дома блог страница 5273

РУСКИТЕ ХЕЛИКОПТЕРИ ПРИСТИГНУВААТ ВО СРБИЈА

Хеликоптери Ми-17 ќе бидат доставени од Русија во делови, со транспортен авион ноќта помеѓу понеделник и вторник. Во вторник се очекува свечено примопредавање.

helikopteri

„Антонов 124 Руслан“, еден од најголемите транспортни авиони на светот, ќе довезе два транспортни хеликоптери МИ-17 од фабриката во Казан ноќта помеѓу понеделник и вторник. Во вторник наутро ќе биде извршено свеченото примопредавање на леталата, на кое ќе присуствува и српскиот премиер Александар Вучиќ.

Двата хеликоптери кои Србија ги купи од Русија, се први летала кои Србија ги купува во последните 29 години, кога, од тогашниот СССР се купени противподморнички хеликоптери КА-28, кои веќе не се во употреба.

Транспортните хеликоптери кои ги користи Српската војска се уште постари. Хеликоптерите МИ-8, кои сеуште се во употреба се стари повеќе од 36 години.

Хеликоптерот МИ-17 има носивост од 4.500 килограми и може да развие максимална брзина од 262 километри на час. Може да пренесе 36 патници или 24 падобранци и 12 ранети. Должината е 18.6 метри и висина од 4.7 метри, максималната тежина при полетување му е 13.000 килограми.

Како мали деца: Вака Италијанците прославуваа после победата над Шпанија – ВИДЕО

121

Италија го совлада европскиот првак Шпанија во репризата од финалето на претходното Европско првенство.

Со доминантна игра и уште подобра одбрана, Азурите се повеќе од заслужено во четвртфиналето на Еуро во Франција.

После победата од 2:0 на разузданата Шпанија имаа и за што да слават.

Видеото кое го постави на Фејсбук столбот на одбраната Андреа Барзаљи говори се:

Три вида појадок кои никако не смеете да ги јадете

Појадокот е најважен оброк и затоа треба внимателно да се бира со која храна ќе го почнете денот.

pojadok

Меѓу честите намирници кои наутро се на нашата маса за појадок се наоѓаат три работи кои нанесуваат повеќе штета отколку корист и кои треба да се исфрлат од листата на јадења за појадок.

Сланина

Содржи голем провцент на заситени масти и холестерол и често е богата со нитрати од кои може да се јави главоболка.

Печива со путер или со сирење

Ова се празни јаглехидрати со многу малку нутритивна вредност како влакна, протеини, житарки, цело зрно и слично.

Енергетски плочки

Што се однесува до шеќерот и калориите, енергетската плочка е исто како за појадок да јадете чоколадо.

Тренерот на Исланд половина од работното време работи како стоматолог

1

Исланд несомнено е сензација на Европското првенство во Франција. Во осминафиналниот меч, малата држава Исланд го совлада “гордиот албион” и си обезбеди место меѓу најдобрите осум во Европа.

Интересно е што репрезентацијата на Исланд ја водат двајца менаџери на првенството, а едниот од нив Хеимир Халгримсон, половина од своето работно време работи како стоматолог, додека на другата страна Рој Хоџсон на клупата на Англија, зема плата во висина од 4,6 милиони долари годишно.

А.Г.

ВИДЕО – Како за само 5 минути да оладите пијалок во овие жешки денови

hladno-pice-facebook-1467031227-938009

Ова е најлесниот начин да разладите пијалок и да уживате во пеколните денови.

Како ги поднесувате овие врели температури и како се разладувате? Знаеме дека е тешко, всушност се прашуваме како сне живееле без клима уреди, кои денес се повеќе од потребни. Но, за летните денови се знае, нема ништо поубаво од ладен пијалок, меѓутоа не е секогаш лесно веднаш да го разладите. Не грижете се за тоа, имаме решение.

Најверојатно ќе помислите дека се работи за шега, но најбрзиот начин да го изладите омилениот пијалок е да употребите жешка вода.

Погледнете:

А.Г.

Ја извади главата од прозорецот, а отспротива идеше друг воз – Ова мора да го видите (ВИДЕО)

1

Пред да почнеме, да разјасниме нешто… Мажите се познати по тоа што прават неверојатни глупости. Од друга страна често слушаме дека жените се многу попаметни, така да кога прават нешто лудо, го прават со стил!
Мора да признаете дека такви сцени би гледале по цел ден, а оваа компилација од женски глупости сигурно ќе ве насмее.
Уживајте:

ФОТО: Татко и ќерка го освоија светот со своите огромни коси

Бени Харлем и малата Џаксин станаа интернет хит со своите неверојатни фризури и екстремно бујните коси.

 

1

Дуото татко-ќерка привлекува се повеќе обожаватели со интересните фотографии на Instagram на кои најзабележливи се нивните виткани коси.

Кога станува збор за негата на косата, популарниот татко кој работи и како модел вели:„Гледам на нашата коса како на растение. На повеќето растенија им се потребни природни состојки за да растат и да останат живи и искрено, нашите души и тела имаат потреба од истото.“

Погледнете дел од нивните фотографии.

5

2

3

4

ВИДЕО – Еве како брзо и со малку пари да направите клима уред во вашиот дом

Ако имате вентилатор, неколку жици и пластично шише, тогаш имате доволно ресурси за да направите клима уред, кој ќе ви обезбеди свежина. Принципот е многу едноставен.
39839_qwsa_ff
Жешките денови веќе започнаа, па единственото нешто кое ви треба е клима уред кој ќе го разладува вашиот дом.

Немојте да трошите многу пари, туку направете го овој корисен уред сами во вашиот дом. Се што ви е потребно е пластично шише, неколку цевки, жици, вентилатор, батерија од лап топ и мраз.

Погледнете го видеото:

Напомена: Жиците не ги оставајте “голи”, бидејќи доколку дојдат во допир со водата можат да предизвикаат несреќа.

А.Г.

Скопјанец во шок: Стана милионер на џек пот од лотарија

Освоивте МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ вреден 1.386.925,00. Ова осамна на екранот кај деловниот соработник на Државна виделотарија на РМ, клубот Сенатор, во скопски Ѓорче Петров.

 

milioner-dzek-pot-640x358

Со ова беше означен среќниот момент на Милионер Џек пот добивката, која овојпат е поголема од првиот износ.

-Среќниот играч сумата ја освои во четвтрокот на 23.06.16. Фондот на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ повторно се полни, па наскоро очекуваме и трет милионер во Македонија, добитник на МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ, велат од Државна лотарија.

Првиот милионер, среќниот добитник на МИЛИОНЕР ЏЕК, беше скопјанецот Ивица А, кој освои добивка вредна 1.344.472,00 денари, на 15 јуни.

Низа спортски активности и 9 освоени медали во изминатиот викенд за ЏК Сеишин од Прилеп

grupna

Претстојниот викенд џудо клубот Сеишин – Прилеп имаше спортски активности и тоа:

Двајца членови Кристијан Тошески -66 кг. И Орде Трајкоски -73 кг. како членови на Македонската пионерска репрезентација настапија на Балканското првенство во џудо за пионерки-ки, кое се одржа во Скопје од 24 до 26 јуни. И двајцата натпреварувачи останаа без пласман на ова силно натпреварување на кое учество зедоа вкупно 9 балкански репрезентации.

Додека пак на 26.06.2016, 11 членови на клубот зедоа учество на ЕВРОПСКИ отворен турнир во Џудо  во Солун, Р. Грција, во организација на Џудо Клубот Ираклис –Грција.  На ова натпреварување учество зедоа над 150 натпреварувачи од клубови од Англија, Италија, Бугарија, Србија, Грција и клубот Сеишин од Македонија. Освоени се вкупно 9 медали (5 златни, 1 сребрен и 3 бронзени).

Поединечно резултати:

Јуниори-ки:

  1. Александра Најдоска +75 кг. 1-во место
  2. Михаела Пешталеска -57 кг. 3-то место
  3. Марио Тошески -66 кг. 3-то место

Сениори:

  1. Васко Пупуноски -55 кг. 1-во место
  2. Диме Ивчески -66 кг. 1-во место
  3. Мартин Тодорчески -60 кг. 1-во место
  4. Александар Апостолоски -66 кг. 2-ро место
  5. Александар Петрески -71 кг. 3-то место

Ветерани над 50 г.

  1. Благоја Кузманоски кат. -75 кг. 1-во место

veterani

Pocetok

На овој турнир во Р. Грција членовите на клубот доминираа на татамите, прикажаа одлични и ефективни борби што беше навистина прифатено и од публиката во салата во Грција, а добиени беа и комплименти од страна на судиите на овој натпревар, кои беа од Англија, Италија и Грција.

Со овие активности клубот Сеишин ја завршува првата полусезона на натпревари и членовите ќе бидат на 1 месечен летен одмор, а потоа во месец август ќе се продолжат активностите согласно програмата на клубот. Исто така се почнува со подготовките за 8-от Меѓународен Турнир „Прилеп Град Херој“-  2016, кој треба да се одржи на 9-ти октомври, на кој уште отсега учество  најавуваат повеќе балкански и европски клубови.

Џудо Клубот СЕИШИН Прилеп изразува голема благодарност до сите кои дадода придонес за реализација на овие активности.

zagrevanje