Семејството Шимуновиќ од Србија е иселено од домот, затоа што во нивната куча биле најдени поскоци и смокови.
Милан Шимуновиќ од селото Дрновац пронашол во куќата легло од дури 300 змии што ја преплавиле целата куќа на ова смејство.
Во леглото на смоковите најдени се и неколку поскоци, најотровната змија во Србија.
Шокиран од откритието Шимуновиќ ја пребарал куќата и заклучил дека влекачите се накотиле зад ламперијата на таванот на куќата, а затоа што нашол неколку змии и во детските кревети, пријавил на надлежните што моментално го раселиле семејството.
Фудбалската федерација на Русија ја доби последната опомена пред исклучување од Европското првенство поради дивеењето на руските навивачи.
Русите од УЕФА добија „суспендирана дисквалификација“ која ќе биде активирана при првиот следен инцидент во кој ќе учествуваат руските навивачи.
Предупредувањето од УЕФА стигна откако во Москва беше најавено дека сите спортски функционери и федерации мораат да вложат максимални напори навивачите на Русија да не прават инциденти, како на Европското првенство во Франција.
Навивачите на Русија на самиот почеток на ЕУРО 2016 учествуваа во инциденти во Марсеј пред и по натпреварот со Англија.
Русија следниот натпревар (втор на ЕУРО 2016) го игра утре во Лил против Словачка.
УХМР ја објави последната прогноза за времето во наредните денови.
Како што информираат, во следните денови Македонија ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ која ќе предизвика сончево и многу топло време.
Најтопло ќе биде за време на продолжениот викенд кога на повеќе места температурата на воздухот ќе надмине 35 степени, а во долж повардарието ќе достигне и до 40 стпени.
Младиот петточлен бенд Pressident е вистински спој на професионални млади музичари, кој од неодамна стана силна конкуренција за другите музички состави што ја негуваат македонската народна музика. Заедно се осум месеци на сцената, но музицираат како да се познаваат цел еден век. Вокалните способноти на фронтменот Мартин Стојаноски се познати за пошироката публика од неговите настапи на музичкото шоу “Ѕвездите на Гранд”, каде ја освојуваше публиката и жири комисијата. Pressident Band е нешто ново, уникатно и секогаш ветува прекрасен помин и забава.
Кажете ни нешто за себе, од кога функционирате заедно како бенд и кои се членовите на бендот?
Пред се голема благодарност до маркукуле.мк на поканата за ова интервју. Ние сме релативно нов бенд, заедно сме скоро осум месеци. Бендот се состои од пет членови: Мартин Стојаноски – вокал, Васко Бошкоски-кларинет и саксофон, Крсте Бошкоски- хармоника, Филип Аризанкоски- клавиатури ( бас ) и најмладиот член на бендот Кирил Мулоски –ударни инструменти.
Како настана Pressident Band, кој е најзаслужен за овој музички спој, односно кој беше иницијатор за да функционирате заедно?
Како најзаслужни за овој музички спој нормално се постарите членови на бендот, браќата Васко и Крсте. Уште на првата проба веднаш се осети дека можеме да функционираме заедно и дека сите сме со иста цел, т.е. сериозна работа, почит меѓу нас и взаемно вложување труд, само тоа е патот до успехот. Во врска со името на бендот, сакавме да биде препознатливо и уникатно и се договоривме да работиме под името Pressident Band.
Каква музика негувате како бенд и каде настапувате најчесто?
Ние сме пред се група која ја негува македонската народна музика , односно што би рекле оние прави македонски веселби. Настапуваме во повеќе градови ширум Македонија, а се надеваме дека понатаму ќе излезат настапи и во странство.
Дали Pressident има до сега сработено некој самостоен проект, песна, спот?
Да, до сега имаме сработено еден самостоен проек , поточно, станува збор за преработка на шест македонски народни песни кои можете да ги слушнете на самиот Youtube канал на Pressident Band.
Кои се вашите планови за во иднина, како планирате да ја градите вашата кариера?
Во план сме најпрво да извадиме комплетно наша авторска песна и спот, потоа повторно да снимиме нови преработки и видео-записи. Исто така имаме во план да учествуваме на некој од нашите фолк фестивали, секако со своја наша авторска песна.
Дали е тешко или лесно да се напредува и да се пробива на музичката сцена, имате ли тешка конкуренција?
Како и во секоја работа така и во музиката, доколку се посветиш на работата може да се напредува и да се оди напред. Сега доста голема помош имаме од социјалните мрежи, многу работи учиме преку интернетот, за разлика од постарите групи кои порано немале од каде да црпат инспирација, па морале сами да создаваат музика. За да се пробиеш на музичката сцена, навистина треба да се вложи многу труд и работа, има доста голема конкуренција, многу групи и колеги кои секојдневно работат и вложуваат за да дојдат до позитивен резултат.
Кои се вашите желби, каде би сакале да настапувате, која е вашата цел која сакате да ја постигнете на музичката сцена?
Пред се нашите желби се најпрво да бидеме прифатени од публиката, затоа и работиме, правиме проби, го вадиме максимумот од нас. Како што споменавме и погоре, би ни било голема чест да настапиме на некој од нашите фестивали со наша авторска песна.
Од кој бенд црпите инспирација, дали станува збор за странската музичка сцена или балканската?
Ние како музичари секако дека црпиме инспирација од се што е квалитетно без разлика дали е странска музика или не, но со оглед на тоа што сме група која ја негува народната музика, нормално е повеќе да црпиме инспирација од балканската сцена, а посебно од македонската, бидејќи во Македонија има одлични музичари и бендови од кои може да се научат многу нови нешта како на музички, така и на промотивен план.
Дали прилепската музичка јавност умее да ја негува народната изворна музика и да ужива во традиционалните домашни звуци или пак моментално нешто друго се бара?
Народната изворна музика од секогаш се негувала и ќе продолжи да се негува, но за жал во Македонија е се поприсутна српската музика. Тоа влијае не само на промовирање на нова македонска авторска музика, туку и на целокупната музичка естрада. Во Србија има моќни продукциски куќи кои што располагаат со многу повеќе средства, имаат врвна опрема и очигледно е дека ќе имаат поголем успех и ќе доминираат кај нас, но секоја им чест за организацијата, професионализмот и квалитетот на секое нивно музичко шоу.
Според она што го имате како искуство до сега, дали е исплатливо, односно дали се живее од музиката, особено кога се зборува за поголем бенд како вас?
И покрај овие кризни времиња кои што се присутни не само во Македонија, туку и пошироко, од народната музика добро се живее, но како што кажавме претходно треба многу труд, работа, нон-стоп да се следат новостите кои што излегуваат, што повеќе промоција – снимање на видео снимки, спототови, проекти…
За крај, што е она што ве исполнува, ве прави среќни… дали е тоа бројноста на публиката, атмосферата, насмеаните лица ….?
Најмногу не исполнува кога ќе видиме дека публиката е задоволна, дека го прифатила она што ние го работиме, нормално добрата атмосфера и насмеаните лица се неизбежна работа. Тоа е она што не исполнува дури сме на сцена, ни враќа еден фидбек за сработеното и ни дава повеќе желба и инспирација за работа.
На Меѓународниот турнир за џудо, кој се одржа изминатиот викенд во Струга, младите џудисти од ЏК Бушидо од Прилеп покажаа лавовска борба.
На турнирот учевство зедоа натпреварувачи од 9 држави и 30 клубови, и тоа од: Бугарија, Грција, Холандија, Србија, Албанија, Хрватска и Босна и Херцеговина.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.Д. (41) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „обљуба врз немоќно лице“.
На 12. мај годинава околу 20.30 часот во Куманово, во патничко возило „Пежо“, пријавениот извршил полови дејствија врз М.С. (23), додека била во возилото заедно со нејзината тригодишна ќерка.
Сеп Блатер во интервју за весникот „Блик“ истакна дека бил сведок на лажирање на ждрепка за европски купови, со помош на топчиња со различна температура.
„Дали можеш да лажираш ждрепка за одредено натпреварување, иако милиони луѓе гледаат на ТВ? Да, јас го видов тоа со свои очи. Стануваше збор за европски натпреварување и можам да кажам дека беше направено во корист на една италијанска екипа. Тоа се прави на тој начин што топчињата што треба да ги извлечеш се или потопли или поладни од останатите. Бев сведок на таков настан. Лично никогаш не сум учествувал во такво нешто, впрочем јас никогаш не сум бил дел од извлекување на групи токму за да избегнам вакви сомнежи“ – истакна Блатер.
Седев на клупа со другарка во близина на Железничката станица, тогаш изненадно се појави тој човек и не зграбчи. Ни ги врза нозете со кошула која претходно ја искина и ја подели на неколку делови. Бевме збунети и шокирани. Не мачеше, не малтретираше повеќе од 4 часа. Којзнае уште се што ќе се случуваше да не дојдеше еден вработен за поправка на возовите, кој веднаш повика полиција.
о овие зборови започнува исповеста на А.Ј. од Књажевац, која со својата другарка беа киднапирани од лицето М.Џ. кој после повеќе часовна драма беше уапсен, а девојките ослободени без повреди.
Несекојдневната ситуација се случила во понеделникот околу 23:30 часот на Железничката станица кога двете девојчиња се враќале дома после град.
Ни нареди да молчиме…
– Седнавме на клупа да одмориме, тогаш ни пријде постар човек кој ни нареди да му ги дадеме телефоните кои потоа ги стави во една торба. Го гледавме збунето, но набрзо сфативме дека е пијан. Тогаш ја грабна мојата другарка за рака, а јас искористив да избегам, но ме бутна назат и ни нареди на молчиме. Ја соблече од себе кошулата ја искина и ни ги врза нозете. Потоа зема јаже и ни ги врза рацете, раскажува А.Ј. и додава:
– Се претстави како полицаец и ни нареди дека мора да не врзе додека не пристигне другата екипа. Потоа ни зборуваше за некој пријател и ни покажуваше колку е убав возот кој воопшто не ни беше таму. Кажуваше дека го чекал пријателот и дека сите заедно ќе заминеме во Неготин. Тортурата траеше 4 часа, а ние две молчевме од страв. Никој за тоа време не се појави, ниту можеше некој да не слушне ако баравме помош.
Соговорникот кој го раскажа случајот вели дека киднаперот земал стап и почнал да удира по вратите на просториите кои биле во близина, за цела среќа тоа го слушнал дежурниот за поправка на возовите и го прашал зошто го прави тоа. Потоа повикал полиција и за две минути пристигнале полицајците, него го уапсиле, а нив ги пуштиле да си одат дома.
Мајката на едното од девојчињата вели дека не може да верува дека некој може да ги нападне во црнтарот на градот.
– Кога слушнав што се случило останав шокирана сооглед на можноста дека можеби нашата ќерка не би ја виделе никогаш повторно.
По апсењето тој ги збунил полицајците со неговата изјава бидејќи изјавил дека тој ги врзал поради терористите.
– Морав да го направам тоа, да ги врзам, додека не дојде засилување, верував дека терористи сакаат да го кренат возот во воздух, па наредено ми беше да ги спречам по секоја цена, изјавил М.Џ. во полициската станица.
Истражување спроведено од научници од Универзитетот „Колумбија“ укажува на врскате меѓу месецот на раѓање и човековото здравје.
Експертите тврдат дека токму месецот на раѓање има влијание на развојот на некои болести.
Доктор Николас Татонети, професор на Медицинскиот центар на Универзитетот „Колумбија“, со својот експертски тим, гп истражувал влијанието на месецот на раѓањето врз развојот на некои болести.
Тие проучувале медицински картони на над милион пациенти лекувани во Њујоршката презбитеријанска болница од 1985 до 2013 година. Резултатите од ова истражување се поклопуваат со тие од истражувањата кои биле претходно спроведени во Шведска, Данска и Австрија.
Експертите тврдат дека многу поголеми шанси да заболат од астма имаат луѓе кои се родени меѓу јули и октомври, а ризик за развивање на нарушувања кај хиперактивноста и дефицит на внимание има кај лица родени во ноември.
Луѓето родени во март почесто добиваат аритмија, конгестивен застој на срцето и болести на срцевите комори. Добра вест за луѓето родени во мај е дека шансите да заболат од хронични болести се многу мали, за разлика од родените во октомври.
– Овие податоци ќе им помогнат на научниците да откријат нови фактори кои влијаат на развој на некои болести. Важно е сега луѓето премногу да не се вознемируваат поради овие резултати. Иако најдовме значајни врски, генерално гледајќи, ризикот за заболување е навистина мал. Посебно ризикот поврзан со месецот на раѓање во споредба со многу повлијателните фактори, како исхраната и физичката активност, заклучува Татонети.