дома блог страница 5257

ФОТО – Како изгледало местото на мермерното езеро во Прилеп пред да се наполни со вода

Прилепското мермерно езеро сместено над селото Беловодица деновиве е вистинска атракција и супер разладување за прилепчани. Езерото предизвика огромно внимание кај медиумите, кои секојдневно известуваат за стотината посетители што секојдневно се искачуваат до ова место.

13627247_303109196689315_3149935405596232026_n

Но, сигурно не сте знаеле како изгледало местото на денешното така наречено прилепско “Памук Кале”.

Погледнете ги фотографиите:

На својот фејсбук профил Васко Дамески вели: “Прилепското „Памук Кале“ или Мермерното езеро во време на изградбата. Не го направи Крале Марко со боздоганот, туку е производ на осмислен процес на експлоатација по сите стандарди. Теренот е еколошки чист а квалитетот на водата е (испитан во 2011 год.) хемиски и биолошки исправна. Езерото е длабоко 20 метри и содржи 100 000 кубни метри вода. Поздрав до рударите од Рудник Беловодица за посебен допринос при изградбата на оваа прилепска атракција. Ви посакувам на сите пријатни моменти и внимателно пливање во ова прекрасно место”.

A.Г.

Ситно броиме до почетокот на најголемата манифестација на Балканот – “ПИВОФЕСТ 2016”

pivofestival-programa_2016

Прилеп е подготвен за одржување на 14-тиот фестивал на „Пиво фест 2016“ што ќе се одржи од 14 до 17 јули.

И оваа година се очекуваат над 350.000 посетители на четирите фестивалски вечери од земјава и од Балканот.

На 20.000 метри квадратни ќе бидат поставени 30-тина штандови, на гостите на располагање им се околу 20.000 паркинг места, хотелските капацитети и приватното сместување се речиси исполнети, а место се бара и во околните градови. За да се обезбеди подобра услуга ќе биде продолжено и работното време на сите трговски и угостителски објекти во градот.

Фестивалот на пивото и оваа година најавува одлична забава со македонското девојче Каролина Гочева, Crossroad Blues Band, познатата ска – панк група од Белград „Самостални референти“, Fly Project, Raphael, Тропико Бенд, Рада Манојловиќ, Хари Мата Хари, Александра Радовиќ, Миле Кузмановски, Bang La Decks, Дејан Петровиќ, Парни Ваљак како и познатата балканска ѕвезда Аца Лукас.

Во четврток забавата започнува со прилепскиот блуз бренд “Crossroad Blues Band”, потоа следува реге изведувачот Raphael, па познатиот српски бенд Тропико, а за крај следува големо финале, настапуваат светски познатите “FLY PROJECT”.

Романскиот бенд најави големо шоу и незаборавна забава.

Прилеп ве очекува на ладно пиво и најдобра скара. Овогодинешните четири фестивалски денови со најавената програма ветуваат можеби  најпосетено издание на Пивофест.

Наздравје!

ПРИЛЕПСКИ СРАМ: Од толку простор за паркинг се “закопал” на пешачки премин

13644347_10207866511119183_1239298648_n

И покрај обележаниот паркинг простор и стотиците места за паркирање во центарот на Прилеп, вакви ситуации  за жал се редовна слика. Паркирање на места обележани за хендикeпирани лица, или во овој случај паркирање на место обележано за пешачки премин, се редовен прилепски срам кој заслужува груба осуда.

Фотографијата е од денеска и ја испрати наш читател.

Марко Матераци открива како го навредил Зинедин Зидан во финалето на Светското првенство 2006

A photo taken 09 July 2006 shows French midfielder Zinedine Zidane (L) gesturing after head-butting Italian defender Marco Materazzi during the World Cup 2006 final football match between Italy and France at Berlin?s Olympic Stadium. AFP PHOTO JOHN MACDOUGALL (Photo credit should read JOHN MACDOUGALL/AFP/Getty Images)

A photo taken 09 July 2006 shows French midfielder Zinedine Zidane (L) gesturing after head-butting Italian defender Marco Materazzi during the World Cup 2006 final football match between Italy and France at Berlin?s Olympic Stadium.  AFP PHOTO  JOHN MACDOUGALL (Photo credit should read JOHN MACDOUGALL/AFP/Getty Images)

После една деценија Марко Матераци проговори за случката со Зинедин Зидан од финалето на Светското првенство во 2006 година.

Зидан, еден од најдобрите фудбалски играчи во историјата на фудбалот, ја заврши својата репрезентативна кариера со еден брутален удар со глава на поранешниот стопер на Италија Марко Матераци.

Вистинските зборови со кои Матераци го испровоцира Зидан да го стори тоа, останаа мистерија.

Сите знаеа дека се работи за некоја навреда, но конечно после 10 години Марко Матераци открива дека ја навредил сестрата на Зидан.

И додека 42- годишниот Матераци вели дека погрешил и се кае за тоа, сепак вели и дека Зидан не требало да реагира така бурно.

А.Г.

ВИДЕО од денешната полициска акција на МВР: Уапсени се четири лица во “Ќелија 2”

12

По спроведените претреси на дом и други простории, по наредба од Основен Суд Скопје 1 Скопје, на седум локации од кои шест во Скопје и една во Тетово, пронајдени и обезбедени се четири од кривично пријавените лица односно Б.Г., Ф.И., Е.У. и М.М., за две лица од кривично пријавените постојат оперативни сознанија дека сеуште се наоѓаат на територија на Сирија, а едно лице Б.С. е во бегство и сеуште е недостапен за органите на прогонот.

-Исто така при претресите кои беа извршени од вчера вечерта до изутринава беа пронајдени и со потврда одземени следните предмети: пет десктоп компјутери, два лап топ компјутери, 19 мобилни телефони, девет СИМ картички, држач за СИМ картици, девет УСБ стикови, 50 ЦД-ња, мемориски картици, заштитна маска, три патни исправи, маица со натпис на арапски јазик „Исламска Држава е Вечна“ и други документи кои ќе бидат предмет на дополнително вештачење, велат од МВР.

Од страна на Јавното обвинителство за четирите лица кои беа обезбедени доставен е предлог за определување на мерка притвор во траење од 30 дена.

 

KAKОВ СРАМ НА ПОРОШЕНКО ВО ВАРШАВА: Положил цвеќе на споменик, а сега му се смее цел свет…. (ВИДЕО)

Украинскиот претседател Петро Порошенко учевствува на самитот на НАТО во Варшава.

porosenko_varshava_jutjub

Порошенко ја искористи посетата на Варшава да положи цвеќе на споменикот на жртвите од масакрот во Волин, но не очекувал дека поради тоа ќе му се смее цел свет.

Некој забележал дека додека Порошенко полагал цвеќе носел искинати чорапи. Ова со брзина на светлината се рашири на социјалните мрежи, па украинскиот претседател стана одново предмет на потсмев.

Руските медиуми секако оваа случка ја пренесоа како ударна вест.

Претходно Порошенко на средба со американскиот претседател Барак Обама се појави со изгужвано одело.

(Најнова вест) – Дали започнува граѓанска војна во САД: Убиени уште двајца полицајци од заседа

amerika-policija02-600x336

Ден откако беа убиени пет полицајци од снајпер во Далас, уште двајца се убиени во две одвоени држави, дознава српскиот портал Vestinet.rs

Вакви се насловните вести деновиве во американските медиуми:

“Полицаец е убиен во предградието на Сент Луис”

“КМОV ТВ пренесува, полицаец е убиен околу 11:10 часот”

“Полициски офицер запрел автомобил и додека се оддалечувал од него, убиен е од зад грб”

“Инцидент е забележан од камерите на полициски автомобил”

“Полициски офицер е во болница и во критична состојба”

Во сојузната држава Џорџија властите пренесуваат дека човек отворил оган на полицаец од Валдост во петокот наутро.

Човекот наводно повикал 911 за да пријави кражба.

Кога полицајците пристигнале, тој ги нападнал од заседа, погодил еден од нив во стомакот, веднаш под заштитниот елек.

Останатите истрели завршиле во полицискиот заштитен елек.

Осомничениот е исто така убиен.

 

А.Г.

Ноќен живот во Прилеп – Corner Pub & Club Calypso – 08.07.2016

[Best_Wordpress_Gallery id=”308″ gal_title=”KukuLele”]

Eве зошто е најсилно куче на светот: Кангал без проблем влечи трактор – ВИДЕО

Screenshot_2-35

Турскиот Кангал важи за едно од најсилните кучиња на светот, а доказ да тоа е ова видео.

Големо и силно, кангалското куче е неверојатен чувар, нежен со деца, независен и заштитнички настроен. Сепак ова куче не е пожелно за сопственици кои немаат искуство со одгледување на кучиња, затоа што во неговата изразена индивидуалност се крие “тежок” ученик.

Пораснат мажјак достигнува и до 75 цм висина, а тежина и до 60 кг. Женките се значително помали и послаби во пределот на градите. Живее од 12 – 15 години.

А.Г.

Голема антитерористичка акција на МВР

Продолжува операцијата „Келија“ против лица кои биле дел од синџирот на Исламска држава, дознава КУРИР.

 

kelija-640x483

Како што дознава КУРИР од полициски извори, врз основа на добиени Наредби за претрес на дом од страна на Судија на претходна постапка во врска со КД “терористичка организација” од чл.394 ст.2 од КЗ, извршени се вкупно 7 претреси од кои 6 во Скопје  и 1 во Тетово кај вкупно 6 лица.

Според инфомрациите до кои дојдовме, за време на претресите 4 лица се обезбедени и тоа Б.Г., Ф.И., Е.У. од Скопје и М.М. од Тетово, 3 лица не се достапни, од кои за 2 лица С.Р. од Скопје и С.И. од Куманово, постојат оперативни сознанија дека моментно се наоѓаат во Сирија.

Дополнително,  за лицето Б.С. од с.Арачиново постојат оперативни сознанија дека се наоѓа на територија на град Скопје.

Како што дознаваме, од извршените претреси досега пронајдени и одземени се компјутери, мобилни телефонски уреди, усб мемории, ЦД дискови, патни исправи.