дома блог страница 5305

Дрогата „крокодил“ коси и низ Битола

Оваа дрога забрзано го разорува ткивото. Хемиското име на дрогата е метил-ендиокси-пировалерон или скратено МДПВ. Полициски службеници од Одделот за недозволена трговија со дрога на СВР Битола пронашле МДПВ кај битолчанка.

 

droga-krokodil-640x335

При претрес во домот на друго лице од село Трново, Битола, пронајдено било непозната прашкаста материја, за која при вештачењето, било утврдено дека станува збор за 10,17 грама метил-ендиокси-пировалерон. Истата дрога била пронајдена и кај братот на девојката од Битола.

Консумирањето „крокодил“ предизвикува распаѓање на мускулната маса на тој што ја прима оваа дрога, а „новата ЛСД“ предизвикува желба за канибализам.

droga-krokodil-1-640x1189

Новата ЛСД се прави со мешање на некои супстанции со миризлива сол.

 

ФОТО: Најдобрите костими за капење за ова лето

kupaci-naslovna-640x396

Подготовките за летната сезона полека почнаа, а благодарение на Бионсе, Тејлор и Гиги веќе знаеме на кои модели треба да обрнеме внимание.

Едноделни

kupaci-2

kupaci-1

Овие модели се класични, секси, модерни и софистицирани. При купувањето мошне е важно да изберете добра големина за костимот во целост да се прилагоди на телото и да ја издолжи силуетата. Едноделните костими за капење може да сокријат и некои недостатоци како стомак, но и да ги нагласат атрибутите. Ако се одлучите за овој модел, бидете сигурни дека тој ќе ви ја истакне самодовербата, држењето и ќе остави доволно за фантазијата…

 

Бикини со длабок појас

kupaci-naslovna-640x396

kupaci-3

kupaci-4

Моделите на костими за капење со длабок појас се омилени меѓу дамите, затоа што визелно ги издолжуваат нозете и целокупната фигура, а посебно го нагласуваат појасот. Кај пониските жени тие создаваат привид на фигура со облик на песочен часовник, а кај дамите со облини ја прават половината потенка. Покрај тоа овој стил е мошне ретро, а истовремено и младешки.

 

Триаголни

kupaci-6

kupaci-5

Триаголните бикини костими за капење за оваа сезона се неизбежни. Тие се едноставни, спортски, а изгледаат мошне секси. Овој стил исто така може да ги корегира недостатоците, а познато е дека визуелно ги зголемува градите. Исто така, совршено стои и на жени со поголеми облини.

 

ВИДЕО – Слон го нападна џипот во кој беше и Шварценегер

Холивудската ѕвезда Арнолд Шварценегер  призна дека прилично се уплашил кога слон во Јужна Африка го нападнал возилото со кое бил на сафари.

ele

Шварценегер на интернет постави видео-снимка од нападот на слонот кој иташе да го удри автомобилот во задниот дел. Слонот прво го удри возилото, па го заобиколи и повротно тргна кон него. Водичот му рече на Шварценегер дека слонот “бил само радознал”.

“Oва беше подобро и од филм, но сепак не ми беше сеедно. Импресиониран сум од големината на тоа животно. Кога барем луѓето би престанале да ги убиваат”, напиша глумецот.

Во Африка има останато само 500.000 слонови, што е половина од бројот регистриран во 1980 година.

Нивниот опстанок е загрозен, бидејќи годишно се убиваат од 20.000 до      25.000 слонови, поради меѓународната трговија со слонова коска.

А.Г:

Продолжува континуитетот на легализација во Општина Прилеп

Денеска на 60 семејства на свечен чин им беа доделени нови решенија за легализација на диво изградени објекти. Решенијата лично им ги предаде градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески кој ја истакна важноста и значењето на овој закон, со кој им се овозможи на граѓаните да ги легализираат своите домови.

6212-prodolzuva-kontinuitetot-na-legalizacija-vo-opshtina-prilep-960x600-4

6212-prodolzuva-kontinuitetot-na-legalizacija-vo-opshtina-prilep-960x600-1

6212-prodolzuva-kontinuitetot-na-legalizacija-vo-opshtina-prilep-960x600-2

6212-prodolzuva-kontinuitetot-na-legalizacija-vo-opshtina-prilep-960x600-3

„Со ова е решена една голема неправда спрема граѓаните. Сега тие можат да располагаат со сопствениот имот“ – рече тој.
Покрај легализирањето на куќите, граѓаните имаат право да ги легализираат своите викендички, надградби и доградби, стопански објекти. Досега, бројот на легализирани објекти во општината изнесува над 8.500 легализирани дивоградби со што официјалните информации говорат дека Прилеп и понатаму останува на првото место на ниво на Држава по легализирани објекти.

6212-prodolzuva-kontinuitetot-na-legalizacija-vo-opshtina-prilep-960x600-8

6212-prodolzuva-kontinuitetot-na-legalizacija-vo-opshtina-prilep-960x600-5

6212-prodolzuva-kontinuitetot-na-legalizacija-vo-opshtina-prilep-960x600-6

6212-prodolzuva-kontinuitetot-na-legalizacija-vo-opshtina-prilep-960x600-7
Инаку, крајниот рок за комплетирање на документацијата, за ново донесените барања за легализација на дивоградби, кои пристигнаа во продолжениот рок даден од Владата на Република Македонија, истекува до крајот на 2017 година, а за граѓаните кои претходно имаат поднесено барање, рокот истекува до 31.12.2016 година.

6212-prodolzuva-kontinuitetot-na-legalizacija-vo-opshtina-prilep-960x600-12

6212-prodolzuva-kontinuitetot-na-legalizacija-vo-opshtina-prilep-960x600-9

6212-prodolzuva-kontinuitetot-na-legalizacija-vo-opshtina-prilep-960x600-10

6212-prodolzuva-kontinuitetot-na-legalizacija-vo-opshtina-prilep-960x600-11

Литургија во црквата “Свети Константин и Елена“

6211-liturgija-vo-crkvata-sveti-konstantin-i-elena-960x600-6

По повод денешниот верски празник “Свети Константин и Елена“, во истоимената црква во Типската населба во Прилеп, се одржа света литургија на која присуствуваше и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески. Малата црква беше претесна да ги прими сите верници кои беа дел од утринската богослужба.

„Црквата ја краси бел мермерен иконостас, кој е донација од верниците, но во изградбата на оваа црква посветена на “Свети Константин и Елена“ учествуваше и Општината која и денеска помага во изградба на верските храмови“ – истакна градоначалникот на Прилеп по утринската литургија посветена на денешниот православен празник, заблагодарувајќи им се на бизнис секторот и Иницијативниот Одбор на црквата “Свети Константин и Елена“ кои беа иницијатори за изградбата на овој храм.

[Best_Wordpress_Gallery id=”269″ gal_title=”LiturgijaElenaKonstantin”]
Патем, дека овој ден го славеле прилепчани, споменува и најголемиот собирач на македонски народни умотворби, Марко Цепенков, кој во своите записи забележал дека „Св Константин и Елена“ биле покровители на трговскиот еснаф во Прилеп. „Но, нивниот патрон празник тие тогаш го викале „Св Цареи“ и го славеле на 21 мај, по стариот календар“ – запишал Цепенков.

Кривична пријава за 26 лица за оштетување на зградата на Општина Битола

Битолската полиција поднесе кривична пријава против 26 лица сите од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „оштетување туѓи предмети“, соопшти денеска МВР.

133199921-59107

Пријавените во периодот од 17.04.2016 год. до 27.04.2016 година во четири наврати сториле кривично дело  „оштетување туѓи предмети“ врз зградата на Општина Битола, објект кој е во евиденција на Студијата за културно- историско наследство на подрачје на Битола-споменик на културата. Пријавените одделно и во различни периоди со фрлање тврди предмети, употреба на боја и јајца, ја оштетитиле предната фасада од зградата на Општина Битола, а во еден настан оштетена е фасадата на балконот и влезната врата. Предизвиката материјална штета дополнително ќе биде утврдена со вештачење во натамошна постапка.

На 17.04.2016 година седуммина од пријавените додека присуствувале на протест организиран од здружението на граѓани „Протестирам“, фрлале со тврди предмети и оштетиле едно стакло од балконската врата од кабинетот на градоначлникот и употребиле боја, јајца и други предмети со што ја оштетиле фасадата на балконот и влезната врата од зградата на Општина Битола.

На 22.04.2016 година четворица од пријавените со употреба на боја и други предмети ја оштетиле предната фасада од зградата на Општина Битола.

На 24.04.2016 година четворица од пријавените со употреба на боја и други предмети ја оштетиле предната фасада од зградата на Општина Битола.

На 27.04.2016 година тринаесет пријавени лица со употреба на боја и други предмети ја оштетиле предната фасада од зградата на Општина Битола.

СВР Битола постапувајќи по барање од Основното јавно обвинителство, презеде оперативно-тактички мерки и активности и повика дел од пријавените лица. Се јавиле 16 лица, додека 9 лица не се обезбедени за обавување на службен разговор.

Врз основа на Закон за полиција чл.28 и чл.65, СВР Битола има обезбедено доказен матријал за поведување на кривична постапка, соопшти МВР.

Се празнува Свети Константин и Елена

konstanti-i-elena

Православните христијани денеска го празнуваат Светиот цар Константин и неговата мајка Елена.

Царот Константин Велики и неговата мајка царицата Елена за нивните заслуги во признавањето и ширењето на хроистијанството Светата црква ги прогласила за светители и рамноапостолни, што значи по значење рамни на апостолите. Царот Константин спаѓа меѓу најзначајните личности во историјата на човештвото, бидејќи по подолго прогонување на христијанството тој е првиот влател на големата Римска империја што ја признал оваа вера.

Марко Цепенков забележал дека во Прилеп св. Константин и Елена биле покровители на базриѓанскиот (трговскиот) еснаф. Нивниот празник кој го викале „Свети цареи“ го празнувале на 21 мај (стар стил).

Под манастирот Свети Наум Охридски – Чудотворец, до самото езеро, има извор со лековита вода. Според верувањето оваа вода секогаш е лековита, но најмоногу на празникот Св. Константин и Елена.

Според едно предание Свети Наум му рекол на таткото на една ќелава девојка да појди на денот свети Константин и Елена под карпата каде што течела вода и да ја измие девојката. Така направил и таа веднаш оздравела, и пораснала убава и густа коса.

„Од тогаш на празникот на свети Елена и Костадин редовно идат луѓе да се мијат со водата од изворчето под карпите на манастирот Свети Наум. Таа вода е лекојта и друг пат, ама на празникот најмногу”, заклучува народниот раскажувач.

Седумгодишно дете најдено живо по шест дена во шума

Седумгодишно дете преживеало шест дена само во шума откако неговите родители го оставиле под казна на островот Хоакидо во Јапонија.

dete

Малиот Јамато Танука го пронашле војници во една колиба во воената база каде изведувале воени вежби. По лекарските прегледи било утврдено дека имал само неколку гребнатинки и дека детето не било испаничено кога го нашле.

Родителите на Јамато го оставиле надвор од автомобилот поради неговото лошо однесување, а претходно на полицијата и соопштиле дека исчезнал при планинарење. Подоцна признале дека детето било немирно, фрлало камења на автомобили и по луѓе и дека само сакале да го казнат така што ќе го остават сам, надвор од автомобилот, на пет минути, но дека тој исчезнал кога се вратиле по него.

Јапонските медуми наведуваат дека родителите, откако го оставиле само детето, се оддалечиле околу 500 метри и потоа се вратиле но него го немало. Таткото на детето кога го видел повторно веднаш му се извинил на синот и признал дека „отишол предалеку“ со казната. Јамата пак му простил и рекол дека „се е во ред“ по што го прегрнал. Детето имало прилично ниска температура и бил гладен и жеден кога го пронашол војник во барака во воената база каде имало вода за пиење. Пронајден е на 5 километри од местото каде што родителите го исфрлиле од автомобилот.

ВИДЕО – Ова е кревет каков секој би посакал – ГЕНИЈАЛНО !

pametni-krevet-facebook-1463564817-908869

Ние сме генерација на конформисти, што и не е лоша работа, но понекогаш премногу се наслонуваме на технологијата, која до пред неколку години не ни беше потребна. Дали се сеќавате на времето пред мобилните телефони да бидат масовно употребувани? Тешко е да се присетите, зарем не? А, ако ви кажеме дека тоа беше само пред 15 години?

Иако за тоа не сме свесни, ние веќе живееме во иднината: Паметни телефони, електрички автомобили, таблети, моќни компјутери, видео игри кои изгледаат поубаво од реалниот свет…. на набројувањето му нема крај. На пазарот ни пристигнува новиот “револуционерен пронајдок” – паметен кревет.

Погледнете го видеото:

А.Г.

ВИДЕО – Неготино “во пламен” – Цела ноќ се славеше пласманот во Втора лига на Вардар

Фудбалот не ни е на некое врвно ниво, но тоа не ги спречува навивачките групи во државата жестоко и со многу жар да ги бодрат милениците од своите градови.

1212

Изминатата вечер навивачите на Вардар од Неготино го “запалија” плоштадот во градот и ги пречекаа фудбалерите како да освоиле Лига на шампиони.

Во бараж натпреварот кој неготинци го одиграа против Вардари Форино,  на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, Вардар Неготино беше поуспешен и се пласира во Втората фудбалска лига.

Вакво неверојатно славје можеби нема ни во Барселона. Сепак е за респект, кога олку многу луѓе ќе се соберат и обединат околу фудбалот, без разлика што во овој случај тоа се прави само за пласман во Втора лига.

А.Г.