дома блог страница 5278

ЕКСКЛУЗИВНО ФОТО – Ова е новиот лик на одделенијата во прилепската болница “Борка Талески”

1

Ова е новиот лик на одделенијата во општата болница “Борка Талески” во Прилеп.

Резултатите од издвоените 70 милиони денари од Владата за реновирање на прилепската болница се видливи.

После детското, завршен е и машкиот дел од интерното одделение.

Од болницата најавуваат дека се работи со засилено темпо и за неколку месеци ќе заврши комплетната реконструкција, а прилепчани ќе добијат врвна медицинска заштита и услуга.

Истовремено менаџерскиот тим работи на доекипирање на кадарот, при што со финансиска помош од Министерството, шест прилепски лекари се испратени на специјализација.

10

2

3

4

5

6

 

7

8

9

ФОТО – Штотуку роденото пони коњче во паркот на Могила е најслаткото нешто што ќе го видите денес

2

Фамилијата на пони коњчиња во паркот на “Могилата на непобедените” во Прилеп, доби нов член. Паркот на револуцијата е еден од најпосетуваните паркови кој Ви нуди вистинска релаксација и забава. Децата се сликаат со пони коњчињата, уживаа во природата, птиците и убавините на паркот.

10

1

3
4

5

6

7

8

9

Салмонд: Шкотска ќе бара нов референдум за независност

kotska

Шкотската национална партија (СНП) најверојатно ќе бара одржување нов референдум за независност на Шкотска, изјави денеска поранешниот шкотски премиер Алекс Салмонд откако граѓаните на Велика Британија се изјаснија за излез од ЕУ, додека мнозинството жители на Шкотска гласаа за останување во Унијата.

Тој во изјава за „Скај њуз“ оцени дека за Шкотска е „разумно“ никогаш да не ја напушти ЕУ, пренесува МИА.

На прашањето дали сегашната лидерка на СНП и прва министерка на Шкотска, Никола Старџен ќе инсистира на втор референдум за независност на Шкотска, Салмонд одговори дека таа сигурно ќе го направи тоа.

Старџен претходно денеска изјави дека Шкотска јасно покажала дека својата иднина ја гледа во рамките на ЕУ.

Весна Бејби: Срам да ви е, добар е Игор

Откако синоќа голем дел од медиумите објавија дека нашиот познат актер и шоумен, ТВ водител, музичар, писател, режисер на музички спотови и текстописец Игор Џамбазов доживеал инфаркт и итно е пренесен во болница, преку социјалните мрежи се огласи се Весна Бејби Петрушевски.

vesna-igor

Весна која со Џамбазов е долгогодишна блиска пријателка ваквите информации ги демантираше преку социјалната мрежа Фејсбук.

-Само едно ја плаши оваа нација , каква е оваа ситуација ? Добро бе дечки , салам ли сте вакви вести да објавувате? Имате ли памет? Игор има сестра, татко …. другари, пријатели…. Срам да ви е! Добар е Игор и да идете сите у три лепе ( извињавај за францускиов)!!!, пишува Петрушевска на Фејсбук.

vesna-bejbi-fb

Британците гласаа за напуштање на ЕУ

Brexit text with British and Eu flags illustration

Британците на вчерашниот референдум се изјаснија за напуштање на ЕУ, објави утрово Би-Би-Си.

Brexit text with British and Eu flags illustration

Според се уште нецелосните резултати од пребројувањето на гласовите, за излез на Велика Британија од Унијата се изјасниле 51,8 проценти од гласачите.

Во овој збир, во кој недостуваат резултатите од уште пет изборни окрузи, привзраниците на напштањето на Унијата се за околу 1,1 милион побројни од оние кои се изјасниле за останување на земјата во Унијата.

Одѕивот на референдумот бил 67,3 проценти.

Конечните резултати во Шкотска и Северна Ирска покажуваат дека мнозинството жители на овие покраини се изјасниле за останување на Велика Британија во ЕУ. За разлила од нив, жителите на Велс се изјаснија за Брекзит.

По објавувањето на првичните резултати од гласањето, прв се огласи лидерот на Партијата за незавиосност на Обединетото Кралство (УКИП), Најџел Фараж, кој изјави дека „победата на приврзаниците за напуштање на ЕУ е неизбежна“.

– Сега верувам во нашата победа, изјави Фараж за Би-Би-Си, додавајќи дека британското напушатње на ЕУ е „за доброто на цела Европа“. – Ќе изградиме нова Европа, како сојуз на суверени држави, кои ќе се дружат, ќе тргуваат и ќе соработуваат, порача Фараж.

ШЕШЕЉ ОТКРИВА: Ова се вистинските причини за хаосот во Македонија – ВИДЕО

vnkjdhvbjs-600x469Според зборовите на лидерот на Српската радикална партија Воислав Шешељ, ситуацијата во Македонија е дел од специјална војна која Западот ја води против Русија.

Во неговото гостување на ТВ каналот Пинк3, лидерот на радикалите изнесе тврдење дека Западот и на Балканот води војна против со Русија.

За да ги поткрепи своите тврдења, Шешељ ја анализира моменталната ситуација во Македонија.

Според неговите зборови, екс премиерот Никола Груевски, водејќи се од интересите на македонскиот народ, ги отвори патиштата за соработка со Русија.

Тоа одеднаш предизвика лавина западна хистерија и пропаганда против него со цел да го соборат од власт.

Што уште рече Шешељ за ситуацијата во Македонија, погледнете во видеото:

А.Г.

Ова се противниците на македонските ракометари на СП

Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за првата фаза од Светското првенство кое следната година ќе се одржи во Франција.

 

rakomet-mk-cile-640x384

Нашата селекција е дел од Б групата и за место во елиминациската фаза ќе се бориме со Шпанија, Ангола, Тунис, Исланд и Словенија.

Со селекцијата на Тунис ќе се сретнеме по трет пат во последниве три години. По триумфот на Мундијалот во Катар, следуваше пораз на Олимписките квалификации во Гдањск и сега ќе се сретнеме во Франција.

Исланд ни е противник во квалификациите за Европското првенство додека голем интерес ќе предизвика и селекторскиот дуел меѓу Лино Червар и Веселин Вујовиќ кој седи на клупата на Словенија.

Од аутсајдерите противник ни е репрезентацијата на Ангола додека од фаворитите жрепката одреди да се соочиме со селекцијата на Шпанија.

Светското првенство се игра во периодот од 11 до 29 јануари.

Средба на претседателот Иванов со претставници на македонската заедница во Република Србија

????????????????????????????????????

????????????????????????????????????

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска прими претставници од Националниот совет на македонското малцинство во Република Србија.

На средбата, беа разменети мислења и информации за предизвиците и можностите за македонската заедница во доменот на зачувување и афирмирање на македонскиот јазик, култура и традиција, како и за нивното учество во општествениот и политичкиот живот во Република Србија.

Претставниците на Националниот совет изразија благодарност за континуираната поддршка што ја добиваат од македонските институции и Република Македонија како матична држава, притоа го информираа претседателот Иванов за нивните проекти во областа на образованието и културата.

На средбата беше разговарано и за активностите на Македонската национална заедница во Република Србија, во пресрет на одбележувањето на јубилејот „70 години од доселувањето на Македонците во Војводина, под мотото „Мајка Македонија”.

????????????????????????????????????

 

Чавков и Андоновски во посета на специјалните единици на МВР

cavkov

Министерот за внатрешни работи м-р Митко Чавков и директорот на УБК Љупчо Андоновски со претставници на потесниот колегиум во касарната Илинден и Ѓорче Петров ги посетија специјалните единици на МВР – ЕСЗ Единица за специјални задачи и ЕБР – Единица за брзо распоредување.

Како што соопштуваат од МВР, за време на посетата беа реализирани активности согласно програмата за работа и обука на единиците, а воедно беа опфатени и тематски содржини од делокругот на специјалните обуки и материјално-техничките средства неопходни за успешна реализација на активностите и планот за работа на единиците.

Подгответе се за пороен дожд

Времето утре во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец.

dozd-1

Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од 31 до 38 степени. УВ-индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.

Утринската темепеатура ќе достигне до 21, а дневната до 37 степени.

Во сабота ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност.

Од недела во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и појава на грмежи, а дневните температури ќе бележат постепено опаѓање.