Верувате ли дека постојат други облици на живот покрај овие на нашата планета?
Погледнете го видеото и проценете сами:
А.Г.
Прилепската општа болница “Борка Талески” забрзано се реновира и се облекува во ново руво. Додека траат внатрешните уредувања, се набавуваат и нови апарати, со цел да се подобри здравствената заштита за граѓаните.
Денеска од болницата информираат дека е инсталиран новиот современ ехо апарат во одделението за радиодијагностика.
Претходно министерот за здравство Никола Тодоров најави дека до септември целосно внатрешно ќе биде реновирана Прилепската градска болница.
До сега реновирано е детското одделение и машкиот дел на интерното одделение.
Истовремено менаџерскиот тим работи на доекипирање на кадарот, при што со финансиска помош од Министерството, шест прилепски лекари беа испратени на специјализација.
A.Г.
Во сараевска населба Добриња, веќе неколку месеци возило од брендот Volkswagen Golf со македонски, поточно, скопски регистарски таблици и избушени гуми, стои паркирано на тротоар.
Возило со скопски регистарски таблички и дупнати гуми со месеци стои во Добриња, Сараево, пишува босански Дневни аваз.
Жолтиот „Фолксваген голф“ стои на самиот тротоар и со месеци воопшто не е поместено, па крие голема мистерија зад себе.
Граѓаните апелираат возилото да се премести од тротоарот и да се санкционира проблемот, но не се знае дали станува збор за напуштено или украдено возило.
Со изложба на инсталација на Мирна Арсовска и Дејан Буѓевац во недела од 20:00 часот во ликовната галерија ЦК,,Марко Цепенков“ ја стартува годинашната деветта по ред ликовна колонија Дрен. Од годинава колонијата има мултимедијален карактер и ќе се одржува во ликовното ателје и во дворот на Центарот.
На колонијата, вели Тони Чатлески, директор на Центарот, освен сликарството ќе бидат застапени и сите модерни форми на уметноста, а ќе учествуваат 20 уметници од Прилеп, Македонија и од Русија и Србија.
До 23 јули, кога ќе биде затворањето на колонијата и преставувањето на создадените дела, на колонијата Дрен ќе творат нашите сограѓани Емил Солески, Верче Николоска, Васил Костов, Кирил Гегоски, Александар Џинго, Билјана Бинчев, Марјан Стојаноски, Мирна Арсовска (Македонија), Рада Тихоновскаја( Русија) и Јошкин Шикљан, Мирослав Живковиќ, Јелена Фрида Стошиќ, Марија Алексиќ, Светлана Карма и Снежана Манасиќ (Србија).
Ликовната колонија Дрен е дел од манифестацијата Прилепско културно лето, што ја реализира ЦК,,Марко Цепенков“.
Романската група „Флај проџект“ (Fly Project), заедно со домаќините Марјана Станојковска и Жарко Димитриоски, со првата прес-конференција го означија почетокот на овогодинешниот фестивал на пивото и на скарата „Пивофест 2016“.
-Можете да оцените колку една земја е добра по храната и по кафето, а вашите храна и кафе се просто неверојатни – изјави Тудор Јонеску од „Флај проџект“, додавајќи дека со нетрпение го очекува настапот вечер.
Во следните четири дена, од денеска 14. до недела 17 јули, Прилеп ќе дише во знакот на најголемиот фестивал од овој тип на Балканот.
Штандовите се поставени и подготвени, а скарите се загреваат уште од утрово. Се очекува во градот да пристигнат околу 400.000 гости, но градот и годинава е подготвен се да тече во најдобар ред.
Сите сместувачки капацитети во градот веќе одамна се резевирани и пополнети, а кревет плус се бара и во околните градови како Крушево и Битола. Поради огромната побарувачка, пуштен во употреба е и ученичкиот дом „Орде Чопела“, во кој единствено има место за сместување.
Гужва е и на Moгилата на непобедените, каде годинава има повеќе шатори од било кога. Првите гости во бесплатниот камп ги зацврстија своите шатори уште во средата, а вечерта со своја забава до доцна во ноќта ja прогласија авантурата за отворена.
Покрај гостите од Романија, вечерва на големата бина во центарот на Прилеп ќе настапат и познатите локални џезери „Кросроуд бенд“ (Crossroad Blues Band) реге бендот „Рафаел“ ( Raphael), како и„ Тропико Бенд“.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во рамките на вчерашната посета на Долненско-пелагонискиот крај, го посети манастирот Зрзе каде е завршена повеќегодишната обнова и конечно по повеќе децении е изграден комплетно нов пат кој беше барање на манастирот и жителите.
За ова Владата преку министерството за култура и министерството за транспорт и врски инвестираа 3.1 милион евра.
Изградбата на нови конаци и обновување на старите на манастирот „Св. Преображение” и за археолошки истражувања како проект на Министерството за култура инвестирани се околу 92 милиони денари. За изградба и проширување патот во должина од 7,5 километри, завршен на 15 септември 2015 година беа инвестирани средства во висина од 1 милион и 600 илјади евра.
Археолошките истражувања овозможија да се пронајде ранохристијанска базилика од 4 век, и подоцнежни наоѓалишта кои датираат неколку века подоцна кои покажуваат присуство на учениците на Свети Климент на просторите на Зрзе.
Владиката Климент кој управува со манастирот истакна дека обновата и изградбата на патот помогна за значително зголемување на бројот на посетителите.
Истовремено во текот на вчерашниот ден започна и обновата на опожарениот манастир Трескавец во Прилеп.
Министерството за култура обновата на опожарените конаци ја финансира со средства во висина од 2 милиони евра.Пред двеипол години таму беше изграден комплетно нов пат за што беа инвестирани дополнителни 1.4 милиони евра.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) информира дека утре попладне ќе настапи значителна промена на времето во Македонија. Претпладнето ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне на повеќе места ќе има нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и услови за појава на град.
Повеќе врнежи ќе има во вечерните и ноќните часови кон сабота, особено во северните делови, каде што локално се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен.
Утринската температура ќе се движи од 14 до 22, а дневната од 30 до 36 степени.
Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево со умерена облачност, а попладне и особено во вечерните часови ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд и грмежи, како и засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се спушти до 21, а дневната ќе се искачи до 33 степени.
За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и значително посвежо и ветровито време со локални врнежи од дожд. Дневната температура ќе опадне за повеќе од 10 степени во однос на денешната и ќе биде во интервал од 20 до 29 степени.
Од понеделник се очекува стабилизирање на времето со постепен пораст на температурата.
До вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Зошто да купувате разни штетни хемикалии против комарци, кога можете да го пробате овој природен спреј.
Потребен ви е литро и половона медицински алкохол, 100г каранфилче и децилитар етерично масло по желба, но рузмаринот и лавандата најмногу ги бркаат комарците.
Цветовите од каранфилчињата омекнете ги во стаклен сад и прелијте со алкохол. Оставете да отстои четири дена, но немојте да заборавите да ги промешувате секое утро и вечер. По 4 дена, ќе го добиете спрејот против комарци. Ставете го во шишенце со распрскувач и користете го по потреба.
Спрејот е безбеден и за деца, но внимавајте да не прснете во очи.
Многу музичари упатија жалби поради публиката која ги снима нивните концерти, а компанијата Епл може да го реши тој проблем.
Многу фанови снимаат речиси цели концерти, што на музичките ѕвезди воопшто не им се допаѓа. Епл патентира метод за онеспособување на камерите на АјФон било тие да се наоѓаат на музичките концерти, во кината или на некои локации на кои е забрането фотографирање и снимање.
Се работи за инфраред емитер кој се поставува на локација каде е забрането фотографирање и снимање. Тој емитер создава сигнали кои ги блокираат камерите. Кога АјФон ќе го прими сигналот и ќе ги декодира податоците кои тој ги содржи, неговата камера автоматски се блокира.
„Уредот не може да прикажува ниту да снима фотографии ако прими сигнал кој ја онеспособува камерата. Ако корисникот се обиде да ја вклучи камерата, екранот ќе стане црн, а потоа ќе се појави нотификација која јасно зборува дека камерата е онеспособена‟ – се наведува во патентот.
Меѓутоа, треба да се потенцира дека се работи за патент, така што не мора да значи дека Епл некогаш ќе ја имплементира оваа технологија. Ако тоа сепак го направи, публиката ќе мора да ужива во концертите без фотографирање и снимање.