дома блог страница 5324

ФОТО – Бизарни јапонски изуми кои сепак имаат корист

1

Јапонците имаат навика да создаваат изуми кои се за секојдневна употреба, но притоа да не изгледаат како да се работи некое епохално откритие. Сепак, многу често ваквите предмети – изуми не служат ама баш за ништо.

Еве неколку најлуди примери:

9

2

3

4

5

6

7

8

А.Г.

Ноќен живот во Прилеп – Club Calypso, Corner Pub & Take Five – 20.05.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”249″ gal_title=”NokenzivotPrilep20052016″]

Инцидент околу Белата куќа, полицијата го застрела напаѓачот

Состојбата на опсада околу Белата куќа е прекината, откако полицијата го застрела и го притвори напаѓачот кој претходно пукаше во нејзина близина.

white-house

Во инцидентот никој од припадниците на персоналот или обезбедувањето не е повреден.

Претседателот Барак Обама кој не се наоѓал во Белата куќа. информиран е за инцидентот.

Белата куќа вчера беше блокирана откако полицијата пријави дека дошло до пукотници во нејзина близина, а се појавија и извештаи дека напаѓачот мавтал со оружје во правец на агентите на тајната служба.

Си-ен-ен наведува дека осомничениот му пришол на пунктот на тајната служба, каде извлекол оружје. Агентите пукале во него и тој е притворен.

ВИДЕО: Судија дошол мртов пијан на натпревар, цел стадион вреска од смеење

Марк Пилни, мажот кој во средата толкуваше улога на четврти судија на прволигашкиот натпревар меѓу Прибрам и Славија од Прага (1:3), се појавил мортус пијан.

pijan-sudija

Дека човекот убаво се поднапил на гледачите на западната трибина им било премногу јасно и тоа на самиот почеток на натпреварот.

Камерите не го пропуштиле тетеравењето и паѓањето на пијаниот судија, неговиот напор да глуми линиски судијано и реакциите на сите на стадионот.

Гледачите, главно, сите се смееја, освен делегатот на натпреварот, кој беше избезумен од бес.

Пилни бил отстранет по завршувањето на првото полувреме, а што изведуваше дотогаш, можете и самите да видите.

Илјада мажи признаваат што е најубаво во животот за нив

Порталот за пронаоѓање на партнери Match.com истражувал со над 5.000 слободни мажи и дошла до интересни резултати.

race-srce

Анкетата на Match.com заклучила дека љубовта за некои мажи е недостижна. Во испитувањето учествувале над 5.000 слободни мажи од разни делови на САД и секој петти маж, односно 1.000 од нив признале дека никогаш во животот не биле вљубени.

За жените исто така не се оптимистични резултатите, односно 18% од испитаничките признале дека никогаш не биле вљубени.

Сепак многу мажи од нив се прилично оптимистични кога станува збор за вљубување и пронаоѓање на жената на својот живот.

Дури 95% од мажите на анкетата одговориле дека веруваат во љубов на прв поглед, а 41% од нив признале дека барем еднаш се вљубиле на прв поглед.

ВИДЕО – Путин се појави на Тајмс сквер и им намигна на Њујорчаните

 

На јутјуб се појави видео на кое на рекламен екран на Тајмс сквер во Њујорк се појавува ликот на рускиот претседател Владимир путин кој им намига на Њујорчаните.

putin_1000x0

Ликот на рускиот претседател се појавил среде реклама за една автомобилска куќа, која била прекината за момент, при што за момент на екранот се појавил ликот на Путин како намигнува.

После неколку секунди, рекламата нормално продолжила, се гледа на видеото објавено на 29-ти април.

Руските медиуми велат дека Њујорчаните, но и туристите, од кои Тајмс сквер е секогаш преполн, биле изненадени, а не е јасно дали е во прашање некој маркетингшки трик, или се работи за упад на некоја хакерска група.

Како што наведуваат руските медиуми, ликот на Путин се појавил во повеќе наврати на рекламниот екран.

А.Г.

 

Прилепско DJ дуо како екстра загревање за концертот на David Guetta I Robin Shulz

121212

IGOR-Trips и David kay, прилепското DJ дуо ќе биде екстра загревање на годинешниот Skopje Calling фестивал, каде како главни ѕвезди ќе настапат David Guetta I Robin Shulz.

Овие двајца DJ-и веќе неколку години се наоѓаат на врвот на македонската електронска сцена и се најдоброто што Македонија може да го понуди од електронската музика.

Го креваа на нозе Прилеп, а сега со нивниот ритам се забавува цела Македонија.

За напомена е и тоа дека пред една година овие двајца прилепчани се одбрани како заштитни лица за кампањата на Tuborg.

Ја предвидела сопствената смрт – Стјуардеса објавила фотографија од која ќе се наежите!

Самар Ез Елдин (27) била стјуардеса во авионот на компанијата Иџипт Ер кој се сруши во Средоземното море. Таа на Фејсбук објавила фотографија која многумина ја сфатија како претчуство или претскажување.

 

stjuardesa

На фотографијата е прикажана опашака и крило на авион кои ѕиркаат од морето, додека мокра стјуардеса мирно излегува водата, влечејќи куфер со себе.

Таа оваа фотографија ја поставила на својот профил на 27 септември 2014 година, четири месеци откако почнала да работи за оваа компанија.

1stjuardesa

Колку за потсетување, тимовите кои тргаат по остатоците од авионот на Иџипт Ер во Средоземното море, денеска пронашле дел од тело, седишта и куфери.

-Пред неколку часа египетските власти не информираа дека пронашле дел од тело, две седишта и еден или повеќе куфера во областа во која се спроведува потрагата кон брегот на Александрија- рекол денеска Панос Каменос на конференција за медиумите.

СИТЕ НА ВЕЛОСИПЕД 2016

13267970_10154215284828637_7039220373765710863_n

Велосипедски клуб & Сервис “ИЛИНДЕН“, Сојузот на училишен спорт на oпштина Прилеп, под покровителство на општина Прилеп и општина Кривогаштани, во соработка со Велосипедска Федерација на Македонија, на 24 мај 2016 година (вторник), ве покануваат на најстарата и најмасовната велосипедска манифестација на територија на Прилепската општина.

Патеката традиционално е до спортскиот аеродром во с. Мало Коњари, а годинава покрај прилепчани свое учество ќе земат и жителите на општина Кривогаштани.

Собирањето е од 11.30 часот во Прилеп на булевар Гоце Делчев (пред реклами) и во истото време пред општина Кривогаштани.

Стартот на рекреативното возење е закажан од 12.00 часот.

После пристигнувањето на спортскиот аеродром во с. Мало Коњари, каде е обезбедено освежување и закуска за сите учесници, ќе се доделат наградите за најмлад и најстар учесник, овој пат од двете групи. После кратка пауза за одмор двете групи организирано се враќаат на местото на стартот.

Утре ракометно дерби во Прилеп: РК Прилеп – РК Макс Струмица

mkd-197451

Утре (сабота), 21.05.2016, со почеток од 19:00 часот, во спортската сала во СОУ “Ристе Ристески” – Ричко во Прилеп, гостува екипата на РК Макс Струмица.

РК Прилеп моментално се наоѓа на 4-то место на табелата во плеј оф разигрувањето со 6 освоени бодови, а Струмица е на 3-то место со 12.

Сепак прилепчани се докажани како доста незгоден и силен противник, особено кога играат на домашен терен и кога имаат силна поддршка од трибините.

Ракометната федерација на Македонија за овој натпревар го делегираше елитното судиско дуо Начевски и Николов.