дома блог страница 5322

Првиот од предвидените шест возови истоварен на пристаништето во Солун

11215192_1231558533537784_3698938463714486998_n

Првиот од предвидените шест возови за МЖ Транспорт, кои ги набави Владата за обновување на железницата, денес беше истоварен на пристаништето во Солун и веќе е на пат за Македонија.

Имено минатата година беше најавено дека железницата за прв пат после 35 години ќе се обновува и со дури 25 милиони евра инвестиција, граѓаните на Република Македонија ќе имаат можност да се возат во нови гарнитури.

Претходно со 15 милиони евра се набавија и товарни вагони, а со уште 10 милиони ќе се обновуваат старите патнички гарнитури.

Во прилог ве потсетуваме како Македонија беше промовирана во Кина, заедно со промоцијата на новиот воз, во јули месец оваа година.

 

ВИДЕО: Вака се одмаздува изневерена жена!

Кинеска му се освети на мажот што ја изневерувал на начин што со чекан му го искрши скапоценото BMW.

womanbmw

Жената околу 20 минути удираше со чекан по возилото кое беше паркирано во Шензхен, додека случајни минувачи поминуваа.

Сведоците велат дека жената говорела „како возилото било премногу валкано затоа што во него нејзиниот маж бил со ку***”.

Снимката од инцидентот многу брзо се рашири на кинеската друштвена мрежа Weibo.

НОВИОТ ЦРКОВЕН ХРАМ СВ. ПЕТКА ВО ПРИЛЕП БЛЕСНА СО ЦЕЛИОТ СВОЈ СЈАЈ

1

Во исполнетата со луѓе и воздишки од убавината на црквата Св. Петка, денес после 103 години Прилеп е пред ново осветување на божји храм.
После 103 години Прилеп доби нов духовен храм. Црквата Св. Петка во населбата Точила е новото духовно светилиште кое освен што ќе служи за задоволување на верските потреби на граѓаните од овој дел на градот, плени со убавина и возвишеност.

2

Го продолжуваме патот и традицијата на нашите предци, дедовци и прадедовци, за градење на божји домови во нашиот град.
Со многу љубов и желба пред се, со вредните раце на мајсторите и помошта на секој добронамерен верник во Бог, се издигна овој свет храм и донесе среќа на лицата кај сите Прилепчани. Сите оние што подадоа рака, со благослов и добра воља помаѓајќи ја изградбата нека најдат вечен мир, нека божјата рака биде над нив и нека бидат горди што дел од нив ќе живее вечно токму во овој храм.

4

Денес 23 октомври 2015 година се одржува света литургија, а веќе утре ќе биде осветен храмот и ќе биде предаден на народот, на верниците, на секој оној со добрина во срцето и доблест во душата. Внатрешноста на храмот зрачи со мир, носи спокој, дава сила. Се чувствува зближеноста на луѓето, се слуша чукањето на срцето од радост, Бог е со нас, тука е, не чува. Тука сме сите исти, сите сме едно и не се делиме по никаков основ.

5

Нека овој храм биде местото каде многу луѓе ќе се сменат кон подобро, каде лошата енергија ќе испари и добри мисли над секого ќе надвладеат.
Ова е најава за утрешното духовно осветување на храмот, кое ќе го води Поглаварот на Македонската црква Охридска Архиепископија, Господин Господин Стефан, во присуство на владиците Петар и Климент, градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески, пратениците во Собранието на Р. Македонија Димитар Стевананџија и Ане Лашкоска, бизнис секторот и стотици верници. Ќе одекне првото црковно ѕвоно на радост на сите граѓани во нашиот град, а храмот ќе биде освен духовно светилиште , уште и ремек дело кое ќе привлекува око на туристи од Македонија и надвор од границите на државата.

3

6

8

9

10

11

12-glavna

Нека е за многу години , да продолжиме со посветеноста кон Бог и да го следиме неговото учење.

УБАВИ НО ОПАСНИ!

ronda-rousey-ufc-rousey_3330166

Американката Ронда Роузи ги меле противниците во рингот и е синоним за непобедливост во женска конкуренција во натпреварувањата во слободна борба УФЦ. Роузи која има рекорд од 12-0-0, во Ноември се среќава со сонародничката Холи Холм која е поранешна боксерка а од 2011 година е членка на УФЦ со личен рекорд од 9-0-0. Непоразените Роузи и Холм се среќаваат во епска битка на 14 ноември оваа година за појасот на УФЦ. Во продолжение најавата за мечот кој претстои е дело на прилепчанецот Мартин Пресилски кој е препознатлив на својот јутјуб канал со фантастични видео најави за нашите спортисти. Еве уште едно во низата но овој пат за убавата, истовремено опасна Ронда Роузи.

Ораторска вечер „ЖИВОТНИТЕ ВРЕДНОСТИ ДЕНЕС“

850

По повод празникот „23-Октомври – ден на Македонската револуционерна борба“ и во рамките на одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на Мирче Ацев, патронот на нашето училиште, Младинската заедница на Гимназијата организираше ораторска вечер на тема „Животните вредности денес“.
На ораторската вечер се натпреваруваа 9 ученици од нашето училиште, кои пред преполната сала на Градската библиотека „Борка Талески“ се претставија со своите ораторски вештини.

859

Ораторската вечер ја отвори ученичката Доротеа Дамјаноска која ја испеа Химната на Македонија.
За создавањето на Македонската револуционерна организација и за делото на Мирче Ацев говореше Надица Бунеска – претседателката на Младинската заедница. Таа ги запозна присутните со текот на ораторската вечер и ги претстави учесниците на истата.
Потоа пред присутните кратко излагање за двата светли датуми од историјата на македонскиот народ, имаше градоначалникот на Прилеп, г-дин Марјан Ристески.

857

На ораторската вечер со своите ораторски вештини се претставија: Сара Нешкоска, Илчо Лешникоски, Надица Чолакоска, Ангела Митреска, Деспина Силјаноска, Теодора Биноска, Цвете Јанеска, Стефани Мирческа и Анастасија Насевска.

872 876 878 858 860 865 867 869 871

Комисијата која ги оценуваше ораторските настапи на учесниците на ораторската вечер беше во состав: Проф. Рубин Матески – претседател на комисијата, Проф. Елена Стојаноска, Проф. Димче Настоски, Проф. Николче Богданоски и претседателката на Младинската заедница – Надица Бунеска.

864

На паузата, додека комисијата ги сумираше резултатите, пред присутните гости неколку музички нумери изведоа учениците Марко Цветаноски и Стефан Кукески.

Победници на оваа ораторска вечер беа:

Деспина Силјаноска – прво место
Сара Нешкоска – второ место
Надица Чолакоска – трето место

На учесниците на ораторската вечер им беа доделени благодарници, а на победниците, Градоначалникот и Директорот на гимназијата им доделија дипломи и книги со кои ќе ги збогатат своите знаења и своите ораторски вештини.

881 879 880

Одбележан 23 Октомври „Денот на македонската револуционерна борба“

5692-odbelezan-23-oktomvri-denot-na-makedonskata-revolucionerna-borba-960x600-16

По повод одбележувањето на државниот празник 23 Октомври „ Денот на македонската револуционерна борба“, делегација од Локалната самоуправа на општина Прилеп положи свежо цвеќе пред спомениците на „Методија Андонов – Ченто“, „Ѓорче Петров“ и „Пере Тошев“, Могилата на Непобедените, на гробот на „Пере Тошев“ во црква „Св Благовештение“, пред спомен плочата на Ѓорче Петров во населба Варош и на гробот на Методија Патчев во Кадино село. На истите локации по повод 23-ти Октомври свежо цвеќе положија и претставници од останатите политички структури, сојуз на борци и здруженија на граѓани. Во рамките на одбележувањето на празникот во центарот на Прилеп се оддржа и Велосипедски настан – 122 години Македонска Револуционерна Борба, а во вечерните часови, започна честувањето на вечерна богослужба во црквата „Св. Петка“ и Духовна акдемија.

5692-odbelezan-23-oktomvri-denot-na-makedonskata-revolucionerna-borba-960x600-51 5692-odbelezan-23-oktomvri-denot-na-makedonskata-revolucionerna-borba-960x600-5 5692-odbelezan-23-oktomvri-denot-na-makedonskata-revolucionerna-borba-960x600-6 5692-odbelezan-23-oktomvri-denot-na-makedonskata-revolucionerna-borba-960x600-10 5692-odbelezan-23-oktomvri-denot-na-makedonskata-revolucionerna-borba-960x600-13 5692-odbelezan-23-oktomvri-denot-na-makedonskata-revolucionerna-borba-960x600-15 5692-odbelezan-23-oktomvri-denot-na-makedonskata-revolucionerna-borba-960x600-20 5692-odbelezan-23-oktomvri-denot-na-makedonskata-revolucionerna-borba-960x600-29 5692-odbelezan-23-oktomvri-denot-na-makedonskata-revolucionerna-borba-960x600-31 5692-odbelezan-23-oktomvri-denot-na-makedonskata-revolucionerna-borba-960x600-34 5692-odbelezan-23-oktomvri-denot-na-makedonskata-revolucionerna-borba-960x600-36 5692-odbelezan-23-oktomvri-denot-na-makedonskata-revolucionerna-borba-960x600-40 5692-odbelezan-23-oktomvri-denot-na-makedonskata-revolucionerna-borba-960x600-43

ВИДЕО: Како Балканец пазари во Германија

333

Како Балканец пазари во Германија ? Голем број Балканци во потрага по подобар живот заминуваат во Германија, која важи за богата европска земја.

Сепак граѓаните кога ќе стасаат во оваа држава често имаат проблем со јазикот, како што може да се види на најновата видео снимка што се појави на интернет и стана вистински хит.

Видеото е насловено „Балканец во Германија“, а во него можете да видитре како еден човек купува во продавница.

Како овој господин се снајде со германскиот јазик, погледнете во видеото:

Од викендов зимско сметање на времето

Ноќта меѓу сабота и недела почнува зимското сметање на времето со што стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час назад.

123

Тоа значи дека во 3 часот ноќта стрелките на часовникот треба да се вратат на 2 часот така што ќе се спие еден час повеќе.

Зимското сметање на времето почнува последниот викенд во октомври и трае до последниот викенд на март.

Поместувањето на стрелките во Западна Европа е воведено во почетокот на 1970-тие години со образложение дека со тоа се „продолжува“ денот, се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден го прави поефикасен.

Преминувањето на летно и зимско време првпат е забележано во 1916 година во земјите на северна Европа, а досега воведено е во околу 70 земји, главно на северната хемисфера.

Стрелките не се поместуваат секаде во светот во исто време. Така, САД и Канада во 2007 година воведоа зимското сметање на времето да почнува во првата недела во ноември и да завршува во втората недела во март.

Поместувањето на времето во поголемиот дел случаи се извршува ноќта меѓу сабота и недела за да не предизвика поголеми проблеми за луѓето кои одат на работа.

Русија целосно го укина зимското сметање на времето во 2011 година, а Исланд е единствената европска земја која не воведе зимско и летно сметање на времето.

Сепак, некои астрономи се против поместувањето на стрелките и вештачкото „продолжување“ на денот, затоа што сметаат дека природата не треба да се „мачи“, па дури и ако се правда со економски пресметки.

23 ОКТОМВРИ 1893-ВО СОЛУН Е ОСНОВАНА ВНАТРЕШНАТА МАКЕДОНСКО-ОДРИНСКА РЕВОЛУЦИОНЕРНА ОРГАНИЗАЦИЈА (ВМОРО)

1

23.октомври 1893 – Во Солун е основана Внатрешната Македонско-Одринска Револуционерна Организација (ВМОРО), која подоцна станува македонско национално движење и дејствува со цел за извојување автономија на Македонија преку револуционерна борба.

Врвна точка на дејноста на ВМОРО е организирањето на Илинденското востание во 1903 година во Македонија и на Преображенското востание во Одринска Тракија.

Основите на Организацијата се поставени на 5 ноември 1893 година (23 октомври – според стариот календар) во куќата на книжарот Иван Хаџи Николов во Солун.

На основачкиот состанок присуствуваат:
Д-р Христо Татарчев – лекар, родум од Ресен,
Даме Груев – учител, родум од с. Смилево – Битолско,
Петар Поп Арсов – учител, родум од с. Богомила – Велешко,
Иван Хаџи Николов – книжар во Солун, родум од Кукуш,
Антон Димитров – учител, родум од с. Ајватово – Солунско и
Христо Батанџиев – учител, родум од с. Гуменџа, Ениџе Вардарско.

Основачите почнуваат да ги шират овие револуционерни идеи меѓу прогресивната младина во Солунската егзархиска машка гимназија. Набргу учениците во гимназијата создаваат кружоци, конспиративни групи и др.

По завршувањето одат по своите родни места и таму почнуваат да агитираат.
Младите студенти и нивните професори стануваат стожерот, односно движечката сила на македонската револуција.
Емисарите на ТМОРО вршат обиколки по селата во Македонија и Одринска Тракијаи формираат месни комитети. Откако на овој начин се формира структурата на организацијата, се започнува со процесот на создавање на вооружени чети и почнуваат набавки на оружје по илегални канали од Бугарија и Грција.

Среќен 23-ти Откомври на сите Македонци во целиот свет.

КОЈА Е НАЈДОБРА МАНИФЕСТАЦИЈА ВО РЕГИОНОВ

[democracy id=”3″]