дома блог страница 5306

ГАЛЕРИЈА – Градоначалникот Ристески на средба со најуспешните ученици од основните училишта

6209-gradonacalnikot-risteski-na-sredba-so-najuspeshnite-ucenici-od-osnovnite-ucilishta-960x600-71

Градоначалникот Марјан Ристески, денеска оствари средба со наргадените ученици на државни и меѓународни натпревари од основните училишта во градот и во населените места. На средбата градоначалникот Ристески им посака на учениците уште многу успеси во полето на образованието, порачувајќи притоа дека секој постигнат резултат е добра промоција на училиштата во кои се едуцираат, а воедно и на општина Прилеп.

[Best_Wordpress_Gallery id=”268″ gal_title=”ОсновциКајМарјан”]

 

Традиционално одбележан празникот Св. маченик Талалеј

1

Градоначалникот на општина Прилеп Г-дин Марјан Ристески присуствуваше на свечена литургија која се одржа во црквата во населеното место Тројаци.

„Славејќи го овој голем ден, на Вас и на сите верници Ви посакувам мигови на разбирање и бериќет во секој дом. Господ нека не поведе во радоста на празникот и во љубовта кон верата.

Нека е за многу години големиот празник !

Градоначалникот Ристески ги посети и останатите населени места во околината на Прилеп кои го прославуваат празникот Св. маченик Талалеј.

[Best_Wordpress_Gallery id=”267″ gal_title=”TalalejTrojaci”]

 

(ФОТО) Манастирот Св. Илија – Писокал во с. Кален, за утрешниот празник широко ги отвора портите

 

 

10271471_1380668018922685_3059515114773990069_n

Во живописните предели на прилепско Мариово, распространети се неверојатни предели, недопрена природа, убави места и стари светилишта.
Едно такво место кое е прегрнато во рацете на зеленилото и опкружено со чист воздух, мир и спокој, е манастирот во селото Кален, Св. Илија – Писокал. Селото Кален се наоѓа во северозападнито дел на Мариово, односно во пределот наречен Мало или Прилепско Мариово

Сместено недалеку од патот Прилеп-Витолиште, селото се издига на 640 метри надморска височина, а од Прилеп е оддалечено само 26км.
На духовниот повик на манастирот Св. Илија, се јавиле поголем број добронамерници, кои во изминатиот период го претворија ова светилиште во вистински рај за душата, уредувајќи се што може да се уреди и создавајќи едно вистинско ремек дело, кое вреди да се посети.

[Best_Wordpress_Gallery id=”266″ gal_title=”СвИлијаПисокал”]

Манастирот има уреден двор, уредни конаци и нова кујна. Исто така направен е и резервоар за чиста вода, но недостига електрична енергија, па апелираме до секој оној што може да помогне, да даде придонес и да се овозможи и тоа.

Многу легенди, преданија и приказни, а можеби голем дел се и вистини, се поврзани со ова место. Манастирот го има називот Писокал поради како што раскажуваат жителите, ова село се викало токму така во времето, но писокалите во турско време избегале од тука и се населиле во селото Чумово.

Исто така се верува дека овие краишта кријат многу турско злато. Во годините во кои Турците бегале од тука, според преданијата оставиле многу богатсво.

Утрешниот празник Св. Елена и Константин, е празник и на манастирот во селото. Уште од вечерва домаќините имаат приредено дочек за многу гости, кои утре после утринската литургија, ќе го заживеат местото и со оро и песна ќе го прослават празникот и овој мал Божји рај.

Маркукуле.мк беше во посета и ги проследи последните подготовки и спреми околу празникот и трпезата. Бевме љубезно пречекани, со насмеани лица и со благослов.

Поканети се сите добронамерници, да повелат да дојдат на молитва и ручек и да почувствуваат мал дел од овие благодети, кои искрено ги има насекаде наоколу.

13177208_1623004158022402_7991277163527256976_n

Ова е место за кое сите епитети и описи се малку доколку не се почувствува од блиску. Ова е уште еден мал Божји дар, каде ќе се исполните со живот и елан, ќе го подобрите здравјето и .ќе посакате никогаш да не заминете.

А.Г.

Гиро и пиво 6 евра: Ова се новите цени во Грција

За Грците денес денот осамна со нов бран поскапувања што беа побарани од кредиторите во замена за исплата на дополнителни средства за Атина од меѓународниот пакет помош, а најмногу поскапеа кафето и пивото.

 

pitagiros-58896-640x464

Од денес данокот на додадена вредност (ДДВ) е зголемен од 23 на 24 отсто. Исто така зголемен е и данокот на интернет услуги, фиксна телефонија и на плаќањето на ТВ претплата.

Цените во Грција

Лебот чини од 70 центи до 1, 20 евра, литар млеко од 1 до 2, 5 евра, пакувањето со 6 јајца е околу 1, 20 евра, литар маслиново масло може да се најде и за 5 евра, јогуртот е од 2 до 4 евра, фета сирењето од 5 до 7 евра, а доматот до 1, 5 евра. Лубеницата е 80 центи за килограм, а лимонот околу 1 евро.

Гирото може да се купи од 2,5 до 3 евра, а толку чини и пивото. Парчето пица е 1, 5 евра, а бензините чинат 1, 34 евра.

Најновото зголемување на данокот наиде на остри критики од страна на сопствениците на малите компании, поради тоа што според нивните зборови ќе зададе удар на потрошувачката во земјата која се уште се опоравува од шестгодишната финансиска криза, која доведе до пад на Бруто домашниот Производ за една четвртина и скок на стапката на невработеност на 24 отсто.

Шестото зголемување на стапката на ДДВ за шест години и второто по ред во последните десет месеци, значи дека нашите животи од денес ќе бидат поскапи за 437 милиони евра годишно, додека истовремено секое зголемување на данокот ја крати потрошувачката, обртот и државните приходи, изјави директорот на Грчката конфедерација на претприемаштвото и трговијата, Василис Коркидис.

Игор Стефановски – Иџе со хуманитарен настан во Прилеп

1

Вчеравечер во просториите на ЦК „Марко Цепенков“ се одржа хуманитарен настан на Игор Стефановски – Иџе со пријателите. Настанот започна со мини концерт на легендарниот македонски гитарист Влатко Стефановски, потоа преку приказна за животот испреплетен со подеми и падови, за семејството, соработниците, како и за најголемите постигнати успеси говореа Гордана Нацева, Ѓорѓе Војновиќ, Милован Стефановски, Михаил Ренџов, Петар Стефановски и Игор Стефановски – Иџе. Собраните средстава ќе бидат донирани за опрема на сензорската соба за деца со аутизам која е во подготвителна фаза, а е сместена во просториите на ОУ „Климент Охридски“. Настанот беше збогатен и со повеќе уметнички творби на сликарот Живко Поповски – Цветин.

[Best_Wordpress_Gallery id=”265″ gal_title=”IdzeVoPrilep”]

Недела на бесплатни театарски претстави во прилепскиот театар

DSCN8530

Во пресрет на новото 51 издание на Македонскиот театарски фестивал,,Војдан Чернодрински,, ,а со цел да се подгрее атмосферата за театар кај публиката, театарот ,,Војдан Чернодрински,,  ја организира веќе традиционалната манифестација Недела на бесплатен театар.

Од денес (четврток) до недела ќе бидат прикажани бесплатно 4 претстави.

Денеска ќе се одигра претставата ,,Обѕрни се во гнев”, во режија на Кристина Димитрова,  за студентите, во петок е       ,, Ајнштајновите соништа,, во режија на Слободан Унковски, во сабота трагикомедијата,, Хамлет од Горно Дупени,, режија Кирил Петрески и во недела претставата за деца,, Како се станува цар,,.

Заинтересираните љубители на театарот бесплатните влезници ќе можат да ги подигнуваат два часа пред почеток на претставите од билетарницата на театарот.

Ги покануваме да дојдат во театар и да уживаат во убавите тетарски мигови што ќе им ги приредиме со овие претстави.

СВЕЧЕНО ПОЛАГАЊЕ И ПРОМОЦИЈА НА KYU ПОЈАСИ ОД ЏК ПРОЛЕТЕР

DSC_0335

Крајот на месец мај и крајот на училишната година, е време кога џудистите на Пролетер традиционално како и секоја година оддржуваат полагање и промоција на KYU појаси во џудо, пред комисијата на клубот.

DSC_0361

По предходна покана и на наше големо задоволство, нашите џудисти имаа можност своите научени техники да ги прикажат пред  лиценциран тренер од Европска Џудо Унија, Khaled Simmons, кој воедно е и интернационален тренер на Велика Британија со највисок степен  level3. Исто така и тренерите на школите за џудо на Пролетер, проф. Славе Димитријоски  4 дан -главен тренер и селектор на репрезентативните селекции и помладиот тренер Александар Димитријоски 1 дан. Во убава и спортска атмосфера можеа да учествуваат и родителите и да ги согледааат бенефитите на џудо спортот,  да се уверат како нивното дете правилно ги развива  физичките способности (Издржливост, сила , агилност , флексибилност, брзина ), секако и да се здобијат со доверба и нови пријателства.

DSC_0373

DSC_0377

img-5727[2]

Вкупно на промоцијата присуствуваа 43 натпреварувачи на Пролетер, од кој најбројни 28 ученици на полагањето, беа учениците со бели појаси, кои што се стекнаа со 5kyu жолт појас, за портокалов појас  положија 10 ученици, за зелен појас  3KYU, положија 4 ученици  и за 2KYU плав појас, усшежно положија Теодора Димеска и Велкоски Дарко.

После успешното полагање на сите учесници им се обрати тренерот Димитријоски, се заблагодари за напорната работа и стекнатите појаси,  со надеж дека во иднина очекува уште подобар и посериозен ангажман од сите кои тренираат во овој најтрофеен и најреномиран Џудо клуб во Р.Македонија.

ППК МЛАДОСТ96 ИЗБОРИ ПЛАСМАН ВО СУПЕР ЛИГА

20151115_103454 Екипата на ППК Младост96, го освои првото место во првата пингпонгарска лига за сезона 2015/16 год. и со тоа се пласира директно во Супер лига за наредната сезона. Огромен успех за младите играчи кои се носители на овој тим. Во последното коло екипата на Младост96 гостуваше во Скопје, на дотогашниот лидер на табелата, екипата на Ѓорче Петров. Поради неправилности со лекарските прегледи натпреварот е добиен со службен резултат од 5-0 за ППК Младост96, и со тие два бода екипата успеа да се пласира во најсилното натпреварување во Супер лига. Успехот ја потврдува посветеноста на раководството на клубот за млади играчи кои долго време ќе бидат носители на клубот. Големиот успех е заслуга на Александар Рикалоски, Антонио Стомнароски, Христијан Иваноски, потпомогнати од искусните Методија Иваноски и тренерот и играч Златко Рикалоски. Со влезот во Супер лига на ППК Младост96, Прилеп ќе има два свои претставници во најсилното натпреварување и тоа Младост96 и Младост, а со тоа ќе ни биде овозможено да гледаме и локално дерби на млади, наспроти искусни играчи. Сето тоа го потврдува фактот дека Прилеп е центар на пинг-понгот во Република Македонија.

Жена удрена со комбе на Чумовчанец, возачот избегал

13318412_10201531955538457_969920306_n

Од читатели дознаваме дека неофицијално на раскрсницата Чумовчанец во Прилеп, удрено е женско лице со битолско комбе, при што возачот на комбето веднаш избегал. За сега немаме информации со какви повреди се здобила жената, која е пренесена на лекување.

Полицијата е на лице место и врши увид.

 

Нострадамус предвиде: 2016 година ќе ја одбележат пет грозни настани

Големиот француски пророк Мишел де Нотр Дам, попознат како Нострадамус предвидел многу нешта за кои се верува дека ќе се случат еден ден. Се смета дека тој го предвидел одењето на Месечината, Хитлеровото искачување на власт, смртта на Хенри II, но и убиството на Кенедиеви.

nostradamus-1

Оваа година досега беше и научно и социолошки една од екстремно интересните години, но се додека ние веруваме дека ништо значајно нема да се случи, постојат низа нешта кои Нострадамус ги предвидел токму за 2016 година.

Тој во својата книга „Пророштва“ напишал преку илјада поетски катрени кои предвидуваат што ќе се случи во иднина.

Според историските наводи, Нострадамус почнал да добива „визии“ многу рано, а подоцна ја развил својата метода за предвидување и ги бележел своите визии.

Иако академските стручњаци тврдат дека поврзаноста на светските настани и катрените на Нострадамус се резултат на погрешно толкување и превод, милиони луѓе сметаат и веруваат дека тој навистина предвидел значајни светски настани.

Ова го предвидел Нострадамус за 2016 и за нашата цивилизација:

Најголем забележан земјотрес досега

Нострадамус предвидел дека САД ќе ја погоди најсилен земјотрес во историјата на таа држава и дека тоа најмногу ќе влијае на западниот дел од државата, како и дека потресот ќе се почувствува и во другите светски држави.

Луѓето ќе живеат повеќе од 200 години

Според зборовите на Нострадамус медицината толку многу ќе напредува што просечниот животен век ќе биде 200 години, а осумдесетгодишник ќе изгледа како педесетгодишник.

Зрачењето ќе ја запали планетата

„Кралевите ќе крадат шуми, небото ќе се отвори, а полињата ќе ги запали топлината“, наведува пророкот. “Kraljevi će krasti šume, nebo će se otvoriti, a polja će spaliti vrelina”, naveo je prorok. Ова предупредување ќе однесува на озонската дупка и неизбежното зголемување на штетното влијание на ултравиолетовото зрачење, а важен фактор ќе биде палење на шумите ширум светот.

Јазичните разлики ќе исчезнат

“Откако ќе измислат нов уред во светот ќе биде како пред Вавилон“. Се смета дека Нострадамус опишал некаков модерен компјутер или софтвер за преведување.

Колапс на глобалната економија

“Богатите ќе умрат повеќе пати”, напишал фрнацускиот пророк.