дома блог страница 5284

МОЌНА прослава од УМС на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ со 100 бакљи на Камен Мост – ФОТО ГАЛЕРИЈА

Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ со над 100 бакљи поставени на Камениот мост го прослави 26 годишниот роденден на владејачката партија.

 

1212

Лидерот Никола Груевски во своето обраќање рече дека во овие 26 години ВМРО-ДПМНЕ го оправда носењето на префиксот ВМРО во своето име.

-Секогаш и секаде беше прва на браникот на татковината и интересите на својот народ и своите граѓани.Го оправда и префиксот ДПМНЕ. Вложи најмногу од било кој не само за осомостојувањето и независноста, туку и за напредокот на земјата, економски, политички, демократски, патот кон ЕУ и НАТО,националното единство, но и  реформите, изградбата на земјата, решавање на најмногу проблеми на граѓаните, делата, рече Груевски.

8

 

1

2

 

3

4

5

6

7

„Македонија вработува“ продолжува: Ќе се вработат 15 до 20 илјади лица за само една година

И кога сме кај борбата против невработеноста, еден од најуспешните проекти е Македонија вработува, кој беше наменет пред се кон поддршка на домашното стопанство и преставуваше значително олеснување и финансиска поткрепа за фирмите, но и шанса за најранливите категории невработени. Преку овој проект кој стартуваше во април 2015та и траеше до 15ти април 2016та година, за точно една година се вработија дури 19 илјади лица, при што 10 138 фирми ги искористија поволностите кои се нудеа. Иако во услови на тешка политичка криза која се повеќе се одразува и врз економијата, ние не се откажуваме и продолжуваме да работиме за граѓаните. Затоа проектот Македонија вработува ќе продолжи да се реализира и веќе следната недела владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе предложи реализација на проектот Македонија вработува 2, кој исто така ќе е на сила една година.

makedonija-vrabotuva

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање на прославата по повод 26. роденден на партијата.

Ќе бидат опфатени 5 категории на невработени лица:

Првата категорија, невработени млади до 35 години при што работодавачот ќе биде ослободен од плаќање на придонеси и персонален данок во рок од 3 години за лицата кои ќе ги вработи.

Лицето е потребно  пред вработувањето да немало заснован работен однос најмалку три месеци,a работодавачот е должен да го задржи лицето  уште 12 месеци по истекот на периодот за кој што е ослободен од плаќање придонеси.

Втората категорија, долгорочно невработени лица од 35 до 50 години при што работодавачот ќе биде ослободен од плаќање придонеси во рок од 5 години за лицето кое ќе го вработи.

Услов е лицето во последните 15 години да било најмногу 5 години во работен однос и најмалку три месеци пред вработувањето да немало заснован работен однос согласно со мерката. Работодавачот е должен да го задржи лицето  уште најмалку 12 месеци по истекот на периодот за којшто е ослободен од плаќање придонеси или вкупно најмалку 6 години.

Третата категорија се невработени лица над 50 години при што работодавачот ќе биде ослободен од плаќање на придонеси 5 години односно 60 месеци.

Услов е најмалку три месеци пред вработувањето лицето да немало заснован работен однос согласно мерката.

Четвртата категорија се невработени лица над 58 години, категорија на лица која многу тешко наоѓа работа на пазарот на труд, за нивното вработување работодавачот ќе биде ослободен од плаќање на придонеси до остварување на правото на старосна пензија на вработениот.

Невработено лице треба да е на возраст над 58 години и кое во последните две години пред вработувањето согласно со мерката немало засновано работен однос.

Петата категорија, невработени лица со социјален ризик(лица со инвалидност, родители на деца со пречки во развојот, самохрани родители,родител во  еднородителски семејства, родители на три и повеќе деца, како и поранешни професионални војници) при што работодавачот ќе биде ослободен од плаќање на придонеси во времетраење од 5 години, односно 60 месеци. Потребно е лицата три месеци пред вработување со мерката да немале заснован работен однос.

Груевски потенцираше дека ова ќе биде нов стимул на стопанството, за нови вработувања и сигурна егзистенција на многу семејства.

-Повторно очекуваме само по оваа мерка да се вработат меѓу 15 и 20 илјади невработени за само една година, додаде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Светски познатите Fly Project ќе настапат на ПИВОФЕСТ 2016: Еве кои се нивните најголеми хитови

Fly Project e романска dance, танс и латино – поп диџеј група, формирана во Букурешт. Откако е формирана во 2005 година, групата има настапувано на повеќе од 2.000 концерти ширум светот. Тие се најуспешната dance група од Романија, со златни и мултиплатинум дискови за интернационални рекорди во продажбата на своите песни.

Fly_Project_-_Sedinta_foto_-La_Vita_e_Bella-

Tudor Ionescu и Dan Denes се основачите на оваа група. Првиот албум го издадоа во 2005 година под името “Fly Project”.

Нивниот прв хит сингл, популарната песна “Raisa”, го достигна врвот на повеќе европски музички листи. Песната е запомнета како најслушан и најсакан хит на сите времиња во Романија.

Во 2007 Fly Project го повторија успехот со новиот албум “K-tinne”, уште еден погодок кој им донесе многу награди како што се: наградата за “Романски најдобар dance хит” и “Романска најдобра песна”.

Во 2008 година новата песна “Brasil” заедно со Tom Boxer им донесе нова интернационална слава и го достигнаа врвот на листите во: Русија, Бразил, Шпанија, Холандија, Турција, Бугарија, Грција, Србија…..

За нас најпознати се: “Musica”, “Goodbye”, “Back in my life”, “Mandala”, “Like a star”, a најпознатата и најуспешната песна на Fly Project  е “Toca”, koja стана светски познат хит. Истата го достигна врвот на 2 листи, а се најде дури на 15 листи во различни држави. Со оваа песна ја имаат освоено реномираната награда “Best Dance Award”, на Романските музички награди.

Посетителите на фестивалот на скарата и пивото во Прилеп, Пивофест 2016 ќе имаат единствена можност да уживаат во звуците и енергијата која ја носат Fly Project, ќе уживаат во незаборавна забава и ќе понесат прекрасни спомени од градот под Марковите Кули.

20150817T052921035

A.Г.

БОЛЕСТ! ПЕДОФИЛИЈА ВО ЕУ! Германија одобри бракови со деца!

pedofilija-ilustracija-zlostavljanje

Сите молчат! Слободна педофилија! Колку често сме чуле или прочитале по медиумите дека сме исламофоби, бидејќи ете не го сакаме исламот, иако исламот значи мир.

Ние големите хејтери, расисти, оптужени за омраза и се останато. Ние кои сме оквалификувани дека го делиме општеството. А сега, чекор по чекор, се раширува вистината за европскиот ѕвер, на која многу години наназад се предупредуваше.

 Всушност, во Германија, до пред некое време уредна земја, се отвара патот кон озаконета педофилија. Спорната пресуда ја донесе вишиот суд во Баварија, во местото Бамберг, пишува slobodnimediji.

За таа одлука на судот му било доволно да се поднесе извадок дека дотичните се регистрирани како граѓани на Германија и потврда за склучување на брак кај шеријатскиот суд.  Врз основа на тие потврди, германскиот суд, односно ресорот за млади, нема веќе право за надзор над дотичната 11-годишна девојка, која според шеријатскиот обичај е омажена за 44- годишник.

И преку “големата бара” на Копа Америка, прилепчани навиваа со државното знаме – ФОТО

13472124_10208131896629579_1809844293_n

На синоќешниот натпревар помеѓу Аргентина и Венецуела од четвртфиналето на Копа Америка, прилепчаните Дарко Исајлоски и Асенчо Мотески, со големо, развиорено, македонско знаме, гордо навиваа на огромниот стадион во Фоксбороу, Масаџусетс во САД.

Македончето колку да е далеку од својата татковина, дури и преку “големата бара”, во срцето ја носи својата Македонија.

Убавината на црвено-жолтата боја е бесценета, каде и да се појави. Само со гордо развиорено македонско знаме го задржуваме сопствениот идентитет каде и да сме.

Секоја чест момци !

 

ВОНРЕДНА ВРЕМЕНСКА: Невреме во Македонија

nevreme (6)_1369908359_670x0

Времето во Македонија ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Попладне ќе има услови за појава на изолирана нестабилност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Температурата ќе се движи од 28 до 38 степени.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе достигне до 37 степени.

И во наредните денови во попладневните часови ќе има услови за локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Дневните температури ќе бележат благ пад.

Пилот полетал без половина патници – Неможел да ги чека!

eurovings-650x396

Десетици патници на Јуровингс останале во шок откако дознале дека пилотот на нивниот лет од Дизелдорф до Дрезден одлучил да полета без нив. Авиокомпанијата подоцна објасни дека тој сакал да полета пред да стартува забраната за ноќни летови, пренесува „Раша Тудеј“.

Инцидентот се случил во петокот на аеродромот во Дизелдорф. Патниците биле организирани во два автобуси за да стасаат за летот. Оние што биле во првиот автобус успеале да полетаат, но не и оние во вториот автобус.

Гневните патници што биле оставени на аеродромот повикале полиција. Некои од нив отпатувале со автобус до Дрезден, а некои преноќиле и го одложиле патувањето за следниот ден.

Претставниците на полицијата велат дека инцидентот се случил поради тоа што летот првично бил одложен. Првично бил закажан за 19.05 часот, но потоа поради штрајкот на италијанските аеродромски работници и лошите временски услови бил одложен за 21.35 часот.

На германските аеродроми има рестрикции за ноќни летови. Според легислативата, ЕУ има воведено рестрикција на летовите помеѓу 23.00 и 07.00 часот.

Ноќен живот во Прилеп – Corner Pub, Club Calypso & Take Five – 18.06.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”290″ gal_title=”NokenzivotPrilep18062016″]

Струјата од јули ќе поевтини?!

Струјата со нова пониска цена. Регулаторната комисија за енергетика кон крајот на месецов ќе треба да ги соопшти пресметки за новата цена на електричната енергија. Канал 5 неофицијално дознава дека и годинава ќе има надолна корекција на цената или сметките од јули ќе бидат пониски, објави телевиизјата.

 

strujata-640x360

Но за колкав процент ќе биде намалувањето никој не знае. До регулаторната комисија веќе се поднесени трошоците на компаниите но што има во нив не се соопштува. Неофицијално дознаваме дека две од трите компании врз чии извештаи се формира новата цена на електричната енергија бараат намалување и тоа кај едната да изнесува над 30 проценти.

Упатените во бизнисот велат дека намалувањето на цената е за очекување поради фактот дека на берзите мегаватот во последната година е паднат за над 10 проценти. Предвидувањата се дека и во наредната година за долгорочните договори цената ќе биде само нешто повисока од 30 евра за мегават. Во последните 6 месеци пак на нај референтните берзи за нас унгарската и бугарската, мегаватот се продава во просек за 25 евра за мегават. На бугарската ИБЕКС во моментов пиковата цена изнесува 22 евра, слично колку што чини и на унгарски ХУПЕКС.

Дополнително велат драстично се намалени и трошоците на енергетските компании бидејќи зимата беше блага и без поголеми дефекти по мрежата за разлика од минатата година, па за очекување е да поднеле и извештаи со пониски давачки.

За намалување придонесува и се поголемиот број на компании кои струја набавуваат токму од слободниот пазар. Снабдувачите велат дека сметките кај одредени потрошувачи се намалиле за дури 30 проценти.

Лани намалувањето кое ќе важи до 1 јули годинава изнесуваше 0,33 проценти при што од вкупната сметка 50,6 отсто завршуваат во касата на Елем, 44 кај ЕВН и 5,24 проценти кај Мепсо.

Моника Белучи: Ако си слаб, не значи дека си убав

Италијанската актерка Моника Белучи, со сигурност не е Бонд девојка, туку Бонд жена, која и во 51-та година од својот живот се уште изгледа мошне привлечно.

 

monika-beluci-640x291

-Жена од 50 години никогаш нема да има енергија како жена во нејзините 20-ти. Претпоставувам дека на 50  започнуваме повторно да живееме, вели таа.

Сепак, Белучи не е типична ѕвезда која се обидува да изгледа вечно младо, ниту пак да се подложува на тешки тренинзи и диети со цел да ја задржи витката линија.

DV1967474

 

-Ако си слаб не значи дека си убав. Жена сум и имам облини. Премногу сум мрзелива за да одам во теретана. Сакам да јадам чоколадо, тестенини и со пријателите да седам во теретана. Не сум опседната со тоа да бидам слаба, додава актерката.