дома блог страница 5290

Англичаните бараат одмазда, Русите судир со Хрватите – хаос во најава

Хаосот на улиците во Марсеј денес се сели во Лил и 25 километри оддалечениот Ленс, па и во Париз. Во Лил играат Русите, во Ленс Англичаните и Велшаните, а во Париз Германците и Полјаците. Русите најавуваат крвав колеж, Англичаните освета, а УЕФА се заканува со исфрлување од шампионатот.

 

navivaci-euro

Ескалација на и онака вжештена ситуација меѓу навивачите допрва се очекува.

Руски навивач, кој се претставил како Роман, ги опишува плановите.

tepacka-640x427

-Кога говориме за навивачите, Русите се кралеви на Европа. Англичаните нас не интересираа само поради традицијата. Тие се дебели и пијани. Сега повеќе сме заинтересирани за Хрватите и Полјаците, најаува рускиот навивач.

Критичната точка, барем во следните два дена, е северот на Франција. Сите очи по хаосот во Марсеј се вперени кон Русите и Англичаните. Се стравува дека досегашниот биланс од 35 повредени и 20 уапсени ќе биде надминат. Англиските медиуми веќе наголемо пишуваат дека тврдото јадро на руските навивачи, околу 200, секако ќе дојдат до Ленс, но и дека навивачите од Островото бараат одмазда и на сите начини ќе се обидат да дојдат до овој град.

rusi-avtobus

-Ние околу 200 луѓе во Русија долго трениравме пред ЕУРО. Не сме меки како Англичаните во нивните „Ла коста“ маички, ие сме војници, а не има од Москва, Санкт Петерсбург, подготвени сме како животни, објаснува друг навивач.

Но, и француската полиција не седи со скрстени раце. Пред два дека упаднале во хотел каде биле сместени руски навивачи, а вчера запреле автобус на влезот на Лил и уапсиле 50 навивачи. Се чини хаосот допрва нè очекува.

ОДЛИЧНА МОЖНОСТ ДА БИДЕТЕ ДЕЛ ОД ПИВОФЕСТ ПРЕКУ НАШИОТ ПРОСТОР ЗА РЕКЛАМА

11872073_1634584636798799_591845990736059166_o

Почитувани,

Портал маркукуле.мк е главен медиумски интернет покровител на годинешниот Пивофест 2016. Сите настани и случувања, програмата и четирите фестивалски денови, ќе ги најдете само на нашиот портал ексклузивно.

Нудиме одлични можности и промотивни цени за маркетинг, за сите заинтересирани кои би сакале да се рекламираат и да искористат одлична можност да допрат до своите потенцијални клиенти и потрошувачи.

Телефон за контакт: 071/684 – 973

Лице за контакт: Александар Георгиоски

Е-mail адреса: [email protected]

13335629_1355935064421797_2162557231076055675_n

 

СВЕТСКИ ПОЗНАТОТО ДИЏЕЈ ДУО СО СВОЈ ПЕРФОРМАНС НА ПИВОФЕСТ 2016

13417009_1194493280580920_1167307260161209408_o

BANG LA DECKS e супер звучно грчко DJ дуо кое ќе има свој перформанс на фестивалот на скарата и пивото Пивофест 2016 во Прилеп. Дуото кое го сочинуваат успешни продуценти има милионски прегледи на нивниот јутјуб канал и со сигурност силно ќе ја раздрма публиката под Марковите Кули и ќе биде супер надополнување на богатата програма. Нивната музика ќе предизвика силна еуфорија и адреналин, особено за љубителите на техно – хаус музиката.

Во продолжение уживајте во изборот кој го направивме од BANG LA DECKS:

 

 

Човек во долгови ја срушил својата куќа и ја истоварил пред банката бидејќи му била одземена

 

rusenje-kuca-banka (1)

Пред крај на 2013 година, човек од Бугарија кој не можел  да си дозволи да ја плати хипотеката на куќата, ги дал последните пари за да ја сруши истата непосредно пред банката да му ја одземе.

Земјиштето на кое куќата е изградена не било вклучено во хипотеката па семејството ја уништила куќата и ја дале земјата на нов сопственик.

Остатоците од зградата се истоварени во голем камион и се пренесени пред зградата на банката во Тетевен, каде е потпишан договорот за хипотеката.

Човекот кој бил во долг на банката и целото негово семејство влегле и почнале да молат и плачат за милост, но директорот на банката рекол дека тој не може да направи никаква отстапка и дека семејството имало една недела да ја испразни куќата.

Замислете го изразот на лицето на директорот кога го видел семејството како излегува од багерот  а „неговата“ куќа била истоварена пред главниот влез на банката.

Изгледа дека сите би требале така да постапиме со банките погледнете:

 

 

ПОБРЗАЈТЕ: Истекува рокот за поднесување барања за субвенции за млеко

123 (1)

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој информира дека рокот за поднесување барања за директни плаќања за произведено и предадено овчо, козјо и кравјо млеко во период од јануари до април е до денеска, како и од 25 јуни до 30 јуни.

Висината на поддршката изнесува 3,5 денари по литар, а барањата се поднесуваат електронски во подрачните единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

До денеска, како и од 25 јуни до 30 јуни завршува и рокот за поднесување барања за субвенции за несилки внесени во капацитет за производство на јајца во период од јануари до април. Висината на субвенцијата е 100 денари, а барањата се поднесуваат во писарницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, лично или по пошта. Образецот за поднесување на барањата и потребната документација може да подигне во Агенцијата или да се превземе од веб страната: www.ipardpa.gov.mk.

Од Агенцијата потсетуваат дека рокот за поднесување барање за мерките по површина и грло добиток завршува на 30 јуни.

ВИДЕО: Оваа кампања ќе ги расплаче сите љубители на животни

123 (1)

Новата кампања на француската фондација за заштита на животните „30 Millions d’Amis“ ќе ви ја покаже безусловната љубов на домашните миленици.

Видеото пренесува моќна порака: „Вашиот миленик никогаш нема да ве напушти, не го напуштајте ни вие“.

Од денеска редовна авионска линија Белград – Охрид

avion-serbia-640x294

Првиот авион на „Ер Србија“денеска ќе слета на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ со што официјално ќе се означи воспоставувањето на авионската линија Белград – Охрид.

На настанот најавено е присуство на генералниот менаџер на ТАВ Македонија, Зоран Крстевски, главниот извршен директор на „Ер Србија“ за врски и односи со Владата, Бранимир Маловиќ и на градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачевски.

Воспоставувањето на оваа авионска линија се очекува да придонесе во развојот на туризмот и во зголемувањето на бројот на туристи од Србија, но и од други европски држави со кои белградскиот аеродром има директни конекции. Исто така, македонските граѓани ќе имаат поволни можности да патуваат до Србија и до европските држави.

Исфрустрираниот Роналдо го навлече гневот со контроверзна изјава

Кристијано Роналдо не можеше да поверува дека со репрезентацијата на Португалија во првото коло од ЕУРО 2016 испушти победа над аутсајдерот Исланд, натпревар кој заврши 1:1.

 

ronaldo-640x427

-Малку нервира сето ова. Се трудевме многу да победиме, а Исланд…. Исланд ништо не се обидуваше. Дадоа гол, имаа две шанси во 90 минута, а останатото време се бранеа. Паркираа автобус меѓу стативите, па не е лесно да се игра против такви екипи. А Португалија играше фудбал, вели познатиот фудбалер.

Тој додал дека нема причина за загриженост и е сигурен дека следниот натпревар ќе го завршат со освојување на три бода. Роналдо сепак малку подетално се осврна на Исланд, репрезентација чија земја има 323.000 жители и на која ова и е прв настап на континентален шампионат во историјата.

-Тие беа тука во стилот на „брани се, брани се“. Тоа беше среќна ноќ за нив. три бода требаше да освоиме ние, но добро. Ми беше толку неверојатно што на крајот толку славеа, па помислив да не го освоиле можеби ЕУРО? Кога не се обидувате да играте, туку само се браните, тоа покажува слаб менталитет. Со таков менталитет нема ништо да направат на ова натпреварување, заклучува Роналдо.

Тешка сообраќајка на Партизанска – неофицијално двајца загинати (ВИДЕО)

simpo-640x328

Тешка сообраќајна несреќа се случила утринава на булеварот Партизански одреди во скопски Карпош.

 

Според непотврдени информации, има двајца загинати. Од снимките кои што рано изутринава ги направи ТВ Нова, може да се заклучи дека во страшниот инцидент учествувало такси возило Мерцедес, кое завршило во едно од дрвјата на булеварот.

-На местото на настанот се присутни и припадници на противпожарната екипа, кои помогаат во извлекувањето на телата. Причините за несреќата се непознати, а во меѓувреме очекуваме и потврда за информацијата за две жртви од министерството за внатрешни работи. Наша екипа е на теренот, објави ТВ НОВА.

ВИДЕО: Владо Георгиев ги покани луѓето на свадба, а пред матичарката рече „НЕ“

vlado-matrichar

Познатиот пејач Владо Георгиев и неговата партнерка Милица Самарџија направија вистинско лудило на прославата на неговиот роденден кога организираа „лажна свадба“.

Владо ги поканил пријателите и роднините во еден ресторан на прослава на роденденот, а гостите ги дочекал славеникот заедно со девојката и матичарот.

Но, кога матичарката ги прашала дали се земаат за сопружници тие заедно одговориле „НЕ“, а прославата продолжила во чест на роденденот на Владо.

Инаку Милица е бремена во седми месец. Погледнете како изгледаше лажната свадба