ОПШТИНА КРИВОГАШТАНИ ПРОДОЛЖУВА СО СВОЈАТА МОДЕРНИЗАЦИЈА

3-702x336

Општина Кривогаштани со реализацијата на повеќе инфраструктурни проекти, целосно го промени изгледот на централното подрачје на општината, со што Кривогаштани конечно доби изглед достоен за општина која доживува забрзан развој, постигнат со имплементација на низа проекти во кои се опфатени сите населени места во општината.

plostad-jarbol-bilbord-300x284

Патишта, улици, плоштади, канализациони мрежи, тротоари, игралишта, се само дел од капиталните проекти кои ги спроведе општината во изминативе неколку години со што сосема заслужено го доби епитетот на една од најуспешните општини во државата.

1 (1)

Изработена е нова фасада на ПП домот во центарот на Кривогаштани откако тој доби нова покривна конструкција со што се постигна современа функционална целина за напречено функционирање на службите и организациите кои се сместени во таа зграда.

DSCN9997

Додека се очекува започнувањето на градежните активности за изградба на термоизолациона фасада на општинската зграда, општината целосно го уреди нејзиното окружување со модерен плоштад, паркинг простор како и  простор за истакнување на општински и национални обележја.

3 (1)

Откако се постави триесет метарскиот јарбол во центарот на Кривогаштани, општината веднаш презеде активности за довршување на тротоарот околу истиот, на кој е поставена билборд-мапа со културно-историски знаменитости на општината, а наскоро започнува и  реализацијата на уште еден сличен проект на таа површина, за добивање на една функционална целина.

2 (1)




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.