дома блог страница 5262

Филмот „Граници“ на гевгелиски гимназијалци во финале на фестивалот „Плурал плус“ во Њујорк

Film-1-650x396

Филмот „Граници“ изработен од ученици од гевгелиската гимназија „Јосиф Јосифовски“ од страна на Комитетот за предселекција на интернационалното жири, во конкуренција на околу 400 филмови од целиот свет, влезе во финалето на младинскиот видео фестивал „Плурал плус“ што го организира Центарот за медиуми од Њујорк,САД.

За потребите на фестивалот филмот е работен на англиски јазик и обработува тема од бегалската криза и ситуацијата на децата во услови на мигрирање. Во неговата изработка учествуваа Васко Трајков, Филип Аблаков, Матеј Аврамов, Стефан Шапкарев и Сретен Илиев под менторство на професорот Тони Аврамов.

На меѓународниот натпревар кој се одржува од 2009 година, досега настапиле околу 1.300 учесници од 90 земји во светот, а креативните видеа што ги изработуваат младите обработуваат прашања како што се трговијата со луѓе, социјална маргинализација и расизам.

До крајот на идниот месец ќе се знае конечниот пласман на филмовите, а доделувањето на наградите ќе биде на 27 октомври во Њујорк.

Анастасија Илиеска нов директор на УЈП, досегашниот привремен директор Есмеров се враќа на старата позиција

Анастасија Илиеска, досегашен државен секретар во МВР е именувана за нова директорка на Управата за јавни приходи, потврди Владата. Од Владата велат дека досегашниот привремен в.д директор на УЈП Петар Есмеров, се враќа на претходната позиција директор на скопската подрачна единица на Управата за јавни приходи.

 

anastasija-ilieska-1-640x390

-По изборот на Кирил Миноски за министер за финансии, заради тековно извршување на функциите на институцијата, Владата одлучи директорот на подрачната единица на УЈП во Скопје, Петар Есмеров, привремено да биде назначен за вршител на должноста директор на УЈП. На минатата седница Владата ја именуваше Анастасија Илиеска за директор на УЈП, а Петар Есмеров ќе продолжи да ја извршува позицијата директор на подрачната единица на УЈП – Скопје, изјави портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев

Платата од преку 30.000 евра годишно Катица Јанева ја троши по плажи: Политичката криза во Македонија ја одржува од Грција (ФОТО)

Катица Јанева и нејзините соработници безмалку една година бркаат вештерки претставувајќи ја својата политички оркестрирана јалова борба со криминалот како пожртвувана и безрезервна одбрана на правдата. Не успеаја да ги протуркаат политичките мотиви на прогонот, но затоа успеаја високо да се позиционираат на столбот на срамот како дружина, која во земја во која просечната плата изнесува 22.350 денари се луксузира со енормно високи плати, кои според нивното признание изнесуваат меѓу 2500 и 3500 евра месечно, пишува Република.

 

janeva2-640x446

Од формирањето на Специјалното јавно обвинителство во септември лани, специјалната Катица Јанева има заработено над 30.000 евра, а згора на тоа државата ѝ плаќа месечно по 300 евра за кирија (за целосен увид во имотната состојба на јавната обвинителка, прочитајте. Како се збогати Катица Јанева иако има два стана во Скопје, едниот од 68 м/2, а другиот од 72 м/2 и ги пријавила како имот на нејзините деца.

Фотографиите кои ги објавуваме ги добивме од читатели кои се затекнале со специјалната обвинителка на граничниот премин Дојран, на 4 јули годинава. Немаме информации на која плажа заминала и колку чини нејзиниот одмор, но повеќе од сигурни сме дека со тие примања нема потреба да се стиска и да се воздржува.

janeva-640x1138

Периодов, додека шарените се сончаат, а СЈО ја одржува кризата, Катица Јанева и нејзиниот тим немаат амбиции да се занимаваат професионално со професијата, односно со правото и правдата, туку да градат имиџ на телевизиски ѕвезди и на филмски јунаци, што кај фелата предизвика презир, а исто така го подри и онака катастрофалниот рејтинг на СЈО во јавноста. Јавна обвинителка која живее во филм дека е „македонската Бијонсе“ или „Чарлев ангел“ заслужено има недоверба од над 60 проценти од граѓаните зад чијашто одбрана треба да застане.

janeva1-640x1138

Освен Катица Јанева, подолг период надвор од земјава е и нејзината соработничка Ленче Ристовска, која, случајно или не (изгледа не) токму во овој период се наоѓа на обука во САД на сметка на американските власти.

janeva3-640x1138

Јавноста, која ги плаќа специјалните обвинители, чека одговор колку ќе ја чинат екскурзиите, особено ако се има предвид дека се создава простор да му се даде на СЈО повеќе време и да им се продолжи мандатот на обвинителите, што ќе значи дека екстремно големите плати и трошоците за работа на Обвинителството ќе продолжат да се иплаќаат до недоглед од џебот на македонските граѓани.

ПИВОФЕСТ ТЕМА НА СОСТАНОК НА СОВЕТОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА

3

Локалниот Совет за превенција, во просториите на Општина Прилеп одржа состанок на кој беа разгледани сите прашања во поглед на безбедноста, организацијата и одвивањето на Фестивалот на пиво 2016. На состанокот кој го водеше градоначалникот Ристески како претседател присуствуваа претставници од СВР Битола, ПС Прилеп, Здружение на граѓани ЦГИ – Прилеп, Дирекција за заштита и спасување, Центар за управување со кризи, ЕВН – Прилеп, ЈКП „Комуналец“, ЈКП „Водовод и канализација“, Итната медицинска помош, ТППЕ, Центарот за јавно здравје, УЈП, претствници од Државен пазарен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство и други служби кои се директо или индирекно инволвирани околу организацијата и одвивањето на самиот настан.

4

2

Во изјава за новинарите градоначалникот Ристески истакна дека ова претставува традиционална средба на сите институции кои на директен или индиректен начин се засегнати околу организацијата и безбедноста на Фестивалот на пивото. Секоја година се посветува големо внимание околу обезбедувањето на јавниот ред и мир, безбедноста на посетителите, непречено одвивање на сообраќајот во градот за време на четирите фестивалски денови како и околу квалитетот на храната и пијалоците, одржување на чистотата на градот, а посебно на локацијата на која се одвива самиот настан, снабдување на просторот со потребните инсталации и вода и присуство на екипи од ТППЕ и ИМП на просторот .

8

9

Портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова истакна дека активности се превземаат пред, за време и по завршувањето на фестивалот се со цел непречено одвивање на истиот. Во однос на полесно одвивање на сообраќајот за време додека трае фестивалот градоначалникот Ристески апелира прилепчани да се воздржат од користење на своите превозни средства.

 

ТВ Нова: Се создаде мермерно езеро – Прилепско „ПАМУК КАЛЕ“

Езерцето со тиркизна боја, сместено во напуштениот рудник за мермер над селото Беловодица кај Прилеп е вистинска хит дестинација ова лето, пишува ТВ Нова.

 

ezerce-prilep-640x331

Стотици посетители секој ден тука наоѓаат спас од летните горештини.

Поради атрактивниот предел сместено во мермерни блокови езерото го добива името – Мермерно езеро или прилепско Памук кале.

Прилогот на ТВ НОВА погледнете го во продолжение

Прилепчани со автомобил влегоа во кристалното мермерно езеро (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појавија неколку видеа на кои се гледа како групата до половина го внела возилото во кристално чистата вода.

 

majmuni-640x409

Деновиве поголема група прилепчани се решиле сосе автомобил да влезат во езерото и од покривот на возилото да скокаат во водата.

 

Обид за убиство во Прилеп: Се скарале, па пукал и го повредил

Основното јавно обвинителство – Прилеп изврши увид на местото каде што 22-годишен жител на селото Бела Црква, општина Кривогаштани се обидел да лиши од живот едно 35-годишно лице од село Чепигово, општина Прилеп.

 

pistol-vo-raka

Имено, вчера околу 19:30 часот во атарот на село Чепигово, осомничениот со пиштол калибар 9мм пукал во оштетениот, кој од истрелот се здобил со прострелна рана во пределот на стомакот. Причината за овој кривично – правен настан се претходно нарушени односи помеѓу двете лица. Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Прилеп, по увидот на лице место, издаде наредби за обезбедување на материјални докази пронајдени на местото на настанот.

Врз оштетениот е извршена хируршка интервенција во болницата во Прилеп и според првичната констатација на лекарите, тој се наоѓа надвор од животна опасност.

По пристигнувањето на кривичната пријава од Министерството за внатрешни работи, надлежниот јавен обвинител ќе донесе мериторна јавнообвинителска одлука за која јавноста ќе биде навремено информирана.

СООПШТЕНИЕ ОД ЈАВЕН ГРАДСКИ ПРЕВОЗ ПРИЛЕП

4385-pristignaa-pette-novi-avtobusi-za-gradski-prevoz-960x600-12

Се известуваат сите граѓани корисници на Јавниот Градски Превоз поради одржување на традиционалниот “Пиво Фест 2016”, од (12.07) вторник па се до (18.07) понеделник, автобусите на ЈГП ќе сообраќаат по неделната вонредна линија, на секои 60 минути, започнувајќи од 6.30 часот наутро од (х.Салида) и постојката викана (Кај Трлото) Варош.
Последно сообраќање на автобусите ќе биде во 16.30 часот од (х.Салида) односно (Н.Гробишта), освен на (17.07) недела последно сообраќање на автобусите ќе биди во 14.30 часот од (Н.Гробишта) .

Со почит

Јавен Градски Превоз

Воведено е ограничување за движење во шумите

Како превентивна мерка за заштита од пожари Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  од денеска воведе ограничено движење на сите лица во шумите и шумските појаси, освен за лицата со дозвола од Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја. Воведена е и забрана за палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата.

 

1

Ограничувањето за движење во шумите е за периодот од седум часот наутро до 17 часот попладне, а ќе трае до 15 август годинава.

Како што информираат од МЗШВ,  од 17 часот попладне до седум часот часот наутро дозволено е движење на сите лица во шумите и шумските појаси заради одмор и рекреација на сопствена одговорност за својата безбедност и обврската за ненанесување на штети на шумата (палење на отворен оган во шума и др). Ова ограничување не важи за организирана тура туристи за туристичко разгледување на шумите со стопанска намена и националните паркови, која ќе биде во придружба на претсваник од ЈП „Македонски шуми“ или националните паркови.

За непочитување на одредбите од забраната, укажува ресорното Министерство, на физички лица затекнати во шума без дозвола од „Македонски шуми“ и субјектите кои управуваат со заштитените подрачја за периодот од 7 часот наутро до 17 часот попладне ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност,  согласно член 106 од Законот за шумите.

Со шумите за стопанска намена во Република Македонија стопанисува ЈП „Македонски шуми“ со 30 подружници, а со шумите за посебна намена управуваат ЈУ национални паркови „Маврово“ , „Пелистер“ и „Галичица“,  ЈПУЗПП „Јасен“ – Скопје како и ЈП „Паркови и зеленило“ – Скопје.

Забраната за палење на стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата е сочласно член 23 од Законот за ловството  и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште, а како превентивна мерка за заштита од шумски пожари. За непочитување на одредбите од ова забрана се предвидува глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице согласно член 79 од Законот за ловството.

Три трикови како без да ја пресечете да препознаете зрела лубеница

Screenshot_2-21-640x413

Секогаш е тешко да се препознае и да се разликува која лубеница е сочна и блага. За да одберите зрела лубеница потребно ви е малку среќа, а ќе сигурно ќе ви помогнат и овие трикови:

  1. Побарајте жолтеникава дамка на површината на лубеницата

Дали сте забележале дамка на површината на лубеницата? Тоа е местото на кое лубеницата лежела на земјата додека созревала. Најзрелите лубеници имаат жолтеникава дамка, додека оние со бела боја или светло зелена треба да ги избегнувате, бидејќи се набрани предвреме. Немојте да купувате ниту лубеници кои немаат никаква дамка на површината.

2. Бирајте плодови без оштетување

Површината на лубеницата треба да биде темно зелена, тврда на допир и без видливи оштетувања. Меката површина е знак дека плодот почнал да скапува, а избегнувајте ги и оние со исушени површини. Плодот треба да биде асиметричен, а оние со необични израстоци, препуштете ги на некој друг.
3. Тестирајте ја тежината на лубениците

Можеби најтешките лубеници ги избегнувате поради тежината за транспорт, но всушност на тие плодови треба да обрнете најмногу внимание. Дури 92% од составот на лубеницата е вода, па најсочните плодови се и најтешки. Кренете неколку лубеници со иста големина, а дома однесете ја онаа која е најтешка. Таа без дилеми ќе биде и најслатка и најсочна!

А.Г.