дома блог страница 5261

Видео од страшното невреме кое вчеравечер го зафати Долненскиот регион

111

Силно невреме проследено со силен ветер, пороен дожд, грмотевици и град, вчеравечер го зафати Долненскиот регион. Видеото е од с. Дебреште и се гледаат поплавени улици.

Невремето уништило земјоделски површшини со жито и тутун, а поплавени биле и повеќе куќи во с. Лажани и Кошино.

Невремето исто така предизвикало и прекин на електричната енергија во 80 отсто од општината.

А.Г.

НОВО УНИКАТНО ВИДЕО ОД МЕРМЕРНОТО ЕЗЕРО ВО ПРИЛЕП

13595881_10206389931616052_1139846991_n

 

Прилепското мермерно езеро деновиве е атракција за стотици посетители. Ова е само уште едно чудо на природата и богатство кое треба да се негува. Езерцето за кратко време го дознаа сите, па стана убаво разладување за сите посетители. Тиркизната вода и специфичната локација го прават уште попримамливо.

Деновиве не престануваат да се појавуваат нови и нови фотографии и видеа од така нареченото “Прилепско Памук кале”.

Прилепчанецот Филип Перески изработил уште едно такво уникатно видео, преку кое се доловува магичната и  уникатна глетка од ова природно богатство.

Уживајте:

А.Г.

КОНЦЕРТ НА ПИЈАНО ДУО: МАЈА БОЖИНОВСКА И МИМОЗА ЌЕКА

КОНЦЕРТ ДУО ПИЈАНО

Во петок 08.07.2016 година со почеток од 20:00 часот, во домот за култура “Марко Цепенков” – Прилеп, ќе се одржи дуо концерт на пијано, а ќе настапат пијанистките Маја Божиноска и Мимоза Ќека.

Програма:
 Франц Шуберт – Фантазија во f-moll
за четирирачно пијано
o Allegro molto moderato
o Allegro vivace
o Allegro molto moderato
 КлодДебиси– Six epigraphes antiques
/ Шестантичкиепиграфи
o Pour invoquer Pan, dieu du vent d’été
o Pour un tombeau sans nom
o Pour que la nuitsoitpropice
o Pour la danseuse aux crotales
o Pour l’Égyptienne
o Pour remercier la pluie du matin
 Сергеј Рахмањинов– Six morceaux /
Шест пиеси
o Barcarolle / Баркарола
Moderato
o Scherzo / Скерцо
Allegro
o Thèmerusse / Рускапесна
Andantino cantabile
o Valse / Валцер
Tempo di Valse
o Romance / Романса
Andante con anima
o Glory / Слава
Allegro moderato

 

Меси осуден на 21 месец затвор

Освен Меси, осуден е и неговиот татко, а на казната ќе вложат жалба до Врховниот суд на Шпанија.

messi-odijelo-ap-main

Фудбалерот на шпанска Барселона и еден од најдобрите играчи на денешницата Лионел Меси, осуден е на 21 месец затвор поради затајување на данок, откако судот во Барселона го прогласи за виновен по три точки од обвинението, пренесува Ројтерс.

Како што се наведува, покрај Меси, и неговиот татко е осуден на 21 месец притвор, а на казната можно е да вложи жалба до Врховниот суд на Шпанија.

Сепак, според шпанскиот закон за дела за кои е пропишана затворска казна помала од две години, можно е да се изврши спогодба, па е извесно дека Меси и неговиот татко Жорге нема да одат во затвор.

Ја оштетиле Шпанија за 4,1 милиони евра

Судот му наложил на Меси да плати казна од приближно два милиони долари, додека неговиот татко мора да плати 1,5 милиони долари.

Меси и неговиот татко уште од 2013 година се оптужени за оштета на Шпанија за повеќе од 4 милиони евра.

А.Г.

 

ЗАПРЕПАСТУВАЧКО ВИДЕО: Мигрант од Еритреа во куфер пристигнал во Швајцарија

Screenshot_9-7

Чуварите во Швајцарија снимиле неверојатно видео на кое е прикажано како мигрант од Еритреа излегува од куфер, откако непречено влегол во земјата.

Овој 180 центиметри висок мигрант бил стуткан во куферот и на таков начин пропатувал од Милано до Швајцарија, а пронајден е откако патниците во возот слушнале звуци од патните торби.

Погледнете го видеото:

А.Г.

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Американските полицајци убиваат човек кој продавал музика

dt.common.streams.StreamServer

Видеото прикажува двајца полицајци од Луизијана САД како соборуваат на земја еден афроамериканец, и во еден момент го убиваат 37- годишниот Aлтон Стерлинг, откако анонимен повик им дојавил дека човекот носи пиштол.

Алтон Стерлинг продавал музички ЦД-а надвор од продавницата.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Видеото е со вознемирувачка содржина:

А.Г.

ВИКЕНД ПРОГНОЗА: Следните три дена ќе се топи асфалтот

vremegorestina

Времето во Македонија претпладне на места ќе има зголемена облачност, попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, кој уште од изутрина ќе започне во северните делови, а преку денот особено ќе се чувствува долж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од 13 до 21, а дневната од  25 до 32 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје претпладне ќе има умерена облачност, а попладне облачноста ќе се намали. Уште од изутрина ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер.

Температурата ќе се движи од 18 до 29 степени

Од петок следува период на стабилно и топло време со пораст на дневните температури, кои за време на викендот на југоистокот од земјата ќе достигнуваат 36 степени. Многу топло ќе биде и на почетокот на работната недела.

untitledoi4658568u54684655y4565y56u5656

ФОТО: Судир помеѓу два џипа кај Охрид, еден камион излетан од патот, неофицијално има и жртви

Страшна сообраќајка се случила утрово кај цело Требениште во близина на Охрид.

 

soob

Два џипа директно се судриле, додека пак еден камиот-кипер избегнувајќи го сударот излетал од патот и се превртел.

 

soob22

ФОТО: КУРИР

Според првичните информации од терен, во сообраќајката има жртви.

Падна турски воен хеликоптер, има мртви и повредени

avion (1)

Седум лица загинаа, а осуммина се повредени во несреќата на турскиот воен хеликоптер „Сикорски С-70“ во североисточна Турција, пренесе ТАСС.

Меѓу загинатите има воени лица и четворица цивили: жени и деца на воените  лица. Едно дете е префрлено во болница со скршена рака.

Според воени извори, во хеликоптерот имало 15 лица – осум воени офицери, меѓу кои генерал, полковник и двајца мајори, и нивните семејства, кои патувале за градот Алуџра по повод празнувањето на Рамазан Бајрам.

Хеликоптерот се урнал во шумски локалитет, на 40 километри од најблиските големи населби. Се смета дека несреќата е предизвикана од лошото време.

Хеликоптерот летал на мала височина и во услови на густа магла.

Претходно премиерот Бинали Јилдерим изјави дека не се истражува верзијата за терористичка напад.

На местото на несреќата  работат воени експерти кои треба да ја утврдат причината за несреќата.

Утре е Иванден – еве што треба да направите

ivanden (1)

Иванден е еден од најважните празници кај целиот словенски свет во кој се преплетуваат голем број обичаи и верувања од старата словенска митологија, со празнувањето на денот на раѓањето на св. Јован Крстител. Во народната традиција овој празник е поврзан со летната солстиција, односно со периодот на долгодневницата.

Овој празник во годишниот круг празници е симетричен на Божик, денот поврзан со зимската солстиција, односно со периодот на краткодневицата. Овие два празника ги поврзуваат и повеќе обичаи и верувања поврзани пред сè со Сонцето. Во таа насока се и обичаите и верувањата поврзани со огновите. Ритуалите со билките, претставуваат еден од најважните елементи поврзани со Иванден, а тие пак, исто така, се остаток од старите словенски верувања.

Со Иванден се поврзани многу обичаи и верувања но најповеќе се однесуваат на билките и верувањето во нивната магиска моќ. Верувањето пак дека тој ден играло Сонцето или дека се превртувало три пати е поврзано со тоа што Иванден се паѓа во најтоплиот период од годината.

Од обичаите што се изведуваат на овој ден повпечатливи се оние поврзани со растението папрат. Имено вечерта спроти празникот се бери папрат, а тоа пак е поврзано со верувањето во неговата апотропејска моќ. Папратот се става на постелата и на него се спие за здравје, а рано наутро на самиот ден Иванден се плетат венци што се ставаат во бавчите за да ги чуваат од разни болести, временски непогоди како и други несреќи.

Вечерта спроти празникот жените берат цвеќе што се вика Иванден, коешто го ставаат на ковчезите со алиштата за да ги чува од молци. Е. Спространов запишал дека во Охрид на Иванден ги ваделе „рутишчата“, ги распостилале по прозорците за да ги види сонцето и ги оставале да ветрејат. И во зборникот на браќата Миладиновци среќаваме податок дека тој ден во Воден, треви лековити „висеет на дуќаните за да имает повеќе покупници“. За вакво вадење од ковчезите на најубавите облеки пишува и Кузман Шапкарев кој напоменува дека надвор ги чуваат до заоѓањето на сонцето за да не ги јадат молци.

Во Разлошко празникот се викал Ињовден. Спроти празникот се правел венец од бело и жолто ињовче (бела и жолта ајдучка трева), а на самиот празник, откако стоката ќе се вратела од паша венецот се ставал на роговите од кравата, која потоа се молзела. По тој обред се верувало дека кравата ќе има млеко во текот на целото лето. По молзењето венецот се симнувал од роговите на кравата и се закачувал на чардакот каде што останувал до следниот Ињовден.

Со празникот Иванден е поврзан и обичајот Тајане, што се изведувал во повеќе краишта на Македонија, но најдолго се задржал во Прилепско, Битолско и Крушовско. Имено вечерта спроти Иванден момчиња и девојки собирале билки со кои закитувале едно ѓумче и го полнеле со вода од три чешми. Едно од нив на возраст од 10-12 години го носело ѓумчето на глава и него го викале „Тајане“, а другите момчиња и момичиња оделе околу него и му пееле пригодни песни. Утрото групата со Тајането одела по дуќаните, каде што, исто така, пееле песни и собирале подароци, од кои потоа правеле заедничка вечера.