дома блог страница 5312

Ефикасни вежби за да ги одморите очите од компјутерот

oci-umorni-pc-650x396

По цел ден седиме пред компјутер, и кога ќе се задлабочиме во некоја задача или текст, забораваме да трепкаме. Очите ни се сушат, а видот се расипува… Сепак, постојат вежби што може секојдневно да ги правите за да го подобрите видот…

  1. Трепкајте две минути. Оваа вежба помага за да ја регулирате циркулацијата на крвта во очите.
  2. Кружете со главата додека гледате напред. Прво од десно на лево, а потоа од нагоре надолу. Ова исто така ја зголемува крвната циркулација во очите.
  3. Погледнете надесно, а потоа полека налево. Потоа истото направете го во спротивен правец.
  4. Затворете ги очите и опуштете се. За мракот се верува дека ги зајакнува фоторецептивните ќелии во очите што помага да се одржи добриот вид.
  5. Поместувајте го вашиот поглед во различни правци. Погледнете десно, па лево, горе, па долу, кружете со погледот и правете осмица.
  6. Затворете ги очите цврсо на 5 секунди, а потоа отворете ги. Направете го тоа седум пати. Оваа вежба помага да одморите очните мускули и да ја подобрите циркулацијата на крвта во очите.
  7. Полека притискајте ги слепоочниците со прстите на две секунди. Повторете го ова четири или пет пати. Оваа вежба го подобрува протокот на интраокуларните флуиди.
  8. Држете ги очите отворени и со погледот цртајте едноставни геометриски фигури. Потоа преминете на покомплицирани геометриски облици.
  9. Затворете ги очите и полека поместувајте ги очните јаболка горе и долу. Повторувајте го ова до десет пати.
  10. Застанете блиску до прозорецот и фокусирајте го погледот на нешто што е мошне блиску до вашето лице. А потоа на нешто што е најоддалечено од прозорецот. Повторете ја вежбата 10 пати.

Овој знак во Хороскопот е најотровен и подготвен на одмазда – Внимавајте!

skorpija-1-650x396

Станува збор за мошне љубоморен, импулсивен и одмаздољубив знак во хороскопот. За нив е карактеристично дека во комбинација со Бикот кај нив има 100 % чиста страст. Склон е на разбивање и наљ деструктивност, како за себе си – така и за другите.

Скорпија

Кога се најслатки и најмилни, не ги откриваат сопствените мисли, а во напади на бес, ако фрлаат предмети, а често го прават тоа иако се познати по самоконтролата, не сте сигурни дека покажале се што чувствуваат. Моќта, првенствено над себе си, а потоа и над другите, е нивното мото.

Тие се подобри и поголеми команданти од Овновите и Лавовите, затоа што подобро ја познаваат човечката психа, а нивната мотивација не е самоистакнување, туку контрола на ситуацијата за општо добро, без разлика дали се работи за работата или за семејството.

Имаат достоинствен став и подготвени се да се жртвуваат за другите ако се изразено мотивирани.

ВИДЕО – Еве како реагира француската полиција на напад со боја

lyon-protest-535662

На протестите кои се случуваа во петокот во францускиот град Лион, демонстрантите фрлаа со боја врз полицијата, на истиот начин како што тоа го прават “шарените револуционери” кај нас.

Но, погледнете како се реагира на таков напад во западните земји, и каков одговор следуваше на таквото фарбање на полицијата.

А.Г.

Галерија: Чупе на денот – Bryana Holly

[Best_Wordpress_Gallery id=”261″ gal_title=”Bryana Holly”]

ЦРВЕНО-БЕЛИТЕ ГО ДОБИЈА ШАМПИОНСКИОТ ПЕХАР

13324415_10209571308343530_175188739_o

Попладнево на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев”, членот на Управниот oдбор на Фудбалската федерација на Македонија, Тони Иваноски, го додели пехарот на ФК Победа, за освоеното 1-во место во Втората лига за сезоната 2015/2016. Пехарот од рацете на Иваноски го прими капитенот Тони Мегленски по што следеше фотографирање со пехарот за клубската историја….

13334848_10209571309303554_1564604345_o

13334785_10209571308063523_1176514654_o

Победа на супериорен начинна две кола пред крајот на првенството, избори пласман во Првата лига, иако на полусезона имаше значително бодовно заостанување (5 бода), во однос на есенскиот првак Љубанци, но со фантастичната пролет и серијата од 7 последователни триумфи, црвено-белите се вратија таму каде и им е местото во најелитната македонска фудбалска конкуренција.

Со Победа, и Пелситер, кој денес вторпат во баражот го совлада Турново, Првата лига несомнено во новата сезона ќе биде далеку поатрактивна за следење од страна на љубителите на фудбалот во земјава….

13340895_10209571309063548_1271044661_o

13340576_10209571308303529_463016259_o

13340771_10209571308183526_694336184_o

 

Попладневната дремка е опасна по здравјето

Новото истражување покажува дека попладневното спиење подолго од 40 минути го зголемува ризикот за повеќе телесни пореметувања.

dremka

Студијата која опфатила 300.000 испитаници покажува дека врската меѓу попладневното дремење со развој на метаболиќки синдром, вклучувајќи и дебелина, висок крвен притсиок и зголемен холестерило.

Според претставените резултати, човековото тло во сон кој за време на денот трае подолго од 40 минути се „умислува“ дека е во состојба на длабок сон, што значително влије врз метаболизмот.

Студијата тврди дела спиењето попладне ги прави луѓето поуморни отколку што се.

Отишле на кампување – спиеле во шатор а утредента следувал ШОК

1 (1)

Интернетот е навистина преполн со неверојатни приказни кои, за среќа, се забележани со камера. Токму таква приказна ни доаѓа од камп во Кгалагади во Јужна Африка.

Имено, брачен пар поставил шатор за во него да ја помине ноќта во дивина. Ноќта ја поминале без проблеми, но кога утрото се пробудиле снимиле застрашувачка глетка.

Погледнете и споделете со пријателите:

ЗАВРШИЈА 32-РИТЕ МАРИОВСКО – МЕГЛЕНСКИ СРЕДБИ

 

4

Со богата културно уметничка програма, пред многубројните посетители и со заеднички ручек завршија 32-рите Мариовско – Мегленски средби.

1

Манифестацијата започна со велосипедска тура чиј старт беше од селото Манастир, оваа година имаше и планинско трчање, планинарење и аеробик со цел да се задоволат потребите на околу 800–тината учесници од Балканот и пошироко. Велосипедскиот настан се одржува со поддршка на Локалната самоуправа, а придобивките се веќе препознаени и од страна на Владата на РМ и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за истиот да биде дел од националната програма.

1

Реализицијата на ваков вид на манифестации го прави овој предел интересен за туристите.
На 32-рите Мариовско – Мегленски средби кои се одржаа пред дворот на манастирот Св.Илија во с.Витолиште присуствуваа повеќе граѓани од Прилеп и Македонија.

2 3 6 7 8 9

ФОТО: Змија долга 1 метар во центарот на Битола

received_10208198441390212

Утрово околу 8 часот во центарот на Битола, кај тревникот била забележана змија долга околу еден метар.

Граѓани кои се движеле околу старата болница ја забележале, по што ја пријавиле во ЈП „Комуналец“ од кои беше отстранета.

Секој ден поминувам одтука, утрово ја забележав. Долга беше околу еден метар. Изминативе години не сум видел толку голема змија. Сакам да упатам и апел до родителите со бебешки колички и мали деца и до сите граѓани, да внимаваат кога се движат по тротоарите, каде има високи треви и контејнери – вели жител за ТВ Орбис.

Извор: ТВ Орбис

Симеоне ги шокираше навивачите на Атлетико по тешкиот пораз!

colo-640x360

Диего Симеоне не го криеше големото разочарување по вториот пораз од Реал Мадрид во финалињата на ЛШ. Популарниот Чоло по мечот истакна дека ќе треба добро да размисли дали ќе остане тренер на Атлетико по овој тежок удар.

– За вицешампионот не се сеќава никој. Губењето на две финалиња од Реал е голем неуспех, но мора да се прифати фактот и да се обидеме да ги покриеме раните. Тој што победува, на крајот испаѓа дека бил подобар. Тоа беше Реал Мадрид. Ова е момент кога мора да размислам што понатаму. Во овој момент претпочитам добро да размислам и да го излечам раните. За Атлетико е неверојатно што изигра две финалиња во три години, но јас сум многу разочаран, рече Симено.

Тој зијави дека неговиот план е да размисли за иднината и додадек дека нема ништо конкретно.

-Логично е да се размислува што понатаму по еден пораз како овој вечерва. Горд сум на моите фудбалери, ги сакам премногу, само им велев да не плачат. Фудбалот е игра на судбина, а судбината посака ние да не ја освоиме Лигата на шампионите, изјави Симеоне.