дома блог страница 5310

Триста и еден милион евра за репрезентациите учесници на ЕУРО 2016

Националните федерации на репрезентации кои ќе учествуваат на Европското фудбалско првенство во Франција (ЕУРО 2016), ќе поделат 301 милион евра, што е за 35 отсто повеќе во однос на минатото ЕП.

 

euro-2016

Секоја од 24-те репрезентации кои обезбедија пласман на ЕП само за учество ќе заработи осум милиони евра.

Еден милион евра е дополнителна мотивација за секоја победа, додека за нерешен резултат секоја селекција ќе освои по 500.000 евра.

Пласманот во осминафиналето ќе биде награден со дополнителни 1,5 милиони евра, а 2,5 милиони евра ќе носи учеството во четвртфиналето. Полуфиналистите ќе заработат по четири милиони евра.

Победникот покрај приматот европски шампион, дополнително ќе заработи осум милиони евра, а поразениот во финалето ќе биде награден со три милион евра.

Европското првенство во Франција ќе се игра еден месец, а ќе започне на 10 јуни.

Паднаа пресуди, докажан криминалот во „Фабриката за афери“ на СДСМ

Во скопскиот Кривичен суд денеска беше изречена пресудата за случајот „Фабрика за афери“ за кој се обвинети браќата Захир и Имер Беќири за фалсификување на лични карти и документи.

zaev-i-caus

Захир Беќири Чауш е осуден на 2 години и шест месеци затвор и парична казна од 123.000 денари, а неговиот брат Имер на една година затвор и 61.500 денари во случајот „Фабрика за афери“.

Браќата Захир и Имер Беќири кои сега се осудени, претходно рекоа дека не се виновни и побараа ослободителна пресуда во завршните зборови.

Обвинителството побара затворски казни со тврдење дека дома имале цела работилница за изработка на фалсификувани документи.

Се отвора најголемиот тунел во светот

Gotthardbasistunnel, Graubuenden, Schweiz, Bilfinger Berger, Tunnelbau Betonierte Tunnelroehren vor dem Innenausbau noerdlich der Multifunktionsstelle im Gotthardbasistunnel in Sedrun. Tunnel tubes before the interior fittings north the multi-functional point in the Gotthard basis tunnel in Sedrun. (c) 2010 Frank Schultze / Zeitenspiegel

Во Швајцарија ќе биде отворен најдолгиот тунел во светот наречен Готар, кој ќе поминува низ срцето на швајцарските Алпи и ќе го поврзе централниот кантон Ури со јужниот дел на земјата.

 

Gotthardbasistunnel, Graubuenden, Schweiz, Bilfinger Berger, Tunnelbau Betonierte Tunnelroehren vor dem Innenausbau noerdlich der Multifunktionsstelle im Gotthardbasistunnel in Sedrun. Tunnel tubes before the interior fittings north the multi-functional point in the Gotthard basis tunnel in Sedrun. (c) 2010 Frank Schultze / Zeitenspiegel

 

Тунелот долг 57 километри, чинел околу 12 милијарди швајцарски франци, а изграден е од 2.400 работници и свечено ќе биде отворен во среда.

Сега патувањето со воз од Цирих до Милано ќе трае два часа и 40 минути.

Тунелот Готар така ќе го надмине јапонскиот тунел Сеикан кој со 53,9 километри досега беше најдолгиот во светот.

Официјално отворање на тунелот е планирано на 1 јуни, а освен швајцарски официјални лица ќе присуства и претседателот на Франција, Франсоа Оланд, канцеларката на Германија Ангела Меркел и премиерот на Италија Матео Ренци.

Целосната употреба на тунелот ќе почне во декември оваа година.

Идејата за изградба на овој тунел е дадена од швајцарскиот инженер, Карл Едуард Грунер во 1947 година. За да биде тунелот изграден, ископани се повеќе од 28 милиони тони карпи.

Изградбата официјално почна во 1999 годна, но имаше многу бирократски и финансиски проблеми, поради загриженост за одржливоста на проектот.

Зошто е добро да се има брат?

Да се има брат е голем благослов, но и лекција во животот. Никогаш не сте сигурни за неговата реакција, ниту пак сте сигурни дали ќе добиете поддршка или ќе влезете во караница во која тој ви држи лекции за животот и љубовта.

 

braka-deca-640x426

Но не постои сомнеж дека можеме да научиме многу нешта од нашиот брат. Ова се неколку нешта кои треба да ги запаметите.

Заблагодарете му се за грижата. Тој не мора да го прави тоа, туку навистина сака да се грижи за вас и да ве заштити.

Тој ве сака, но потребно му е малку време за да го покаже тоа.

Тој секогаш ќе ве заштитува од светот.

Тој секогаш го сака најдоброто од вас, дури и кога не можете да го видите тоа.

Тој верува во вас. И, секогаш ќе верува.

Тој секогаш ќе ве проверува како сте, и тогаш кога тоа го прави тајно.

Македонскиот филм „Три дена во Септември“ победник на фестивал во Берлин

Македонскиот филм „Три дена во Септември“ на режисерот Даријан Пејовски е избран за најдобар филм на Филмскиот фестивал на Југоисточна Европа што се одржа во Берлин.

 

berlin-640x294

Меѓународното жири на фестивалот на годинашното издание на фестивалот покрај наградата за најдобар филм за македонскиот филм избра и најдобар режисер, Снежана Трибусон од Хрватска, а најдобар актер е Емир Хаџихафизбеговиќ од Босна и Херцеговина. Специјална награда доби филмот „Бота“ на режисерите Ирис Елези  и Томас Логореци од Албанија.

Како што јави дописникот на МИА од Берлин, актерката Камка Тоциновска која ја глуми Марика во „Три дена во Септември“ ја доби наградата најдобра актерка според  „Меѓународното жири на млади победници“ на фестивалот кое на режисерот Даријан Пејовски му ја додели и наградата за најдобар режисер .

На програмата на фестивалот чиј организатор и претседател е македонскиот уметник  Јордан Плевнеш, а кое свое издание ќе има и во Париз и во Кина е и филмот „Обожение“ на авторите Светислав Подлешанов и Кирил Каракаш.

На фестивалот беше прикажан и косовскиот филм „Татко“ на Висар Морина во кој Македонскиот филмски фонд е копродуценбеа  Во програмата се застапени сите балкански кинематографии меѓу кои и филмови од Бугарија, Романија и Грција.

Филмскиот фестивал на Југоисточна Европа до лани се одржуваше само во Париз, а веќе втора година и Берлин е домаќин на балканската кинематографија. Годинава партнер и домаќин на фестивалот беше Хумболд Универзитетот, една од најстарите и најугледни германски образовни институции. По Берлин фестивалот се сели во Париз каде што до 5 Јуни ќе може да го види и француската публика.

ВИДЕО: Страшно невреме во Германија: Надојдената вода носи се пред себе

germanija

Силно невреме вчера ја зафати Германија.

Делови од Германија настрадаа од невремето, кои зад себе остави целосен хаос. Најмногу се погодени Баден-Виренберг каде покрај материјална има и човечки жртви.

За сега е познато дека едно лице го загубило животот, а неколку се исчезнати. Материјалната штета и голем и допрва ќе се пресметува.

TРОГАТЕЛНО: Хуанфран им испрати писмо на навивачите од Атлетико после промашениот пенал

Сите сакаме да гледаме пенал рулет на некој натпревар, се додека тимот за кој навиваме не е инволвиран, бидејќи тогаш истите би биле тортура. Проблемот во пенал рулетот е што секогаш постои некој играч кој на некој начин ќе биде виновен за поразот. Во финалето на Лигата на шампионите тоа беше случај со Хуанфран, чиј промашен пенал му ја донесе 11-та титула на Реал Мадрид во најелитното европско натпреварување.

bd3bc510574c9c33b0dfb662db67acea

Откако го промаши четвртиот пенал во серијата, десниот бек на Атлетико Мадрид требаше да гледа како Роналдо го погодува својот удар од седум метри и како Реал Мадрид се радува на новата титула. Беше тоа ужасен момент за Хуанфран, кој играше брилијантно сите 120 минути на натпреварот.

Atletico's Juanfran misses a penalty during the Champions League final soccer match between Real Madrid and Atletico Madrid at the San Siro stadium in Milan, Italy, Saturday, May 28, 2016. Real Madrid won 5-4 on penalties after the match ended 1-1 after extra time. (AP Photo/Luca Bruno)

31-годишникот потоа со солзи во очите отиде кај навивачите да им се извини. Притоа навивачите со силни овации го поздравија нивниот херој од одбраната.

Хуанфран сега им се обрати со тргоателно писмо преку Инстаграм кое гласи:

 Здраво Атлети,

Никогаш нема да го заборавам вашиот поздрав со овации кога дојдов да побарам прошка. Гледајќи ги моите солзи како се рефлектираат во лицата на илјадници Атлети, ми помага да се справам со огромната тага, која ја чувстувам во овие моменти. Исто така тука е поддршката од моите соиграчи, тренери и сите луѓе, што не прави голема фамилија.

Исто така би сакал да ви се заблагодарам што секогаш верувате во нас, и над се, што докажувате дека да се биде Атлетико е нешто многу посебно, поразлично и дека нашите срца чукаат посилно од било кои други

Пред две години, ви кажав дека ќе се вратиме во финалето, сега, ви кажувам дека Габи, нашиот капитен, ќе ја крене титулата на Лигата на шампиони, порано или подоцна, и дека сите ние ќе славиме заедно во Нептуно.

Ве сакам со сето срце! Напред АТЛЕТИ”.

A.Г.

Погледнете ја оваа досега необјавена реклама за ЈУГО – ВИДЕО

Откриена е досега невидена промотивна реклама за најпознатиот југословенски авто-бренд во светот, Југо.Иако не го следат само позитивни гласови, Југото е икона која остави трага во авто-мото историјата…

Jugo_Jutjub

Иако за Југото постојат многу вицеви, за ова кутивче од автомобил постојат и низа позитивни коментари. На некои ќе им изгледа комично, но ова видео морате да го погледнете!
Југото е пред се икона на минатото време, а во доцните 80-ти се продавало и на американскиот пазар. Евтиното Југо било примамливо и барано кај Американците.
Во неодамна претставениот документарен-фикционен филм “Houston we have a problem”, користено е досега невидено промотивно видео.

Погледнете:

А.Г.

Стевананџија до СДСМ: Се плашите од народот бидејќи осквернавивте и оцрнивте се што е позитивно во Македонија

Mакедонскиот народ кој што очигледно не го признавате и за кој што размислувате дека нема мозок кој што може да биде вклучен и да размислува и да носи разумни одлуки има една интересна народна поговорка „Рани куче да те лае“. Тоа е вашиот однос кон нашиот коалиционен партнер ДУИ. Тие што ве спасија денес ги кудите. Но тоа говори за вашата политичка култура, посочи на денешната собраниска седница пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Димитар Стевананџија.

 

stevanandzijaaa-dimitar

Стевананџија и реплицираше на колешката Десковска и притоа  посочи дека светот се смее на Република Македонија поради погубните политики на СДСМ кои што имаа за цел да ја сквернават и оцрнат Македонија, нејзината историја и македонскиот народ,

-Велите светот ни се смее. Да, светот ни се смее, дел од комшиите ни заблазнуваат поради тоа што се случува во Република Македонија и иронично ни потфрлаат. Светот ни се смее дека имаме една опозиција која што не ги признава институциите, опозиција која што не си го признава сопствениот народ , опозиција која што ја уништува својата историја. Опозиција која што ликува и им аплаудира на оние кои што ги уништува спомениците од АСНОМ, оние што ги уништуваат спомениците од Филип Втори, оние кои што го сквернават киното Манаки, желба на битолчаните повеќе до 60 години. Затоа светот ни се смее колешке Десковска. Светот ни се смее заради тоа што излегувавте овде и зборувавте за изборен криминал. Светот ни се смее дека кажувавте дека имаме 500 илјади фантомски гласачи на крајот таа бројка да се сведе на 0. Светот ни се смее дека тврдите дека нема независни медиуми, а има електронски и пишани медиуми на кои што не сте повеќе од 10 часа дневно. Една е вистината, вие се плашите од избори и се плашите од македонскиот народ и тоа е со причина бидејќи освернавивте и оцрнивте се што е позитивно во Република Македонија, реплицираше Стевананџија до Десковска.

 

ОБНОВЕНО ФОТО од страшната сообраќајна незгода во која загина едно лице во Прилеп

13295313_10207996362881320_1548604849_n

Една жена загина, а маж е тешко повреден во сообраќајната несреќа што се случи ноќеска, во еден часот по полноќ во Прилеп.

Прочитајте повеќе ТУКА!

13335482_10207996362921321_1177709503_n

13330253_10207996363241329_929587133_n