дома блог страница 5268

Четири лица пријавени за исчезнати

Седумнаесетгодишна девојка од гостиварско Србиново, четириесет и четиригодишна жена од кумановско Черкезе, шеесет и три годишен жител на кумановско Младо Нагоричане и педесет и две годишен радовишанец, се пријавени за исчезнати во полицијата во изминатите три дена, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

isceznadevojcee

Во Полициската станица Куманово  вчера Р.Ц. (1982) од Младо Нагоричане пријавил дека утрото околу 10 часот на 28-ми минатиот месец од дома во непознат правец се оддалечил неговиот татко М.Ц.(1953), а А.З (1949) од Черкези пријавил дека на околу 15 часот попладне на 24-ти минатиот месец од дома во непознат правец се оддалечила неговата невенчана сопруга Е.Ф.(1972).

Во Полициската станица Гостивар,  пак, вчера, С.Б.(1963) од село Србиново пријавил дека околу 14 часот попладне на 26-ти минатиот месец од дома во непознат правец се оддалечила неговата 17 годишна ќерка.

На 29 минатиот месец, К.П. (1960) од Радовиш  пријавила дека околу шест часот изутрина  од дома во непознат правец се оддалечил нејзиниот сопруг Г. П. (1964).

Полицијата презема мерки за пронаоѓање на лицата кои се пријавени за исчезнати.

Државата ќе интервенира цената на пченицата да не биде под 11 денари

По 6.000 денари за хектар или по два денара за килограм дополнителна субвенција ќе добие секој земјоделец што го пријавил производството на пченица.

pcenica

Како што соопшти денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков, ова е една од мерките со кои државата ќе им помогне на производителите да добијат по минимум 11 денари за килограм лебно жито од годинашната реколта со оглед дека мелничарите најавија откупна цена од најмногу осум денари.

Според Цветков, Министерството ќе интервенира и со помош за складирање на пченицата што ќе ги намали количините на пазарот, а тоа, истакна министерот, последователно ќе ја зголеми цената.

– Обезбедивме 80 отсто субвенции за складирање на 30.000 тони пченица, од кои 15.000 во Прилеп и уште толку во „Жито Вардар“. Тоа значи дека земјоделците ќе треба да плаќаат по само 12 денари месечно зашто чувањето на лебното жито е 60 денари за тон, информира Цветков.

Тој напомена дека цената на пченицата, како и на секој друг земјоделски производ, ќе ја дефинира пазарот.

Нова средба меѓу мелничарите и производителите на пченица е закажана за понеделник.

 

НЕВЕРОЈАТЕН ЗАКОН ВО РУСИЈА: Доколку некој ја силува, слободно може да го убие

140506160556-putin-yelling-horizontal-large-gallery

Неверојатен закон е усвоен во руската Дума, после жестока расправа на тамошните академци и членови на политичката елита.

На крајот донесен е директерн декрет за промена на законот за злоставување.

Така жените во Русија, во иднина ќе можат сами да ги ликвидираат оние кои би ги измачувале или силувале, а при тоа законски нема да одговараат, што значи дека нема да одат во затвор за издржување казна, затоа што таквото убиство ќе се смета како нужна самоодбрана. Законот ги одушевил повеќето жени.

А.Г.

Рецепт: Шпагети карбонара

spageti-karbonara

Доколку во текот на летните денови сакате да зготвите нешто што не бара премногу време покрај шпоретот, тогаш ова е вистинскиот рецепт за вас.

Состојки:

  • 500 грама шпагети
  • 100 грама сланина
  • 100 грама пекорино сирење
  • 1 лажица маслиново масло
  • 2 чешниња лук
  • 3 јајца
  • 150 мл павлака за готвење
  • Слатка мелена пиперка
  • Сол, бибер

Подготовка:

  1. Шпагетите сварете ги да бидат ал денте. Сланината исечете ја на ленти, а сирењето изрендајте го.
  2. Во тава загрејте го маслото, пропржете ја сланината да пушти маснотија. Извадете ја и ставете ја на топло. На маснотијата од сланината ставете го лукот. Изматете јајца, 50 грама сирење, додадете малку сол, бибер и мелена пиперка.
  3. Шпагетите исцедете ги и измешајте ги со маснотијата и со лукот. Тргнете го тавчето од оган, измешајте го со смесата со јајца и павлака. Ставете ја сланината и останатото сирење и по желба декорирајте со магдонос.

Луѓето кои се будат порано се попаметни, поздрави и попродуктивни!

Генерално навистина не ги сакаме утрата. Живееме за оние први минути кога ќе може да се напиеме кафе за да можеме некако да го започнеме денот. Сакаме да спиеме што е можно подолго, но вистината е дека станувањето рано има премногу поволности за вас и за вашето физичко, но и психичко здравје.

son-2

Прочитајте зошто е подобро да станувате рано:

1. Ќе ве направи попаметни

Едно истражување од 2008 година открило дека студентите кои се идентификувале како ранобудници имале подобри оцени и генерално поголем успех за време на своето студирање.

2. Ќе ве направи посреќни

Истото истражување покажало дека ранобудниците се посреќни од ноќните птици. Имаат време да ги завршат сите работи, го започнуваат денот порано и имаат повеќе време за да им се посветат на работите кои ги прават среќни.

3. Ќе ве направи поздрави

Колку порано станувате, толку повеќе време имате и за физичка активност. Колку порано вежбате, толку повеќе поволности имате и дополнително ќе се чувствувате поубаво во текот на целиот ден.

4. Ќе ве направи попродуктивни

Едно друго истражување покажало дека луѓето што се будат порано имаат време да направат повеќе работи и имаат повеќе контрола врз својот дневен распоред. И се разбира нема да имате потреба да трчате и хаотично да се трудите да завршите се, туку се ќе можете да направите во порелаксирана атмосфера и автоматски ќе бидете попродуктивни.

5. Ќе ви даде поголема самодоверба

Истражувањата покажале дека тие што стануваат порано имаат карактеристики како оптимизам, задоволство од самите себе и дека се по општествено свесни. Тие уште рано во денот се подготвени да се соочат со денот и со работите што ги очекуваат и тоа го прават со поголема самодоверба.

Давор Поповски избран за нов претседател на СПУКМ

Нов претседател на Студентскиот Парламент на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје (СПУКМ) со освоени 3.851 гласови е кандидатот Давор Поповски, соопшти СПУКМ.

fakultet

Вториот кандидат, Стефан Василевски, според Студентскиот Парламент, освоил 1.275 гласови, имало 138 неважечки гласови, а вкупно гласале 5.264 студенти.

Од Студентскиот парламент на УКИМ наведуваат дека на вчерашниот избор на нов претседател на СПУКМ на сите 23 факултети гласањето почнало навреме во девет часот и завршило во предвиденото време во 16 часот.

Кандидати за студентски лидер, се вели во соопштението, беа под реден број 1. Стефан Василевски од Медицинскиот факултет кој доби поддршка од 6 студентски парламенти на факултетите и под реден број 2. Давор Поповски кој доби поддршка од 7 студентски парламенти на факултетите. Им честитаме на кандидатите за нивната коректна кампања, која се базираше на програма која им нуди проекти и можности на студентите.

Според СПУКМ, изборниот процес се одвивал во фер и демократска атмосфера, каде што можност имаа студентите да го дадат својот глас и достојно да го изберат својот нов лидер. Во текот на изборот, се вели  во соопштението, имаше тенденции за скандализирање на изборот од страна на Студентскиот пленум, кој е политички мотивиран, да направат упад во гласањето и да ги спречат студентите да го искажат своето демократско право на глас, што беше директен атак на слободата на студентското изразување.

– Воедно сакаме да упатиме остра критика и да го осудиме насилното однесување на Студентскиот пленум за време на изнесувањето на гласачките кутии од Правниот факултет, за време на  пребројувањето на гласовите и за време на внесувањето на последните кутии во просториите на СПУКМ. Ваквиот начин на однесување сметаме дека не доликува на академски граѓани и на студенти кои треба да бидат авангарда и носители на иднината на нашата држава. Политички мотивираните насилни однесувања се одлика на оние кое сакаат да го уништат студентското движење, се вели во соопштението од СПУКМ.

ВИДЕО – Најскапите борбени авиони на светот слетаа во Британија

Борбените авиони F35B моментално се најмодерните на светот, а илјадници луѓе сакаат да присуствуваат на тест летовите.

Најскапите борбени авиони на светот од типот F-35B Lighting II прв пат слетаа во Велика Британија каде ќе се одржат тест летови, пренесува Welt.

Три авиони од овој тип, еден од британско производство, а другите два американски, после тест летовите, ќе се вратат во Јужна Каролина, откаде и полетале.

Овие авиони се моментално најмодерните на светот, а илјадници луѓе сакаат да присуствуваат за време на тест летовите.

Проектот “Joint Strike Fighter” е најскап од таква врста во историјата, а чини 400 милиони долари.

 

А.Г.

 

Популарната пејачка на смрттна постела

cher-2013-650-430

Поп дивата Шер се наоѓа во многу тешка здравствена состојба и води битка за нејзиниот живот. Таа се заразила со опасен вирус, па сега е во многу лоша состојба, пишува „National Enquirer”.

Таа и во минатото се бореше со оваа состојба, мораше да се повлече од сцената, и серијата концерти кои беа закажани ширум светот.

– Шер сака да почине во мир, без да заморува никој и без медиумско внимание за ова, рекол извор.

Таа сака да ги остави сите несогласувања со членовите на своето семејство и да се осигура дека и по нејзината смрт тие ќе бидат сложни и обезбедени.

ВАРДАРСКА ДОЛИНА СТАНУВА РЕАЛНОСТ: Ова е проектот за „Вардарска долина“ кој треба да почне со реализација!

Идејата односно просторот што го опфаќа Вардарската Долина долги години е во центарот на интерес во енергетска смисла, а особено во последните две децении. Интересот се зголемува во зависност од геополитичката и економската состојба на нашата земја, како и од различните интереси за развиток на регионот во рамките на развојните планови на регионално ниво, како и од специфичните стопански интереси.

vardarska_dolina

Комплексното уредување на просторот околу Вардарска Долина ќе ги опфати следниве сегменти:

изградба на објекти за енергетско искористување;
изградба на системи за развој на земјоделството и
изградба на системи за развој на туризмот, спортот и рекреацијата.
Проектот „Вардарска Долина“ предвидува енергетско искористување на течението на Вардар со сите најзначајни притоки. По течението на р. Вардар односно на потегот од Скопје до границата со Грција, во должина од 200 km, планирана е изградба на 12 хидроелектрични централи, на различни локации. Од предвидените електрани како поголеми се ХЕ Велес со предвидено производство од 300 GWh и ХЕ Градец со предвидено производство од 257 милиони kWh. Останатите помали хидроелектрани се каскадно распоредени по течението на реката, со предвидено производство од 60 до 130 милиони kWh, во зависност од локацијата и протокот на вода.

Основни придобивки од изградбата на хидроелектрични централи на реката Вардар ќе бидат следниве:

промена на структурата на производството на електрична енергија преку зголемување на уделот на хидроенергија или енергија добиена од обновливи извори;
минимизирање на влијанието врз животната средина преку користење на водата како обновлив и ефикасен енергетски извор;
намалување на енергетската зависност на државата преку изградба на хидроелектрични централи како домашен енергетски извор;
подобрување на заштитата од поплави преку регулација на водното корито;
спречување на намалувањето на нивото на подводните води во целата област ипромовирање на националниот развој преку искористување на водениот потенцијал како ефикасен извор за производство на електрична енергија.

Овој проект кој е од геостратешко, економско и геополитичко значење за нашата земја ќе чини околу 715 милиони евра и со тоа ќе биде еден, ако не и најголем инвестициски зафат во историјата на независна Македонија. Овој проект ќе ја обезбеди енергетската и економска стабилност и независност на Македонија, а воедно ќе обезбеди и бројни работни места за специјализиран кадар.

Од висината на овој проект, најголема меѓу инвестициите ќе биде ХЕЦ „Велес“ и ХЕЦ „Градец“. Поединечно тие ќе чинат по речиси 200 милиони евра:

11

22

Останатите хидроелектрани кои ќе се изградат по течението на реката Вардар ќе бидат помали, со помала инсталирана моќ, согласно на тоа и поевтини. Табеларно:

44

СООПШТЕНИЕ НА НАРОДНАТА БАНКА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

500nbrm1

Денеска се одржа завршната конференција во рамките на проектот „Понатамошно усогласување со законодавството на ЕУ во областа на движењето на капиталот и плаќањата и финансиските услуги – пазари на хартии од вредност и инвестициски услуги“. Овој проект започна во февруари 2015 година и беше финансиран преку инструментот за претпристапна помош на Европската Унија (Instrument for Pre-Accession Assistance – IPA) во рамки на компонентата за Помош за транзиција и институционална надградба (Assistance for transition and institution building). Овој проект којшто суштински се состои од две компоненти, првата за усогласување на националното законодавство со законодавството во ЕУ во областа на плаќањата, и втората којшто се однесува на усогласувањето на законодавството во областа на пазарот на капитал, како целина, има големо значење за централната банка. Резултатите од овој проект се три нови нацрт-закони (Закон за платежни услуги и системи, Закон за финансиски инструменти и Закон за проспекти за хартии од вредност и обврски за транспарентност за издавачите) и пакет подзаконски акти, во кои се транспонирани десет релевантни директиви на Европската Унија.

На завршната конференција на овој проект учествуваа претставници од Европската комисија во Република Македонија, од Министерството за финансии, од Народната банка на Република Македонија, од Комисијата за хартии од вредност и од домашниот финансиски сектор, како и консултантите носители на овој проект. Во рамки на Конференцијата се одржаа две панел-дискусии. Првата панел-дискусија беше на тема: „Визијата 2020 на Евросистемот – Чекор напред кај малите плаќања“, во која учествуваа странски експерти од областа на платежните услуги од Европската централна банка, од Централната банка на Холандија, од „Мастеркард“, а претседавач беше г. Петер Центрих, клучен експерт за компонентата за платежни услуги. Втората панел-дискусија беше на тема: „Европската перспектива на пазарите на капитал во регионот“ и во неа учествуваа директорите и високите претставници од комисиите за хартии од вредност од регионот: од Хрватска, Словенија, Србија и Албанија, а претседаваше г. Александар Стојков, комисионер на Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија.

На завршната конференција, помеѓу другите високи претставници, воведно обраќање имаше и вицегувернерот на Народната банка на Република Македонија, г-ѓа Маја Кадиевска-Војновиќ.