дома блог страница 5274

Конечно добри вести за возачите: Регулаторна ги објави новите цени на горивата

111

Бензините и дизелот поевтинуваат за половина денар по литар, објави денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Од полноќ малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95, на ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)се намалуваат за 0,50 ден/лит и со тоа цената на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 63,00 ден/лит, на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 64,50 ден/лит, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 49,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 38,00 ден/лит

Започнa манифестацијата ,,Прилепско културно лето,,

1

Со отворањето на изложбата ,,Момент,, од вајарот Емил Солески во галеријата на ЦК ,,Марко Цепенков,, започна традиционалната манифестација ,,Прилепско културно лето,,.
Пред сограѓаните уметникот Солески се претстави со осум дела изработени во камен.

Годинашната манифестација ,,Прилепско културно лето,, ќе трае до крајот на август. Ќе бидат реализирани бројни културни настани.
На посетителите ќе им бидат понудени доволен број настани за да го задржат нивното внимание ова лето. На различни простори ќе се одржат бројни концерти, изложби.

[Best_Wordpress_Gallery id=”299″ gal_title=”KulturnoLeto2016″]

По изложбата на нашиот сограѓанин, следат и други поставки од еминентни македонски уметници. Идната недела е концертот на исклучително добриот хор Св. Злата Мегленска, потоа концертот на харфа со Мерсиха Шукри, концертот на Арт либитум трио… Тука неизбежно е и интернационалната ликовна колонија Дрен со учество на уметници од земјата и од странство, која годинава ќе се одржи во просторот на Центарот, во ликовното ателје и во дворот, како и значајната единствена манифестација Изворен фолклор на балканските народи.

Настаните се реализираат со средства од ЦК, и од Министерството за култура, со поддршка на општината.

Концерт на хорот „Мали Ангели“ – ФОТО

4

Детскиот хор ,,Мали Ангели“ оддржа традиционален летен концерт во големата сала од ЦК ,,Марко Цепенков“, под покровителство на градоначалникот Марјан Ристески и Министерството за култура.

40 деца на возраст од 8 до 14 години под раководство на диригентот Маја Ристеска се претставија со убава програма, преку која потврдаија дека еден ден ќе станат бренд во својата категорија во Македонија.

9

1

2

3

5

6

7

8

ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ ПРОДОЛЖУВА СО СВОЈАТА МОДЕРНИЗАЦИЈА

3-702x336

Општина Кривогаштани со реализацијата на повеќе инфраструктурни проекти, целосно го промени изгледот на централното подрачје на општината, со што Кривогаштани конечно доби изглед достоен за општина која доживува забрзан развој, постигнат со имплементација на низа проекти во кои се опфатени сите населени места во општината.

plostad-jarbol-bilbord-300x284

Патишта, улици, плоштади, канализациони мрежи, тротоари, игралишта, се само дел од капиталните проекти кои ги спроведе општината во изминативе неколку години со што сосема заслужено го доби епитетот на една од најуспешните општини во државата.

1 (1)

Изработена е нова фасада на ПП домот во центарот на Кривогаштани откако тој доби нова покривна конструкција со што се постигна современа функционална целина за напречено функционирање на службите и организациите кои се сместени во таа зграда.

DSCN9997

Додека се очекува започнувањето на градежните активности за изградба на термоизолациона фасада на општинската зграда, општината целосно го уреди нејзиното окружување со модерен плоштад, паркинг простор како и  простор за истакнување на општински и национални обележја.

3 (1)

Откако се постави триесет метарскиот јарбол во центарот на Кривогаштани, општината веднаш презеде активности за довршување на тротоарот околу истиот, на кој е поставена билборд-мапа со културно-историски знаменитости на општината, а наскоро започнува и  реализацијата на уште еден сличен проект на таа површина, за добивање на една функционална целина.

2 (1)

После геј парадата во Белград, навивачите го миеја градот – ВИДЕО

Вчера во Белград се одржа геј парада насловена како “Гордоста на Србија”. Група навивачи после настанот ја миеја трасата по која се движеа учесниците на парадата.

433768239577020905ff8b018645127_v4_big

За жителите на Белград ваквиот настан е окарактеризиран како срам, а акцијата за чистење на трасата од Пионирскиот парк до плоштадот Република, е наречена “Да го исчистиме Белград”.

A.Г.

Дани Алвес пристигна во Торино

alves

Јувентус на својата официјална страна објави дека Дани Алвес веќе пристигна во Торино.

Бразилецот утрово ќе ги заврши неопходните медицински прегледи, а потоа се очекува да потпише и договор со шампионот на Италија.

Алвес пристигнува од Барселона како слободен играч и е одлично засилување за Старата Дама.

А.Г.

 

Германскиот селектор повторно во акција: Овој пат си ги вкуси пазувите

hi-res-29c9b61e2474d81a0637563b618fec06_crop_north

Германскиот тренер не престанува да изненадува со гадотиите на Европското првенство во Франција.

Едноставно ужива во вкусовите на своето тело. За време на натпреварот со Словачка, кој Германија го доби со 3:0, Јоаким Лев го провери својот мирис под пазувите.

Тој вети дека ќе го поправи своето однесување на клупата, но брзо заборави на тоа.

Претходно за време на првенството, 56-годишниот беше принуден да се извини, откако телевизиските камери го фатија како ја мириса раката, откако се допираше на незгодни места на телото.

Но, се чини дека оваа навика кај Германецот не може да се искорени туку така.

Многу, многу чудно, Јоаким….

A.Г.

Најубавата матурска вечер во светот: ЦРВЕНИ ЕДРА во Санкт Петербург – ВИДЕО+ФОТО

1

Во екот на прославата на матурските вечери синоќа во Русија, најубава била прославата во Санкт Петербург, каде што брод со црвени едра – симбол на надежта и иднината – помина низ величествен огномет.

4

2

3

А.Г.

НОВИОТ СОЈУЗ КОЈ ГИ ПЛАШИ СИТЕ: Се формира новата осовина Турција – Израел

erdogan-netanijahu-sinhua-pravda

Израел и Турција постигнаа договор за нормализирање на односите, изјавил за израелските медиуми неименуван претставник на земјата, кој заедно со премиерот Бенјамин Нетанјаху  се наоѓа во посета на Рим, пренесува Ројтерс.

Агенцијата наведува дека официјално потврдување на нормализирањето на односите помеѓу овие две земји се очекува во понеделник, после три недели преговори кои ги иницирале Соединетите Американски Држави.

Целта на преговорите била да се стави точка на раколот кој настанал кога Воената израелска морнарица убила десет турски про- палестински активисти, кои сакале со брод да ја пробијат блокадата во Појасот Газа во 2010 година.

Ројтерс наведува дека турското Министерство за внатрешни работи немало коментар на изјавата на израелскиот претставник.

Претставниците на двете земји неколку месеци порано веќе најавуваа нормализирање на односите, кои освен на заедничките интереси во регионот за симнување на Башар ал Асад од власт во Сирија, блиската соработка со Саудиска Арабија и ривалитетот со Иран, ќе се однесуваат и на проекти во енергетиката, пред се во енергетската независност од Русија.

А.Г.

ЈЕЗИВА СЦЕНА: Змија се јаде самата себе?! – ВИДЕО

Змија во Австралија се обидела да се ослободи од својата стара кожа, но изгледа нешто тргнало погрешно.

Zmija_Fejsbuk_printskrin

Во видеото кое е прикачено на Фејсбук, изгледа како змијата се обидува да се изеде самата себе си, но таа само згрешила и не можела да се ослободи.

После три часа мачење пронашла пукнатина во старата кожа и така се ослободила.