дома блог страница 5307

Фински армиски сили извршиле воена вежба на погрешен остров, локални жители помислиле дека е нападната државата

Finland, Flag, Finnish flag flapping in the wind. (Photo by: Eye Ubiquitous/UIG via Getty Images)

Жители на крајбрежно село во Финска се уплашиле и помислиле дека некој има ја напаѓа државата кога забележале голем број вооружени војници како се движат во формации.

Finland, Flag, Finnish flag flapping in the wind. (Photo by: Eye Ubiquitous/UIG via Getty Images)

 

Сепак, утврдено е дека била збунета само финската армија која требало да изврши вежба, но го промашила островот.

И, не само што по грешка успеале по грешка да влезат во Камполмен, туку и не ги известиле локалните жители дека ќе има какви било вежби, објави Дејли меил.

Локален жител изјави дека голем брод се вкотвил во близина и војници вооружени со пушки почнале да излегуваат на брегот носејќи и ранци. Тој успеал со својот брод да отплови и да повика безбедносни служби за да ги извести за непријателите.

Сепак, било утврдено дека во прашање е само пролетна вежба на финската војска.

Официјален претставник од армијата изјави за локални медиуми дека Камшолмен воопшто не бил планиран како локација за вежби, наведува Дејли мејл.

Пронајден рудар кој бил закопан 17 години! Преживеал само благодарејќи на….

rudnik-foto-profimedia-1464809869-919957

Рударите од западната покраина Џинјанг биле премногу изненадени кога во стариот дел на рудникот ископале човек кој бил ЖИВ. Тој дел не бил посетен уште од потресот кој го погодил тоа подрачје.

Среќниот човек е Чеунг Ваи, 59-годишник кој бил во прилично лоша состојба. Итната помош го презела одма и го однела во најблиската болница на прегледи на физичкото и психичкото здравје.

Чеунг останал заробен со 118 мртви тела на своите колеги рудари, кога земјотрес од 7,8 магнитуди го погодил регионот и предизвикал пукање на дрвените конструкции кои го држеле тунелот. Чеунг успеал да преживее бидејќи вентилацискиот отвор успеал некако да остане поврзан со површината, допуштајќи му некако да диши чист воздух.

Успеал да преживее единствено поради големата залиха на ориз и вода, кои рударите ги складирале во случај да дојде до таква ситуација. Чеунг ја збогатувал својата исхрана и со стаорци и кртови.

pirinac-foto-shutterstock-1434364462-680373

Совеста не му дозволувала да јаде од своите колеги, па ги закопал повеќето од нив.

A.Г.

Pamela Burgos, сензуална Мексиканка

Pamela Duenas Burgos е родена 1986 година во Мексико. Кариерата ја насочила кон моделството, а на нејзиниот шарм не одолеа ниту Енрике Иглезиас, кој во 2007 година ја повика да се појави во неговиот спот за песната “Do you know”. Убавата Памела учествувала на многубројни модни случувања, а чест гостин е на магазините “Elle” и “Maxim”. Нејзиниот омилен дел облека се бикини, затоа што времето најмногу го поминува на плажа.
Нејзините фотографии погледнете ги во галеријата:

[Best_Wordpress_Gallery id=”264″ gal_title=”PamelaBurgos”]

Ново видео на Марјан Ѓорѓиевски за сите типови на жени

11212

После минатонеделното видео насловено како “Мажи”, ред е да се направи еднаквост и да си исклучат сите типови на родова дискриминација, па новиот стенд ап на Марјан Ѓорѓиевски за оваа недела се вика “Жени”.

Не се ни малку поштедени сите категории. Погледнете и простудирајте ги сите видови на жени.

А.Г.

ВИДЕО – 10 брутални начини на кои се казнувало и се казнува женското неверство во светот

4343

Женското неверство во светот било казнувано на најразлични брутални начини, во минатото, но и денес.

Од јавно каменување, нанесување повреди, до целосно масакрирање и закопување жива, жената била и е казнувана на најразлични начини, кои и самите не можете да ги замислите.

Ако мислите дека тоа е случај само во арапските и африканските земји, се лажете. И во Европа и Канада, во средниот век жената била казнувана сурово и екстремно.

Ова се десет такви животински казни кои им се изрекувале на жените:

А.Г.

ВИДЕО – Погледнете што ќе се случи ако луѓето исчезнат од планетата: Таа може без нас, ние не!

1212

Видео кое ќе ви ги отвори очите, колку треба да придонесуваме за зачувување на животната средина и планетата Земја на која живееме. Во ова кратко видео ќе видете што би се случило доколку луѓето исчезнат од нашата планета, без разлика на последиците, како ќе се одвива животот на преостанатите животински видови и што ќе се случува со се она што го граделе луѓето.

На крајот ќе видите дека Земјата ќе се регенерира од сите зла кои сме и ги нанеле. Токму затоа зачувајте ја планетата на која живееме, давајте сите придонес во продолжување на животот на овој наш дом.

А.Г.

СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНАТА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

banka

Народната банка регира на повикот за дводневен настан под називот ‘FXLider Настан’ од страна на FXLider, којшто како што стои  “…ќе биде фокусиран на едукација како на искусни трејдери, така и на почетници, кои се заинтересирани за тргување и заработка на светскиот финансиски пазар”.

Во понатамошната објава се потенцира дека “…целта на FXLider настаните… запознавање и едуцирање на јавноста за овој алтернативен начин на заработувачка.

Народната банка укажува на јавноста дека согласно Член 14 од Законот за девизно работење единствено овластените банки, Фондот за осигурување на депозити, осигурителните друштва, пензиските фондови и инвестиционите фондови, имаат право да вршат упис, да уплатуваат и да тргуваат со хартии од вредност во странство.

Граѓаните и останатите правни лица немаат право да тргуваат со хартии од вредност во странство, освен преку СЕЕ линк  на загрепската и софиската берза на хартии од вредност. Воедно, начинот на тргување кој го нуди FXLider бара високо ниво на експертиза и е ризично за самите овластени професионални учесници на меѓународните финансиски пазари, а уште повеќе за пошироката јавност.

Со тоа, Народната банка остро реагира на секаков вид на вакви јавни повици за незаконско делување на граѓаните.

Прв пат после цели 100 години во Гостивар се гради манастир – да помогнеме !

Прв пат по 100 години во Гостивар се гради манастир – да помогнеме!

hrisjpg500thb54y45y45y45y4

По цели 100 години во населбата Циглана во Гостивар, започна да се гради манастир „Преображение Христово“ по иницијатива на граѓаните.

Се повикуваат сите заинтересирани граѓани кои сакаат да помогнат во изградбата на манастирот, да донираат на жиро сметка: 240340103336828 – УНИ банка.

За сите останати информации, граѓаните можат да се информираат на телефонскиот број: 078-703 337

Извор: Македонска нација

 

ГАЛЕРИЈА – ВАНДАЛИЗМОТ НА СДСМ – ОСУДЕН ОД СИТЕ

IMG_20160601_142235

После викендашкиот одмор, околу 100 поддржувачи на СДСМ – Прилеп, го продолжија вандалското одработување преку насилните протести и уништувањето на општинската зграда во градот под Марковите Кули.

Вчера, дури и засилени од страна на секретарот на СДСМ и екс министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, на кого ни малку и претходно, а и сега не му смета ваквото дејствување и уништување на општествениот имот.

Срамота е за еден човек, кој за жал беше прв човек на безбедноста во државата и ја раководеше полицијата, да дозволува неговите довчерашни колеги од министерството за внатрешни работи, да бидат на удар и секојдневно со валкани униформи, понижени да се враќаат од работа.

[Best_Wordpress_Gallery id=”263″ gal_title=”КомуњариНасилници”]

Ваков игнорантски однос на мислењето на граѓаните и непочитување на нивните желби, интереси и потреби, до сега во Прилеп не е видено. Дури и осудите од страна на сопствените членови, не значат ништо за стотината припадници на така наречената Шарена револуција, која продолжува да одработува за земените дебели хонорари, со нарушување на слободното движење на граѓаните, нарушување на јавниот ред и мир и уништување на она што не го создале.

Граѓаните на Прилеп, кои умеат да проценат и да стават на вага се што е позитивно и негативно, не стивнуваат во своите рекации. Најмногу поради тоа што, општината е принудена да троши значителни средства за чистење на фасадата, а веќе наредниот ден истата одново да биде обоена.

Згрозени се и спортистите и средношколците, кои во изминатите денови беа на свечени приеми во таа зграда, за реализираните успеси во изминатиот период.

Со повлекувањето на аболицијата и одложувањето на парламентарните избори, ваквите девијантни активности веќе немаат смисла, но очигледно е дека се работи за нешто друго, односно откривање на скриеното лице на СДСМ и на ваков начин барање излез од безидејноста и немањето што да им понудат на граѓаните на Прилеп.

„Свадбен“ подарок од ЕВН Македонија за семејство од Прилеп

Nade-Cvetanoska-3-768x512

Семејството Цветаноски од Прилеп се среќните добитници на првата награда или вредносен ваучер од 100.000 денари, од второто коло од наградната игра на ЕВН Македонија „Награди за штедлив дом“. Срeќата им се насмевна само една недела пред свадбата на нивниот син, со што дилемите за свадбен подарок со помош на ЕВН се решени.

Претставник од ЕВН заѕвони на вратата и ми соопшти дека сме добитници на вредносен ваучер,ја почнува Наде Цветаноска од Прилеп својата приказна за денот кога дозна дека нејзиното семејство е добитник на вредносен ваучер од 100.000 денари од наградната игра на ЕВН.

Nade-Cvetanoska-4

Среќата е голема и верувам дека рационално ќе го искористиме ваучерот и ќе одбереме енергетски ефикасни апарати, сé што му треба на еден млад брачен пар да го опреми својот дом“, вели Нада. Им препорачувам на сите да ги ажурираат податоците и редовно да ги плаќаат сметките кон ЕВН, зошто шансите за добивка за сите се еднакви, додава Наде.

Извлекувањата на наградите се реализираат во емисијата „На гости кај“, секој понеделник од 20.15 на МТВ и секој вторник од 23.25 на Алсат ТВ.

До сега се реализирани извлекувања од девет кола и доделени се над 210 награди.

Во наградната игра право на учество имаат потрошувачи од категоријата Домаќинства и Мали бизнис корисници со ажурирани податоци во базата на ЕВН, кои секоја недела можат да бидат добитници на вредносен ваучер од 100.000 или 30.000 денари, наменет за купување на апарати за домаќинство или сет за енергетска ефикасност.

Ажурирањето на податоците се прави со пополнување на формулар за ажурирање на личните податоци достапен на веб-страната evn.mk, пополнување на формулар во кој било наплатен пункт или приемна канцеларија на ЕВН Македонија или пополнување на формуларот што ќе пристигне со фактурите за електрична енергија.

За повеќе податоци околу наградната игра, извештаите за наградите и најлесниот пат за ажурирање на податоците на следниот линк: evn.mk.