дома блог страница 5321

ГАЛЕРИЈА: Ништо не поминува незабележано од Царината – погледнете ја заплената

123

Во текот на минатите две седмици, царинските службеници открија мигранти, царинска измамаи повеќе обиди за криумчарење, при што привремено се задржаницигари, тутун, лекови, стоматолошка опрема, техничка стока, фалсификати и друго.

 

Мигранти

Во два одвоени случаи откриени се пет мигранти:

– Во првиот случај, мобилните царински тимови во соработка со Министерството за внатрешни работи прoнајдоа тројца мигранти без документи за идентификација, при контрола на товарно моторно возило со српски регистарски ознаки, управувано од српски државјанин, извршена во близината на Скопје. При контролата на возилото, кое пренесувало лекови (инфузија) од Грција, наменети за Косово, во ладилникот биле пронајдени тројцата мигранти. Возачот, тројцата мигранти и товарното моторно возило се предадени на инспектори од Министерството за внатрешни работи за нивно понатамошно постапување.

– Во вториот случај, царинските службеници од царинската испостава Гевгелија прoнајдоа во приколка на товарно моторно возило со македонски регистарски ознаки двајца мигранти од Авганистан. Мигрантите биле пронајдени при детален преглед на стоката (изолациони железни панели) декларирана за увоз во државата, со која било натоварено возилото. Лицата се предадени на Министерството за внатрешни работи за негово понатамошно постапување.

 

Задржана е следната стока:

 

Цигари и тутун

– 13.300 парчиња цигари со македонски акцизни маркички, откриени при контрола на автобус со турски регистарски ознаки, кој сообраќал на редовната линија Пеќ – Истанбул и бил пријавен за излез од државата на граничниот премин Деве Баир, а бил управуван од турски државјанин кој поседува и македонски пасош. Непријавените цигари биле пронајдени во просторот кој се наоѓа десно од задната врата на автобусот, под тоалетот и истите се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

– 3600 парчиња цигари и 1,5 kg режан тутун за пушење без акцизни маркички, откриени при контрола на автомобил со грчки регистарски ознаки, управуван од грчки државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Според изјавата на возачот, цигарите и тутунот ги купил на грчкиот фришоп од другата страна на границата, а истите биле пронајдени под возачкото и совозачкото седиште, во фабричките шуплини во подот од возилото зад предните седишта, во конзолата помеѓу двете предни седишта и под задните седишта. Непријавените цигари и тутун се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

– 12,3 kg режан тутун и 4000 парчиња цигари со македонски акцизни маркички, откриени при контрола на празно товарно моторно возило со српски регистарски ознаки, управувано од српски државјанин, пријавено за излез од државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавените цигари се пронајдени во фабрички шуплини, фиоки и прегради на возилото, а непријавениот тутун во просторот кај моторот на возилото и истите се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

 

Девизи

– 2.000 евра и 400 швајцарски франци, откриени на скопскиот аеродром Александар Велики,при контрола на македонски државјанин, кој пристигнал со лет од Цирих, Швајцарија. Кај патникот се пронајдени  вкупно 12.000 евра и 400 швајцарски франци, од кои, согласно законските прописи, му биле вратени 10.000 евра, износ што резидент може слободно да го внесе во државата.

 

Лекови и стоматолошка опрема

– 98 парчиња FLIXONASE 50 mcg, 180 таблети GALVUS MET 50 mg, 270 таблети ATEROZ 20 mg, 5 инјекции OVITRELLE 250 mcg, 14 ампули PREGNYL 500 iu, 40 шишиња сируп ZIMAKS 100 mg и 80 ампули VENTOLIN NEBULES 2,5 mg, откриени при контрола на автомобил со бугарски регистарски ознаки, управуван од бугарски државјанин, пријавен за излез од државата на граничниот премин Блаце. Непријавените цигари се пронајдени во торба сместена во багажниот простор на возилото и истите се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

– 26 парчиња разна стоматолошка опрема, откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Делчево. Непријавената стоматолошка опрема е пронајдена во бело ќесе сместено во багажниот простор на возилото и истата е привремено задржана, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

 

Гасен пиштол и муниција

– 1 парче гасен  пиштол марка  Beretta-Elitte и 14 парчиња муниција (полнења за гасен пиштол), откриени при контрола на автомобил со шведски регистарски ознаки, управуван од грчки државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Гасниот пиштол и муницијата се пронајдени во просторот за чување на прирачен алат од левата страна на багажникот, завиткани во црно најлонско кесе, а во багажниот простор била пронајдена и картонска кутија – амбалажа за гасен пиштол. Непријавениот гасен пиштол и муниција се привремено одземени, а против лицето ќе биде поведена соодветна постапка.

 

Техничка стока

– 1 нов телевизор, откриен при контрола на автобус со македонски регистарски ознаки, кој сообраќал на редовната линија Салзбург – Битола и бил пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат, а бил управуван од македонски државјанин. Непријавениот телевизор бил пронајден на последните патнички седишта од автобусот и истиот е привремено задржан, а против возачот ќе биде поведена соодветна постапка.

– 17 парчиња рачни приемачи (WIRLESS Y-650) и 160 парчиња далечински повикувачи (WIRLESS), откриени при контрола на автомобил со бугарски регистарски ознаки, управуван од бугарски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Деве Баир. Непријавената стока е пронајдена во куфер сместен во багажниот простор од возилото и истата е привремено задржана, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

– 7 парчиња мобилни телефони, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на автомобил со македонски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Јажинце. Непријавените мобилни телефони се пронајдени при личен претрес на возачот во предните џебови од неговите панталони и јакна и во мала торбичка која ја носел со себе и истите се привремено задржани, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

 

 

Друго

– 21 парче делови за багер, откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски ознаки,  управуван од македонски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Блаце. Непријавените делови биле пронајдени под предните седишта од возилото и истите се привремено задржани, а против сопственикот е поведена прекршочна постапка.

– 26 парчиња и 24 сета разна козметика (парфеми, тоалетни води, креми, гелови за туширање, дезодоранси, пудри, сенки за очи и вештачки нокти), 10 парчиња часовници, 5 полначи за мобилни телефони и 2 сета бижутерија (обетки, нараквица и ланче), откриени при контрола на автомобил со српски регистарски ознаки, управуван од српсски државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавената стока е пронајдена во куфер сместен на задните седишта од возилото и истата е привремено задржана, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

– 60 парчиња разна облека (свечени фустани, сукњи, свечени корсети, женски маици и панталони), откриени при контрола на автомобил со албански регистарски ознаки, управуван од албански државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце автопат. Непријавената облека е пронајдена под резервната гума во багажниот простор, во патните торби, под задното седиште и во преградите од вратите на возилото и истата е привремено задржана, а против возачот е поведена прекршочна постапка.

– 210  парчиња лулиња за пушење и 1800  парчиња ПВЦ дршки за лулиња,  откриени при контрола на автомобил со македонски регистарски ознаки, управуван од лице со германско државјанство, пријавен за влез во државата на граничниот премин Богородица. Непријавената стока е пронајдена во патните торби, во две пластични ќесиња како и во една картонска кутија, сместени во багажниот простор на возилото и истата е привремено задржана, а против лицето е поведена прекршочна постапка.

 

Стока за која постои сомневање дека повредува права од интелектуална сопственост

– 40пара спортски обувки и 180 пара чорапи со ознаки на заштитени трговски марки, откриени при контрола на товарно моторно возило со турски регистарски ознаки, натоварено со стока со потекло од Турција, наменета за увозник од Косово, пријавено за влез во државата на граничниот премин Дојран. Пазарната вредност на сомнителните спортски обувки и чорапи е проценета на околу 210.800 денари, доколку би се продавале како оригинали.

– 209 парчиња шампони со ознаки на заштитени трговски марки, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на автомобил со бугарски регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин, извршена на патниот правец Куманово -Табановце (стариот пат) во близина на Куманово. Сомнителните шампони се пронајдениво багажниот простор на возилото, а нивната вредност е проценета на околу 24.000 денари, доколку би се продавале како оригинали.

– 75 парчиња маици, 40 комплети тренерки, 73 парчиња долен дел од тренерки и 12 парчиња шорцеви со ознаки на заштитени трговски марки, откриени од страна на мобилните царински тимови, при контрола на автомобил со македонски регистарски ознаки,  управуван од македонски државјанин, извршена на патниот правец Ново Село – Струмица. Вредноста на сомнителната облека е проценета на околу 296.700 денари, доколку би се продавала како оригинал.

 

Царинска  измама

 

На царинската испостава Аеродром Александар Велики Скопје – отсек за стоково царинење за увозно царинење биле пријавени 800 сетови со системи за инфузија, наменети за увозник од Скопје, а со потекло од Кина. По извршениот документарен преглед констатирано е дека во Одобрението од Агенцијата за лекови и медицински средства, земја на производител и производство е Германија, додека во царинската декларација земја на поаѓање и земја на потекло е Кина. При физички преглед е констатирано дека стоката е произведена во Кина, меѓутоа на самото пакување пишува дека е произведена во Германија. Царинската управа ја известила Агенцијата за лекови и медицински средства  за случајот, а по извршената проверка од страна на фармацевтски инспектори изготвени се Записник од извршен инспекциски надзор и Решение за забрана на увозот на 800 сетови со системи за инфузија. По поднесеното Барање за уништување на стоката, истата е уништена во Дрисла.

Screenshot_1 Screenshot_2 Screenshot_3 Screenshot_4 Screenshot_5 Screenshot_6 Screenshot_7 Screenshot_8 Screenshot_9

Утре не очекува бура

bura (1)

Времето утре  и во среда ќе биде променливо облечно со   локални врнежи од дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен западен и северозападен ветер, а температурата ќе опадне за неколку степени. Потоа во наредните денови се очекува стабилно и потопло време.

Бата живееше со огромна болка: Умре без да му ја исполнат желбата

bata (1)

Цел Балкан е во црно по веста за смртта на легендата на српскиот филм и театар, Бата Живоиновиќ, кој синоќа во 22 часот и 45 минути почина во болницата Свети Сава во Белград, каде беше хоспитализиран пред еден месец откако му се влоши здравтсвената состојба.

Бата во едно од последните интервјуа откри која е неговата најголема желба, која не му се оствари пред да почине.

– Мојот син кој не е тука, мојот Миљко, осуден е без судење. Не може сега кога ми е најпотребен да биде до мене. До мајка си. Па каков е тој суд ве молам кажете, низ солзи говореше Бата за неговиот најстар син кој не можеше да се врати во Србија и да биде до татка си.

Погледот на Бата тажно запирал на семејните фотографии каде е неговиот син.

– На лекарите постојано им се брза, а јас немам време, а сакам да си го видам синот, завршува Бата.

Неговиот исн не го пуштаат да излезе од Франција бидејќи против него е покренато обвинение за злоупотреба на службената положба, додека бил управител на „Rada“.

За жал, Бата не успеа да го види и последен пат да го прегрне пред смртта.

KAKO ОД МАЈКА РОДЕНИ: Дански ракометарки го прославија трофејот со секси фотка, каква што до сега не е видена!

holstebro gole rukometašice

Ракометарките на данскиот тим Холстебро изминатиот викенд станаа вистински хит на социјалните мрежи. Овие врвни и доминантни спортистки прво го освоија ЕХФ купот, а прославата одлучија да ја зачинат со фотка, која ги одушеви навивачите и експресно го прошета целиот свет.

Откако во двата меча, два пати победија против рускиот клуб Лада Тољати (30:25 и 31:27), сосема заслужено го кренаа трофејот во угледниот ракометен куп, кој во соблекувалната пред туширањето им послужил за досега невидена прослава на титула.

 

A.Г.

ВИДЕО – КРВАВА ГОЗБА: Еве што се случува кога 70 гладни ајкули ќе навалат на кит

morski-psi-kit

Кристално бистрата вода одеднаш се претвора во крваво црвена, додека туристи се возат наоколу со чамци.

Тигресите морски кучиња се едни од најопасните ајкули на светот. Освен тоа што можат да пораснат и до 5 метри, јадат се што ќе најдат, од морски животни и змии до медузи. Неретко напаѓаат и луѓе.

Еве како изгледа кога 70 вакви ајкули ќе навалат на кит…

А.Г.

ЗАПОЧНА АСФАЛТИРАЊЕТО НА ПАТНИОТ ПРАВЕЦ – КРИВОГАШТАНИ – ВОЃАНИ

41-702x336 (1)

Денес започна реконструкцијата на главниот патен правец во општина Кривогаштани, со што се решава клучен проблем на жителите поради големата искористеност и фреквенција на овај пат. Веќе подолг временски период се преземаа подготвителни активности за расчистување на теренот, за да конечно се отпочне со финалните активности за реконструкција на коловозната лента со поставување на нов асфалтен слој. Средствата за санација на овај патен правец општината ги обезбеди од Владата на РМ преку Министерството за транспорт и врски, во висина од 1.000.000 евра.

 

 

 

Сообраќајна незгода во Прилеп: Повредено едно лице

This photo is taken by AllWinner's v3-sdv

This photo is taken by AllWinner's v3-sdv

 

Сообраќајна незгода се случи денеска  околу 15:00 часот, на раскрсницата помеѓу улиците “Кузман Јосифоски”- Питу и “Егејска” во Прилеп.

Судрени се две возила, марка Опел Астра и Опел Вектра, при што според неофицијални информации полесно повредено е едно женско лице.

Полицијата на лице место работи на откривање на причините за расчистување на настанот.

This photo is taken by AllWinner's v3-sdv

This photo is taken by AllWinner's v3-sdv

 

This photo is taken by AllWinner's v3-sdv

 

OOУ “Kирил и Методиј” oд Канатларци го прослави патрониот празник

1

Во духот на соживотот помеѓу македонското и турското население, во духот на меѓусебното разбирање и почитување, денеска ООУ „Кирил и Методиј“, во населеното место Канатларци го одбележа, својот патрон празник, 24 мај, Денот на сесловенските просветители „Св.Кирил и Методиј“.

Чествувањето на патронот , Св. Кирил и Методиј ,започна со пригодна програма подготвена од страна на учениците, a на неа присуствуваа родители, ученици, директори од ООУ од Прилеп, претставници од локалната власт и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој им го честита патронот на училиштето и истакна дека приоритет на локалната власт и понатаму е подобрувањето на квалитетот во образованието не само во градот, туку и во населените места.
– Во ООУ „Кирил и Методиј“, во населеното место Канатларци , имаме реализирано многу заеднички проекти, но планирано е да се уреди дворното место, заедно со Агенцијата за млади и спорт и да се изгради мултинаменско игралиште и да се изврши реконструкција на покривот на училиштето, а реализирани се доста проекти и во подрачните училишта во нм. Подмол, нм. Бонче и нм. Ерековци. Воедно, ова е едно од училиштата кое служи како пример како треба да се гради соживотот меѓу луѓето од различна националност и вероисповед“ – истакна градоначалникот Марјан Ристески по повод патрониот празник на ООУ „Кирил и Методиј„ во населеното место Канатларци .

[Best_Wordpress_Gallery id=”252″ gal_title=”PatronatKanatlarci”]
Инаку ова училиште е мултинационално и во него учат и работат ученици и професори од македонска и турска националност.

 

ВИДЕО – Добиваат 30.000 долари затоа што го сликаат задникот: Секси бразилки заработуваат од слики на Инстаграм

dana-i-nadia-bruna-bliznakinje-foto-profimedia-1463940652-911949

Близначките Dana I Nadia Bruna секој ден ги радуваат фановите со фотографии од своите голи задници.

dana-i-nadia-bruna-bliznakinje-foto-profimedia-1463940652-911945

Овие досетливи сестри од промоцијата на своите позадини заработуваат повеќе од 30.000 долари месечно.

dana-i-nadia-bruna-bliznakinje-foto-profimedia-1463940652-911947

Dana и Nadia се познати и по тоа што 3кг масни наслаги од своите тела ги префрлиле во задниот дел.

dana-i-nadia-bruna-bliznakinje-foto-profimedia-1463940652-911951

Сестрите за хируршки интервенции добиле многу бесплатни операции чија вредност е околу 60.000 долари.

dana-i-nadia-bruna-bliznakinje-foto-profimedia-1463940652-911943

За возврат ги објавуваат резултатите на друштвените мрежи. Моментално сестрите живеат луксузен живот во Мајами на Флорида.

A.Г.

И се смее цел свет: Пејачка застана пред 90 илјади луѓе и се посрамоти како никогаш до сега

Karen Harding

Карен Хардинг, која се прослави во 10-та сезона на музичкото шоу ‘X Factor’, доби прилика да ја испее химната  на стадионот во Лондон, т.е. пред 90 илјади луѓе пред финалето на ФА Купот.

Не се чинеше дека нешто може да го расипе овој нејзин голем момент, но за тоа се погрижија техничките потешкотии.

Всушност, кога организаторите дадоја знак да почне со пеење, Карен не ги слушна. Пред неа почнаа да пеат дури и принцот Вилијам и Вејн Руни, кои не можеа да ја дочекаат со нејзината изведба.

Погледнете што и се случи на младата пејачка:

А.Г.