дома блог страница 5260

ВИДЕО – Моментот кога “полуде” цела Франција при погодокот на Гризман

111

Триколорите ја поминаа и претпоследната пречка пред големото финале. Франција ја порази Германија со 2:0 со двата голови на новиот “Наполеон Бонапарта”, како што го нарекуваат младиот Антоан Гризман, и најверојатно ќе ја подигне титулата шампион на Европското првенство, имајќи во предвид дека Португалија не покажа некаква спектакуларност во својата игра.

Натпреварот помеѓу Франција и Германија се следеше и пред Ајфеловата Кула во Париз, каде илјадници Французи направија страшна атмосфера.

Погледнете го моментот и громогласноста при првиот погодок на Антоан Гризман:

А.Г.

Утре во центарот на Прилеп: Дефиле на моторциклисти

13592366_267178030325709_678062585845866488_n

Мото клубот “Sons of  thunder MC Macedonia – Prilep” во соработка со Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и Министерството за внатрешни работи, утре 08.07.2016 со почеток од 12:00 часот, организира заеднички проект насловен како “Безбедноста на моторциклистите во сообраќајот”.

Настанот опфаќа:

  • Презентација на целокупната опрема која треба да ја поседува секој кој управува со мотор, скутер…
  • Симулативна показна вежба од страна на Црвен крст и Итната медицинска помош на сообраќајна незгода на моторциклист
  • Дефиле на моторциклисти со полна опрема

Од клубот ги канат сите мото клубови, моторџии, да земат активно учевство во овој настан, со напомена задолжително да носат заштитна опрема.

ВИДЕО: Тепачка меѓу американски дипломат и руски полицаец

Руската телевизија НТВ покажа снимка на која, како што е објавено се гледа руски полицаец и американски дипломат, како се тепаат на влезот во Амбасадата на САД во Москва.

tepacka-rusija-amerika

Американската Амбасада се уште не го коментирала инцидентот. Првите информации за оваа тепачка ги објави кон крајот на јуни весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се на изјави на американски дипломати, кои за инцидентот го обвиниле полицаецот.

Руските власти меѓутоа тврдат дека дипломатот го нападнал полицаецот.

На снимката на телевизијата се гледа како пред споредниот влез на Амбасадата застанува такси и дипломатот се движи кон вратата.

Во тој момент од стражарската куќичка излегува униформиран маж, кој го соборува дипломатот на земја.

Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи изјави дека полицаецот сакал да ги провери документите и да се увери дека таа личност не претставува опасност за Амбасадата, но и дека тој маж го удрил со лакт по главата.

Руското МНР тврди дека службеникот на Амбасадата е всушност агент на ЦИА.

Во велешката касарна свечена заклетва на војниците доброволци

Во касарната „Алексо Демниевски-Бауман“ во Велес денеска војниците на доброволно служење на воениот рок ќе дадат свечена заклетва.

 

vojnici

На свеченоста ќе присуствува заменик-министерот за одбрана Беким Максути, кој ќе има свое обраќање.

УРНЕБЕСНО ВИДЕО: Како татковците реагираат кога ги читаат пораките од мобилите не ќерките?

123 (1)

Некои ривалства се вечни, мачки и кучиња, кечап и сенф, татковци и момци.

За татковците нема ништо полошо од тоа да ги заштитуваат ќерките од слаткоречивиот гад, кој би ја искористил нивната миленичка. Обично затоа таткото некогаш бил слаткоречив пред 20-тина години.

Поради тоа е направен експеримент каде татковците ги читаат пораките од телефоните на своите ќерки.

„Дали купи тест за бременост“, пишува во една порака по која таткото пребледе.

„Ми беше супер вчера“, а таткото веднаш ја праша ќерката кај била.

Санчез и порача на управата на Арсенал: Сакам да одам и сакам во Јувентус!

Во Торино не се откажуваат…

14678938742197

Менаџерот на Алексис Санчез, Фернандо Феличевич на управата на Арсенал и упати јасна порака: Алексис сака да си оди од Лондон и сака да премине во Јувентус! За тоа пристигнаа аплаузи од Торино. Сите сакаат играчи на кои победите им се побитни од парите, а така беше сфатен и гестот на чилеанскиот ас. Меѓутоа, желбата на Санчез не е доволна.

Иако Јувентус е спремен да преговара, извори од Италија тврдат дека од клубот нудат 30 милиони евра плус 5 милиони за бонуси, но Арсенал одбива да седне на маса. Освен што Арсенал бара минимум 40 милиони евра, поголем проблем е што Арсен Венгер нема алтернативи во нападот.

По се изгледа ќе се чека “топџиите” да ангажираат некој од напаѓачите за кои се заинтересирани и тоа: Ромеу Лукаку, Александар Лаказет или Алваро Мората, па потоа да размислуваат за продажба на Алексис Санчез.

А.Г.

Фејсбук денеска ќе ги брише вашите фотографии

Фејсбук веќе ги предупреди своите корисници дека ќе ги брише фотографиите што на профилите се поставени преку мобилен телефон.

 

fejsbuk

Оние кои објавуваат фотографии од својот телефон им беше овозможена опцијата да ги стават во приватен албум под името “Synced” или “Synced from Phone”. Идејата беше да им се олесни да корисниците при пронаоѓањето и споделувањето форографии со пријателите на социјалните мрежи.

Корисниците сега се известуваат дека нивните албуми ќе исчезнат на 7 јули и дека би требало или да ги симнат или да инсталираат нова апликација Moments за да ги задржат на Фејсбук.

Присилувањето да симнат уште една апликација предизвика револт меѓу корисниците кои последен пат пред две години мораа да инсталираат Messenger за да продолжат да комуницираат со пријателите, пишува Домино Магазин.

Внимавајте на плажите во песокот се кријат овие животинки – со сол и малку вода излегуваат погледнете

123 (1)

Песокот е природен гранулен материјал со честички од карпи и минерали. Во природата најчесто може да се пронајде во пустините и на песочните плажи.

Верувале или не постојат чудни суштества кои живеат под песокот.

Запамтете добро следниот пат кога ќе одите на песочните плажи и кога ќе сакате да се закопате во песок може ќе имате по некоја неочекувата непријатна средба.

ГРЧКИ МЕДИУМИ: Се актуелизира кинескиот проект за пловен канал од Белград до Солун преку Скопје

kanal

Кинескиот проект за пловен канал од Морава преку Вардар до Егејско Море периодов сериозно се активира, а кинески претставници веќе одржале средби со српските и македонските власти, пишуваат грчките медиуми. Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, планот на Кинезите според грчките медиуми претставува проект на векот од кој што придобивки ќе имаат граѓаните на трите земји Србија, Македонија и Грција.
“Кинеските партнери сериозно се заинтересирани за инфраструктурни проекти во Србија и во регионот, затоа што каналот од Морава до Егејското Море ќе обезбеди ресурси за три земји за многу идни генерации”, се вели во текстот на порталот “Триклоподија”.
Порталот информира дека за ова прашање неодамна бил одржан состанок меѓу српскиот претседател Томислав Николиќ и претставници на кинеската компанија Bonn Project и на институтот China Design Group, а средба имало и со македонските власти. Николиќ изјавил кинескиот проект во голема мера ќе придонесе за заштита на Србија од поплави и други катастрофи.

Проектот за прв пат беше активиран пред три години, откако анализата на кинеските експерти покажа дека пловниот канал од Морава преку Вардар до Егејско Море е изводлив. Неговата изградба ќе трае околу 10 години и ќе чини 17 милијарди американски долари, а ќе зафаќа површина од 10, 500 квадратни км.
Освен можноста за пловидба на трговски бродови, проектот се очекува да го реши проблемот со наводнувањето на земјоделско земјиште и ќе ја олесни изградбата на електрани.

Освен пловниот канал, друг кинески проект за регионов што е актуелен периодов е и Балканскиот пат на свилата односно високо брзинската железница во чии рамки е вклучена и Македонија.

Притвор за насилникот кој пукаше во Прилеп

mkd-159232-37821

По меѓусебна расправија, 22-годишниот М.С. од селото Бела Црква, испукал еден куршум кон 35-годишниот Р.Т. од селото Чепигово. Тој се здобил со влезно-излезна рана во пределот на стомакот.

Поради овој настан M.С. си заработи кривична за „убиство во обид„ и „недозволено изработување, држење и тргување со оружје и опасни матрерии“.

Судија во претходна постапка на пријавениот му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.