дома блог страница 5302

Паднаа 6 професори на Економски – меѓу нив и еден член на МАНУ

Вкупно осум лица се осомничени во акцијата која МВР ја води под кодното име „Ерaзмус“ во акцијата која од утрово се одвивала на Економскиот факултет при универзитетот Св. Кирил и Методиј, објави Press24 повикувајќи се на извори во истрагата.

ukim

Според првичните и се уште неофицијални информации, шестмина од осомничените се професори кои биле вработени на факултетот, а две лица се водат како помагачи. Како што веќе објавивме, до овој момент приведено е само едно лице. Станува збор за познатиот професор Бобек Шуклев. По останатите 7 лица полицијата се уште трага.

Според првичните и се уште непотврдени информации, меѓу лицата по кои се трага се наоѓа и еден високо позициониран член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), кој инаку е професор на економскиот факултет.

Како што веќе објавивме, се сомничат за примање, давање поткуп, противправно посредување, злоупотреба на службена положба и овластувања, и други коруптивни дела. Press24 веќе објави дека при претресот се најдени и пари.

-Нашите извори велат дека МВР неколку години наназад работело на документирање на случајот бидејќи подолг период се говори и меѓу студентите и меѓу јавноста за незаконското работење на дел од кадарот на Економски факултет. Според првичните сознанија од истрагата лицата имале разработен систем . Се проверува и инволвираноста и на лица кои работеле во угостителските објекти на факултетот, објави порталот.

Бакнувањето го зајакнува имунитетот

kiss_092412012013_879146_large

Група јапонски научници спровеле истражување во кое учествувале 48 луѓе, од кои половина имале проблеми со егзема (вид на атопичен дерматитис), а останатите биле алергични на полен. Нивната задача било по 30 минути во денот да слушаат романтична музика и да се бакнуваат со своите партнери. Потоа им била направена анализа на крвта.

Откако поминале две недели од овој експеримент, научниците повторни направиле истражување, но овојпат, наместо бакнување, паровите разменувале прегратки. Анализите на крвта покажале дека нивото на имуноглобулин, антитело кое го создава имунолошкиот систем како реакција на алергии, значително се намалило после експериментот со бакнежите.

Според научниците, иако преку еден бакнеж со партнерот разменуваме помеѓу десет милиони и милијарда бактерии, бројните антибактериски состојки кои ги има во нашата уста, ќе ги убијат скоро сите бактерии пред воопшто тие да се развијат.

Затоа продолжете само напред со делење бакнежи. Тоа ќе ве направи среќни, но и здрави.

Од утре до 11 јуни екстерно тестирање за 2015/2016 година

Екстерното проверување на постигнувањата на учениците за учебната 2015/2016 година во јунската сесија ќе се спроведува од утре до 11 јуни.

eksterno-uciliste

Државниот испитен центар соопшти дека во оваа сесија ќе бидат опфатени 178.648 ученици од основните и средните училишта, кои ќе бидат тестирани по 1972 предмети.

ДИЦ претходно го објави базенот со прашања по сите предмети. Учениците се тестираат по два предмета кои ги дознаваат три дена пред полагањето, така што на учениците што ќе бидат тестирани утре предметот им беше соопштен во петокот попладне.

Поради уписите во средно училиште (28-ми и 29 јуни), резултатите од екстерното тестирање најпрво ќе бидат објавени за деветтодделенците (на 13 јуни), а за сите останати ученици на 17 јуни.

Екстерното тестирање беше воведено во учебната 2012/2013 година со цел да се провери објективноста на наставниците при вреднувањето на успехот на учениците.

Имате караници и несреќа во домот? – еве што е причината

karanici (1)

Дали сте знаеле дека токму огледалата го рефлектираат изразот на она што се наоѓа во нивната непосредна близина? Токму затоа, пред дома да поставите огледало, земете ги предвид овие фактори.

Како што наложува фенг шуи, огледалата во никој случај не смеат да бидат сместени во позиција од каде директно ќе ја рефлектираат на влезната врата на домот.

Ова е така, бидејќи на тој начин целата позитивна енергија ќе излезе од домот.

Не смеете да ги поставите ниту во позиција која ќе создаде одраз на вратата од тоалетот или кујната. Исто така, не е пожелно да бидат поставени во позиција во која на огледалото може да се рефлектира слика од канта за отпадоци, неред или нечистотија од било кој вид.

Огледалото е воден елемент, па според тоа никогаш не треба да се најде во јужниот дел од домот.

Еве како да ги наместите огледалата дома.

Слободно поставете огледало во трпезарискиот дел од домот каде огледалото ќе создава одраз на храната што ќе донесе благосостојба во домот и во помали простории како што е ходникот, но никако во насока на вратите од останатите простори во домот.

Снепчат попопуларен од Твитер

Според најновите статистики на Блумберг, дојде и денот кога Твитер е поразен.

 

socijalni-mrezi

Снапчат сега на дневна база брои 150 милиони корисници, додека бројот на оние кои повеќе го сакаат Твитер опадна под 140 милиони.

И натаму тоа се големи бројки, но ваквата состојба за Твитер доаѓа во момент кога социјалната мрежа се бори да ги убеди огласувачите да ги одберат токму нив, додека Снапчат ги нема тие проблеми.

Според шефот за финансии на Твитер, Антонио Ното, во првиот квартал годинава оваа социјална мрежа секојдневно ја користеле околу 136 милиони корисници, што е пад во однос на поранешните податоци и помала бројка во споредба со константната доминација на Фејсбук и експлозивниот раст на Снапчат.

Снапчат особено е популарен меѓу младата генерација, а со растечкиот број достапни социјални мрежи, Твитер се потешко се држи во чекор со конкуренцијата.

Зошто целиот свет почна да користи чиа семе-Ова се причините

Зборот чиа доаѓа од зборот на Маите кој значи сила. Во своите 28 грама, семето обезбедува голем број на витамини и протеини.

 

chia-sjeme-640x392

Чиа семето е одличен извор на антиоксиданси. Антиоксидансите од храната можат да имаат позитивни ефекти на здравјето и ве штитат од супстанци кои може да предизвикаат дури и рак.

Одлично е против дијабетис. Чиата е потенцијален природен третман против дијабетис и го регулира шеќерот во крвта.

Тоа има способност да го забрза варењето на храната.

Семето е одличе извор на Омега 3 масните киселини ки се важни за здравјето на мозокот.

 

Македонскиот актер стана турски зет

1 (1)

Македонскиот актер Ертан Шабан, кој на нашата поширока јавност и е познат по улогата на Александар Македонски во серијата „Збогум Румелија“, стана турски зет.

Тој повеќемесечната љубовна врска со турската актерка Ебру Озкан, позната по улогата на Халиде во серијата „Имотот на дамата“, конечно ја круниса со брак.

2

Озкан и Шабан, кој живее и работи на релација Скопје-Истанбул, ја овековечија нивната љубов во петокот вечерта со величенствена свадба.

Дали со биометриската возачка ви треба и меѓународна дозвола?

jdfhsgdfgdsfgsdfg

Меѓународната возачка дозвола задолжителна за сите кои со возило сакаат да ја напуштат Македонија. И покрај двојазичноста на новите национални биометриски возачки дозволи сепак и понатаму за управување со возило надвор од земјава ќе ви биде потребна и меѓународна дозвола. Иако бројни примери во соседството го говорат спротивното, сепак возачите не треба да бидат изненадени доколку вон границите на Македонија бидат санкционирани за непоседување меѓународна возачка дозвола.

Меѓународната возачка дозвола оди во комплет со националната возачка дозвола и нејзината важност е 3 години.

Во интерес на граѓаните, освен централата во Скопје преминот Богородица е второто место каде АМСМ ги издава сите потреби документи за излез со возило од земјава.

Тоа се меѓународната возачка дозвола, одобрение за управување на туѓо моторно возило надвор од земјата, зелениот картон и патничкото осигурување.

Граѓаните недоволно информирани за кои држави им треба меѓународна возачка дозвола.

Иако кон крајот на 90-тите Македонија потпишала билатерални договори со Италија, Шпанија и Франција за управување со моторно возило само со поседување на национална возачка дозвола, сепат тие договори до ден денешен останале нератификувани од нивна страна.

Досегашната пракса на полициите во регионот покажуваше дека единствено македонската возачка дозвола беше потребна за управување со моторно возило. Но доколку сегашниот закон ги обврзува за проверка и на меѓународна возачка дозвола, постои голема можност доколку ја немате да се соочите со парична казна.

 

ВИДЕО – ЗАГИНА ВЕТЕРАНОТ НА ЏИХАДОТ: Погледнете како е убиен водечкиот командант на Ал-Нусра

borbe-kod-alepa-foto-youtube-1465130362-922539

На својот Јутјуб канал терористите од групата Фајлак Ал-Шам, се фалеа дека со проектил убиле група на сириски војници, кои во далечината се гледа како преминуваат преку ѕид во некое село на подрачјето на јужен Алепо.

Но, подоцна се покажа дека се работело за борци на Ал-Нусра Фронтот, кои заедно со повеќе терористички групи учевствувале во офанзивата против сириската војска во јужен Алепо.

Во пријателски оган е убиен еден од најважните команданти на Ал-Нусра Фронтот, Омер Ал-Дагестани. Прво не се знаело дали се работи за пропаганда, но потоа бројни арапски страни ја потврдиле веста.

Според извештаите на локалните медиуми, Омер Ал-Дегестани е убиен со уште тројца други милитанти од Ал-Нусра, кога проектил кој го испалиле терористите на Фајлак Ал-Шама, удрил на нивната позиција во близина на местото Бурсах на југот од Алепо.

A.Г.

Најстариот дипломец на светот: Јапонец дипломираше на 96-годишна возраст

b_160604083

Шигеми Хирата, 96-годишен маж од западна Јапонија, влезе во Гинисовата книга на рекорди, како најстар дипломец во светот. Тој е најстарата личност на светот со Универзитетска диплома.

Жителот на јапонскиот град Такаматсу се запиша на Универзитетот во Кјото во 2005 година, кога одлучил да изучува поезија. Да го заврши факултетот, му било потребно 11 години.

“Среќен сум. Секогаш е весело да се направи тоа во мои години. Мојата следна цел е да доживеам 100 години. Ако бидам во добра форма, ќе размислам да го продолжам школувањето и да добијам научно звање”, рече дипломесот кој ги дочекал новинарите во својот дом, прикажувајќи го својот нов сертификат од Гинисовата книга на рекорди.

Јапонецот е роден на 1-ви септември, 1919 година. Иако поголемиот дел од студирањето го поминал дома, повремено одел на настава во Кампусот на Универзитетот во Кјото.

Хирата има две деца, пет внуци и четири правнуци. Тој бил во морнарицата за време на Втората светска војна и работел во болница после војната.

А.Г.