дома блог страница 5264

ПРЕСПА ВРИЕ ОД НАРОД: Ниски цени, уредени плажи, одлично разладување

7

Преспанското Езеро доживува нова преродба. Со уредувањето на плажите на крајбрежјето се враќа стариот сјај на второто по големина природно езеро во Република Македонија. Редици автомобили и рој капачи во водата е секојдневната слика по плажите во Сливница, Стење, Претор, Отешево…

Цените се достапни до сечиј џеб, разладување има за секого, а пред се чист воздух и песочни плажи.

Секојдневно врие од автомобили и се бара место плус од жителите на Пелагонија, а не заостануваат гости и од подалечните градови.

Особено гужва е во викендите кога прилепчани и битолчани доаѓаат и се чувствуваат како дома.

Се инвестира во сите излетнички места, се поставуваат нови шанкови, се средува инфраструктурата на плажите, се прават детски паркови и се воведуваат многу новини. Напорите на државата и на Министерството за транспорт и врски, се насочени кон наново заживување на езерото и враќање на старата привлечност и атрактивност на воздушната бања наречена Преспа.

Ваква беше денешната слика на плажата во Сливница.

6

5

Голема и широка песочна плажа, секогаш привлечна за посетителите и за љубителите на природата и зеленилото, кое го имате на секој подалечен видик.

Моментално во Сливница се гради и нова плажа, која ќе ја задоволи потребата од плус простор.

3

1

2

Водата пријатна и со одлична температура за капење. Недостасуваат угостителски објекти, но во близина е Претор, каде можете да уживате во вкусна, евтина и разновидна храна.

Посетете ја Преспа и Преспанското Езеро, ќе поминете одлично, ќе се разладите и ќе понесете пријатни спомени.

4

 

ВИДЕО: Мажот дојде дома порано, а голиот швалер се сокри на најлошото можно место

covekvisisazgrade1

Неодмна на Јутјуб се појави видео кое стана прав хит. На него се гледа маж како виси на клима уред на една зграда. Во описот на видеото пишува дека човекот бил кај љубовницата, а тогаш мажот се вратил дома. Несреќниот љубовник морал да се сокрие, па висел на клима уред од 10 кат.

Соседите секако не ја пропуштија приликата се ова да го снимат.

ФОТО: Најзгодната тенисерка во светот играше полугола на Вимблдон

Канадската тенисерка Ежени Бушар го заврши својот настап на третиот грен слем тирнир Вимблдон, откако беше поразена од Словачката Доминика Цибулкова со 6:4, 6:3

 

tenis5

-Не одиграв како што требаше. Секоја чест за Доминика, се чувстував како да немам одговор за нејзината игра. Фрустрирана сум, бидејќи многу му се радував на овој турнир, но на овој натпревар промашив многу работи. Навистина не знам зошто, изјави 22 – годишната Бушар.

1tenis-640x454

Канаѓанката, која ја сметаат за една од најубавите тенисерки на турнирите, повторно се мачеше и со прекусото здолниште на Најак, која некои играчи одбија да ја носат.

Во еден момент на Бушар здолништето и се крена до врат и и го откри скоро целото тело. Вимблдон е познат по строгите правила на облекување и во обзир доаѓа само бело , но здолништето мора да покрива отколку да открива

2tenis-640x437

Иако често мораше да ја поправа, Бушар застана во одбрана на фустанот.

-Баш ми се допаѓа фустанот. Лесно се движам во неа. Малку е смешно што луѓето ми обраќаат толку многу внимание на фустанот што го носиме. Мене ми е супер, изјави Бушар.

3tenis-640x448

Неприкосновен- Изеде 70 хот-дог сендвичи за 10 минути и постави нов рекорд

Американецот Џои Честнат си ја врати шампионската титула во брзо јадење хот-дог.

hot-dog-rekord

Триесет и две годишниот жител на Сан Хозе, Калифорнија изеде вчера 70 хот-дог сендвичи за десет минути на меѓународен натпревар по повод Денот на независноста на САД.

По традиција, натпреварот за најбрзо јадење хот-дог се одржува на Кони Ајленд во Бруклин, Њујорк.

Честнат, наречен – Ајкула, стана шампион по десетти пат враќајќи си ја титулата која минатата година ја доби Мат Стоуни, исто така од Сан Хозе кој успеа да изеде 62 сендвича хот-дог за 10 минути.

Претходно, Честнат осум години по ред беше неприкосновен на натпреварот.

Пред машкиот турнир, имаше и натпревар за жени. На него победи 30-годишната Мики Судо од Лас Вегас која за 10 минути успеа да изеде 38,5 сендвичи хот-дог и трета година по ред е шампион.

Чеснат и Судо ќе добијат награда од по 10.000 долари и шампионски појас со боја на сенф.

НЕВЕРОЈАТНА ДРАМА ЗА МАЈЧИНИОТ ИНСТИКТ: Мајка стаорец го спасува своето мало од змиска уста – ВИДЕО

1111

Мајчиниот инстинкт е огромен. Таа знае како треба да ги охрабри своите деца, да ги одгледа, да ги згрее и да им ја даде потребната љубов.

Пред се таа знае како да ги заштити, како во овој случај, каде мајка стаорец се обидува да го заштити своето младо да не биде изедено од змија.

Погледнете ја оваа неверојатна драма:

А.Г.

ВИДЕО – Девојка диџеј која просто ќе ве одушеви: Погледнете како микса DJ Lady Style

111

Французинката од Париз диџеј Lady Style е вистински уметник за правење на добар бит. Девојката просто растура кога ќе се најде зад миксетата. Нејзните омилени жанрови на музика се електро, хип-хоп и олд скул, а е позната под прекарот “Парижанката”.

Погледнете едно такво добро миксање кое ќе ве освои:

А.Г.

СВЕДОШТВО ОД КОБНАТА ВЕЧЕР: Братот на Бојан Илиќ кој удри во малиот Алмир се јави со сведоштво на ФБ!

Братот на возачот на „Мерцедесот“ кој пред неколку дена удри во семејството Алиу, при што по неколку дена во болница почина малиот Алмир се јави со реакција на ФБ, на кој тврди дека тие немале намера да удрат во семејството Алиу, и дека бегале од група Албанци кои ги бркале со ножеви, палки, а притоа неколку пати ги прободеле, и исекле за што постојат и фотографии од повредите.

bojan_ilic

Според братот на Бојан, групата Албанци со палки им го скршиле ветробранското стакло на автомобилот, па не можеле да видат ништо, а бегајќи во паника случајно удриле во семејството Алиу за што жалат.

Јас сум братот на возачот, оној што го вадат од возилото на снимкава. Не нападнаа за глупости… Влеговме во кола ни дотрчаа 3-4 албанци ни ја скршија шофершајбната со боксачи ( веднаш повикавме полиција) ние побегнавме но завршивме во слепа улица. Продолжија да не бркаат околу 20 албанци со ножеви, боксачи и слично. Братми за да ги избегне удри во ѕид за жал тука било дете ние неможевме да видиме ништо зошто ни е скршена шофершајбната и бевме испаничени, јас не знам каков човек напаѓа луѓе со цел да ги тиепа/убие пред сопственото дете за банална расправија поради ред во болница и со тоа го доведува во опасност… И дали тие навистина се жртви? Јас имам 5 посекотини од НОЖ, повеќепати сум удрен со тврд предмет по глава и тело. Против никој од напаѓачите не е поднесена кривична пријава уште и се организираат протести и го нарекуваат брат ми терорист кој сакаше само да избега и да се спаси… Навистина е греота за детето и ние жалиме ама како би вие реагирале да се најдете во ваква ситуација и да ви е загрозен вашиот живот и животот на вашата фамилија? Во сите медиуми пишува како ние сме ги чекале да ги згазиме никој не ја напиша вистината што навистина се случи – сведочи на ФБ братот на Бојан

Извор: Инфомакс

Пијан возач заврши во семафор во центарот на Прилеп

1

Вечерва во центарот на Прилеп се случи сообраќајна незгода. Комби управувано неофицијално од возач под дејство на алкохол заврши во семафор.

Според информации од очевидци нема повредени но причинета е материјална штета на возилото.

2

3

4

Русите имаат свој терминатор: Бодибилдер од Москва е вистински клон на Арнолд Шварценегер – ВИДЕО

Screenshot_10

Арнолд Шварценегер е сигурно најславниот бодибилдер на сите времиња, а за тоа колку е големо неговото влијание во овој спорт, говори тоа што Антон Риски, кој неверојатно потсетува на него, стекна голема слава благодарејќи на таквата сличност.

Запознајте го московскиот Арнолд Шварценегер, Антон Риски. Тој можеби сеуште го нема достигнато познатиот “терминатор” во однос на димензиите на мускулите во најдобрите денови, но имајте во предвид дека момчето има само 21 година.

Младиот бодибилдер тврди дека никогаш немал професионален тренер, туку дека е самоук кревач на тегови.

А.Г.

Најновиот скеч со Тошо Малерот “Комшија”, ќе ве насмее до бесвест – ВИДЕО

121

Батка Production со ново видео насловено како “Комшија”. Погледнете ќе ве насмее и ќе ви го разубави денот.

А.Г.