дома блог страница 5279

ВИДЕО – И пријде на змијата и ја фати за опашката: Она што ќе се случи ќе и приреди животен шок

12

Оваа жена забележала змија во својот двор и одлучила да ја сними. Го зела својот мобилен телефон и се приближила колку што можела, а потоа направила голема глупост.

Ја фатила змијата за опашката, а она што се случило неколку мигови подоцна и приредило животен шок.

Погледнете…..

А.Г.

ХОРОР ВО ПРИЛЕП: Ја тепал, влечел, кубел и киднапирал 13 години помладата девојка

policijayeti3

Вчера околу 18 часот и 30 минути во Прилеп, 30-годишниот Т.В. најпрвин и се заканувал, а потоа и физички ја нападнал неговата седумнесетгодишна девојка. Насилникот, според податоците од полицијата, ја нападнал неговата девојка во ресторан покрај вештачкото езеро, откако му соопштила дека сака да ја прекине врската со него.

Таа тргнала накај дома, а прилепчанецот со патничко возило ја стигнал пред бензинска пумпа, застанал и и’ се заканувал, по што излегол и со рацете ја влечел за коса, ја отворил вратата одвозилото, насилно ја внел на совозачкото седиште, продолжил да ја влече за косата и ја удирал со рацете по лицето и телото. Потоа со туркање ја извадил од возилото, го напуштил местото на настанот  и се упатил во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на насилникот.

Започнува Прилепското културно лето

06-07

Во петок 24 јуни во 19.30 часот во галеријата од ЦК,,Марко Цепенков,, во Прилеп ќе се отвори изложбата ,,Момент,, од вајарот Емил Солески од Прилеп. Пред своите сограѓани уметникот ќе се претстави со осум дела изработени во камен.

Со отворањето на изложбата ЦК,,Марко Цепенков,, ја стартува годинашната манифестација ,,Прилепско културно лето,, на која, речиси до крајот на август ќе се одржат бројни настани – концерти,(на хорот Злата Мегленска, на харфа на Мерсиха Шукри, на Арт либитум трио, на групата Баклава, на Фан проџект, на Бобан Мирровски…) изложби, интернационалната ликовна колонија Дрен, манифестацијата Изворен фолклор на балканските народи  и др.

02-03

…КОН ИЗЛОЖБАТА

Можеби индивидуална , повеќе универзална естетика поврзана со природата,

нејзините форми, текстури, појави во даден момент……Колку блиску е сега…..

….случајност на која ние делуваме

 

ЗА МОМЕНТОТ НА ЕМИЛ СОЛЕСКИ

Соединувањето со каменот создава привид на слевање на тишината во громогласниот екот на ѕвекот и екот од дамнини. Моментот има свој почеток, а крајот е во секој од нас. Давајќи му живост на студенилото, топлина на мртвилото, и бројни варијации на димензијата, Емил Солески ни доловува моменти од нашите клокотења преточени во изблик на несекојдневни моменти. Потенцирам несекојдневни моменти оти само тие оставаат трага во времето.

Никола Јованоски

 

Биографија за Емил Солески

Роден 1969 г.  во Прилеп. Студирал на Факултет за ликовни уметности – Скопје, отсек вајарство во класата на проф. Бранко Конески, со конзервација и реставрација кај проф. Благоја Кузмановски. Дипломира во 2002 под менторство на проф. Жарко Башески.

Првата самостојна изложба со наслов „Ритам“ – 2002 г. ја поставува во склоп на Н.К.С. „Десет Дена Крушевска Република“.

10-11

 

Самостојни изложби:

2002 – „Прогресија“ – Ц.К. „Марко Цепенко“ – Прилеп

2003 – „Корија“ –. Чифте амам – Прилеп

2003 – „Корија“ – Галерија „Никола Мартиноски“ – Крушево

2007 – „Птица“ – Ц.К. „Марко Цепенко“ – Прилеп

2010 – „Скици“ – Споменик „Илинден“ – Крушево

2014 – „Слива“ – Ц.К. „Наум Наумовски – Борче“ – Крушево

 

Групни изложби:

2002 – студенти на Ф.Л.У. – „дом на АРМ“ – Скопје

2008 – Берат – Албанија

2008 – Крушево

2007, 2011, 2013, 2015 – „СКУЛПТУРИ НА НОВОТО ВРЕМЕ“ – Куманово, Струмица, Прилеп

2010, 2011, 2012, 2013, 2014 – Д.Л.У.П. – Ц.К. „Марко Цепенко“ – Прилеп

 

Монументална скулптура:

2009 – Бисти на народните херои – Могила на непобедените – Прилеп

2012 – Пере Тошев, Пеце Атанасовски – Прилеп

 

Работи како ликовен педагог во Крушево. Живее во Прилеп.

ФОТО: Отворен комплексот „Македонско село“-Македонската традиција и култура на едно место

Новата туристичка атракција „Македонско село“ лоцирана во село Нерези денеска и официјално е отворена за посетителите.

 

1

На отворањето беа присутни претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, вицепремиерот Владимир Пешевски, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи Никола Попоски, како и лица од јавниот и политичкиот живот.

2

Со одлука на Владата, „Тинекс“ и хотел „Квинс“ – два субјекта кои се во сопственост на Владимир Тодоровиќ и неговото семејство, ќе стопанисуваат со комплексот „Македонско село“ во наредните 20 години. Постапката за избор на концесионерот ја спроведе владината Служба за општи и заеднички работи (СОЗР).

Вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски на отворањето истакна дека „Македонско село“ е еден од покрупните камења во големиот мозаик што Владата го гради во изминатите 10 години за да направи успешна туристичка приказна. „Македонско село“, рече тој, им нуди на странските гости за кратко време на едно место да ја видат цела Македонија во мало, нејзината историја, традиција, архитектура, култура и да уживаат во гастрономијата и македонското вино.

-Ваков пример немаше досега во Република Македонија и добро е што со управување на овој комплекс се зафаќаат луѓе кои се докажале како успешни во речиси се што досега правеле во животот. Сметам дека е тоа доволно силна гаранција, рече Пешевски на отворањето на комплексот на кое присуствуваше и претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски во чиј мандат како претседател на Владата почна да се реализира овој проект.

3

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека се работи за исклучително значаен проект во функција на промоција и афирмација на богатата македонска културна ризница бидејќи, покрај одмор на падините на Водно, „Македонско село“ е и музејска поставка на предмети, носии, сувенири, презентација на стари занаети и обичаи.

-Етнот-селото е своевиден повик за разоткривање на богатата традиција на нашата земја, водич за сите што доаѓаат во Македонија. Уверена сум дека етно-селото ќе има големи придобивки во контекст на туристичката промоција на нашата земја, на културниот туризам кој во последните години бележи навистина одлични резултати и посетеност на голем број туристи од целиот свет, а верувам дека работата на овој комплекс ќе има и голема економска оправданост и бенефит, рече Канческа-Милевска.

4

Цветанка Христовска, бренд-менаџер на „Тинекс“, посочи дека нивна визија е „Македонско село“ да понуди врвна услуга, пријатен престој и незаборавно искуство со уникатни содржини низ кои се промовира македонската култура.

-Чест и задоволство, а истовремено и голем предизвик е што ја имаме можноста да стопанисуваме со овој уникатен комплекс каде секојдневно ќе се раскажува македонската приказна, истакна Христовска.

Лела Крстевска, директор на Агенцијата за промоција на туризмот, рече дека ќе се погрижат да ја поддржат работата на „Македонско село“  со тоа што ќе го нудат во своите промотивни брошури и ќе го претставуваат на туристичките саеми.

-Минатата година безмалку половина милион странски туристи ја посетиле Македонија и, за жал,  немаа можност да го видат ова што денеска ние го гледаме. Овој прекрасен комплекс ќе значи збогатување на понудата на македонскиот туристички производ, со кој ќе се гордееме на сите саеми и манифестации каде што Македонија се претставува како туристичка дестинација, рече Крстевска.

5

„Македонско село“ е комплекс изграден во традиционален дух на македонската архитектура од 19-ти и 20-ти век. На површина од 12.000 м2 комплексот е составен од шеснаесет автентични куќи со сместувачки капацитет од 100 гости.

6

Селските куќи се изградени по ликот на куќите од различни географски подрачја на Македонија и тоа: куќа од Битола, Велес, Прилеп, Галичник, Рекански крај , Кратовска, Беровска, куќа од Делчево, Куманово, Тетово и од Скопска црна гора.

Посетителите ќе можат да уживаат во богатите вкусови на македонска храна и амбиент во трите ресторани кои нудат различна гастрономска понуда.

7

Етно амбиентот е надополнет со занаетчиски работилници каде гостите ќе можат да се запознаат со традиционалните занаети карактеристични за македонското поднебје, а за најмладите амбиентот ќе биде збогатен со домашни животни.

8

Во комплексот е изграден Етнолошки музеј во кој ќе бидат изложени предмети од македонската култура, народни носии, како и археолошки содржини.

9

Таа пред спиење става сапун под постелнината – причината ќе ве остави без зборови

123 (1)

Синдромот на немирни нозе е многу непријатна состојба која може да се манифестира со  грчеви во нозете, кои може да се разбудите во средината на ноќта. Во прилог на нозете, главата, рацете, торзото и други делови од телото може да бидат погодени. Главната причина на сидромот на немирни нозе е пореметување во нервниот систем, што се чуствува како нозете мрдаат. Симптомите се јавуваат во текот на ноќта. Најлош дел од сидромот на немирни нозе може да биде многу болен и да го направи живото многу неудобен. Како што е споменато, самата состојба е неизлечлива, меѓутоа постои природен лек кои многумина тврдат дека делува.

Овој трик се темели со употреба на сапун. Се што морате да направите е да го ставите сапунот по чаршафот. Многу луѓе ставаат сапун  и во чорапите.

Заменете го сапунот секој месец бидејќи има тенденција да се исуши во 30. ден.

Оваа метода нромално не е потврдена научно, тие кои се обиделе со овој трик се задоволни од неговата ефикасност. Тие луѓе тврдат дека чување на свеж сапун под посетелнината ги олеснува нивните симптоми. Доколку патите од оваа состојба, вреди оваа метода да се проба.

Едноставни рецепти за вработени мајки

sendvici-630x396

Ако сте мајка и притоа сте вработена, тогаш сигурно не стигнувате да размислувате за тоа што ќе подготвите денеска за ручек. Овие едноставни рецепти ќе ви помогнат за кратко време да подготвите вкусен оброк.

Топли сендвичи

Потребно е:

250 гр меко сирење

6 лаж мајонез

2 лаж магдонос

пола лаж. масло

2 млади кромидчиња

8 парчиња шунка

8 парчиња леб за тост

1 зелена јаболка

Сол и пипер

Подготовка:

Во чинија измешајте ги сирењето, маслото, младиот кромид и пиперот. Загрејте го тавчето на средна температура. На едно парче леб наредете две парчиња шунка, едно парче јаболка, додадете ја смесата со сирење и ставете парче леб кое ќе го намачкате со една лажичка мајонез.

На тавче ставете го сендвичот да се попржи и тоа на страната на која сте го намачкале мајонезот. Благо притиснете и по 45 секунди, намачкајте ја горната страна на сендвичот со мајонез и свртете. По 30 секунди тргнете го сендвичот од оган и ставете го на чинија па пресечете го на пола. Повторете го истото со остатокот од лебот.

omlet-300x337

Омлет

Потребно е

6 јајца, 2 лаж масло, 1 црвен кромид, 1 лута пиперка, 2 лаж ситно сечкан магдонос, една лаж црвен пипер, сол и пипер.

Подготовка:

Изматете ги јајацата околу една минути додека не се создаде пена. Во јајцата додадете ги ситно исечканиот кромид и добро измешајте. Додајте малку сол и пипер. Загрејте го маслото на средна температура и ставете ја претходно подготвената смеса со јајцата. Мешајте, а потоа покријте и печете околу двеипол минути. На чинија или поклопец пренесете го омлетот и свртете за да го испечете од другата страна. Печете уште една минута.

ВИДЕО: Претресот во домот на Мајкл Џексон – Еве што најде полицијата!

majkl-pretres

Британски „Мирор“ објави видео снимка од полицијата за време на претресот во домот на познатиот крал на попот Мајкл Џексон од 2003-тата година.

Како што претходно објавија американските медиуми Мајк Џексон имал голема колекција на детска порнографија во својот ранч „Neverland“. Ова стои во полициските извештаи од 2003-тата година, кои американските медиуми ги добија неодамна. Инаку „Мирор“ објави и видео снимка од самиот претрес во „Neverland“ што се случил во 2003-тата година.

За време на полицискиот претрес кој следувал по тврдењето на едно момче дека светски познатиот музичар на неколку наврати сексуално го злоупотребувал, пронајдени се многу фото албуми и снимки кои подоцна биле користени како материјал во

Според полициските извештаи, само во спалната и тоалетот на Џексон биле пронајдени најмалку 7 колeкции на фотографии и снимки на кои имало момчиња во тинејџерските години, а во некои случаи и помали. Тие биле сосема голи или делумно облечени.

Документите го разоткрија Џексон како манипулативен предатор луд за секс и дрога, кој користел крв и сексуално експлицитни фотографии од жртвување на животни и перверзен секс на возрасни за да ги натера децата да го прават она што сакал тој, вели еден од полицајците кои работеле на случајот.

Гавин Арвизо тврдеше дека кога имал 13 години и кога се борел со рак престојувал на имотот на Мајкл Џексон, каде пејачот сексуално го злоупотребувал.

AKO НЕКОГАШ ГО ПРОНАЈДЕТЕ ОВА ВО ШУМА: Не допирајте и не паничете

12121

Природата навистина може да биде многу чудна понекогаш. Сепак постои нешто што е малку повеќе чудно од она се што сте виделе до сега.

Се викаат “мртовечки прсти” и се уште поморничави од самото име.

Погледнете за што станува збор:

А.Г.

 

Oва го може само жена! Има простор за шлепер, а не може да паркира смарт – ВИДЕО

1212

Девојки од Холандија летните денови ги поминувале во Лорет де Мар во Шпанија, но кога погледнале од прозорецот, виделе една несекојдневна сцена.

Веднаш ги зеле своите телефони и почнале да снимаат како жена се обидува да паркира.

Дали препознавате некој кој паркира на ист ваков начин? 🙂

A.Г.

Најмоќната бајкерска група, руските „Ноќни Волци“ доаѓаат во Македонија!

Најголемата бајкерска група од Русија „Ноќни волци“, која помеѓу останатото е позната и по пријателството со рускиот претседател Владимир Путин, ја почнува својата турнеја под името „Словенски свет 2016“ во рамки на која ќе ја посетат и Македонија.

1

Во маршот кој го нарекуваат и „јакнење на дијалогот помеѓу словенските народи“ ќе посетат 12 земји, меѓу кои и Србија, Македонија, Црна Гора и Бугарија.

Генералниот шеф на руската мото туристичка организација Евгениј Стронгов појаснил дека турнејата се планира во наредните шест месеци, со цел јакнење на соработката меѓу Русија и земјите од словенско потекло.
„Сакаме да ги поврземе православните земји од словенскиот свет. На Балканот ја имаме Србија, Бугарија, Црна Гора, Македонија и мислам дека таму може да се чуствуваме како дома“, рекол за бугарското национално радио Строгов.

„Ноќните волци“ инаку ги предводи Александар Залдонстанов, кој го викаат „Хирург“, а бајкерската група постои од 1980 година, кога е основан како клуб на љубители на мотоцикли и рокенрол.