дома блог страница 5303

Милан и ПСЖ во меѓусебен двобој за ангажман на Унаи Емери

b_160605037

Иако се шпекулира дека ПСЖ сака да го доведе тренерот на Атлетико Мадрид Диего Симеоне за следната сезона, францускиот шампион е заинтересиран и за тренерот на Севиља, Унаи Емери. Конкуренција сепак им прави и Милан, кој исто така бара нов шеф на стручниот штаб.

Она што им смета на “миланезите” e тоа што, Атлетико не го пушта Симеоне во ПСЖ. Аргентинецот јасно рече дека постои можност да го напушти клубот по поразот во Лигата на шампиони, а ПСЖ сака да го искористи тоа. Симеоне наводно веќе се состанал со директорите на ПСЖ и разговарал за идната соработка. Меѓутоа, ако Атлетико не го пушти Симеоне, “парижаните” ќе се свртат кон Емери.

Сепак, ако Силвио Берлускони остане сопственик на Милан, актуелниот тренер Кристиан Броки има големи шанси да ја задржи својата работа.

А.Г.

Ноќен живот во Прилеп – Corner Pub & Club Calypso – 04.06.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”273″ gal_title=”NokenzivotPrilep04062016″]

Северина обвинета за кражба на песна на Ријана

severina

Најновиот спот на Северина за песната „Секунда“ од објавувањето во понеделник веќе има над 900.000 прегледи, а голем број од оние кои го виделе се согласуваат дека песната е идентична со дуетот на Ријана со Ди-Џеј Келвин Харисон, „We found Love“.

Многумина сметаат дека освен музиката и спотот потсетува на видеото на Ријана, бидеји и Северина скока во голем број брзи динамични кадри.

Можам да разберам кога балканските пејачи и продуценти крадат грчки и турски хитови кои не се толку познати, но да ја ископирате не само музиката, туку и спотот на еден Келвин Харис и Ријана кои сепак нешто значат во светската музика и кои планетарно се популарни, во најмала рака е смешно, е еден од коментарите на песната.

Оние кои ја сметаат Северина за неприкосновената кралица на естрадата, потсетуваат дека за плагијат се смета песна со три или помалку сличлни тактови. Има и такви кои мислат дека целта на Северина била само да крене прашина и на поширокиот пазар од регионалниот.

Фејсбук ве прислушува преку мобилниот телефон

fejbuk

Професорката Кели Барнс од Универзитетот на Јужна Флорида тврди дека во Фејсбук всушност постојано ги слушаат сите разговори на сите нивни корисници.

Таа тврди дека вработените во Фејсбук користат мобилна апликација и дека преку телефонот на корисникот дознаваат за што разговара. Од Фејсбук, пак, велат дека нивната мобилна апликација навистина „наслушнува“ што се случува околу неа, но само за тоа што луѓето разговараат, слушаат или гледаат да може да им го предложат како објава на Фејсбук.

Таа опција е достапна веќе неколку години, но доби внимание во јавноста дури откако професорката Кели Баркс од Универзитетот во Јужна Флорида укажа на тоа. Рече дека не и се чини дека апликацијата ги прислушува корисниците само за да им помогне, туку ги прислушува нивните расправи за да им понуди релевантни реклами. Таа ја тестираше нејзината теза така што на одредени телефони разговарала во близина на нејзиниот телефон, а по ова на Фејсбук забележала огласи на таа тема.

Тврдењето на Барнс се сложува со тезата дека Фејсбук ги искористува корисниците за да заработи на огласувачи. Кога се појавија овие тврдења во 2014-тата година од компанијата рекоа дека телефонот „не прислушува секогаш“ и дека разговорите не се снимаат. И на нејзината страница велат дека не ги снимаат разговорите, но дека ги користат за да сфатат што се случува во близина на телефонот. Иако засега е достапна само во САД, оваа опција ја промовираат како едноставен начин на споделување на содржините што ги гледате или ги слушате.

Доколку успешно препознае за што се работи, покрај содржината ќе биде прикажана малата борјка „1“ на која корисниците може да кликнат и на тој начин да ја споделат содржината. Сепак оваа опција може и да се исклучи.

Еве како ќе изгледа новиот Луна парк во Скопје (ФОТО)

parkkk

Изградбата на новиот Луна парк во Скопје се проценува на 6,5 милиони евра. На тендерот се пријавиле десет македонски фирми. Од Градот информираат дека периодов што следи ќе треба да извршат евалуација, а потоа понудите да минат на електронска аукција и да се направи конечниот избор, пишува Република.

Градските власти сега бараат фирма за изведба на првата фаза од забавниот парк, т.е. за инфраструктурните работи. Проценето е дека тоа ќе чини околу 1,4 милион евра. Проценетата вредност, пак, за изведба на целиот проект (паркот со сите комплетни содржини и реквизити) е 6,5 милиони евра. Со проектот треба да се избере изведувач за градежни работи за партерно уредување со надворешна инфраструктура во забавниот парк и за изградба на придружни објекти, влезен портал, гардероби, работилница, магацин и тоалет.

park-520x400

pandorce

Новиот Луна парк ќе се протега на површина од 82.000 квадратни метри, на местото на постојниот. Освен реквизити за возење, во паркот ќе има и објекти за служење храна и пијалаци, за продажба на сувенири, затворен дел за играње, паркин. Проценето е дека новиот Луна парк годишно ќе има 200.000 посетители, најмногу семејства и деца до 15 години.

Додека војувал жена му го изневерила со 60 колеги: Добила војничка одмазда каква не очекувала!

vojnik (1)

Американски војник познат под надимакот Фризмастер, се вратил дома од војна, среќен што ќе ја види сопругата после неколку месечната раздвоеност. Но, наместо романтичен пречек, го дочекало непријатно изненадување – дознал дека сопругата го изневерила дури 60 пати и тоа со неговите колеги. Покрај се тоа останала и бремена.

Откако дознал и се уверил дека информациите се точни, одлучил да се одмазди, а потоа да ја сподели приказната со целиот свет:

– На почетокот таа беше се што барав во една жена. Слатка, грижлива, нежна. Се трудеше да ми биде партнерка во се, вклучувајќи дури и видео игри. Иако не знаеше, се трудеше за да поминуваме повеќе време заедно, вака ја започнува својата неверојатна приказна овој изневерен војник.

Тие двајца се запознале преку негов пријател, исто така војник, па веднаш се појавиле симпатии. Иако не сакал да се жени, Фризмастер го променил своето мислење од две причини- војската не дозволување излегување од базите на неоженети војници, а спиењето и будењето со жената на неговите соништа било нешто најубаво.

Тие на крајот се венчале, но среќата не траела долго

-Почнав да приметувам чудни работи. Она често ја “водеше својата болна мајка на лекар“. Одеше да купува на другиот крај на градот, ја гледав на чудни места. Кога почнав да истражувам, ми стигна наредба да одам во Кореја, раскажува Фризмастер.

Тој во Кореја поминал една годимаа, а кога се вратил го дочекале ужасни вести, неговата жена спиела со 60 негови колеги! Се тоа му го кажале нејзините роднини, во надеж дека тој ќе и помогне да го поправи своето лошо однесување.

– Спиела со 60 партери, главно војници. На нејзините родители им кажала дека јас сум хомосексуалец, и дека и ги бирам партнерите со кои може да има секс, затоа што знам дека немаат сексуално преносливи болести. Значи, мене ме користела да ја финансирам, а од друга страна, спиела со што има пулс и е машко, открива тој.

Соочена со вистината и непоколебливата одлука да ја напушти, таа му признала дека го изневерила, ама само два пати. Фризмастер не сакал да слушне за смирување, посебно кога дознал дека неговата сопруга е трудна со еден од своите љубовници.

1

-Ја земав куќата, која ја купив, цел свој имот, за да таа не би ги продала кога ќе дознае што планирам да напрвам, а тогаш покренав бракоразводна парница, Својот автомобил едвај успеав да го вратам, зошто го дала не некој од љубовниците, за кого покасно дознав дека живеел во мојата куќа додека сум бил во војна, и тоа од парите кои јас ги праќав, се присеќава војникот.

Неверната сопруга дури се дрзнала да го тужи сопругот за имотот, а одбила да го признае своето неверство и вонбрачно дете.

“Мојот адвокат ја изрешета со незгодни прашања за тоа кој е татко на детето, кога е зачнато и кој го издржава. И рече дека и заради давање лажен исказ може да биде казнета со затвор, одговори искрено. Но, ме наклеветила дека сум геј и дека ја изневерувам со нејзиниот внук(18)!

Гледав само во една точка на зидот, над левото рамо, како прав војник. На секое прашања одговарав кратко и искрено, но не ја навредив.

-Она кажувала дека и го упропастувам животот, дека живеам од парите на нејзините вујна и вујко, што не беше точно, вели Фризмастер

И покрај целото глумење на жената, судијата пресудил во негова корист, му го препушти целиот имот и го кажа следново:

-Единствен барање од страна госпоѓата кое се усвојува е забраната за приближување и контактирање со господинот Фризмастер- гласно и јасно кажа судијата а она остана во шок и во солзи. Се дереше на целиот глас, каде сега ќе живее, а судијата реши да одговори и на тоа прашање:

Немаш помош, барај друг: Овие машки секогаш ќе те изневеруваат.

2

ВО ЖИВО: Од распитот на ШАРЕНИТЕ во полициска станица

Snap-2016-04-22-at-00.37.37

Проследете го во живо распитот на Шарените “револуционери” во полициска станица. Евидентно е каењето, срамот и барањето прошка за стореното.

А.Г.

Саботно кафе во Прилеп – 04.06.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”272″ gal_title=”SabotnoKafe04062016″]

ФОТО – ПРИЛЕПСКИ СРАМ ! ! !

IMG_20160602_172100

Ако општинските власти од градот под Марковите Кули се залагаат и успеваат да создадат европски град, не можат целосно  да не преобразат и во европски граѓани. Старите навики на поединци нешто да уништат, или пак “домаќински” да си го земат за дома, сеуште постојат.

Кратко траеше сјајот на новиот дрворед со зимзелени дрвца на обновениот и прошрен дел на улицата Октомвриска.

Она што се прави во континуитет и се вложува во освежувањето на градот, во Прилеп очигледно не се остава ни корен да фати.

Секоја вечер како зелки, исчезнува по некое дрвце, а утредента празното место сведочи, дека тука поминал некој нов “домаќин”, кој најверојатно го украсил својот двор со ново дрвце.

Ако поставување стражари и камери на секој чекор е решението за да се запрат ваквите појави, ние не заслужуваме да станеме дел од европското општество.

IMG_20160602_172111

IMG_20160602_172054

IMG_20160602_172107

Страшна сообраќајка во Прилеп: Битолско ауди однело се пред себе

1

Страотна сообраќајна незгода се случила во раните утрински часови на улицата Кузман Јосифоски – Питу во Прилеп.

Ауди со битолски регистарски таблици, неофицијално управувано од лице без возачка дозвола, со голема брзина уништило 5 возила.

Возилото најпрвин удрило во возило Шаран и комби во движење, а потоа завршило во уште три други паркирани возила, при што причинета е голема материјална штета.

Во автомобилот имало 5 лица, од кои две лица, неофицијално, завршиле со полесни повреди.

Полицијата работи на откривање на точните причини за настанување на несреќата.

7

2

3

4