дома блог страница 5311

Изложбата ,,Древниот сон,, од уметникот Тони Чатлески, пред љубителите на уметноста во Скопје

toni pokana

Во среда 1 јуни 2016 во 20 часот во Национална галерија – Мала Станица во Скопје ќе биде отворена изложбата на слики ,,Древниот сон,, од уметникот Тони Чатлески, директор на ЦК,,Марко Цепенков,, Прилеп, кој ќе се претстави со 90 дела.

За Древниот сон на Тони Чатлески – Чатле-

 текст од Горанчо Ѓорѓиевски         

 Творештвото на Тони Чатлески во изминатите неколку децении се карактеризира со различни приоди и форми изразени преку сетилната сензација и интелектуалниот ангажман. Од нив се формира испрекината линија со јасно оцртани тематски и стилски целини (фовистички, експпресионистички, апстрактни, апстрактно асоцијативни итн) создавани во различни временски периоди. Оваа специфичност се должи на уметниковата природа и темперамент, на мотиви кои имаат личен карактер како и строга детерминираност од одделни случувања во животот. Во најновиот циклус на слики насловен Древниот сон, Чатлески ги бара одговорите за смислата на животот, каде е евидентно прочистувањето на визуелната палета и философијата за сопственото постоење и живот е пренесено низ призмата на надреалноста на сонот. Древниот сон ги материјализира и презентира сите интимни состојби и ситуации кои уметникот го провоцираат на креативен чин и се интегрираат во сложувалката на секојдневието, оставајќи мета ризница на минатото – во иднината. Уметникот преу реалностa на сонот свесно или несвесно креира свои микро светови со што учествува во она што го нарекуваме создавање на реалноста на живеењето.

Делата се видливи преку два елементи – макро и микро гледање на сликата. Макро погледот претставуваат обоените плохи каде сликата е видлива како апстрактна композиција, но со доближувањето на погледот се отвора еден волшебен микро свет со стилизирана фигурација (човек, битија од минатото и иднината, животни од земниот и подводниот свет…) која во симлификацијата на приказот е доведена до знак или симбол. Ова знаковност или симбол е еден вид на прошетка низ времето во постојаната потрага по смислата и суштината на животот. Чатлески воедно ја опфаќа суштината на традиционалните симболи за да формира единствени естетски креации.. Тој смело ја нанесува бојата на сликарското платно и овде бојата е заробена енергија со торжествено зрачење, за потоа врз насликаните плохи да исцртува, гребе или гравира со што ги пренесува сликите од сонот. Во неговите опсесии во ликовните творби инкорпорирани се елементи од стварноста преобразени во симболички знаци кои прикажуваат фрагменти од сонот, сеќавањето, интимноста, личниот простор, запрениот миг на времето, еден вид на осмислен емотивен просторен облик како спој на философијата и духовноста. Делата налик на сонот се секвенци каде се пренесени духовните расположби на авторот.

Сликарство на Тони Чатлески припаѓа на уметноста која со транспозицијата на сонот во слика преку визуелизација на митилошките приказни, архетипските тотеми, надреалните сознанија на човековиот дух открива еден магичен свет што егзистира според принципот на поврзување на неспоивото во контекст на просторно-временската димензија и на метафизичкиот израз во кој, како што вели Платон, сите нешта се сенка на вечната идеја, кои само сé во беспредметната и безвремената сфера. Наклонет кон нарацијата, алузијата, па и анегдотите, тој на чуден начин во обликувањето на еден мистериозен, магиски и ирационален универзум ги оживеал непреодните вредности на богатото цивилизациско наследство.

Менувајќи го духовниот хоризонт сликте на Чатлески претставуваат отворена книга – митолошки речник, библиски кодекс, средновековна парабола, егзистенционалистичка идеологија на денешната цивилизација, размислувања за тајните на човековиот живот, земјата и се што живее на неа кои можеме да ги согледаме во еден здив, со целосна и сеопфатна визура. Тоа се композиции реализирани со редукција на релно видливото и се исклучително декоративно богати – со фигуративно-орнаментален репертоар што почива на принципите на horror vacui (страв од празен простор), кој го опфаќа централниот мотив – човековото постоење. Во овие дела, пред се, до израз доаѓаат авторовите високи естетски вредности, мунициозност и исклучителна цртачка вештина. Во читањето на неговите дела, пред нас се отвораат енигматични простори чие дефинирање има бројни толкувања и интерпретации, зависно од сознанијата и од искуствените парадигми на набљудувачот.

Сликите на Чатлески ги пренесуваат неговите сопствени кодифицирани пораки што тргнуваат од наследството на универзалните цивилизациски културно-историски супстрати. Она што во овие дела е очигледно е тоа дека се плодови на нашето време, пофантастични и од уметничката фантазија.

Процесот на трагање по сопствениот идентитет и постоење со што големите приказни ја изгубија својата веродостојност во однос на рационалистичкото и научното објаснување на животот и историјата, го довеле Чатлески до спознанието дека со создавањето на нов живот придонел кон вечниот човеков живот воопшто. Тој преку своите дела говори за животот, но и за радоста на живеењето. Остануваат уште многу дилеми да се одгатнат, ако воопшто може да се одгатнаа, а како што и самиот автор ќе каже : и чуму да ги одгатнам. Непознатото е мистично, а мистичното е секогаш поинтересно.

ФОТО: Страшна сообраќајка – пратеникот Павле Трајанов во директен судир пред Гевгелија

timthumb

Сообраќајна несреќа, кога едно возило престигнувало цела колона, на полна линија и директно удрило во друго возило кое се движело во својата лента се случила во саботата во 16:15 часот, на автопатот Скопје – Гевгелија, во близина на мостот на Водисирска Река. Претседател на ДС Павле Трајанов, управувал со „шкода“, при што се движел на десната страна на патот Скопје – Гевгелија.

Во исто време од спротивната страна имало колона од автомобили и товарни возила, при тоа во обид да престигне, возачот со „фиат пунто“, на полна линија, преминал на левата страна од коловозот и директно удрил во „шкодата“. Според трагите на кочење, „пунтото“ се движело со голема брзина, јавуваат медиумите.

Трајанов иако се обидел да избегне и се залепил на крајната десна страна и речиси целосно го сопрел возилото, не можел да ја избегне несреќата. Тој не е повреден, а четворица сопатници на двете возила имале повреди, биле префрлени во клиниките, а потоа сите пуштени на домашно лекување.

РАКОМЕТАРИТЕ НА РК ПРИЛЕП НА ПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

IMG_0144

По успешната сезона и освојувањето на  четвртото место на табелата, кое води во Челинџ-купот следната сезона, ракометарите и стручниот штаб на машкиот РК Прилеп, денеска имаа средба со градоначалникот, кој го пофали нивниот успех. Тој при средбата нагласи дека ракометарите денеска се гордост на Прилеп, бидејќи тие, со нивните успеси го вратија епитетот на градот „ракометен Прилеп“ .

IMG_0148

IMG_0145

– Со оглед на условите во кои тренираат и ги одржуваат натпреварите, како и  скромниот буџет со кој располага овој спортски клуб, четвртото место оваа ракометна сезона и излезот во европските купови, преставува навистина голем успех за респект, кој не враќа во врвните спортови како град. Уште позначајно е тоа што во овој клуб ракометната игра ја учат над 100 деца, активни во сите категории на клубот. Тоа говори за грижата на младите да спортуваат и да станат врвни спортисти. Локалната самоуправа и понатаму  ќе се грижи да обезбеди услови за врвно спортување“-истакна градоначалникот при средбата со ракометарите на РК Прилеп.

IMG_0173

IMG_0156

IMG_0164

IMG_0165

Стручниот штаб и ракометарите ветија дека ќе дадат максимум Прилеп достојно да го престават во ракометна Европа, со надеж дека до есен ќе имаат можност за големите натпревари да ја користат салата на Тут-ком, со цел да им овозможат на што повеќе љубители на ракометот да ги бодрат и да  ги следат нивните успеси .

Битолчанец гради историски вреден проект – Родниот крај низ фотографии

1rodniot-kraj-niz-fotografii-01

Битолчанецот, Стефан Петровски (27), во последните 10 години активно се занимава со планинарење, и таа љубов кон височините и фотографијата го одведе до скоро сите највисоки планини во Македонија, највисоките три врвoви на Балканот и на Монт Блан (највисокиот врв на Европа). Уште од мал, благодарение на родителитe, ја сфатил значајноста на поврзаноста и синергијата со природата… штo ja ужива со планинарење, пешачење, параглајдерство и велосипедизам.

1rodniot-kraj-niz-fotografii-04

Неговата кампања насловена „Мој Роден Крај“, во моментов е активна и може да се види и поддржи на:www.mojrodenkraj.com.mk Пoсветена е на документација на сите градови, села, верски објекти и природните убавини на Македонија, кои овој фотограф од ги „овековечува“ со објективот веќе неколку години.

 

2 copy

Со проектот “Мој Роден Крај” Стефан се стреми да ги опфати – фотографира сите градови и 1650-те села во Македонија, верските објекти во нив, планините, и сè она што е значајно и уникатно за нашата земја. Неговата примарна цел е секој да има пристап до фотографии од својот роден крај, а покрај тоа додаде:

 

– Сакам ние како Македонци, кои живееме тука, подобро да си ја запознаеме матичната земја, зашто многу малку знаеме за неа. На пример, јас сум од Битола, но, имам малку познавања за Источна Македонија, а верувам дека е и обратно… Освен тоа, сакам да зачувам некои делови и села кои пропаѓаат, пример е областа Мариово. Тамошните жители постепено умираат и нивните домови се оставени на забот на времето, и претпоставувам дека за десетина години таму ќе нема ниту еден човек, кој би живеел на традиционален начин. Сакам она што сега постои во Мариово, а и во другите села како начин на живеење, да го меморирам фотографски, бидејќи е неповторливо. Артефакт на еден начин на живеење, на едно време, на нашиот народ и нашата традиција.

 

1rodniot-kraj-niz-fotografii-03

До овој момент Стефан има фотографирано околу 100 села, 250 цркви и манастири од околината на Битола и Прилеп и големиот дел од повисоките планини на Македонија. Во нив се чувствува неговата љубов кон земјата во која е роден… Го сака секој нејзин дел, секое парче небо, река, езеро, карпа, камен… и настојува сета таа убавина да ја видат и почувствуваат и луѓето од светот, секако, преку неговиот објектив.

 

Најголема награда за мене ќе биде ако успеам да го реализирам сето ова – изјави тој.

 

Остварувањето на проектот „Мој Роден Крај“ ќе му овозможи услови за посета на секое делче од Македонија, што ќе го овековечи во фотографија. Активна е и неговата web страница каде секој што сака може да ја погледне неговата досегашна работа.

 

Можеби ќе го најдете местото каде се родиле Вашите предци, некој скриен спомен од детството или ако ништо друго, тогаш со сигурност ќе пронајдете некоја дестинација за Вашето следно патување – ни кажа за крај.

 

Доколку ги обезбеди неопходоните финансиски средства, во рок од пет години планира да ја оствари погореспомената цел.

 

DSC_3629

 

ПРИЕМ НА НАГРАДЕНИТЕ УЧЕНИЦИ ОД OОУ “МАНЧУ МАТАК” КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ

DSCN0356-702x336

Учениците од основното општинско училиште “Манчи Матак” од Кривогаштани, од Зелениот еко клуб ја освоија првата награда на квизот во организација на ЕВН Македонија.

Kвизот се одржа во хотелот Дрим во Струга, а по тој повод денес учениците добија прием кај градоначалникот на општина Кривогаштани, кој им го честита постигнатиот успех на ученицитте и нивниот наставник.

 

„Сведоштва за еден голем Македонец“- Документарен филм за Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Dzordz_Atanasoski

„Сведоштва за еден голем Македонец“ е насловот на документарниот филм за животот и делото на големиот хуманист и активист, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски и за неговото семејство, кој  со децении живее и работи во САД. На оригинален начин е опишан животниот пат од родното село Подмол до Мајами со цел домашната, но и меѓународната јавност, а особено новите генерации Македонци да ги дознаат заложбите на Атанасоски кој речиси целиот својот живот го посветил на љубовта кон Татковината и македонскиот народ.

Идните проекти на Фондацијата „Ѓорѓија Џорџ Атанасоски“ се поврзани со зачувување на уставното име, културно-историското наследство и негување и грижа за македонските корени и идентитетот.

dzordz

Извор: НЕДЕЛНИК ЗЕНИТ

Тренерот на РК Прилеп, Ице Соколески стана дел од стручниот штаб на Лино Червар

13318590_10207995571181528_467117414_n

Како млад тренер Ице веќе  ги потврди своите квалитети и со голем професионализам ги извршува ракометните задачи во РК Прилеп. Доказ за неговиот постојан напредок во тренерската кариера е и повикот на најдобриот ракометар, Кире Лазаров, Ице да биде дел од летниот камп за ракомет, кој го организира капитенот на машката ракометната репрезентација.

На македонската репрезентација и претстои бараж двомеч со Чешка за пласман на Светско првенство во Франција, јануари 2017. Времето е кратко, собирот е на 2-ри јуни во 11ч во хотел Александар палас. Првиот меч е на 11-ти јуни во Злин, а реваншот е закажан за 15-ти во “Борис Трајковски”.

Екипата на Маркукуле. мк му честита и му посакува многу успех на Ице , како и на Македонската Ракометна репрезентација во дуел двомечот со Чешка.

ПОЛНЕТЕ РЕЗЕРВОАРИТЕ: Од полноќ големо поскапување на бензините и дизелот во Македонија

Дизелот поскапува за 3 денари, бензините за 2 денари по литар, одлучи денеска, Регулаторната комисија за енергетика.

 

benzinite

Малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 2,00 ден/лит  и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 64,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 66,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 3,00 ден/лит и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,50 ден/лит.

Рецепт: Сочни коцки со кокос и јагоди

kokos-jagoda-650x396

Замислете ја само комбинацијата од кокос и сочните црвени јагоди – тоа е вистинско уживање!

Состојки:

  • 5 белки
  • 5 лажици шеќер
  • 2 лажици брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 100 грама кокос
  • 200 мл студено млеко за прелевање на кората

Фил 1:

  • 500 грама јагоди
  • 200 грама шеќер
  • 2 пудинга од јагода

Фил 2:

  • 5 жолчки и 7 лажици шеќер
  • 5 лажици гистин
  • 500 мл млеко и 200 грама путер
  • 100 грама шеќер во прав

За декорација:

  • 200 грама шлаг изматен со 300 мл кисела вода

Подготовка:

Изметете ги белките во цврст снег, додадете шеќер и уште миксирајте. Потоа вмешајте го брашното со прашокот за печиво и кокосот и се убаво соединете. Добиената смеса ставете ја на хартија за печење во плех и печете на загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 20 минути.

Печената кора веднаш се прелева со студено млеко и оставате да се олади.

Фил 1:

Јагодите ги ситните со блендер, додавате шеќер и ги варите. Посебно го растворате прашокот за пудинг во вода и го додавате во зовриената маса. Мешате додека не се згузне, а потоа го тргате од оган.

Фил 2:

Жолчките ги матите со шеќер, густин и 100 мл млеко па ги варите во останатото провриено млеко. Пенасто се миксира путерот со шеќер во прав и се составува со оладениот крем од жолчки и млеко.

Шлагот се мати со кисела вода. На кората се нанесува првиот фил, се израмнува, па премачкувате со вториот фил, а декорирате со изматениот шлаг.

Сообраќајка во Прилеп: Една жена загина, маж е тешко повреден

Една жена загина, а маж е тешко повреден во сообраќајната несреќа што се случи ноќеска, во еден часот по полноќ во Прилеп.

 

soobrakjajka-1

Автомобил “опел астра“, од засега непознати причини удрил во огрдата на малиот мост на Градска Река, кај Сточното Пазариште во Прилеп и паднал во реката. На местото на несреќата загинала 35 годишната Јулијана Ујгуноска од селото Боротино, а нејзиниот сопруг, 43 –годишниот Рубинчо е префрлен во грдската болница во Прилеп, информираат од Основното јавно обвинителство во Прилеп кое со полицијата направи увид на местото на несреќата.

Наредена е обдукцијата врз телото на починатата жена за да се утврдат причините за смртта.