дома блог страница 5283

Во Големо Коњари се славеше Духовден: При крај е и изградбата на плоштадот и паркот

2

Градоначалникот Марјан Ристески денеска го посети населеното место Големо Коњари кое го слави слегување на Св. Дух – Духовден, втор ден.
„Славејќи го овој голем ден, на Вас и на сите верници Ви посакувам мигови на разбирање и бериќет во секој дом. Господ нека не поведе во радоста на празникот и во љубовта кон верата.
Нека е за многу години големиот празник , посочи градоначалникот Ристески.

6

5

 

 

1

3

Градоначалникот Ристески го посети плоштадот и паркот каде при крај се градежните активности. Овој проект ќе биде реализиран преку проект на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, општина Прилеп и Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион, каде населеното место Големо Коњари ќе добие плоштад и парковска површина.

8

7

Оваа инвестиција ќе чини три и пол милиони денари. Паркот ќе опфаќа пешачки патеки, хортикуларно уредени површини, клупи за одмор и детски реквизити за забава на најмалите. Со новиот парк, на жителите ќе им се овозможи дружење и забава, како на најмладите така и на постарите. Општина Прилеп, покрај редовното спроведување на активностите во градот, се грижи и за подобрување на културниот живот во руралните средини.

13

14

15

11

ВИДЕО – Cold Play го кренаа на нозе Вембли: Моќна изведба на “Sky full of stars”

1212

Музичката група Cold Play во четвртокот вечерта одржаа голем концерт на Вембли стадионот во Лондон.

Огромно ѕвездено небо се формира над преполниот стадион, а атмосферата особено се загреала за време на изведбата на “Sky full of stars”.

Погледнете ја оваа моќна изведба:

А.Г.

ГАЛЕРИЈА – Викенд поминат во името на боречките вештини: Во Прилеп се одржа “Крал Марко Опен”

23

Викендов во Прилеп се одржа спортски натпревар во боречки вештини ” КРАЛ МАРКО ОПЕН“ . На натпреварот учествуваа 30 натпреварувачи од градовите : Прилеп, Скопје, Битола, Охрид, Кичево, Готивар, Куманово и од Кралјево (Р.Србија). Натпреварот имаше пред се за цел стекнување нови искуства за натреварувачите, тренерите, судиите и клубовите. Натпреварот беше одлично организиран и се одвиваше во опуштена и спортска атмосфера. Натпреварувачите беа добро подготвени и прикажаа одлични и фер борби. Од ЦБВ ”МАКСАМ ФАЈТ” – Прилеп учествуваа во главниот дел на натпреврот 5 натпреварувачи, кои освоија три победи и два порази. Победи освоија Стефан Сталески – категорија до 62 килограми, Христијан Тасески во категорија до 66 килограми и Мартин Трајкоски во категорија до 100 килограми. Поразени беа Игор Велски во категорија до 71 килограм и Филип Јовановски – категорија до 83 килограми.

[Best_Wordpress_Gallery id=”291″ gal_title=”KralMarkoOpen2016″]

Натпреварот беше поделен на ревијлен дел со учесници без искуство, воведен дел за лица под 18 години и главен дел за лица над 18 години о претходно искусвтво во микс боречките вештини. Најдобар борец на турнирот според одлука на судиите и тренерите е избран натпреварувачот од ”Д’ Стонгест ММА Тим” од Скопје – Стефан Пецевски. Натпреварот беше официјално отворен од страна на градоначалникот на град Прилеп – Марјан Ристески, кој се обрати на присутните, ја поздрави публиката и им посака успех на сите наптреварувачи.

ФОТО: Илјадници граѓани се собираат по повикот на ГДОМ

Илјадници граѓани се одзваа на повикот од Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ).

 1
-Да се собереме сите и да испратиме гласна порака и охрабрување до судот: судете според закон, а не според политички нарачки!, повикаа вчера од ГДОМ.
2

Собирот на ГДОМ се очекува да стане уште помасовен, бидејќи постојано доаѓаат граѓани од Скопје и цела Македонија. Се очекува членовите на ГДОМ на Судот да му предадат Декларација.

8

3

4

5

6

7

Страшно невреме носеше се пред себе: Загинаа 11 деца

123 (1)

Група од околу 49 туристи, претежно деца, била заробена во невремето кое се одвивало на езорот Карелија, на северозападот на Русија. Официјално е потврдено дека во силната олуја 11 деца и една возрасна личност го загубиле животот.

Групата го почнала патувањето во саботата, а имало доста деца од 12 до 15 години. Преку ноќта ги зафатило невреме, при што некои не успеале да се спасат.

Има и исчезнати дечиња по кои се трага. Телата на дел од загинатите се веќе извлечени од водата.

1234

Е ова е ќотек: 5 Руси “шамараат” 20 Англичани поради знаме – ВИДЕО

hqdefault

Во вторникот вечерта, англиските навивачи јавно осквернавеа руско знаме во францускиот град Лил, кое било закачено на врвот на еден ресторан.

Руските навивачи сепак не им останале должни, па одлучиле да им одговорат со “иста” мера.

Всушност, пет руски навивачи, според тврдењата на очевидците, нападнале 20 Англичани, и добро ги “нашарале”.

За тоа дека Англичаните биле совладани, говори и фактот што морале да користат некаков спреј за да ги избркаат разлутените Руси.

Поглднете:

А.Г.

 

МАРКУКУЛЕ АНКЕТА: На што ве потсетува Прилеп во 2005 година?

Изминатите месец дена, испровоцирани од политичките случувања во Прилеп и секојдневното уништување и нагрдување на новата општинска зграда од страна на така наречената Шарена револуција, спроведовме анкета која гласеше: Кој треба да ја плати штетата на уништената зграда на општина Прилеп?

Добиените резултати се следни: 84% од читателите кои одговориле на анкетата, сметаат дека одговорноста треба да ја сносат луѓето кои ја уништувале, а само 16% сметаат дека штетата треба да ја платат сите граѓани на општина Прилеп.

Наредната анкета гласи: НА ШТО ВЕ ПОТСЕТУВА ПРИЛЕП ВО 2005 та?

[democracy id=”13″]

Најсексипилните затворенички ширум светот: Кога ќе ги видите ќе посакате да сте на робија – ФОТО

На овие девојки две работи им се заеднички: добриот изглед и досието.
37177_pjimage-11_ff
Не се некои големи криминалци (која како), но на мажите ширум светот им е драго што завршиле зад решетки.

Па да почнеме:

Меган Меглаф една ноќ на Флорида возела пијана. Непланирано завршила во затвор.

Но, три години подоцна, нејзината слика од затвор завршила на интернет. Така станала популарна како “згодна криминалка”.

Во меѓувреме се развела, го променила презимето, но и понатаму останала “посакувана затвореничка”. Инаку е мајка на три деца и сега се презива Симонс.

37154_article0191ce745000005dc774-634x638_ff

 

Следна е Анџела Коатес од Мајами

Таа е уапсена поради нарушување на јавниот ред и мир, а кога нејзината слика е поставена на интернет, и нуделе да и ја платат кауцијата од сите страни на светот.

Кога бившата мисица на Тексас украла маица од 69 долари, не можела ни да претпостави дека ќе биде дел од оваа листа.

Но, нејзината слика од затвор го прошета светот, па Лорета Тавера станала позната и по своето досие.

37168_article00d5d521d00000578331-468x334_ff

А сега убавицата која ја знаеме од познатиот спот “Blurred lines”.

37170_el_ff

Taa e зајачица на Плејбој, и втора придружничка  на натпреварувањето на Мис на САД за тинејџери. Нејзиното име е Ела Еванс.

Нејзината грешка е “само” тоа што вечерала во ресторан со пријателите, па побегнала да не ја плати сметката, но ја заборавила ташната во која имало марихуана. Ја изгубила титулата Мис, но добила популарност.

37169_elevans_ff

И за крај: Стефани Бедоин, која ограбила 42 куќи, а поради изгледот мажите на интернет и порачаа: – “Влези и во мојата куќа, те молам!”

 

Слушнала бебешки плач, кога отишла да дознае што се случува, имала што да види! – ВИДЕО

И како после ова да не ги сакате….

37271_screenshot-1_ff

Многумина велат дека бебињата и кучињата не можат да растат заедно, но кога ќе го погледнете ова видео, ќе го видите всушност спротивното.

Мајката го чула плачот на своето бебе, а кога побрзала да провери што се случува, имала што да види….

A.Г.

Таткото на Цеца задржан во притвор

cecaaa-650x396

Додека српската фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ уживаше на одмор во Кипар нејзиниот татко беше задржан во полиција. Како што дознава српскиот портал „Ало“ 67-годишниот Слободан Величковиќ беше задржан во притвор затоа што во четвртокот попладне бил затекнат како вози пијан.

За време на контрола на возачите, полицијата го сопрела белиот автомобил недалеку од автобуската станица во Житораѓа, со кој што управувал Величковиќ. На полицијата веднаш и’ било сомнително однесувањето на возачите па побарале да му направат алко-тест. Сепак, тој веднаш одбил, па полицајците биле приморани да го однесат во полициска станица.

ceca-tatko-768x1092

Инаку татко и на Цеца во 2012-тата година помина една ноч во полиција откако предизвика сообраќајна несреќа. Беше задржан за да се истрезни откако било утврдено дека вози со 1,22 промили алкохол во крвта. Во инцидентот немаше повредени.

Величковиќ во четвртокот бил задржан до еден часот по полноќ, по што бил пуштен дома.