата беше со свој колега на пазар…Не знам што се случи, вели таткото.

Тој го видел синот како оди кoн тоалетот, а по десетина минути неговата снаа Татјана излегла од таму и почнала да вришти и плаче. Му рекла Ивица се обеси. Такото вели дека сите се во болка и шок.

Засега не се познатио мотивите за самоубиството. Сите кои го познаваат Ивица велат дека бил вреден, добар човек и посветен сопруг и родител.

Тој зад себе остави три мали деца.

ВИДЕО: Купиле стар кауч на распродажба – она што го пронашле внатре е неверојатно

kauc-studenti1 (1)

Кога купувате нешто на старо, земате нешто многу непроверено. Не можете да бидете сосем сигурни што ќе добиете. Може да најдете одлична маица или панталони, но исто така и некој половен кревет за кој не знаете дали ќе трае долго.

Студентите Рис Верховен, Кали Гуасти и Лара Руси купиле стар кауч, а добиле многу повеќе од она што барале. Во него нашле 41.000 долари.

На почетокот биле пресреќни и не можеле да поверуваат, но набрзо покрај парите нашле и плико со името и презимето на сопственикот. Во прашање била стара жена, на која ова и било животно заштедување. Не знаејќи дека таму ги чувала парите тие го донирале.

За среќа жената си ги добила парите назад, а трите пријатели се надеваат дека секој би го направил истото.

Ги топи масните наслаги и целулитот: За што сѐ е добар чајот од ѓумбир?

gi-topi-masnite-naslagi-i-celulitot-za-shto-se-e-dobar-chajot-od-gjumbir-01-630x396

Тој се користи за ублажување на разни тегоби, а дополнителните состојки како мед, лимон и портокал можат да го подобрат вкусот и да ја зголемат неговата лековитост.

1. Лечи настинки

Во традиционалната азијска медицина, ѓумбирот се користи како лек за мачнини, проблеми со варењето и лечење на симптомите на грип и настинки. Коренот од ѓумбирот е силен антиоксиданс кој содржи бројни непостојни масла кои го греат телото и поттикнуваат потење – па така се решава проблемот со температура и елиминација на токсините.

Исто така, тој содржи и антибактериски својства па може да спречи и појава на настинки и грип. Истовремено, ѓумбирот помага во прочистување на дишните патишта и белите дробови. Свежиот ѓумбир се готви како чај, додека пак правот се наросува како зачин преку храната.


2. Ја подобрува дигестијата и чисти од токсини

Чајот од ѓумбир ја забрзува работата на дигестивниот сситем и ја подобрува апсорпцијата на хранливи материи. Тој е познат по намалување на надуеноста предизвикана од брзо јадење и прејадување, но и го регулира апетитот.

Пијалакот од овие билки може да биде од помош и при труење со храна затоа што го чисти организмот од токсини, ја надополнува изгубената течност и ја отстранува мачнината и болките во стомакот.


3. Ги топи масните наслаги

Иако правилната исхрана и редовното вежбање се најдобрите сојузници на витката линија, чајот од ѓумбир може да биде од помош. Овој лековит корен го забрзува метаболизмот, го намалува холестеролот, помага во лачење на плунка и варење на скробна храна, ја намалува надуеноста… а сето тоа допринесува за губење на вишокот килограми.

Без разлика дали ќе го консумирате како чај, свеж сок или смути – неговото секојдневно консумирање ќе ви помогне да дојдете до рамен стомак и помалку килограми за краток временски период.


4. Ја подобрува циркулацијата и го отстранува целулитот

Ѓумбирот е особено корисен за ослободува од вишок течности од организмот. Освен што делува како диуретик, оваа билка ја поттикнува работата на дигестивниот систем и го намалува нивото на шеќер и холестерол во крвта. Освен тоа, тој го намалува апетитот и г забрзува метаболизмот – така води до губење килограми т.е. отстранување на синдромот на студени раце и нозе.

Исто така, со оглед на тоа што ја забрзува циркулацијата, чајот од ѓумбир поттикнува отстранување на масни наслаги од кожата и исчезнување на целулитот.


5. Го чува кардиоваскуларниот систем

Витамини, минерали и аминокиселини кои се наоѓаат во ѓумбирот успеваат да ја подобрат циркулацијата во крвта и истовремено го намалуваат ризикот од настанување на болести на срцето и крвниот систем. Ѓумбирот значајно го намалува ризикот од срцев и мозочен удар.


6. Штити од рак

Благодарение на своите антиоксиданси, зачините како нане, чили пиперки, бел лук и ѓумбир докажано делуваат како превенција и помош на терапиите на заболените од рак. Новите истражувања покажуваат дека ѓумбирот делува против воспаленија – па тоа е одлична превенција против ракот на белите дробови и дигестивниот систем, а често се користи и во хемотерапија, затоа што ги намалува мачнините, додека во комбинација со мед го зајакнува имунитетот.

Македонците првопласирани на НАСА натпреварот

makedonci-nasa-640x426-640x396

Македонскиот тим успеа да го освои првото место на глобалниот натпревар НАСА спеј ап челинџ.

Според резултатите нашиот тим со 48.195 гласови убедливо водеше пред останатите тимови. Сега на ред е официјална верификација на резултатите од НАСА.

Откако и официјално ќе се потврди, тројцата средношколци Филип Макрадули, Костадин Лазаров и Филип Димитровски како и студентот Дарко Тодоровски ќе отпатуваат во „Кенеди спејс центарот“ во Флорида, каде ќе имаат можност да го развиваат својот проект во рамки на европската програма за акцелерирање подготвена во соработка со НАСА и комерцијални компании од вселенската индустрија од САД и Велика Британија.

Исто така, ќе имаат шанса и да присуствуваат на лансирање на ракета.

Погледнете го овој “разговор” преку Скајп помеѓу Федерер и Џоковиќ, кој е хит на интернет

Разговор помеѓу Новак Џоковиќ и Роџер Федерер преку Скајп, стана хит на интернет.
nole-federer

На снимката Новак прво се фали за освоениот Мастерс турнир во Лондон и му порачува на Федерер дека можат така да се дружат секоја година.

Тоа баш и не му се допадна на Федерер, кој одлучи да го прекине разговорот со Новак.

А.Г.

ВИДЕО: Кога жените ќе претераат со алкохол…

Се што е умерено е дозволено и се смета за културно.

 

11

Но што се случува кога ќе се претера во нешто? Тогаш како во следниот  случај  имаме можност да видиме урнебесни видеа.

Немојте да претерувате со алкохолот за да не се најдете и вие во некое вакво видео!

Полицијата уапси тројца прилепчани во скопска Кисла Вода

policija-3

Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против  лицата Д.М.(25), З.М.(33) и К.П.(28) сите од Прилеп поради основано сомнение дека извршиле две кривични дела – “тешки кражби во обид“  предвидени и казниви по чл.236 вв член 19 од КЗ на РМ. Од страна на судија на претходна постапка  одредена  им  е мерка притвор  во траење од по осум дена.

Како што  соопшти МВР,  пријавените на 11-ти овој месец, во претпладневните часови на подрачје на Кисела Вода, поточно во стан на ул. „Марко Цепенков“ го извршиле првото кривично дело. Откако дошле до станот и се увериле дека во станот и во околината нема никого, со употреба на физичка сила и погоден алат, делувале на бравата од влезната врата со цел да ја отворат, но во истиот момент од непознати причини се откажале од намерата. Пријавените се упатиле кон соседниот стан,  каде исто така со употреба на погоден алат и физичка сила делувале на бравата од влезната врата, со цел да ја отворат, но откако слушнале тропање од соседниот стан се откажале од намерата и избегале кон погорните спратови од зградата.

Очевидец откако ги забележал сторителите како се обидуваат да извршат кривично дело веднаш пријавил во полиција, по што на местото на настанот за кратко време пристигнале полициски службеници од Алфа и униформирани полициски службеници од ПС Кисела Вода кои извршиле пребарување во зградата и ги пронашле тројцата пријавени по што биле приведени во ПС Кисела Вода.

При приведувањето од страна на полициските службеници од единициата АЛФА бил извршен преглед при што кај  третопријавениот К.П. пронајдена била една платнена машка чанта во која имало бланко патент клучеви, разни штрафцигери, цевчест подесувачки алат со ламели за отварање блиндор брави, алуминиумски фолии за патент клучеви и други алати потребни за отварање разни типови на брави, а кај првопријавениот Д.М. пронајден бил еден штрафцигер. Наведените предмети со потврди за привремено одземени предмети се одземени и доставени до СВР Скопје за  вештачење.

Инаку Д.М. е познат сторител на кривични дела од областа на имотните деликти за извршени три кривични дела во Струмица, и по едно во Куманово и Скопје. Второпријавениот е евидентиран како сторител на кривични дела од областа на имотните деликти и тоа едно во Неготино едно во Охрид потоа 29 кривични пријави во Прилеп и две во Скопје, додека пак третопријавениот К.П. е евидентиран како сторител на девет кривични дела во Прилеп и две во Скопје.

Maгија која освојува и ги исполнува сите очекувања: Сала за свадби LA CASA GRANDE EXCLUSIVE – Прилеп

13249571_10208146261605750_1467053584_n

За бајката да стане јаве, за желбите да станат реалност, а удобноста, прекрасниот помин и сеќавања останат вечно врежани, за вашите свадбени прослави и свечености, одберете ја салата за свадби LA CASA GRANDE EXCLUSIVE од Прилеп.

Eдинствени во своите замисли, неверојатни и уникатни, со една цел, да ги задоволат сите вкусови и потреби, а притоа вечно да ги паметите, дека направиле да бидете услужени и пречекани како вистински аристократи.

12347739_200486250290525_8140026127654123114_n

Салата располага со капацитет за 450 гости, прекрасен амбиент, раскошен надворешен изглед и внатрешен ентериер, вешт и единствен во своите можности куварски персонал и брза и вешта услуга.

Најсреќните моменти во животот зачинете ги со нешто што значи перфекција, нешто што е единствено и што другите го немаат.

Салата за свадби LA CASA GRANDE EXCLUSIVE e вистинскиот подарок за вас и вашите најблиски. Подарете им вечен паметник, подарете им подарок склопен со многу љубов, нешто што ќе ја исполни сечија желба и ќе го исполни сечие очекување.

11037108_212830685722748_3207566284379323858_n

3596_212830965722720_2396213710633697274_n

Станете и вие дел од најзадоволните, бидете дел од луѓето кои го сакаат најдоброто, изберете магија која освојува, која ќе направи да се чувствувате исполнето за време на целиот престој, каде ќе знаете дека сте го одбрале вистинското место да ја споделите радоста со сите.

11059527_244334815905668_8110266320388294808_n

La Casa Grande Exclusive oд Прилеп нуди различни промоции, попусти и изненадувања за своите гости. Тоа е објект што е приказна самиот по себе, место да испише една успешна страница во вашите животи, место што ќе ве натера ниту еднаш да не зажалите што сте ги одбрале токму нив.

Побрзајте и резервирајте навреме на телефонскиот број:         077/997-744, остануваат малку слободни термини.

12341078_200484693624014_732409866401662246_n

ФОТО – Во Јужна Кореја се продава сладолед за ТРЕЗНЕЊЕ

Жителите на Јужна Кореја кои важат за најголеми потрошувачи на алкохол во Азија, сега можат да се трезнат со помош на сладолед и да го убијат мамурлакот.

9df38b364942794810be4aaacbe22aca

Сладоледот “gjeonđo” (во превод значи “држи се”) лансиран е во ланецот на продавници Vidmi и како што се тврди, тоа е првиот сладолед наменет за разбивање на последиците од конзумирање на алкохол.

Во Јужна Кореја продажбата на алкохолни пијалоци е голем бизнис, но и продажбата на лекови за мамурлак, која годишно достигнува до 126 милиони долари. Тука спаѓаат разни пилули и напитоци, но и креми за лице, кои треба да ги прикријат трагите од бурната ноќ.

0caa7dcb5744c58c7dc6534e430f0ac0

Ројтерс тврди дека меѓу таквите лекови спаѓа и “супа за мамурлак”, која е редовен дел од менито на кореанските ресторани.

Како што покажуваат статистиките на Светската здравствена организација од 2014 година, Јожнокорејците годишно пијат по 12,3 литри на алкохол по глава на жител. Според процените на јужнокорејскиот Институт за поликита на здравственото осигурување, конзумирањето на алкохол во таа земја во 2013 година чинело околу 8 милијарди долари, што вклучува губиток во производството, болнички трош0ци и случаи на прерана смрт.

Сладоледот “gjeonđo” има вкус на грејфрут, содржи 0,7 % сок од азискиот плод од дрвото ховенија, кој е традиционален лек за мамурлак.

А.Г.