Дали некогаш сте се прашале зошто комарците касаат само одредени луѓе?

Дали некогаш сте се прашале зошто комарците касаат само одредени луѓе?
Со оглед на тоа колку е голем и разновиден нашиот свет, не е ни чудно што луѓето измислиле и создале ваков начин на живот.
Јасно е дека луѓето не се задоволуваат само со четири ѕида и со покрив.
Токму кога ќе помислите дека сте виделе се, се појавува место како што е “Coober Pedi” во Јужна Австралија. На почетокот бил мал рударски град, а сега е дом на повеќе од 2000 луѓе, кои живеат како мравки под земја.
Се прашувате по што е толку посебен овој град? Најдобро би било да го погледнете видеото:
А.Г.
14-годишниот Никола Секулов е првиот Македонец кој ќе го носи црно-белиот дрес на италијанскиот шампион.
Младото момче било забележано од челниците на клубот и потпиша 4-годишен договор со клубот од Торино.
Никола Секулов живее со своите родители во Италија, а претходно настапувал и за младинските екипи на Пијаченца.
А.Г.
Меѓу евро банкнотите кои се во оптек постојат некои примероци кои, поради својата реткост, станаа предмет на неверојатна побарувачка од колекционерите. И како што тие влегуваат во нивните колекции, таквите банкноти се се помалку, а нивната вредност станува прилично висока. Еве како да ги препознаете:
Банкнота во вредност од 5 евра
Ако ви се посреќи, за неа ќе добиете 20 пати повеќе од нејзината вредност. Посебно ретките серии на сопствениците можат да им донесат голема сума на пари. Внимателно погледнете ги бројките и буквите, кои ја означуваат серијата – можеби сте еден од тие среќници!
Ретките серии содржат пет исти броеви (на пример 77777, 00000, итн.) Ако случајно кај себе ја забележите оваа банкнота, погрижете се за најзина беспрекорна состојба, и во тој случај ќе ви донесе многу пари.
Банкнота во вредност од 50 евра
Серија такви банкноти е издадена со погрешна информација на заштитната лента. Погледнете ја банкнотата на светлина.
Ако на заштитната лента е отпечатено 100 евра, имате среќа! Приватните колекционери можат да ја откупат од вас, плаќајќи 7 пати повеќе од нејзината вистинска вредност.
Банкнота од 100 евра
Помала серија од овие банкноти е пуштена во промет со неправилно сечење. Ако наидете на ваква банкнота, можете да се радувате. Колекционерите ќе ви дадат 3 пати повеќе за неа, отколку што вреди
Што чекате? Веднаш проверете ги банкнотите кои ги поседувате!
После неколку недели купување илјадници шишиња со Кока Кола и уште неколку часа отварање и полнење на базент со истите, двајца Американци решиле да го испробаат својот експеримент и да направат пробно капење во него.
Изгледа лудо и непотребно, но дечките решиле да тестираат како полн базент со Кока Кола влијае на кожата, а непотребно уништија и еден дрон.
На крајот признаваат дека дел од базентот го дополниле со Пепси.
Видеото е погледнато 19,4 милиони пати во само 5 дена.
А.Г.
На 10-ти јули 2016, со почеток од 12:00 часот, на безентот во Хотел Сонце во Прилеп ќе се одржи целодневна пена забава.
За музичкиот дел ќе бидат задолжени најдобрите прилепски диџеи:
Mario Eddie
Bobi Dj
Robbie Ray
Cyrillic
Организаторите ветуваат одлична забава, збогатена со супер озвучување, FREE SHOOTS, пена топови и многу изненадувања.
Цената на картите е симболична од по 50 денари.
Забавата ќе трае до 18:00 часот.
Руската специјална единица “Спецназ” е еднa од најспремните, а за тоа припадниците на оваа единица ги имаат едни од најбруталните тренинзи.
На тие тренинзи тие буквално газат едни врз други, креваат големи тежини, изведуваат најексплицитни воени вежби …..
Оваа единица првенствено била наменета за борба против терористичките акции на границата со Чеченија, а повеќе од 70 припадници на Спетцназ се закитени со титулата херои на Советскиот Сојуз и Руската Федерација поради храброста и херојските акции.
На Рудина кај Долнени, петок и сабота, по 42 – ри пат ќе се одржи Меѓународен фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“. Фестивалот оваа година има рекорден број учесници, над 350, од земјава и светот: од Русија, Србија, Бугарија и Австралија.
Гајдата, кавалот, зурлата, тамбурата, тапанот…најпрвин ќе се чујат во петок, во центарот на Прилеп, од каде ќе започне дефилето на бројните учесници, кое ќе заврши со изворна музичка изведби на камената бина во Прилеп на неколку фолклорни групи, во рамките на првата фестивалска вечер.
„Натпреварувачкиот дел ќе се одржи в сабота, од 18 часот на Рудина, во Долнени, каде звукот на овие изворни народни песни и инструменти е најавтентичен, а потоа ќе бидат прогласени најдобрите инструменталисти и изведувачи на изворната народна песна“- вели уметничкиот директор на фестивалот, проф. Д-р Илчо Јованов.
“Бидејќи, ова е фестивал каде се почитува традицијата, предвидено е во неговите рамки, во сабота на пладне, да се изведе и обичајот “Тајане Бојане“ по повод празникот Иванден, со цел да не се заборават и традиционалните обичаи” – истакна професор д-р Родна Величковска, секретар на фестивалот.
Со цел да се оствари непосреден контакт со младата популација, која ги изучува и негува народните инструменти, во рамките на Меѓународен фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, од денеска започна и семинар за изучување на традиционалните инструменти и песни.
„Народната песна и инструменти се најмоќниот идентификатор на еден народ, затоа се навраќаме кон стариот изворен звук, со цел да им го пренесеме на младите генерации кои покажуваат интерес за изучување на народните традиционални инструменти“- вели проф. Горан Ангел.
Градоначалниците на oпштините, Прилеп и Долнени, се горди што овој фестивал се одржува во овој регион, со кој се овозможува презентирање на фолклорот, размена на искуства и развивање на пријателства и комуникации меѓу народите.
„Меѓународниот фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, преставува голем културен бренд во регионот, кој ги поврзува луѓето и ја зачувува традицијата, која со векови постоела тука, негувајќи го изворното пеење и традиционалните инструменти, особено гајдата како препознатлив изворен инструмент во овој регион “- истакна градоначалникот на Општина Прилеп, Марјан Ристески, потенцирајќи ја оваа манифестација и како туристички бренд на Прилеп и Долнени.
„Горди сме што го имаме фестивалот, бидејќи, во руралните средини, ретко има ваков значаен и голем фестивал, кој го негува изворното пеење и користење на традиционални народни инструменти. Покровител на фестивалот е Министерството за култура на РМ и локалните самоуправи на Прилеп и Долнени. Но, новина е што со помош на ЦРППР и Агенцијата за рурален развој обезбедивме средства во висина од 3,5 милиони денари, за уредување на просторот каде се одржува фестивалот, на Рудина, кој ќе биде готов кон крајот на октомври, или почетокот на ноември, со што, оваа година, уште еднаш, на есен, гајдата ќе засвири на Рудина во Долнени, при свеченото отворање на овој простор.“- истакна градоначалникот на Општина Долнени,Боше Милошески.
Меѓународниот фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски„ е одржан прв пат во 1974 година, по иницијативна на прилепчанецот,светскиот гајдаџија,Пеце Атанасоски, како натпревар во гајда. По неговата смрт 1996 година, фестивалот го доби неговото име.
Денеска долненскиот фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски„ е единствен во Македонија и на Балканот. Тој има задача да ги сочува од исчезнување дрвените вештини на свирачите на народни инструменти и пејачите на народните изворни песни.
Во изминатите 41 година на него учествувале над 10.000 инструменталисти од Македонија и надвор од неа.