Често се случува да немаме време да се одмориме и наспиеме и потребна ни е инстант енергија која ќе не одржи будни во текот на денот. Доколку ви е потребен потикнувач на енергија ова е совршен напиток за вас.
Овој природен домашен напиток ќе ви даде неверојатна енергија и за само неколку минути ќе направи да се почуствувате посреќни и да имате добро расположение.
Потребни состојки:
2 лажици мед
500 милилитри вода
1 шолја свеж цеден сок од лимон
Начин на подготовка:
Ставете ги сите состојки во стаклена чинија или во тегла и мешајте се додека добро не се соедини. Користете топла вода, бидејќи така полесно ќе го стопите медот. Додавањето на лимоновиот сок во водата е наједноставниот начин да добиете вистинска енергетска бомба. Лимонот ја претвора водата во природен енергетски напиток, полн со електролити, кои се од клучно значење за производството на енергија на клетките.
Поголемиот број парови за својата свадба одбираат најдобри автомобили, лимузини, но тоа не е случај со овој пар младенци, кои се одлучиле на поинаков начин да ја завршат таа задача од реализацијата на нивниот најсреќен ден.
Александар и Александра за својот најубав ден одбрале ни помалку ни повеќе, туку камион шлепер во црвена боја, како невестинско возило
Сватовите тргнале од Падинско Скеле, од каде потекнува зетот, по невестата во Бесни Фок, потоа повторно во црквата во Падинско Скеле и потоа во месната заедница во Борча.
На оваа идеја се присетил зетот кој од својот кум го позајмил камионот.
За изненадувањето да биди уште поголемо, сам го возел и накитил црвениот камион. Затоа ова е свадба за која сите зборуваат.
Уште една анегдота поврзана со оваа интересна свадба, е тоа што невестата е во шести месец од бременоста, па гостите се прашувале како ќе успее да се качи дури 3 пати во камионот. Очигледно не и било тешко.
Splash News and Pictures
Los Angeles:310-821-2666
New York:212-619-2666
London:870-934-2666 [email protected]
Михаела Шефер, глумица, модел и старлета, на главниот плоштад во Берлин, собрала разголено друштво за да и даде поддршка на својата репрезентација за престојното Европско првенство во фудбал 2016. Сјаен потег, нема што!
Вистинска опозиција денес интерпелацијата би ја започнала со осуда за тоа што вчера се случувало на економскиот факултет. Ете, тоа е брутално кршење на правата на студентите. Мито, корупција и што е најтрагично дел од студентите биле и злоставувани. Тоа е тоа што вие жестоко го оправдувате и браните. Што е кривицата на нашата почитувана колешка Олга Најденовска? Затоа што сака искрено да се бори за квалитетот на овој закон за образование, тоа што нејзе навистина и е должност и што го правеше сите овие денови кога заседаваше Комисијата за образование, реплицираше денес пратеникот Димитар Стевананџија од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
Стевананџија истакна дека денес СДСМ преку интерпелацијата на Олга Најденовска само ќе се обиде да го навреди и оцрни ликот на пратеничката и дека најмалку им била целта да дискутираат за оформувањето на новиот Универзитет Дамјан Груев.
-Да објасниме на македонската јавност да нема заблуда што с случува денеска. Сето ова гореспоменатово е само типична комунистичка форма. Форма различна од содржината. Каде што треба со клевети и оцрнување на ликот на нашата колешка да се девалвира квалитетот на високото образование и тоа од оние кои што најмалку имаат право да зборуваат за образование, а според последните случувања со шарената револуција и за културата, рече Стевананџија.
Исто така во продолжение пратеникот посочи дека со 996те поднесени амандмани на законот со кој што треба да се оформи новиот универзитет, СДСМ јасно кажа дека нема да дозволат студентите кои што во иднина треба да бидат репрезент на македонското високо образование да се едуцираат од најдобрите светски професори.
-СДСМ сака да го инушти квалитетот во високото образование. Со 996 поднесени амандмани тие директно кажаа дека нема да дозволат овој универзитет да биде оформен.Станува збор за педесетина студенти кои што ќе се едуцираат од најдобрите светски професори. Студенти кои што во иднина ќе бидат репрезент на квалитетот на македонското високо образование. Ете почитувани македонски граѓани, СДСМ со оваа интерпелација покажа и докажа дека дека се бори да не заживее нов универзитет кој што треба да нуди култура, истакна пратеникот.
„Колега Сугарески, луѓето и политичарите се паметат по своите дела. Кога сте имале можност ништо не сте направиле, а камоли Универзитет да сте основале. Напротив, деновиве рушите. Рушите она што припаѓа на сите граѓани на Република Македонија. И за жал, по тоа ќе бидете запаметени. По рушењето!“, вака пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Ане Лашкоска ја започна својата реплика кон пратеникот Горан Сугарески од СДСМ во врска со поднесената интерпелација за работата на претседателот на Комисијата за образование, наука и спорт.
Лашкоска се осврна и на речникот на изразување и стилот на функционирање на пратениците од СДСМ, како во Комисијата за образование, така и кон претседателката на истата Комисија. Таа напомена дека, однесувањето на пратениците од СДСМ во Собранието само го потврдува она што опозицијата го прави во изминатиов период низ улиците на Скопје.
-Еве и денес, ја напаѓате колешката Олга Најденовска заради тоа што поддржува основање на нов Универзитет во Република Македонија. Читајќи ја интерпелацијата, за жал морам да констатирам дека со стилот на изразување, со речникот кој што сте го користеле, можам да кажам дека се срамам што сум дел од овој пратенички состав кога е поднесена ваква интерпелација бидејќи во овие пет години откако сум во Собранието по конфузен текст немам сретнато. Колега, се обраќавте на колешката Најденовска со погрдни зборови кои што не сакам да ги изговорам, да ги употребам за ниту еден човек. Се обраќавте на колешка со голем авторитет, која што има постигнато голем успех во целото свое работење. Можам да кажам само едно браво, на координаторот на СДСМ Горан Сугарески. Тој го потврди она што опозицијата го прави. Хаосот на улиците, но и хаосот во Собранието, додаде Лашкоска.
На крајот, таа го запраша координаторот на СДСМ, Горан Сугарески, дали знае колку судбини на млади луѓе и студенти се уништиле во изминативе години поради срамното и криминално однесување на некои универзитетски професори кои што впрочем СДСМ жестоко ги бранел и се уште ги брани.
-Колега Сугарески, единствената криминална банда во државава е токму вашето раководство. Дали сте свесен дека денес вие браните статус кво ситуација? Дека сакате да уништите судбина и иднина на многу млади луѓе. Дали сте се запрашале колку судбини на млади луѓе во Македонија е уништена од вас овие денови односно вчера и денес? Дали себе си си поставивте прашање, колку студенти не го завршиле економскиот факултет и зошто, праша Лашкоска од ВМРО-ДПМНЕ.
A performer dressed as a bird takes part in a show during the opening ceremony of the NEAT Gotthard Base Tunnel, the world's longest and deepest rail tunnel, near the town of Erstfeld, Switzerland June 1, 2016. The 57.1-km (35.5 mile)-long Gotthard Base Tunnel, 17 years under construction and designed to last a century, is part of a 23 billion Swiss franc (23.1 billion USD) infrastructure project to speed passengers and cargo by rail below the Alps, as much as 2.3 km (1.7 miles) under the mountain chain, that divides Europe's north and south. REUTERS/Ruben Sprich
Во присуство на најмоќните луѓе во Европа, отворен е Готхард Бејс тунелот во Швајцарија. Церемонијата на отворање беше бизарна и чудна, личеше на сатанистички ритуал. Најскапиот и најдолгиот тунел (57км) во светот, кој поминува низ швајцарските Алпи, чини околу 11 милијарди евра. Готхард Бејс е, како што велат, симбол на обединувањето, во контекст на растечкиот национализам, а за неговата изградба биле потребни 17 години работа.
Инаугурацијата на овој тунел е претставена пред европските лидери, како што е канцеларката Ангела Меркел, франсускиот претседател Франсоа Оланд и италијанскиот премиер Матео Ренци.
Иако многумина очекуваа стандардна претстава за отварањето на овој тунел, на гостите им беше приредена церемонија, која ја осмислил германскиот режисер Волкер Хесе. Церемонијата е исполнета со хомосексуални примеси, сквернавење на религијата, сатанизам….
Погледнете во што уживаа големите моќници на Европа:
По 37 години ООУМ „Ордан Михајлоски Оцка“ – доби ново концертно пијано. По тој повод вчеравечер, во ЦК „Марко Цепенков“ беше одржан концерт на кој настапија неколку ученици со композиции на пијано.
Последен пат вакво инструмент бил донесен во 1979 година. Пијаното е сместено во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ и ќе служи за уметниците кои ќе настапуваат во градот, како и за музичка едукација на талентирани ученици.
Градоначалникот Ристески, при посетата на овој концерт истакна дека покрај вложување во инструменти Локалната самоуправа континуирано вложува во реализација на голем број проекти кои ќе го подобрат образовниот систем во ова стручно училиште.
Оваа инвестиција чини 19 илјади евра средства обезбедени од новогодишниот донаторски концерт, кои го одржаа учениците од ООУМ „Ордан Михајлоски- Оцка, бизнис секторот и Општина Прилеп.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција по повеќемесечна оперативна обработка на податоци, прибра докази до степен на основано сомнение за сторени кривични дела со коруптивна природа каде оштетени се студенти од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје. Осомничени се осум лица од кои шест се универзитетски професори, еден демонстратор и еден управител на бифе во универзитетскиот комплекс. Лицата се сомничат за сторени повеќе кривични дела за кои ќе се одлучува по спроведената истрага. Освен примање пари, постои степен на основано сомнение дека дел од професорите барале и извршување на сексуални услуги заради полагање на испит.
Во текот на вчерашниот ден при преземените дејствија за прибирање на докази по издадената Наредба за претрес, еден од професорите е затечен инфлагранти во извршување на кривично дело – Примање на поткуп од 1000 евра, додека за останатите се обезбедени докази во изминатиот период.
Во моментот предметот е во предкривична постапка. Надлежниот јавен обвинител ја прима кривичната пријава и врши оценка за потребата за примена на мерки за обезбедување на присуство на лица и предмети во текот на постапката, по што ќе донесе мериторна јавнообвинителска одлука за која јавноста навремено ќе биде информирана.
(Интегрален текст од писмено соопштение на Јавното обвинителство на РМ)
Жак Сајах е 50-годишник за жал бездомник кој е вљубеник во боди билдингот, но нема пристап до сите скапи додатоци и справи со кои располагаат денешните теретани.
Живее на улиците во Париз со своите две кучиња, но е во страшна форма на која сите млади луѓе би му позавиделе.
Жак стана вирална приказна пред две години, но сега е повторно во центарот на вниманието. Очигледно поради причината дека е бездомник. Жак нема тегови, тој работи со сопствената тежина и тренингот му е ефективен.
Французинот исто така направил и некои чудни импровизирани справи.