НОВИОТ ЦРКОВЕН ХРАМ СВ. ПЕТКА ВО ПРИЛЕП БЛЕСНА СО ЦЕЛИОТ СВОЈ СЈАЈ

1

Во исполнетата со луѓе и воздишки од убавината на црквата Св. Петка, денес после 103 години Прилеп е пред ново осветување на божји храм.
После 103 години Прилеп доби нов духовен храм. Црквата Св. Петка во населбата Точила е новото духовно светилиште кое освен што ќе служи за задоволување на верските потреби на граѓаните од овој дел на градот, плени со убавина и возвишеност.

2

Го продолжуваме патот и традицијата на нашите предци, дедовци и прадедовци, за градење на божји домови во нашиот град.
Со многу љубов и желба пред се, со вредните раце на мајсторите и помошта на секој добронамерен верник во Бог, се издигна овој свет храм и донесе среќа на лицата кај сите Прилепчани. Сите оние што подадоа рака, со благослов и добра воља помаѓајќи ја изградбата нека најдат вечен мир, нека божјата рака биде над нив и нека бидат горди што дел од нив ќе живее вечно токму во овој храм.

4

Денес 23 октомври 2015 година се одржува света литургија, а веќе утре ќе биде осветен храмот и ќе биде предаден на народот, на верниците, на секој оној со добрина во срцето и доблест во душата. Внатрешноста на храмот зрачи со мир, носи спокој, дава сила. Се чувствува зближеноста на луѓето, се слуша чукањето на срцето од радост, Бог е со нас, тука е, не чува. Тука сме сите исти, сите сме едно и не се делиме по никаков основ.

5

Нека овој храм биде местото каде многу луѓе ќе се сменат кон подобро, каде лошата енергија ќе испари и добри мисли над секого ќе надвладеат.
Ова е најава за утрешното духовно осветување на храмот, кое ќе го води Поглаварот на Македонската црква Охридска Архиепископија, Господин Господин Стефан, во присуство на владиците Петар и Климент, градоначалникот на Општина Прилеп Марјан Ристески, пратениците во Собранието на Р. Македонија Димитар Стевананџија и Ане Лашкоска, бизнис секторот и стотици верници. Ќе одекне првото црковно ѕвоно на радост на сите граѓани во нашиот град, а храмот ќе биде освен духовно светилиште , уште и ремек дело кое ќе привлекува око на туристи од Македонија и надвор од границите на државата.

3

6

8

9

10

11

12-glavna

Нека е за многу години , да продолжиме со посветеноста кон Бог и да го следиме неговото учење.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.