дома блог страница 5258

Груевски со набиена агенда во општините Кривогаштани и Крушево

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, денеска ќе оствари посета на општините Кривогаштани и Крушево.

gruevski-poseta-opstini640

Во 12:00 часот ќе оствари посета на земјоделски насад на компанијата „Везешари“ во село Славеј, а во 12:30 часот ќе оствари посета на изграден сточен пазар во село Кривогаштани.

Груевски во 12:45 часот ќе го посети повеќенаменско игралиште во ОУ „Манчу Матак“, во 12:55 часот ќе изврши увид во активности при изградба на спортска сала во истото училиште, додека пак во 13:15 часот ќе изврши увид во активности при изградба на плоштад и ќе оствари средба со жителите на село Кривогаштани.

Во 13:45 часот ќе изврши увид во активности при изградба на канализација и ќе оствари средба со жителите на село Крушеани.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ во 14:35 часот ќе изврши увид во активности при изградба на спортска сала, изградба на улици и ќе оствари средба со жителите на село Бучин во општина Крушево, а во 15:25 часот ќе изврши увид во активности при реконструкција на секундарна водоводна мрежа.

Од партијата информираат дека во 15:40 часот, Груевски ќе изврши увид во активности при реконструкција на Градски парк и ќе оствари средба со жителите на Крушево. Во 16:10 часот ќе оствари посета на реновираната галерија на Никола Мартиновски и посета на фасади на обновени куќи во традиционален стил.

ОФИЦИЈАЛНО: Лестер го потврди и четвртото засилување за новата сезона

3420042_heroa

Репрезентативецот на Нигерија имаше импресивна сезона во ЦСКА Москва и ја предводеше руската екипа до титулата, а сега му се приклучува на тимот на Клаудио Раниери.

Лестер го потврди и четвртото засилување за ова лето. Тоа е Ахмед Муса од ЦСКА Москва, а цената на трансферот не е позната.

Нигериецот потпишал 4-годишен договор.

После пристигнувањето на Нампалис Менди, Рон-Роберт Зилер и Луис Хернандез, Муса е четвртото суперквалитетно засилување за шампионот во Премиер лигата.

Изминатата сезона Ахмед Муса постигна 13 гола во 30 настапи за московска ЦСКА.

А.Г.

 

ВИДЕО – Аматер собра храброст и влезе во ринг против профи борец: Погледнете колку издржа

Screenshot_2-32-640x420

На ова момче треба да му се оддаде секаква почит за храброста која ја собрал.

Со своите 77 килограми, влезе во рингот и му се спротистави на професионален борец кој имал 93 килограми.

Погледнете колку време успеа да се одржи во рингот:

А.Г.

Мажи, газираните пијалоци се погубни за вашата машкост

Многу мажи не го поминуваат денот без да се напијат барем една чаша од својот омилен газиран сок. За жал, тоа сериозно може да влијае на нивната машкост.

gazirani-pijaloci

Научниците од Универзитетската болница во Копенхаген дошле до сознание дека мажите кои во просек дневно пијат по еден литар газиран сок, неретко имаат сериозни проблеми со потенцијата.

Се утврдило дека движењето на сперматозоидите кај 2.554 испитаници кои постојано пиеле газиран сок е драстично намалено. Дополнително додека бројот на сперматозоиди кај просечниот маж е околу 56 милиони по милилитар, кај овие мажи таа бројка била намалена за околу 30 проценти.

Иако ова не значи дека мажите кои пијат многу газирани пијалоци нема да можат да станат татковци, сепак ќе имаат потешкотии. Научниците велат дека доколку постојано се претерува со ваквите пијалоци постои опасност од неплодност.

Сепак, научниците не се сосема сигурни која состојка е „заслужна“ за ваквите поразителни резултати, бидејќи истите и во исти количини се користат и во други облици, но не предизвикуваат  толкава штета.

ВИДЕО – Со стар Опел Кадет го понижи возачот на Ауди

11

Опел Кадетот кој го гледате пред себе е многу силна машина.

Претставен во далечната 1965 година, Опел Кадет B тогаш бил естетски добро обликуван автомобил и со одличен мотор.

Овој автомобил е пример за својата класа и е првиот Опел кој зад себе оставил Ауди.

Погледнете:

А.Г.

Победа со триумф ги започна подготвителните натпревари за новата прволигашка сезона

13644114_10209171654904638_349396504_n

Попладнево на градскиот стадион “Гоце Делчев” во Прилеп, фудбалскиот клуб Победа ги стартуваше подготвителните натпревари за новата прволигашка сезона.

На градски во Прилеп гостуваше Хоризонт Турново и си замина поразен со 2:0.

Стрелци на головите за црвено-белите беа: Гешоски во 84-та минута од пенал и на самиот крај младиот Христијан Трајкоски со прекрасен еврогол.

Екипата во меѓувреме се засилува со нови играчи, а задржан е и главниот костур за новата сезона во Првата Македонска фудбалска лига.

А.Г.

Неговата смрт уште ја боли Весна Петрушевска: Актерката со потресен статус

123 (1)

Весна Петрушевска деновиве објави песна „Остани мој“ на Димитар Масевски која е отпеана од страна на Калиопи во далечната 1987 година.

Таа се потсети на прерано изгубениот колега Игор Маџиров, кој почина пред 16 години.

Маџиров имаше само 30 години кога во се уште нејасни околности си го одзеде животот скокајќи од балконот од неговиот стан, а единствен сведок на тој немил настан остана неговата тогашна девојка.

Весна со болка се потсети на актерот.

– Ме потсети на студентските денови, кога заедно со Игор Маџиров ја пеевме “Остани мој”, ќе седневме на клавирот на малата сцена на ФДУ и тој ќе почнеше со една жестина да ја свири, а јас пеев и бев бескрајно среќна дека имам другарче што сакаме иста песна да ја пееме заедно… Секогаш кога начекувавме момент ја пеевме… Дуке ме потсети на таа емоција… и секогаш на крај од песната имавме солзи… Остани мој за крај на дланка дари ми сјај од рајски цвет, остани мој ти после се ќе бидеш во мене, во мојот сребрен сон ќе бидеш само ти, иако се боли без тебе, збогум кажи ми имам спомени твои…. Најмил остани мој во сни…. Дуке ти благодарам, сум ти кажала дека си бескрајно талентиран и генијален, така?, напиша Весна.

Совети за безбедност на храната во летниот период

Food-Safety-Education

Живееме во време кога се почесто се зборува за значењето на здравата и правилна исхрана и физичката активност како клучни фактори за правилен развој на човечкиот организам. Преку реализација на едукации потребно е со уште побрзо темпо да се развива свеста кај луѓето за влијанието на исхраната и физичката активност врз нивното здравје, но од друга страна не смееме да заборавиме на два клучни параметри: квалитетот на храната и нејзината безбедност од здравствен аспект.

Храната покрај тоа што треба да биде одличен извор на макро и микронутриенти кои се потребни за нормално функционирање на човечкиот организам, потребно е да биде безбедна од здравствен аспект односно да не предизвика негативни последици врз човечкото здравје по нејзиното консумирање.

Кога станува збор за летниот период и високите температури потребно е големо внимание да посветиме при изборот на храна, што консумираме, од каде купуваме, како да ја подготвиме или како правлно да ја чуваме храната. При високи температури во овој период од годината се создава погодна средина за развој на микроорганизмите, а како последица е појавата на труење кај луѓето предизвикано од консумирање на храна.

Храната која што ја консумираме да ја купуваме од оператори со храна кои имаат имплементирано HACCP систем. При подготовката на храна потребно е да се одржува хигиената како во работните простории за подготовка на храната, така и од страна на лицата кои се вклучени во преработка на храната (миење на раце, хигиена на работните површини и приборот што се користи за подготовка на храната).

Чувањето на храната од животинско потекло да биде на соодветни температури, пониски од 4 С, а зеленчукот и овошјето пред конзумирање задолжително добро да се измијат.

Со правилна подготовка на храната односно нејзина термичка обработка се уништуваат присутните микроорганизми, но потребно е да се обрне внимание на условите при кои таа се чува. Неправилно термички обработени месо и јајца може да бидат причина за појава на труење. Подготвената храна не смее подолго од 2 часа да стои на собна температура, се препорачува да се чува во фрижидер на температура пониска од 5 С, а при нејзино повторно подгревање температурата потребно е да биде повисока од 60 С. Смрзнатата храна не смее да се одмрзнува на собна температура.

Внимателно треба да се чуваат одредени додатоци за храна (мајонез, сосови и сл.). Низа настани поврзани со труење годините наназад се поради неправилна подготовка или чување на храната.

Потрошувачите континуирано при купувањето на прехранбени производи да внимаваат на рокот на употреба на производите, да ги почитуваат посебните услови за чување и начин на употреба на храната.

Во Р. Македонија од 2010 година законска обврска на операторите со храна е имплементацијата на системот за безбедност на храна – HACCP, а овластена институција за контрола на операторите со храна е Агенцијата за храна и ветеринарство.

Дипл. инж. Технолог Александар Савески

Магистрант на втор циклус – студии за квалитет и безбедност на храна

Три во едно: Каратист, велосипедист, фотограф – Интевју со Андреј Ристески

Андреј Ристески е младо момче кое пред се е страшно амбициозен и секогаш мотивиран. Каратето му е главна опсесија, но не заостануваат и велосипедизмот и фотографирањето. Секоја физичка активност ја смета за добредојдена, а предизвиците за  приоритет. Долга е низата на успеси кои ги забележал на домашните и меѓународните карате подиуми, има широка визија, желби и го краси голема посветеност.

DSCN1382

Зошто карате и колку долго овој спорт е твоја опсесија?

Каратето го одбрав случајно кога имав можност да присуствувам на еден од тренинзите на К.К. Спорт 94 – Прилеп, некако ме привлече и сакав да пробам. Се зачленив во истиот клуб на 7 годишна возраст, а сега имам 18години што значи во овој спорт сум вклучен скоро 11 години. Мојот клуб е надалеку познат по своите добри каратисти и по тоа што се натпреваруваме исклучиво во борби.

Опиши ни ги твоите почетоци во каратето, кој е твоја најголема поддршка и како се движеше твојата спортска кариера до сега?

Во почетокот на мојата кариера како дете ми беше малку потешко, затоа што како дете бев буцко хахахах… Но, тоа беа првите година до две, за време додека го учев „занаетот“. Подоцна како што растев бев се повисоко, во врвот на македонското карате, во мојата категорија. Таа низа на успеси ми ја прекинаа неколкуте повреди кои што ги здобив една по друга, скршена рака, истегнати мускули, лигаменти и ред други работи кои ја стагнираа мојата кариера за скоро 2 години, а веќе бев неколку кратен државен првак. Откако се опоравив од повредите се вратив со голема желба и во 2012 изборив место за на Балканското првенство за деца кое се одржа во Херцег Нови, Црна Гора, каде го освоив второто место во категоријата „кумите машки -70кг“. Следеа успеси на државно и меѓународно ниво во 2013 година. Во 2014 година потфрлив на државното првенство, бев втор, а со тоа го изгубив пласманот за Европското првенство, но истата година на Балканското првенство во Софија, Бугарија, земав трето место во категорија „Јуниори +76кг.“ и се вратив во „трката“ за место во македонската карате репрезентација, коешто место и го добив за на Европското првенство во Цирих, Швајцарија, што се одржа во 2015 год. На тоа првенство појдов во доста добра форма, но немав среќа со ждребката и завршив како седми, што не е ни лош резултат ако се земи во предвид дека тука настапуваат каратисти од цела Европа. Исто така имам настапувано и на Светски Куп, кој што се одржа во Умаг, Хрватска 2015 година, но таму добив уште една повреда, поради која ја изгубив втората борба против Хрват. Понатаму во 2015 година на државното завршив втор, настапував и на Балканското првенство во Дубровник, Хрватска каде загубив од Хрват. После тоа се натпреварував уште на неколку меѓународни натпревари и на Државното Меѓуучилишно првенство, кое се одржа во Прилеп 2016 година. Таму бев прв. Поддршка во мојата спортска кариера се моите родители, мојот брат Димитар кој што исто така тренира карате во Спорт 94, тренерот Петар Белистојаноски и колегите од клубот, но во секој случај моите родители ми ја даваат најголемата поддршка.

12074771_1506619359655563_5548690744776304264_n

Како на тебе влијае каратето како спорт и кои се придобивките од овој спорт?

Каратето содржи техники кои ја градат силата, издржливоста и флексибилноста, држењето на телото, рамнотежата и координацијата. Освен овие придобивки, каратето има и ментални придобивки како што е поголемата самодоверба. Овој спорт исто така не учи на самоодбрана. Каратето не учи на почитување, полесно соочување со предизвиците во животот и на самодисциплина. Најважно од се каратето, а и спортот не оддалечуваат од лошите пороци во животот како: цигарите, алкохолот, дрогата итн. Исто така спортскиот живот бара од нас да живееме здраво што има позитивен резултат во нашиот живот.

IMG_7122

Што е потребно за да се успее во овој спорт, како ја темпираат каратистите формата, каква исхрана практикуваат и кои се одвикнувања се клучни за да се успее?

За да се постигне успех во овој спорт треба редовност на тренинзи, голема концентрација, слушање на забелешките од тренерот, предаденост кон каратето, одвикнување од некои нешта што моите врсници ги прават, а јас тоа време го користам за одмор и тренинг како што се: секојдневни излегувања, пропуштање на некои забави и прослави, но тоа  време подоцна не го жалам, кога успехот ќе можам лесно да го зграбам, поради тие „мали“ жртви кои сум ги направил. Од страна на исхрана треба да се внимава, да не се јади тешка храна, да се јади храна која што е добра за организмот, да се внесуваат витамини, минерали, јаглехидрати, протеини и сето тоа да биди на прородна база, односно преку правилната исхрана, салати, овошје зеленчук, јаткасти плодови. Во глобала храната треба правилно да се одбира и да се едуцираме околу правилната исхрана.

559587_377711788936068_644349890_n

Освен со карате се занимаваш и со рекреативен велосипедизам. Кој е твојот најголем подвиг на тоа поле?

Најголем подвиг со велосипед до сега ми е на релација: Прилеп-Отешево која ја извозив заедно со уште едно другарче за 3 часа и 57минути. Таму одевме за да можиме да присуствуваме на прочуената “Тур Де Галицица”, која ја возевме наредниот ден и беше со должина од 71км, со старт и финиш во Ресен, преку преминот Галицица, со голема километража на офроуд.

13487796_657424037748032_812851353_n

Што уште е твоја преокупација во секојдневието?

Друга преокупација од секојдневието освем велосипедизмот и каратето ми е фотографирањето, играње табла, дружење со друштвото и ред други работи коишто ги прават и сите други тинејџери.

За што наредно се подготвува Андреј Ристески?

Наредно се подготвувам за Државното првенство за помлади сениори, поточно кумите У21, на кое очекувам добар резултат ако ја истемпирам формата да биди најдобра во тој период, иако конкуренцијата ќе биде многу голема и силна.

_DSC0251

За крај кои се твоите желби и замисли, за што сонуваш и какви успеси сакаш да постигнеш?

Како и секој спортист исто така и јас сакам да ги достигнам најголемите резултати во мојот спорт, а тоа се високите пласмани на престижните натпревари, како Светските натпревари, Европските натпревари и олимписките натпревари, ако каратето биде назначено како олимписки спорт, за што шансата е многу голема. Се надевам дека со многу напорна работа и мала среќа се ќе биди како што треба.

Детали за Мермерното езеро: Колку е длабоко и колкава е температурата на водата?

На само 12 километри од градот под Марковите Кули, опкружен од недопрената природа на Пелагонијата, се наоѓа селото Беловодица, а непосредно до него и една нова приказна наречена “Мермерното Езеро”. Ова езеро, на кое многумина му го даваат епитетот “македонското Памук Кале”, неодамна е откриено случајно, токму од прилепскиот татко, пишува Вечер.

ezerce-prilep-640x331

На местото на некогашниот рудник за мермер, денес блеска сино езерце кое од ден во ден станува се поголема атракција за прилепчани, па и за целата држава. Во текот на годините никој не го посетувал напуштениот рудник, не се контролирала количината и нивото на вода која извирала, а истата никој не ја отстранувал, со што се има формирано Мермерното Езеро кое е вистински рај за очи. Нескромно може да се каже дека со убавината и контрастот на бои кои ова езеро потсетува на турското Памук Кале.

Водата во езерцето се уште не е испитана од страна на Институтот за јавно здравје, но тоа не претставува пречка за посетителите да се искапат. Се претпоставува дека езерото е длабоко околу 40 метри, а до овој заклучок е дојдено од кажувањето на поранешен работник во рудникот кој вели дека надолу има осум мермени блокови кои се високи по пет метри, пишува весникот.

Температурата на водата изнесува околу 20 степени Целзиусови, а интересно за ова младо езерце е тоа што во него можат да се забележат мали риби. Белилото кое мермерот околу езерото го рефлектира, не дозволува температурата да е премногу висока, па затоа ова место е идеално и за оние кои сакаат да се сончаат, а се забележуваат во голем број. Посетители има од сите градови, но најмногу во деновите од викендот. Оние кои успеваат да дојдат до Мермерното Езеро, остануваат да се восхитуваат на убавините кои ги нуди, во текот на целиот ден.

Целиот текст прочитајте го во Вечер