Прилепчанецот Владимир Јованоски инаку вљубеник во природата, планинарењето и планинскиот велосипедизам, направи голем подвиг и со велосипед го освои 1747 метарскиот врв “Козјак” кој е највисокиот врв на планината “Бабуна” .
Владимир вели дека неговиот велосипед е првиот кој се искачил таму високо и кој го победил стрмниот и карпест терен.
Тој не почести со убавата глетка од врвот и вели дека се чувствува исполнето.
Црвено-белите започнуваат со подготвителните натпревари пред стартот на новата прволигашка сезона.
Во петок 8-ми јули, со почеток од 17:30 часот на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, Победа ќе го одигра првиот пријателски меч против Хоризонт од Турново.
Ова ќе биде одлична можност на прилепската публика да се запознае со новите ангажирани имиња во клубот и да се види досегашниот напредок на постојаната екипа.
Адвокатските комори на Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија и Косово денеска во Скопје ќе одржат конференција на тема „Реформа на кривичното процесно законодавство“.
Конференцијата е дел од проектот „Реформа на кривичното процесно законодавство“ имплементиран од адвокатските комори од регионот со поддршка на Балканската регионална мрежа за владеење на правото (БРЛЛН), УСАИД, Американската адвокатска комора – Иницијатива за владеење на правото и граѓанската организација „Партнери за демократски промени Србија“.
На Конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од проектот, чија цел е идентификување најголемите и најчестите проблеми во однос на процесната позиција на одбраната во регионот, како и залагање за подобрувања во оваа област и de jure и de facto преку размена на искуствата во интерес на обезбедување на еднаквост на страните и оружјето. Крајната цел е отворање на дијалог за неопходните помени во кривичното-процесно законодавство на земјите во регионот.
Поздравни обраќања на конференцијата ќе имаат претседателот на Адвокатска комора на Македонија Никола Додевски, претседателот на Адвокатска комора на Србија Драгољуб Ѓорѓевиќ, претседателот на Адвокатска комора на Косово Осман Хаволи и Елизабет Гивенс, директор на програма, Американска адвокатска комора, Балканска регионална мрежа за владеење на правото (БРРЛН).
Руската авијација почна се почесто да ги користи падобран бомбите во северот на Алепо, откако неодамнешните акции се покажаа неверојатно успешни со користењето на ваквите бомби.
Воен извор од Алепо известува дека овие бомби ќе бидат користени се почесто од страна на руската авијација, за уништување на тунели направени од страна на џихадистите.
Се работи за БетАБ-500 бомбите. Со овие бомби Су-34 го уништи командниот пункт на Исламската држава во Рака. Во прашање се пробивни авио бомби наменети за уништување на засолништа од армиран бетон или земјени покривки, како и писти за авиони.
За време на претходните бомбардирања руската авијација откри дека другите бомби не прават експлозија која може да ги пробие тунелите на терористите.
Актерката Анџелина Џоли со статус на Инстаграм им одговори на сите кои велат дека не е добра мајка и дека не се грижи за своите деца.
Ова особено се однесува на нејзиниот посвоен син Медокс.
Уморнa сум од тоа да ми велат дека не сум негова мајка. Можеби биолошки не е мој. Немојте да ми велите дека сум мајка усвоителка. Можеби немаме исти очи, нос и уста но тој е мој син. Фамилијата не се базира на ДНК туку на љубов. Поделете го ова ако се согласувате со мене, напиша Џоли.
Паркот во населбата “Точила” во Прилеп е вистинска атракција. Огромната зелена површина збогатена со урбана опрема, терените за одбојка, фудбал, баскет, се исполнети со рој деца кои како пчели секојдневно “зујат”.
Локалната самоуправа на општина Прилеп во изминатите 10 години вложи многу во уредување на градот и во изградбата на повеќе вакви зелени оази. Moментално се доуредува парковата површина во “Точила 2”, а се работи и на изградбата на пракот во населбата “Бончејца”.
Новинарот Васко Ефтов, во својата синоќешна емисија ,,Во Центар” под наслов ,,Кој ги активираше криминалците на протестите!” , расветлува голем дел од делувањето на СДСМ, кои преку поврзување со криминалното подземје насилно сакаат да дојдат на власт, нешто што очигледно не им успева, бидејки граѓаните не сакаат да бидат водени и да бидат во врска со криминалци, кои имаат богато криминално досие.
Ефтов како класичен пример за врската СДСМ-криминално подземје го посочува Иванчо Павловски, кој е во првите борбени редови на ,,Шарената револуција” , која изминатиов период како мала хулиганска група дивееше низ центарот на Скопје, оштетувајќи државен имот: згради, мостови и споменици. И нарушувајќи го мирот на граѓаните. За Павловски , Ефтов рече:
-Кога ќе го прочитате тоа затворско или казнено CV на Иванчо Павловски, тоа му доаѓа ко некој телефонски именик, јас ќе пробам само да набројам или да нотирам неколку од тие казни кои што тој ги има одслужено: Казна затвор во траење од 3 години и 6 месеци, за кривично дел убиство; Казна затвор во траење од 8 месеци за кривично дело по член 288 за предизвикување општа опасност во 2007 година; Казна затвор во траење од 6 месеци за кривично дело од член 387 од 1998 година; Мерка засилен надзор од родител, кога бил малолетен; Па имаме кривично дело по чл.132, па кривично дело чл. 123, па кривично дело чл.131 и да не редам надоле, како што велам станува збор за вистински телефонски именик на кривични дела што се врзуваат за овој човек, тој човек е во првите борбени редови на таа Шарена Револуција.
Ефтов додаде дека, Павловски не е единствен човек со криминално досие, а кој е дел од првите борбени редови на ,,Шарената револуција” , туку тој посочува дека такви лица од страна на СДСМ се ангажирани во поголем број.
-Господин Павлоски не е единствен од тоа криминалнио миље кој е вклучен во тие протести на ,,Шарената Револуција” има барем 7 луѓе за кои има докази дека имале кривични пријави или кривични казни или кривична одоговорност, на пример тоа е : господинот Митковски за одредени телесни повреди, па господинот Гаврилоски надзор од родител, па господинот Цветковски за одредена казна во траење од 6 месеци, па господинот Куковски за одредени сообраќајни прекршоци , па господинот Георгиевски за фалсификување на исправа, Мајновски некаде 2 или 3 казни во траење од 3 години, господинот Шабановиќ итн… На пример на протестите во Велес може да се детектираат или да се видат припадници на таа ,,Франкфурт мафија” , слични криминални групи има во Битола, одредени припадници кои беа осудувани или гонети во тоа дело поврзано со ,,Детонатор” се најдени или може да се детектираат во тие протести во Источна Македонија, одредени припадници на Санџачкото криминално миље може да се детектираат или да се видат на тие скопски протести, тоа е една шарена група која брои некаде помеѓу 100 и 200 луѓе кои се во тие први борбени редови на таа ,,Шарена револуција”.
Додека интезивно се подготовува стартот на обновата на изгорените конаци на манастирот Трескавец, финишираа двомесечните истраги, кои потврдија дека комплексот е исконско култно место во биогеографската целина од Северна Пелагонија. Милениумското користење ги менувало модалитетите на култните содржини – антички храмови посветени на Аполон Еутаданос (Громовник) и Артемида, ранохристијанска базилика и средновековен манастирски комплекс.
Според д-р Бранислав Ристески, научен советник-археолог во Институтот за старословенска култура, истрагите ги разјаснија етапите во развојот на античката населба Колобаиса. Заокружени се фундаменталните сознанија за историјата на материјалната култура добиени во 2014 година, со акцент на историјата на манастирот со црквата посветена на Успението на Пресвета Богородица од средината на 12 до средината на 19 век.
– Констатиравме десет основни етапи во егзистенцијата на археолошкиот комплекс, од доцно бронзено време до средината на 20 век – изјави Ристески.
Материјалните манифестации се поврзани со егзистенцијата на античката населба Колобаиса и со материјализираната христијанска духовност на манастирскиот комплекс.
На оваа свадба не постоел маж кој не подзинал кога ја видел оваа девојка како танцува. Атрактивната девојка со својот танц го привлекла вниманието на сите присутни, а кога ќе видите како меша, се ќе ви биде јасно.
Не е познат идентитетот на девојката, но она што ни е познато е дека виде дефинитивно нема да останете рамнодушни на ваков танц.