Исфрустрираниот Роналдо го навлече гневот со контроверзна изјава

Кристијано Роналдо не можеше да поверува дека со репрезентацијата на Португалија во првото коло од ЕУРО 2016 испушти победа над аутсајдерот Исланд, натпревар кој заврши 1:1.

 

ronaldo-640x427

-Малку нервира сето ова. Се трудевме многу да победиме, а Исланд…. Исланд ништо не се обидуваше. Дадоа гол, имаа две шанси во 90 минута, а останатото време се бранеа. Паркираа автобус меѓу стативите, па не е лесно да се игра против такви екипи. А Португалија играше фудбал, вели познатиот фудбалер.

Тој додал дека нема причина за загриженост и е сигурен дека следниот натпревар ќе го завршат со освојување на три бода. Роналдо сепак малку подетално се осврна на Исланд, репрезентација чија земја има 323.000 жители и на која ова и е прв настап на континентален шампионат во историјата.

-Тие беа тука во стилот на „брани се, брани се“. Тоа беше среќна ноќ за нив. три бода требаше да освоиме ние, но добро. Ми беше толку неверојатно што на крајот толку славеа, па помислив да не го освоиле можеби ЕУРО? Кога не се обидувате да играте, туку само се браните, тоа покажува слаб менталитет. Со таков менталитет нема ништо да направат на ова натпреварување, заклучува Роналдо.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.