дома блог страница 5304

Ноќен живот во Прилеп – Club Calypso, Corner Pub & Take Five – 03.06.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”271″ gal_title=”Nokenzivot03062016″]

Милион евра од Владата за инвестиции за младите земјоделци, во тек разгледувањето на деловните планови

Повеќе млади земјоделци и оваа година ќе ја искористат владината поддршка за неповратни грант средства до 10.000 евра за инвестиции во започнување на земјоделска дејност. На овогодинешниот оглас пријавени се поголем број на апликанти, државата почнува со селекција на апликациите и избор на оние кои имаат најдобри бизнис планови.

zemjodelciПовеќе млади земјоделци и оваа година ќе ја искористат владината поддршка за неповратни грант средства до 10.000 евра за инвестиции во започнување на земјоделска дејност. На овогодинешниот оглас пријавени се поголем број на апликанти, државата почнува со селекција на апликациите и избор на оние кои имаат најдобри бизнис планови.

-Една од нашите главни цели во земјоделството е обезбедување на финансиска поддршка на младите земјоделци во висина до 10.000 евра неповратни грантови, средства кои што се наменети за модернизација на нивното производство за обезбедување на модерни технологии и практики во рамките на нивниот бизнис кои што ќе обезбеди равој на дејноста, повисоки проноси и поголема нивна профитабилност. На овогодинешниот оглас имаме добар одѕив, во текот на месец јуни и јули ќе бидат обработени и сите поднесоци од страна на платежната агенција за во месец јули да бидат определени лицата со кои што ќе бидат склучени договорите , да се склучат истите и потоа да се започне со исплата на финансиите во едногодишен, двогодишен или тригодишен период како што побарале земјоделците во рамките на нивните барања кои што ќе бидат одобрени, вели Александар Ѓеорѓиев, портпарол на Владата.

Oваа година се предвидени 70 милиони денари за оваа намена со кои се очекува да бидат финансирани поголем број деловни планови. Средствата се доделуваат за период на реализација на деловниот план.

Овој вид на финансиска поддршка во висина до 10000 евра се доделува на млад земјоделец кој за прв пат започнува да се занимава со земјоделска дејност преку преземање на постоечко земјоделско стопанство или со воспоставување на ново земјоделско стопанство а се реализира преку одобрен деловен план од страна на Агенцијата кој треба да предвидува инвестициони активности за модернизација на земјоделското стопанство за период од најмногу три години од денот на одобрувањето на поддршката.

Потенцијални корисници на оваа поддршка се млади земјоделци на возраст од 18 до 40 години, носители на земјоделско стопанство запишано во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство кои ги исполнуваат условите од програмата за рурален развој.

Оваа мерка од страна на Владата беше воведена во 2012 година и досега се склучени договори за финансиска поддршка во вкупна вредност од околу 100 милиони денари.

Откриено – Кој повеќе ги сака луѓето, кучињата или мачките?

Се ближи крајот на дебатите помеѓу сопствениците на кучиња и мачки, на тема чие милениче е подобро. Имено, научниците дошле до сознание – кој, мачката или кучето, го сака повеќе својот сопственик.

macka-i-kuce

Благодарение на новата студија што ја спровел неврологот и професор на Универзитетот Клермонт, Пол Зак, а која ќе биде прикажана во документарец на „BBC2“, може да се заклучи кој е победник во оваа вечна расправа.

Една поранешна студија покажала дека кучињта ги сакаат своите сопственици пет пати повеќе од мачките и дека се многу поприврзани за нив. Доказ за тоа е нивната безкомпромисна послушност кога станува збор за командите, додека со мачките на тоа поле е „тешко да се преговара“.

Пол Зак земал примероци од крв од 10 кучиња и од 10 мачки пред и после играњето со нивните сопственици, бидејќи сакал да го провери нивото на окситоцин (хормонот на среќа) во нивната крв.

„Окситоцинот се произведува во мозокот кога некој сакаме. Тоа е она што на цицачите им овозможува да се врзат за некој и да почувствуваат блискост“, вели Зак.

Луѓето лачат окситоцин кога ќе доживеат некое пријатно искуство, а нивото на овој хормон зависи од тоа колку целата ситуација е стресна за нас. Кога ќе се најдеме во некоја пријатна ситуација со личност која за нас претставува странец, лачиме до 25 отсто од овој хормон. Кога сме во друштво со драги личности, се излачува и до 50 отсто, а кога таа бројка оди уште нагоре, значи дека сме во друштво со некој кој неизмерно го сакаме, како на пример-децата.

По експериментот на Зак, нивото на окситоцин кај кучињата бил 57,2 отсто. Процентот на окситоцин кај мачките бил само 12 отсто.

Зак објаснува дека ова никако не значи дека оние кои чуваат мачки треба да очајуваат. Мачките инаку се помалку друштвени од кучињата и повеќе се врзуваат за територијата, а овој експеримент е спроведен во стерилни услови. Тој наведува дека резултатите од експериментот веројатно би биле поинакви тој да бил спроведен во куќата на сопственикот.

„Тогаш мачките би лачеле повеќе окситоцин, сигурно“, вели Зак.

Се подготвува ли аболиција за Хилари Клинтон?

Можноста Хилари Клинтон да биде аболицирана е „ставена на маса“ уште во август 2015 година. Подржувачи на Хилари Клинтон сметаат дека само со превентивна аболиција од Барак Обама таа може без проблеми да ја заврши претседателската кампања.

1gadafi-klinton

Откако во јавноста беше објавена приватната e-маил адреса на Клинтон, таа во јавноста неколку пати ја изјасни својата невиност.

-Јас не испраќам класифицирани документи и не добивам исти, обележани како класифицирани, рече тогаш Клинтон.

Уште тогаш, идејата за аболиција на Клинтон била дискутирана зад затворени врати.

Американските претседатели низ историјата имаа абоицирано голем број на јавни личности, меѓу кои и политичари, а вкупната бројка достигнува 27.000 Американци.

Дури и денеска поддржувачи на Хилари Клинтон сметаат дека само со превентивна аболиција од Барак Обама, Клинтон која е кандидат за претседател може да ја заврши кампањата.

Џејмс Кими, кј е директор на ФБИ, неделава најави опсежна истрага за можни криминали во кои се појавува името на поранешната државна секретарка Хилари Клинтон, нејзини политички советници се убедени дека најдобра опција за неа е таквиот удар веднаш да биде спречен, што е можно ако Барак Обама и понуди превентивна аболиција за сите евентуални криминали кои е можно да ги сторила.

-За Хилари нема да биде најдостоинствено да прими помилување од претседателот но таа и нејзиниот сопруг во минатото минале и низ потешки скандали без да ја изгубат изборната база. Без помилување, сценаријата со кои таа се соочува се полни со непредвидливи опасности, вели анонимен извор изборниот штаб на Клинтон.

Оние кои ја поддржуваат оваа идеја се надеваат и сметаат дека Клинтонови би можеле да го убедат Обама за нејзино помилување Тоа би било нешто слично на она со кое Џералд Форд го даде за Ричард Никосн откако го замени во Бела куќа.

Обвинителите во СЈО со плата од 2.500 до 3.500 евра

lence-sjo

Специјалното јавно обвинителство (СЈО) денеска на прес-конференција призна дека информациите кои излегоа во јавноста дека добиваат фантастично високи плати и додатоци кои се движат од 2.500 до 3.500 евра месечно се точни.
-Точни се информациите за личните примања на обвинителите во ова јавно обвинителство. Меѓутоа, сакаме да потенцираме дека сите плати, додатоци на плата се пресметуваат согласно законските одредби и не ги надминуваат границите кои што законот ги предвидува, рече портпаролката на СЈО, Ленче Ристоска.

Таа додаде деа заради специфичноста на работата, доколку се земела во предвид и обемноста со која што се соочувале, вработените во ова јавно обвинителство примале и дополителни надоместоци.

Платата и додатоците на Катица Јанева кои достигнуваат и до 3.500 евра месечно очигледно не и’ се доволни, па како што јавноста веќе знае, Јанева побара од државата да и’ плаќа и месечна кирија од околу 300 евра за стан во Скопје, иако има два стана на нејзино име, пишува Курир.

Yasmin Tuncdoruk, турска фитнес убавица

160527084.4_mn

Yasmin Tuncdoruk e дваесетгодишна девојка зањубена во фитнесот. Живее во Австралија, слободното време го поминува на плажа, а главниот интерес и е насочен кон факултетот за спорт и нутриционизам. Yasmin е родена во Турција, но пред неколку години се одселила во Австралија. Оваа лепотица премногу се посверува на својот изглед, а нејзина цел е да работи во фитнес индустријата, како и да им помага на луѓето со вишок килограми, во обликување на нивното тело.

[Best_Wordpress_Gallery id=”270″ gal_title=”Yasmin Tuncdoruk”]

 

Оние кои го имаат ги нервира но…Ако го имате ова на телото нема шанси да добиете рак!

1 (1)

Колку пати досега сте се изнервирале, поради некој прамен од косата кој колку и да го чешлата оди во спротивна насока? Во состојба сте да ставите еден тон гел за да го средите, но ниту тоа не помага. Бидете бесни колку сакате, но тој прамен е ваш „ангел чувар“.
Според последните научни истражувања, откриено е дека луѓето што имаат ваков нескротлив прамен се безбедни од заболување на рак. Имено, само луѓето што имаат таканаречен „поларизиран ген“ се среќниците што имаат ваков израсток од косата.
Протеинот кој го спречува ракот е дел од големото семејство на протеини кои ја контролираат клеточната делба, ДНК и ќелиското самоуништување.
Научниците истражувањето го спровеле врз инсекти, така што протеинот покажал антиканцерогени својства, при што е откриен чуден феномен.

228 полициски службеници ќе се вратат на работа во местата на живеење

Денес во просториите на Полициската станица од општа надлежност Кисела Вода, Министерот за внатрешни работи на Република Македонија, м-р Митко Чавков и Директорот на Бирото за јавна безбедност, м-р Горанче Савовски, остварија средба со раководниот кадар на СВР Скопје и заедно со командирите на полициските станици поделија нови решенија за распоредување на вкупно 228 полициски службеници од последните две генерации полицајци, кои досега беа распоредени на работни места на подрачјето на СВР Скопје, односно надвор од нивното место на живеење.

resenija

Овие полициски службеници ќе имаат можност во иднина своето знаење и стекнато искуство да го применат на своите нови работни позиции лоцирани во нивното реално место на живеење.

Овие решенија се донесени согласно основните приоритети утврдени во Стратегијата за управување со човечките ресурси во Министерството за внатрешни работи, а со цел зајакнување на персоналните капацитети во регионалните Сектори за внатрешни работи, како и со цел запазување на економско-социјалниот аспект од живеењето на посочените полицајци.

МВР ќе продолжи со своите заложби за јакнење на капацитетите на безбедносниот систем на Република Македонија, без разлика на предизвиците и ризиците со кои секојдневно се соочува.

Габриела Стеваноска, вешта жена која прави бурек и создава слатки ремек дела

1._Stevanoska__frla_kori_za_burek

Зад вештата жена Габриела Стеваноска (42), која во Лешок со „Итар Пејо на Пивофест“ освои прво место за десерт, а второ за целосна декорација на трпеза, всушност се крие бурекчика, која денот го претвора во ноќ, а ноќта во ден, вртејќи бурек од 3 ч. наутро до 3 ч. попладне веќе 15 години. Стеваноска, како хемиски техничар и со дарба за цртање, не ни сонувала дека еден ден ќе стане бурекчика на која можат да í позавидат и мажите бурекчии. Зад себе има полно 15 годишно искуство во вртење бурек.

230202_1250453114984317_3798536252042572493_n

Идејата за сопствена бурекчилница “никнала” со преселбата во Тризла. Мажот í Бранко бил бурекчија со корен, заедно со брат му Жарко од Калимеро. Габриела немала никакво искуство. Почнала како продавачка, но од гледање го научила занаетот и кора по кора ги составувала и добивала бурек. Учител í бил сопругот, кој í бил инструктор и веднаш ја преземал работата во свои раце, ако не ја бидувала кората од првото фрлање.

– Грев ми беше за сопругот. Сам не можеше да стаса, а потребни беа финансии да се плати мајстор за бурек. Во тесно бевме, но кога ќе мораш да штедиш, сам ќе сработиш. Физички тешка е оваа работа. Болат раце, раменици, особено за Василица. Ја немам таа сила, ни висина како мажите. Но, посилна беше волјата и од гледање научив. По една кора, почнав да ги составувам – кажува Стеваноска.

Stevanoska_najdobra_za_desert_na_Vesta_zena

Не си бурекчија ако не знаеш да ги фрлаш корите во воздух.  Стеваноска го положила “испитот”, но не од прва. Сега, за Василица “фрла” дури 100 – 120 тепсии бурек.

– Треба техника на вртење на кората. Се учев на киснато, оти се прави на истиот принцип. Но, само еднаш до двапати го фрлаш. Рефлекс е кога паѓа. Не ми се случило да ми падне на коса или на тело, но не било реткост да ми се вудвоса, да не можам да ја разделам. Десната рака го контролира вртењето на тестото, а левата го помага. Успевам да ја фрлам кората трипати, а мажот ми дури петпати. Третата и четвртата се ризични. Првата е најлесна, оти е како правоаголник и е најмала. Последната, четвртата е најголема, да ги преклопи сите други. И така се прави четврт бурек од 250 г. по стандардот – вели мајсторот за бурек Стеваноска.

Кога го плеска тестото, низ шега вели дека “мисли” на оној што ја изнервирал.

– Најбитно е брашното да е тип 400, а не дали е најскапо. Се меси во голем казан, и се прави комбинација од две брашна. Соодносот на мекото и острото брашно зависи од тоа колку сакаш да биде јако тестото. Чевардисувањето е особено битно, за да се стегнат убаво ѓузлемињата. Оти ако не се стегнати убаво, кога ќе ги плескаш за кори, се прави шуплина и се кине кората. Се намрсува со маргарин и масло, потоа следува плескањето. Еднаш до двапати, ако е помеко – појаснува бурекчиката.

Со бурекчилницата “Гонзо”, вгнездена на крстосницата кај ОУ “Добре Јованоски”, дневно трошат 100 – 150 банички. Сега имаат ангажирано и мајстор за бурек. Но, не негира дека семејниот бизнис сака максимален ангажман. Успева да излезе накрај и со домашните обврски. В лето, кога почнува работата по полињата, припомош им се и децата. Дваесетгодишната ќерка помага во продажбата, а помалата, полуматурантката, дури меша прсти во тестото.

– Кога ќе почне работата по полињата, особено тутунот, мораш до 1.30 ч. после полноќ сé да имаш спремно, бурек, пирошки, кифли… Тогаш небаре се “повампируваме”. Никогаш не може да стане навика спиењето дење. Организмот има биоритам. Ако си одредиш ден за одмор, нема да работиш. Инаку нема крај овој занает. Не е сé во парите. На толку работа, истеруваме и десетдневен одмор – додава Стеваноска.

Не е единствена бурекчика во градов, друштво и прави јатрва í Снеже, и неколку други, но е единствена бурекчика која воедно прави и вкусни торти.

Zedno_i_vo_bracnite_i_biznis_vodite_-_Gabriela_so_soprugot_Branko

ВЕШТА И ЗА ТОРТИ И СЛАТКИ 

На манифестацијата “Вешта жена” на која отсекогаш се воодушевувала како гостин, годинава на Габриела Стеваноска не само што í се потрефи да го покаже уметничкиот дар кој инаку го негува во домашни услови за роденденските торти, туку и ги надмина очекувањата. Беше првонаградена на регионалниот, а на државно “лапна” дури две награди. Изненадување била и можноста да се натпреварува.

– Најмногу добив поени што не однесов готова декорација, туку само тестото испечено, ни исфилувано, ни ништо. Таму, на лице место декорирав. Се чудам сама на себи си што бев толку смирена при толкав притисок. Напротив, сите тие ситници што требаа да се дотераат, ме смируваа и исполнуваа – вели вештата Стеваноска.

Со “Итар Пејо на Пивофест” го освои првото место за десерт, а второ за целосна декорација на трпезата.

Извор: НЕДЕЛНИК ЗЕНИТ

 

ПРОМО: Програма за 51-то издание на театарските игри во Прилеп

13346856_1065589226862808_7475163644834250181_n

ОД 10-17 ЈУНИ ПРИЛЕП ЌЕ БИДЕ ДОМАЌИН НА 51 ИЗДАНИЕ НА ТЕАТАРСКИТЕ ИГРИ.

Ова е програмата за 51-от Македонски театарски фестивал “Војдан Чернодрински”.

13344651_1065589230196141_613779158960648067_n