дома блог страница 5275

Внимавајте кога вадите пари од банкомат: Еве како можат да ви го украдат пинот

bankomat-karticailustracija-foto-profimedia-1464078905-913293

Кога пред неколку дена во Виена отишол да подигне пари од банкомат, Бен Тедеско приметил нешто навистина необично. Како што сам признава во текстот под видеото, кое е објавено на Јутјуб, тој е параноичен и секогаш ги проверува банкоматите.

Кај овој читач на картички приметил неколку ситни гребнатини и малку лепило.

Ова видео за само два дена беше погледнато од повеќе од 1,7 милиони луѓе, а Бен Тедеско за сето ова ја извести и локалната полиција.

А.Г.

Брегзит им дојде преку глава: За само еден ден изгубија 127 милијарди долари

novac-pare-dolari-foto-profimedia-1425324147-621711

За само еден ден, најбогатите 400 луѓе во светот изгубиле 127,4 милијарди долари, проценува агенцијата “Blumberg”. Богатите Британци изгубиле  “само” 5,5 милијарди долари, проценува агенцијата. Одлуката на Британците да ја напуштат ЕУ предизвика тешки потреси на сите светски глобални пазари на капитал.

Поради Брегзит, европските пазари го забележаа најостриот пад после 2008 година. Фунтата падна на рекордно ниско ниво, што не се памти уште од времето на премиерката Маргарет Тачер.

Поради Брегзит, првиот човек на “Мајкрософт” и првиот човек на “Амазон”, Бил Гејтс и Џеф Безонс, изгубиле по милијарда долари, колку што изгубил и најбогатиот Британец, Џералд Кевендиш.

А.Г.

СТРАШНА ГЛЕТКА: Eдна од најубавите воздушни бањи во Македонија, Строшка Река зафатена од помор на риба – ВИДЕО

59332071

На околу 30 километри од Марковите Кули во Прилеп, се наоѓа селото Стровија, кое е едно од најубавите воздушни бањи во државава. Преубавата природа и богатата флора, ја надополнува реката Строшка. Од нашите читатели добивме видео кое сведочи за една страшна глетка, со која се соочиле посетителите на ова рајско место. Се работи за голем помор на риба. Причините за нарушувањето на природниот диверзитет не се познати.

Погледнете:

Ноќен живот во Прилеп: Аrt Caffe & Club Calypso – 25.06.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”298″ gal_title=”NokenzivotPrilep25062016″]

ВИДЕО – Сензационално адреналинско возење на скејт и ролери

111

Скејтерите не се само вљубеници во скејт парковите и правењето егзибиции пред публика. За нив особено привлечно е адреналинското возење по жежок асфалт и дружење со ветерот.

Видеото кое следи е пример за уште едно такво супер брзо возење на скејтери од Шпанија.

Погледнете, сигурно ќе се вљубите:

А.Г.

Ќе се превртите од смеа: Верверица крадец, фатена на дело – ВИДЕО

39437_kaver_ff

Сигурно сте биле во ситуација да направите нешто што не треба, па ве фатиле на дело! Не е ни малку пријатно, нели?

Епа токму такво нешто и се случило и на оваа верверица, која испокрадила се што нашла.

2

Насобрала цел куп семиња од куќичката за птици на дрвото, и кога решила да побегне, се појавил газдата…

А.Г.

 

Најсвежи трансфер вести: Јунајтед ќе го крши трансфер рекордот, Арсенал купува напаѓач …..

piccie

Светските спортски весници откриваат огромно раздвижување на трансфер пазарот, каде особено активен е Манчестер Јунајтед. Подгответе се за големи и изненадувачки трансфери ова лето.

Погледнете ги најновите трачови и зделки кои се на пат да бидат реализирани:

Maнчестер Јунајтед ќе мораат да го надминат светскиот трансфер рекорд на Гарет Бејл во Реал Мадрид ( 85,3 милиони фунти), за да го купат Пол Погба.

Жозе Мурињо верува дека 30 милиони фунти ќе бидат доволни за да го доведе Дракслер од Волфсбург.

Светските медиуми тврдат дека “црвените ѓаволи” се блиску до Хенрик Михатријан и Златан Ибрахимович.

Гвардиола верува дека ќе ја добие битката за Џон Стонс од Евертон, но се соочува со конкуренција од Челзи и Јунајтед.

Играчот на Тотенхем Ерик Даер, го задржа погледот на Баерн Минхен со одличните игри на Европското првенство.

Арсен Венгер прави напори да го доведе напаѓачот на Лион, Александре Лаказет, но за него се заинтересирани и Атлетико Мадрид и Вест Хем.

Стоук го купува напаѓачот на Вест Бромвич, Берахињо, за 16 милиони фунти.

Новиот менаџер на Евертон, Роналд Куман, сака да го доведе екс играчот на Саутемтон Морган Шнајдерлин, од Манчестер Јунајтед во Евертон.

Рафа Бенитез ќе понуди 10 милиони фунти за играчот на Бурнемаут Мет Ричи, поради најавеното заминување на Таунсенд.

Лестер има буџет од 50 милиони фунти, само за да ги задржи играчите кои ја освоија Премиер лигата минатата сезона.

 

А.Г.

Кумановец со „Мерцедес“ намерно удрил во 4 годишно дете, мајка и татко

Семејство со четири годишно дете вчера е удрено од автомобил по вербална расправија која се случила на ул.„Борис Кидрич“ во Куманово.

 

policija-1-2

Т.Д. (23) го пријавила случајот во полиција велејќи дека физички ги нападнале три лица и им го оштетиле возилото, но полицискиот увид покажал нешто друго.

-Извршен бил увид на местото на настанот, при што е констатирано дека вчера околу 22:30 часот по претходна расправија со С.А.(36) во Куманово, Б.И. управувајќи „Мерцедес Ц200“ заедно со сопатниците неговиот брат, Б. И. и Т.Д., со предниот десен дел од возилото намерно ги удрил лицата С. А., неговата сопруга М.К.(36) и нивниот 4 годишен син, информираат денес од полицијата.

Од страна на итна медицинска помош С.А. е пренесен во кумановската болница додека М. К. и детето како итен случај  со возило на брза помош се пренесени на Детска хиругија при Државна болница Скопје.

Трите лица дошле во СВР-Куманово каде по извршениот разговор, двајцата браќа се задржани, а Т.Д. е ослободена.

СВР-Куманово презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Срна се прости со националниот тим

Хрватската фудбалска јавност по синоќешната елиминација од ЕУРО 2016 од страна на Португалија доби уште една лоша вест.

srna

Капитенот на оваа репрезентација Дарио Срна синоќа го одигра последниот натпревар за Хрватска.

Дарио од дебитирањето во националниот тим во 2002 година одиграл 134 натпревари и дал 22 голови, а самиот кажал дека ЕУРО 2016 за него е повеќе од обичен турнир каде после првиот натпревар против Турција го загуби татко му.

Синоќа, како и претходните натпревари Срна, видно емотивен, за време на интонацијата на хрватската химна пак лееше солзи во натпреварот и турнирот кој што беше последна шанса за негов репрезентативен успех.

„Баскерфест 2016“ во Крива Паланка

baskerfest-1

Дваесетина уметници и улични артисти, жонглери, магионичари, илузионисти, пантомимичари и танчери синоќа настапија на уличниот театар „Баскерфест 2016“ во Крива Паланка.

Централниот градски плоштад „ВМРО“ наликуваше беше голема сцена на уметности и уметници од разни држави кои ги проследија неколку стотици Кривопаланчани.

Фестивалот под отворено небо се одржуваа по единаесетти пат во државата, а Крива Паланка е дел од десетдневната турнеја на овој мултикултурен перформанс низ повеќе гардови на Македонија.

„Баскерфест 2016“ е продолжение на летната културна програма во Крива Паланка која започна со книжевен настан во организација на Националаната установа Центра за култура, а ќе продолжи со „Кривопаланечко културно лето“ кое вклучува бројни изложби, промоции на книги и концерти, меѓу кои „Осоговска староградска вечер“ која ќе се одржи на плоштадот „Карпошово востание“.