дома блог страница 5285

Балотели потпишува за Вардар!

Бразилец кој има 27 години и чие презиме е исто како оној славниот Марио го засилува првакот на денот кога ќе се добие противникот во ЛШ, објави Македонски спорт.

fk-vardar-akademija

Вардар во нападот добива играч со звучно презиме. Балотели ќе биде засилување за „црвено-црните“ редови. Да, Балотели доаѓа во скопскиот тим, ама не оној Марио, оној славниот којшто играше во големи клубови и којшто беше италијански репрезентативец. Не е ниту Џон Обрегон, играчот којшто е на проба и којшто е „копија“ со вистинскиот Балотели. Овој кој треба да дојде во Вардар е Џонатан. Цело име му е Џонатан Боарето дос Реис Балотели.

baloteli-vardar

Има 27 години и тој ќе биде засилување во офанзивата на првакот. Висок е 1.85, и игра со десната нога. Работата е веќе готова, и треба само да се приклучи на екипата во Австрија. Со тоа, конечно шампионот да го добие она по кое беше во потрага, а тоа е голгетер. Дали овој Балотели ќе биде барем блиску до квалитетите на оној вистинскиот кој сите го познаваат, останува да се види.

Џонатан Балотели е играч којшто минал многу клубови во Бразил. Од Виторија-Пе, преку Фрибугуенсе, Пескеира, Макае, Аудакс, Калдас Новас во последните шест месеци минал во редовите на Трабалхадоре.

varadr

ДОГОВОР НА ДВЕ ГОДИНИ

Договорот што Балотели ќе го потпише со Вардар е во траење од две години. По долга потрага „црвено-црните“ добиваат класичен голгетер којшто ќе треба да биде засилување во нападот за настапите во Лигата на шампионите, но и за првенствените дуели од идниот шампионат. Балотели ќе биде задолжен за голови, и останува само да се види со какви квалитети располага и дали ќе одговори на предизвикот.

Во понеделник стартуваат подготовките за Победашите

Stolb_vo_odbranata_-_Valentin_Kolevski

Бргу поминува летниот одмор за фудбалерите на Победа. Уште само четири дена и в понеделник (10 ч.) е првиот собир. Навивачите со нетрпение го очекуваат стартот на подготовките за да ги видат новите играчи. Ќе има повеќе засилувања на екипата која го освои првото место во второлигашката конкуренција. Прв пристапи стоперот Дарко Илиески од Металург. Има најава уште за некој повратник во градов.  На клубот му се нудат фудбалери и менаџери. Претстои избор на најповолните, за местата на кои се најпотребни.

Од досегашните првотимци, се прават напори да се задржи “костурот”. Засега нема најави за заминување. Договори се потпишани со безмалку цела постава. Покрај новиот Илиески, потпис за верност кон клубот неделава ставиле: голманот Даниел Котевски, стоперите Александар Крстески и Валентин Колевски и бекот Даниел Котески. Претходно потпиша првата група од четворица: за врска Столе Дунимаглоски, Христијан Петрески и Јорданчо Наумоски, како и шпицот Николче Шаркоски. Како готова работа за потпис се смета со бекот Денис Димитриоски. Се очекува да стават параф и останатите фудбалери.

Ќе се почека за ждрепката и распоредот за новото првенство, поради процедурите. Предлогот за старт на прволигашката сезона на 7 август треба да биде изгласан на УО на ФФМ. Потоа ќе има ждрепка за Првата лига. Според новиот систем, ќе се играат четири круга по девет кола или вкупно 36, а нема да има плеј – оф и плеј – аут. Од лигата директно ќе отпаднат деветтиот и десеттиот тим, а осмиот ќе игра бараж за опстанок.

Домаќини во Битола?

Има најава дека наскоро ќе се реновира градскиот стадион “Гоце Делчев”. Оттука и прашањето: Каде ќе игра Победа во улога на домаќин? Ако има услови првите есенски кола, можеби ќе ги игра на прилепскиот терен, а потоа е преселбата. Се споменува стадионот “Тумбе Кафе” во Битола. За тренинзи останува теренот на Могила или кај некогашната Зоолошка.

Извор: НЕДЕЛНИК ЗЕНИТ

 

НАУЧНИЦИТЕ ТВРДАТ: Ова е жената со најсовршеното тело и гради – ФОТО

Истражувачите од Универзитетот во Тексас ја избраа британската манекенка и глумица Кели Брук за сопственичка на најсексипилното тело на светот.

keli-bruk

Триесет и шестгодишната Кели е окарактеризирана како жена со совршена фигура. Висока е 168 цм,  нејзините облини се 99-63-91, а во прилог и оди и тоа што оваа дама е целосно природна и не се подложувала на пластични операции.

kelly-brook-one-big-happy

kelly-brook-un-diez-como-modelo-actriz-y-ejecutiva_p7jv

7adf5ca0-df6f-11e4-b28c-a3acb8ad1c8a_Kelly-Brook-bikini

68dff4298fe5eeddaf64ba4e517444d1

A.Г.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО – Додека се снимал во живо на Фејсбук, ја снимил својата смрт

Чикаго – Антонио Перкин (28) е убиен во Чикаго додека во живо се снимал себе си на Фејсбук.

Covek_crnac_Jutjub

Перкинс се снимал себе си во западниот дел на Чикаго, кога за сега непозната личност пукала во него. После тоа се слушаат врисоци на неколку луѓе и плач на жена.

Видео снимката многу брзо стана актуелна на друштвените мрежи.

Ова е втор пат во три месеци во Чикаго во живо да биди снимено пукање. Во март непознат маж е погоден дури 16 пати.

Опцијата на Фејсбук “live stream” овозможува директен пренос и покрената е во 2010 година, а својата експанзија ја доживеа во последните неколку месеци.

А.Г.

Четка, пунџа, локни… Најбизарните фризури на Европското првенство – ФОТО

Овие фудбалери или фризерот јако ги зафркнал, или се љубители да имаат необични “нешта” на главите. Тука пред се предначат Швајцарците и Белгијците.
36687_clipboard_ff
Ѕвездите на Европското првенство во Франција до сега не не импресионираа со своите партии на теренот, но во нешто се сепак впечатливи.
Направивме краток избор на најбизарни фризури.
Погледнете:
1. Пол Погба
36690_1-pogba-ap-martin-meissner_ff
2. Иван Перишич
36691_2-perisic-fonet-fonetap_ff
3. Маруан Фелаини
36693_3-felaini-reuter-kai-pfaffenbach_ff
4. Марек Хамшик
36694_4-hamsik-ap-frank-augstein_ff
5. Јоан Џуру
36696_5-djuru-reuter-handout_ff
6. Марко Арнаутович
36697_6-arnautovic-reuter-michael-dalder_ff
А.Г.

ВИДЕО – Типична руска ситуација: Се судрија, па се испотепаа

Не велат за џабе: “Само во Русија”.

37452_udes_ff

Навикнати сме на секакви видео снимки од Русија. Најновата е тепачка “два на два”.

На една раскрсница во Москва, возач на Пасат не го видел знакот “Стоп” и се судрил во комби Рено.

37451_udes_ff

А потоа започнал вистинскиот судир.

Погледнете за што станува збор:

А.Г.

За потегот на ова дете пред натпреварот Унгарија – Исланд, зборува цел свет – ВИДЕО

Малиот е шмекер, нема што…

37476_opa-reuter-jeanpaul-pelissier_ff

Не може да се речи дека мечот помеѓу Унгарија и Исланд е нешто посебно интересен и привлечен, но пред самиот почеток на мечот видена е една многу интересна ситуација.

Едно од децата кои излегоа заедно со играчите, за време на интонирањето на химните  со својата реакција го освои светот.

Погледнете за што се работи:

А.Г.

ВИДЕО – Федерер се “распаѓа”: Tинејџер од Германија му одржа лекција

На Федерер ова му е прв пораз од некој тинeјџер после 10 години и неуспехот против Ени Мaрија.
37388_federer-fonet-fonetap_ff
Младиот германски тенисер Александар Зверев се пласира во финалето на турнирот во Хале, а во полуфиналето го победи Швајцарецот во три сета 7:6, 5:7, 6:3.

А.Г.

Саботно кафе во Прилеп – 18.06.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”289″ gal_title=”Саботнокафе18062016″]

Во Буба стара 42 години направил мултимедијален систем и простор за играње табла – ФОТО

5

Агентот за недвижнини од Адапазари во турската провинција Сакариа, Ерчан Тунца на својот автомобил Волфцваген буба, кој го купил за 8.000 лири (2.395 евра), потрошил уште 112.000 лири (33.541 евра).

3

1

2

Автомобилот е произведен во 1974 година, а Ерчан на него променил се, од прозорите до седиштата, од воланот до моторот.

7

4

Тој во својата буба вградил мултимедијален систем, а вметнал и простор за играње табла. Вградил и мала кујна во која има место за кафе и чај. Овој вљубеник во автомобилите вели дека својата буба сака да ја вози уште долго време.

8

Исто така во автомобилот има и три телевизори, а инсталирани се и електрични прозорци. Седиштата се обложени со кожа која е порачана од странство и рачно шиена.

6

А.Г.