дома блог страница 5280

Шок за целиот свет, ЕУ пред распад: Германија и Франција следни ја напуштаат унијата?

2oAG6tpnuUE3hXU2hhwW8Vewmn4QAzPq-715x400

Доколку Европската унија не поработи на нова политика за интеграција, земјите како што се Германија и Франција би можеле да ја напуштат, пишува француски новинар.

Ако Велика Британија утре 23-ти јуни на референдумот се определи за излез од ЕУ, тој историски момент ќе има влијание на целиот блок.

 “Франсоа Оланд и Ангела Меркел би излегле со громогласно соопштение. Шефот на Европската централна банка, Марио Драги, би изјавил дека банката ќе направи се што е можно да ја спаси еврозоната. Брисел ќе одржи итен самит и уште еднаш ќе ја потврди својата политика за интеграција”, пишува Ерик ле Буше во својата статија за порталот “Слејт”. Meѓутоа, како што вели таков одговор би бил недоволен, затоа што ни Брисел, ни членките на ЕУ, нема да бидат во состојба да ги објаснат резултатите на таквото гласање.

Авторот ги анализирал и аргументите на евроскептиците, како и оние кои се за Британија да остане во ЕУ, оценувајќи дека аргументите на оние кои се противат на “брегзит” како поразумни, со оглед на тоа какви последици би имало таквиот излез од ЕУ за таа земја.

Меѓутоа, нивната реторика не допре до обичните граѓани. Застапниците на “брегзит” ги искористија “врелите теми”, односно мигрантската криза, говорејќи дека “Британија ја губи контролата над својата иднина”.

Според нивните зборови, националните интереси го доведоа европскиот дух до распаѓање, така да граѓаните не сакаат да бидат во ЕУ.

“За да можат европските интеграции во иднина да бидат возможни, Франција и Германија би требало веднаш да ги надминат разликите и да работат на заеднички пристап. Единствениот начин да се надмине незадоволството на луѓето е добра политика. Но, ако Париз и Берлин не постигнат консензус, Германија ќе биде следна која ќе ја напушти унијата”, заклучува францускиот новинар.

А.Г.

Најдобриот татко на светот! Истетовирал лузна на главата за да неговиот син се чувствува подобро

Само родителската љубов е безгранична и безусловна, а овој татко тоа го покажа на најубав можен начин.

38423_100_ff

Ова е 28-годишниот Џош Маршал и неговиот 8-годишен син Габриел . Тие живеат во Канзас. Џош стана еден од најдобрите татковци на светот по тоа што го направи за својот син.

Во март 2015 година на малото момче му е дијагностициран канцер anaplastic astrocytom, редок облик малигден тумур на мозокот.

11898604_1056412834382614_1492877011827863592_n

Габриел бил на терапија околу 9 месеци, а терапијата оставила траги на неговата глава.

2

Џош рекол дека тоа му го скршило срцето, па истетовирал иста таква лузна на својата глава, за луѓето да не се џарат само во неговиот син, и него да му биде попријатно.

 

ВИДЕО – Вака се ужива на дожд

На некои дождот им смета, на некои не.

2121

Всушност, некои од дождот прават вистинско уживање, како што е примерот со ова момче.

Погледнете:

А.Г.

Полицијата го фати: Прилепчанец ќе лежи во затвор

policijayeti3

Вчера во 17 часот на Граничниот премин „Табановце“, при пасошка контрола било констатирано дека 24-годишниот Ф.И. од Прилеп, евидира на СТОП-Листа и се бара за издржување казна затвор во траење од три месеци и пет дена.

Во 18 часот и 15 минути со Потврда за предавање на лице, истиот е предаден на полициски службеници од Полицијата во Куманово за понатамошна постапка.

Прилепчанецот ќе одлежи казна за кривично дело „измама“.

Дипломи за повеќе од 200 деца од Прилеп за успешно завршени сесии по странски јазици

CIMG3941

Детската амбасада за сите деца во светот од Прилеп, денеска додели дипломи на над 200 деца од нашиот град, кои успешно ги завршија јазичните сесии по: англиски, германски, италијански и шпански јазик на Детскиот Едукативен Центар “4-ти Јули“ во Прилеп, кој постои 13 години.

CIMG3883

Денешниот ден за нив е уште значаен бидејќи склучија два партнерски меморандуми за соработка со други две организации и тоа: Џудо Клубот „Пролетер“ и „Асоцијација за уметност и култура на деца и млади Креативити“.Децата можат да ги користат дипломите за да го покажат своето стекнато знаење од јазиците. Покрај тоа дополнително децата ќе можат да ги користат услугите од заедничката соработка воспоставена денес со споменатите две организации.

CIMG3831 - Copy

  •  „Со самото создавање на условите за работа кои секогаш ни се приоритет за доброто на децата, интересот кај децата е многу голем. Квалитетниот кадар, друштвената атмосвера и сите вклучителни едукативно-социјални општетвени активности кои ги реализира Детската Амбасада се јасен придонес во градењето на хуманистичкото општество, како на локално, така и на национално и меѓународно ниво.                 

Нашите врати се секогаш отворени за сите деца. Наш совет е децата да побрзаат да го изберат својот јазик кој сакаат да го знаат, да зборуваат и да комуницираат со светот, ги повикуваме да дојдат и да го изберат во Детската Амбасада“, вели Генералниот секретар, Петар Стојаноски.

CIMG3944

  •  „Наши пријатели, пријатели на децата, Ви се заблагодаруваме на сите за Вашето присуство и за денешново заедничко радосно дружење со нас, со децата, со нашите партнери во соработката од ЏудоКлубот „Пролетер“ и „Асоцијација за уметност и култура на деца и млади Креативити“, сите заедно, прославувајќи го 13 роденден од отворањето на Детскиот Едукативен Центар „4-ти Јули“ во Прилеп.

Помеѓу сите овие прекрасни деца, на предлог на Детскиот Едукативен Центар „4-ти Јули“, 3 деца кои посебно се истакнаа во оваа учебна година, Детската Амбасада ги вклучува во летните кампови кои традиционално ќе се одржат и оваа година во Охрид“, истакна Александра Северкоска Стојаноски, Извршен директор на Детската амбасада за сите деца во светот.

CIMG3936

ПРИЛЕП ПОДГОТВЕН ЗА УШТЕ ЕДНО ИЗДАНИЕ НА „ПИВОФЕСТ“

IMG_2807

Прилеп е подготвен за одржување на 14-тиот фестивал на „Пиво фест 2016“ што ќе се одржи од 14 до 17 јули.

И оваа година се очекуваат над 350.000 посетители на четирите фестивалски вечери од земјава и од Балканот. Економскиот бенефит на градот и регионот е голем, ќе има максимална безбедност и прифаќање на сите оние кои во најавените четири дена ќе бидат гости во Прилеп, посочија на денешната прес конференција водителската екипа Марјана и Жаре.

Од здружението на граѓани ЦГИ – Прилеп посочија дека на 20.000 метри квадратни ќе бидат поставени 30-тина штандови, на гостите на располагање им се околу 20.000 паркинг места, хотелските капацитети и приватното сместување се речиси исполнети, а место се бара и во околните градови. За да се обезбеди подобра услуга ќе биде продолжено и работното време на сите трговски и угостителски објекти во градот.

IMG_2766

Фестивалот на пивото и оваа година најавува одлична забава со македонското девојче Каролина Гочева, Crossroad Blues Band, познатата ска – панк група од Белград „Самостални референти“, Fly Project, Raphael, Тропико Бенд, Рада Манојловиќ, Хари Мата Хари, Александра Радовиќ, Миле Кузмановски, Bang La Decks, Дејан Петровиќ, Парни Ваљак како и познатата балканска ѕвезда Аца Лукас.

IMG_2780

Како и во изминатите години така и оваа, сите кои сакаат авантуристички начин на одмор и добра забава ќе може да кампуваат на Могилата на непобедените, со вкусна џорба и утринско кафе и чај.

Од Македонски Железници најавија дека сите посетители од другите градови кои се до 26 години можат да присуствуваат на Пивофест со бесплатен билет.

Ве очекуваме во Прилеп!

Ќе ви треба длабок џеб – погледнете ги цените за одмор во Хрватска

87e9070517fde6f843e36d3fbd2f28da

Бранот поскапувања во Грција не ги исплаши македонските туристи, кои ова лето повторно најчесто патуваат кон југ.
Векна леб во Грција чини од 70 центи до 1, 20 евра, а литар млеко од 1 до 2, 5 евра, а „Слободна далмација“ пренесува како се движат цените во рестораните во туристичките места на Јадранот, почнувајќи од Ровињ, па до Дубровник.
појадок со две пржени јајца и малку шунка – 110 куни (15 eвра)
обична пица – 90 куни (12 евра)
салата со туна – 115 куни (15.30 евра)
порција мешана скара – 120 до 150 куни (16 до 20 евра)
капучино – 35 куни (4.70 евра)
нескафе – 40 куни (5.30 евра)
200 мл точено пиво – 18 куни (2.40 евра)
зелена салата – 60 куни (8 евра)
чаша домашно вино – 35 (4.70 евра)
Весникот пишува дека не треба да ве чуди ако до пред месец дена сте плаќале двојно помала цена во истите места, бидејќиво некои ресторани, кафулиња, слаткарници и сл., има и до 300 отсто поскапени цени.

СООПШТЕНИЕ ОД ЈАВЕН ГРАДСКИ ПРЕВОЗ ПРИЛЕП

4481-opshtina-prilep-ke-dobie-gradski-prevoz-960x600-5

Се известуваат граѓаните на општина Прилеп дека поради летните одмори, автобусите на градскиот превоз од 1-ви ЈУЛИ до 31-ви АВГУСТ 2016 година ќе сообраjќаат со скратено работно време и тоа:
Линија 1 и Линија 2 од 06:30 часот до 09:30 часот и од 15:00 до 16:30 ќе сообрајќаат на 30 минути,
а од 10:00 часот до 14:30 часот и од 17:00 часот до 21:00 на 60 минути и тоа по следниов распоред:
Линија 1:
– од Хотел Салида во:
06.30ч, 07.00ч, 07.30ч, 08.00ч, 08.30ч, 09.00ч, 09.30ч, 10.30ч, 11.30ч, 12.30ч, 13.30ч, 14.30ч, 15.00ч, 15.30ч, 16.00ч, 16.30ч, 17.30ч, 18.30ч, 19.30ч, 20.30ч,
– од Новите гробишта во:
06.30ч, 07.00ч, 07.30ч, 08.00ч, 08.30ч, 09.00ч, 09.30ч, 10.00ч, 11.00ч, 12.00ч, 13.00ч, 14.00ч,
а потоа од Варош трлото во:
15.00ч, 15.30ч, 16.00ч,16.30ч, 17.00ч, 18.00ч, 19.00ч и 20.00ч
Линија 2:
– од Рид Ритекс во:
06.30ч, 07.00ч, 07.30ч, 08.00ч, 08.30ч, 09.00ч, 09.30ч, 10.30ч, 11.30ч, 12.30ч, 13.30ч, 14.30ч, 15.00ч, 15.30ч, 16.00ч, 16.30ч, 17.30ч, 18.30ч, 19.30ч и 20.30ч,
– од Економски Факултет во:
06.30ч, 07.00ч, 07.30ч, 08.00ч, 08.30ч, 09.00ч, 09.30ч, 10.00ч, 11.00ч, 12.00ч, 13.00ч, 14.00ч, 15.00ч, 15.30ч, 16.00ч,16.30ч, 16.00ч, 17.00ч, 18.00ч, 19.00ч и 20.00ч.
Линија 3:
Ќе сообраќа како и до сега на 60 минути и тоа:
– од АМСМ 06:30,07:30,….20:30.
– од Амфора 07:00,08:00,….20:00.
Корисниците на Јавниот Градски Превоз за подетални информации можат да се обратат на:
Во канцеларијата на Јавниот Градски Превоз или

на телефонскиот број 048/ 401 037

Со почит

Јавен Градски Превоз

ВИДЕО: Единствениот правилен начин за јадење пица

jadenje-pica-768x432

Основата на ваквиот начин на јадење  е теоријата на математичарот Карл Фридрих Гаус кој живеел во 19-иот век.

Иако многумина ќе речат дека не е важно како се јаде, се додека пицата е вкусна. Но, ако сакате да знаете според некои единствениот исправен начин за јадење пица  е овој.

Погледнете во видеото што треба да направите со пицата и како да го држите парчето за врвот да остане прав а да не падне надолу.

Ќе се вљубите кога ќе ги пробате: Полнети пиперки со месо и фета сирење

37932_untitled1_ff

Денес подгответе нешто сочно, што ќе ви даде многу енергија. Овој рецепт ќе ви помогне во тоа.

Состојки:

4 големи црвени пиперки бабурки

½ мало лукче

450гр. говедско месо

100 гр. фета  сирење

6 маслинки без коски

¼ шоља со магдонос

¼ шоља со нане

сол

бибер

37933_1_ff

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 400 степени

Одвојте го врвот од пиперките и ставете го на страна.

Во чинија помешајте ги сите состојки, исецкани, за да можат убаво да се соединат. Наполнете ги пиперките со смесата, па поклопете ги со врвовите. Печете ги пиперките околу 40 до 45 минути, додека да омекнат.

За подетални упатства погледнете го видеото:

А.Г.