дома блог страница 5271

ФОТО: Мерцедес дизајниран од Македонец започна да се произведува

Доколку не сте слушнале за Славче Танески, сега запомнетите го неговото име бидејќи целиот свет ќе го знае како дизајнер на новиот мерцедес.

 

slavce1-640x262

Македонецот стои зад дизајнот на новиот сериски автомобил “Мерцедес Бенз“ –GLC Coupe.

slavce2-640x262

-После 4 години работа, конечно е официјално! Мојот прв автомобил во производство. Првиот автомобил кој го дизајнирав кој може да го купите. Му благодарам на одличниот тим кој го овозможи ова и ви благодарам за целата поддршка која ја добив, приватно и професионално“, напишал Славче на својата официјална фан-страница на Фејсбук.

slavce

Во моментов цената на овој автомобил во Германија и Велика Британија изнесува 49.444 евра, односно 40.580 фунти.

slavce4-640x659

После 44 години во затвор се соочува со технологијата – ВИДЕО

Отис Џонсон имал 25 години, кога бил осуден на 44 години затворска казна поради обид за убиство на полицаец.
tehn

Денес, Отис има 69 години и е пуштен од затвор. Откако излегол се соочил со целосно нов свет од оној кој му бил познат пред да отиде во затвор.

Во интервју за Ал Џезира, Џонсон ја пренесува неговата реакција и неговата изненаденост од новата технологија.

Погледнете, неговата реакција ќе ве изненади:

А.Г.

ВИДЕО – Овој човек собира отпад и од него прави чуда

gregory-kloehn-at-work

Дека на светот има уште добри луѓе со големо срце сведочи Американецот Грегори Клоен, кој собирајќи исфрлен мебел и метеријали, прави куќи за бескуќници.

Тој до сега има направено 35 куќи и со тоа им обезбедил побезбеден живот на бескуќниците.

А.Г.

Tуркмените започнале да ја совладуваат војската на Асад, но тогаш дошле Русите – ВИДЕО

1Офанзивата на Туркмените на позициите на Сириската арапска армија во Лакатија е завршена уште пред да почни.

Руските авиони за само еден ден го растурија нападот долж границата со Турција, а Туркмените почнале да се повлекуваат, оставајќи зад себе лешеви на своите соборци.

На почетокот на офанзивата, Туркмените имале успех и освоиле шест планински села.

Меѓутоа во битката брзо се замешала руската авијација, па терористите се дале во бегство, успевајќи да ја остварат главната задача на својата офанзива, освојување на два стратешки врва.

Сириски извори јавуваат дека линијата на фронтот сега е мирна, додека пак Туркмените целосно се повлекле. Од друга страна, терористите и понатаму ги држат некои од освоените села, но потврдуваат дека офанзивата е прекината.

Терористите објавија и снимки од борбите:

А.Г.

Зошто не треба да пиеме кафе веднаш штом се разбудиме?

Ако и ова утро се разбудивте и прво на што помисливте беше филџанот кафе, тогаш еве каде грешите.

kafe-2

Додека спиеме, губиме доста течности, а воопшто не ги внесуваме. Затоа често сме жедни во текот на ноќта или веднаш штом ќе се разбудиме.

Замислете што се случува кога на речиси дехидрираното тело ќе му додадете кафе, што е диуретик – не само што ќе ги „исцедите“ од себе си и оние малку течности што ви останале, туку ќе го забавите и метаболизмот, што воопшто не ви оди во прилог ако сте на диета.

За да избегнете се што лошо влијае на здравјето, најдобро би било наутро да испиете чаша вода, да појадувате, а дури потоа да се напиете кафе.

Ако баш не можете да појадувате, тогаш задолжително испијте прво една голема чаша вода и 30 минути подоцна напијте се кафе!

Детали за сообраќајката на излезот од Прилеп

soobrakajka-pesak-640x360-40115

Во сообраќајна несреќа која се случи на патот Прилеп – Битола кај селото Лагово животот го загуби 66-годишна жителка на Прилеп.

До несреќата дошло кога се судриле возило марка „Пасат“ со скопски регистарски таблички и мотор Хамачи на кого се возеле сега починатата и нејзиниот сопруг.

Јавното обвинителство од Прилеп информира дека до несреќата дошло кога Христоски кои со моторот се движеле на патот од Прилеп кон Битола завртиле во лево за да се исклучат од регионалниот на некој спореден пат, во истиот момент пак возачот на „Пасатот“ се обидел да ги престигне при што се случил сударот.

ВИДЕО: Објавена снимка од моментот на експлозијата во Истанбул

Најмалку 28 лица загинаа, а околу 60 други се ранети вечерва при самоубиствни бомбшки напади на истанбулскиот аеродром „Ататурк“, јави Би-Би-Си повикувајќи се на изјава на гувенерот на Истанбулн Васип Шахин.

 

Турските медиуми јавија дека нападите ги извршиле двајца бомбаши самоубијци кои пред локацијата за безбедносна проверка на влезот на меѓународниот терминал на аеродромот ги активирале експлозивите што ги носеле на себе.

Меѓутоа, според Шахин, во нападите учествувале тројца терористи.

Турскиот министер за правда Бекир Боздаг изјави дека според сознанијата со кои располага, еден од напаѓачите прво почнал да пука од автоматска пушка, по што се саморазнел.

Вториот напаѓач пак бил совладан од припадниците на службата за обезбедување, но откако го легнале на земја и тој се саморазнел.

Според медиумските извештаи, полицајците задолежни за обезбедување на аеродромот стрелале кон напаѓачите и „ги неутрализирале“.

Агенцијата Анадолија јави дека најмалку шестмина од повредни лица при нападите, кои се пренесени в болница, се наоѓаат во критична состојба.

Според непотврдени информации, истрели се слушнале и од паркингот на „Ататурк“, кој е најголем аеродром во Турција и трет најпрометен во Европа по лондонскиот „Хитроу“ и парискиот „Шарл де Гол“.

Електронското издание на весникот „Хуриет“ објави дека турскиот премиер Бинали Јилдирим наредил формирање кризен штаб во врска со нападите на истанбулскиот аеродром.

ТАСС претходно, повикувајќи се на изјави на очевидци, јави дека по експлозиите и истрелите што се слушнале на аеродормот, четири вооружени лица побегнале од аеродромската зграда, но оваа информација не е официјално потврдена.

Поради нападите „Ататурк“ и реонот околу него беа целосно парализирани, сите полети беа откажени, а авионите кои требаа да слетаат беа пренасочени кон други аеродроми. Патниците кои се ноѓаа на аеродромот во време на нападите се евакуирани од аеродромската зграда и се сместени во околните хотели.

Досега никој не презеде одговорност за нападите. Изминативе месеци во Турција беа извршени неколку терористички напади за кои одговорност презедоа џихадистичката група Исламска држава (ИД) или бунтовничката Курдска работничка партија (ПКК).

По нападите турските власти воведоа времена забрана за медиумски извештаи за случувањата на аеродромот.

Според соопштението на Високиот совет за радио и телевизија на Турција,  забраната се однесува на пренесување на снимки од местото на нападите, на активностите на полицијата и лекарските тимови и на телата на жртвите, како и на пренесување неофицијални информации и изјави.

Европските лидери, кои се наоѓаат во Брисел на вонредниот Самит на ЕУ, ги осудија нападите на истанбулскиот аеродром.

Maроканец во Јувентус до крајот на оваа недела

Најпознатите италијански медиуми пишуваат дека работата е при крај.

919904_640

Како што стојат работите, Јувентус ќе го ангажира Меди Бенатија.

Според тоа што го пишуваат италијанските медиуми, кои се добро известени за целата работа околу овој трансфер, се би требало да се заврши до крајот на оваа недела, дури можеби пред викендот.

Бенатија не е задоволен со статусот кој го има во Баерн, каде сигурно е дека нема да има место за него во стартната постава со доаѓањето на Хумелс. Поради тоа побара да си замине.

Јувентус понудил 16 милиони евра, па по се изгледа дека од Баерн ја прифатиле таа сума.

За Менди Бенатија, Барен пред две години плати 26 милиони евра.

А.Г.

Победа ја стега одбраната: Ново супер засилување за црвено-белите

13522770_10209821356514578_473461212986876217_o

Прилепскиот прволигаш Победа денес се засили со 27-годишниот стопер Александар Ристевски-Егри. Тој во Победа доаѓа од екс прволигашот Младост Царев Двор, а во Прилеп фактички се враќа по две сезони, откако го носеше црвено-белиот дрес во Втората лига.

13502735_10209821356434576_6370620645110980295_o

13495476_10209821356914588_7424346636598307181_o

Во меѓувреме настапуваше и за прволигашот Металург. Станува збор за искусен играч, кој потекнува од школата на Пелистер, а своевремено настапуваше за младата репрезентација на Македонија. И покрај написите дека преминува во Пелистер, Ристевски се договори со Победа и попладнево го одработи првиот тренинг со своите нови клупски другари. Инаку Победа ги продолжува интензивните подготовки за престојното првенство во Првата лига.

13575969_10209821356474577_7680006416826116031_o

13528255_10209821356874587_7968129633995644332_o

13528519_10209821356354574_5259461872455218893_o

Екипата, во која во меѓувреме се очекуваат уште неколку заислувања, тренира двапати дневно на Градскиот стадион ,,Гоце Делчев, а од 10 до 17 јули ќе реализира подготовки во Банско (Бугарија), каде ќе одигра две контролни средби со Пелистер и Академија Пандев. Постои можност пред почетокот на сезоната во Прилеп да се одигра меѓународен натпревар со бугарскиот прволигаш Ботев од Пловдив.

Македонска работа – на плажа со тенџере, филџан и пижами (ФОТО)

fildzan-640x480

Додека едната домаќинка си го донесе тенџерето на море, другата уште во пижами, со сервисот од дома си се напи утринско кафенце покрај езеро.

lonec