Пленумот на СДСМ: Само ние смееме да снимаме, вам ви е забрането (ВИДЕО)
Агресивните СДСМ-овски пленуми и револуции не запираат со агресивното однесување за време на гласањето за нов студентски лидер, жолчно обидувајќи се да испровоцираат инцидент и да го прекинат изборот на нов лидер.
Врв на апсурдот беше ситуацијата кога СДСМ-овските пленумци и платеници се нафрлија групно врз еден човек, обвинувајќи го дека наводно ги сликал без нивна дозвола, му го спречуваа правото на слободно движење и му се закануваа. Хистеријата на СДСМ е особено трагикомична поради тоа што во моментот додека го обвинуваат дека ги сликал без нивна дозвола, истите луѓе го прават истиот чин поради кој го обвинуваат.
Ова делење правда во кое СДСМ-овските платеници си ја земаат улогата на трибунал и мислат дека тие треба да одлучат кој и што смее да прави, е стандарден начин во нивното делување.
Миле Кузманоски ве кани да уживате во прекрасната македонската песна на “Пивофест 2016” – ВИДЕО
Македонската музичка икона Миле Кузманоски, ексклузивно преку нашиот портал ве кани да присуствувате на годинешниот фестивал на скарата и пивото и најголемата музичка манифестација на Балканот,”Пивофест 2016″.
Ќе имате можност да уживате во македонската песна и во маестралните изведби на Миле Кузманоски и неговиот бенд.
Овогодинешниот Пивофест ќе се одржи од 14-17 јули и ќе понуди забава за сите категории на граѓани и за сите различни вкусови.
Миле Кузманоски ќе настапи на 16-ти јули, односно на третата фестивалска вечер.
Прилепчанец се офајдил со 10.000 евра од казиното Адмирал
Непознат среќник го “олeснил” казиното Адмирал во Прилеп со 600.000 денари или 10.000 евра и убаво се офајдил.
Од фотографиите кои случајно ги пронајдовме на Фејсбук се гледа дека вторникот 28.06.2016 година, бил најсреќниот ден во годината за некој наш сограѓанин.
Херојот не е познат, но искрено му честитаме и му посакуваме убаво да ги потроши парите.
Kонцерт на женскиот камерен хор “Света Злата Мегленска”
Женскот камерен хор Света Злата Мегленска од Скопје, во петок 1 јули 2016 од 20.30 часот во киното Мис Стон ќе се претстави со целовечерен концерт.
Женскиот камерен хор „Света Злата Мегленска” е формиран во 1996 година при Македонската православна црква и е прв од овој вид во Република Македонија. Хорот е составен од млади академски образовани музичари и студенти на Факултетот за музичка уметност во Скопје. Иако волонтери според ангажманот, тие со својот професионален однос придонесуваат за афирмација на македонската културна традиција, како и за популаризација на хорското црковно пеење на автентичен начин и со висок квалитет.
На концертот ќе биде изведена следнава програма:
1. МНОГАЈА ЛЕТА- црковна химна
2. ПОХВАЛА КИРИЛУ И МЕТОДИЈАУ- Р.Аврамоски
3. ОТЧЕ НАШ- Д.Шуплевски
4. ПОД ТВОЈУ МИЛОСТ- Д.Боротњански
5.АЛИЛУЈА -З.Запров
6. ЕХО – О.ди Ласо
7. АМУРКИ БРАНОВИ – Кјус
8. ЛИВАДА – З.Запров
9. ЈАНКО КОСИ ЗЕЛЕНА ЛИВАДА – С.Стојков
10. МАРИКА – Т.Зографски
11. ДАФИНО ВИНО – Д.Шупловски
12. СВИТА од опера „ Разделба“- Т.Прокопиев
13.МОМИЧЕ МАЛО ЃАВОЛО – С.Гајдов
14. ШТО МИ Е МИЛО, МИЛО ЕМ ДРАГО –
15. ЧАЕ ШУКАРИЕ – Д. Шуплевски
Солисти : Катерина Стојановска Николина Јаневска Анета Баталаковска Јасминка Димитровска Вариса Ајдарпашиќ Елена Васова
Асистент диригент – Николина Јаневска
Дирегент – Летка Димовска Полизова
Богато културно – спортскo лето во Прилеп: Забава за сите генерации
Прилеп со низа културни и спортски манифестации е подготвен ова лето
да привлече уште поголем број на туристи, љубители на манастирскиот,
алтернативниот и фестивалскиот туризам. Центарот за култура „Марко
Цепенков“ и локалната власт најавија преку 60 различни културни и спортски настани, главно на отворена сцена, со цел културата да биде поблиску до публиката, а алтернативните спортови да го направат овој регион, Прилеп, Крушево и Кривогаштани, што попривлечен за љубителите на екстремните спортови.
„Викендов Прилеп и Долнени го отвораат летото со значајниот феситивал
на народни инструменти и песни „Пеце Атанасоски, а на 10 -јули во Прилеп се подготвуваме за „Македонскиот иселенички фестивал“, единствен во Македонија од овој тип, каде ќе пејат и свират Македонците иселеници, потоа следува „Пивофестот 2016“ од 14 /17 јули, како еден од најатрактивните манифестации на Балканот, каде очекувааме и оваа година над 350.000 посетили, што е вообичаена бројка за оваа манифестација. На 21 –ви јули. ќе се одржат традиционалите „Македонски чалгаџиски песни“ на камената бина на отворено, а на 25,26,27 август, ќе започне петиот по ред „Џез фестивал“- нагласи градоначалникот на Прилеп Марјан Ристески, поканувајќи ги сите добронамерници ова лето да го посетат Прилеп.
„Со низа културни преформански, изложби, театар, музички изведби,
концерти, филмски проекции, учество на хорот „Злата Мегленска„ на 7- ми
јули, Концерт на старогратска музика на КУД Пензионери и КУД “Сирма
Војвода, на 12 августи, ликовната колонија „Дрен„, од 22 јули, која се сели во
Прилеп да биде поблиску до публиката, но да овозможи и користење на други уметнички техники (вајарство, графика, видео бимови и сл.), се само дел од културните настани кои ќе го збогатат ова културно жешко прилепско лето“ – посочи директорот на ЦК „Марко Цепенков„ г-дин Тони Чатлески.
ПРИЛЕП, ЕДИНСТВЕН ГРАД ВО МАКЕДОНИЈА, ЧЛЕН НА СВЕТСКИТЕ ФЕДЕРАЦИИ
НА АЛТЕРНАТИВЕНИ СПОРТОВИ И ТУРИЗАМ
Покрај културните случувања Прилеп заедно со соседните општини
Крушево и Кривогаштани, ова лето ќе понудат и многу спортски настани. Веќе од 17 до 30 јули во овој регон ќе се оджи 19-то Европското првенство во змајарство и 5-то Светско првенство во змајарство, каде се очекуваат над 1000 учесници, змајари.
Од 8 до 20 август, во Прилепско-кривогаштанскиот и крушевскиот регион
ќе биде организирана и 14-то Европско Првенство во параглајдерство, а во
истиот тој период од 19 до 21 август, ќе се одржи велосипедската планинска
трка “Куршево низ корија”, додека пак од 15 до 27 септември, Прилеп ќе биде домаќин на ултра маратонот.
Со овие спортски активности Прилеп станува попривлечна дестинација
за љубителите на алтернативниот туризам, а од неодмана единствена
општина од Македонија, која стана членка и е на мапата на Светски
федерациии на алтернативни спортови и туризам.
Капитенот Бозароски – “Прилеп може да оди едно скалило погоре”
– После повеќе од 12 години доаѓа добра шанса за градот да гледа европски ракомет
Ракометниот тим на Прилеп постигна пласман во европскиот Челенџ куп, а еден од најзаслужните е капитенот Александар Бозароски. Со своето искуство беше носител на играта. Квалитетот го покажа и против најсилните ривали. Речиси на секој меч беше меѓу најдобрите стрелци.
Оценка за сезоната?
– Со оглед на тоа што се зборуваше за опстанок, оваа сезона е повеќе од успешна. Скромниот буџет не ветуваше многу, но со многу труд и трпение докажавме дека тој нема да биде пречка за остварување на пласманот во плеј – офот.
Што пресуди?
– Желбата кај играчите да докажат дека можат да се носат во тешка конкуренција. Организираноста и поставеноста на Стручниот штаб придонесоа за високиот пласман. Екипата напорно тренираше и успешно ги спроведуваше задачите. Резултатот е посакуван.
Победувавте на гости?
– Голема улога имаа советите на тренерот Петрески. Цело време потсетуваше да веруваме во квалитетите и да се бориме до последниот свиреж. Дел од натпреварите ги добивме во последните секунди, карактеристика што не беше одлика во минатите сезони. Од меч во меч растевме психолошки, што сметам дека беше пресуден фактор.
Најдобра партија?
– Имаше повеќе, но еден да издвојам, а тоа е мечот со Охрид дома. Натпреварот лошо го почнавме и губевме со 2-9. Кога се мислеше дека загубивме, собравме сили, одигравме и постигнавме победа. Публиката се заблагодари со силен аплауз.
Вашата игра?
– Како капитен и еден од најискусните, се очекуваше да повлечам кога е најпотребно. Успешно одговорив на барањата. Но, лесно е кога зад себе ја имате екипата, која точно знаеше што сака. Дел од натпреварите ги пропуштив поради повреда, но мило ми е што екипата успешно играше и без мене.
Каква е иднината?
– Екипата е во нагорна линија и така треба да продолжи. Нужно е да се задржи поголемиот дел од играчите. Претстои потежок период, бидејќи со нашите игри се задолживме кај публиката, која ќе очекува најмалку повторување на успехот. Овој состав со неколку нови, може да се оди скалило погоре.
Челенџ купот?
– После повеќе од 12 години доаѓа добра шанса да се гледа европски ракомет во Челенџ купот. Настапував во овој куп со Тутунски. Сум ја почувствувал европската сцена. Искуството добро ќе го искористам да помогнам на тимот.
Сеќавањата за тоа време?
– Спомените тешко излегуваат од главата. Добро го паметам мечот со Пивоварна Целје. Беше екипа од светски ранг, со Периќ, Рутенка, Вугринец, Кокшаров, Жвижеј, Милосављевиќ, Томшич, кои наредната година ја освоија лигата на шампионите. Доаѓаа и други ѕвезди, како Лиевски, кој играше за полскиот Сласк, Абало за францускиот Иври.
Што мислите за преселбата во Универзална?
– Салата е најболното прашање. На ракометот му е потребна поголема сала. Училишната во “Ричко” е претесна да ги собере фановите. Би бил презадоволен да се вратиме во Универзална. Се надевам дека ќе се активира, заедно, со целиот град, да го вратиме духот на овој ракометен храм.
Извор: НЕДЕЛНИК ЗЕНИТ
Од 1.јули нови правила на македонските патишта
Од 1 јули (петок) ќе почне да се применува времениот режим на сообраќај во летниот период на државните патишта во Република Македонија со кој се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Забраната важи во периодот од 17 до 22 часот во петок, од 9 до 18 часот во сабота и од 9 до 22 часот во недела.
Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11 до 17 часот.
– Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта, се вели во соопштението од АМСМ.
На магистралниот пат А2 делница: Скопје-Охрид-Скопје се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите и тоа во петок од 15 до 22 часот, сабота од 7 до 12 и од 18 до 24 часот и недела од 7 до 22 часот.
Времениот режим за сообраќај на тешки теренски возила ќе трае до 1 септември







































